Матео Месина Денаро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 11:13:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Матео Месина Денаро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Погребан Матео Месина Денаро, „последниот кум“ на сицилијанската мафија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-mateo-mesina-denaro-posledniot-kum-na-sitsilijanskata-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-mateo-mesina-denaro-posledniot-kum-na-sitsilijanskata-mafija/#respond Wed, 27 Sep 2023 11:13:14 +0000 https://kurir.mk/?p=882247

Шефот на сицилијанската мафијашка Матео Месина Денаро, кој некогаш тврдеше дека убил доволно луѓе за да наполни гробишта, денеска беше погребан во неговиот роден град Кастелветрано на Сицилија, а на погребот беа неколку членови на семејството на кои им беше дозволено да присуствуваат. Месина Денаро беше уапсен во јануари оваа година по три децении бегство од полицијата, а почина на 25 септември од тешка болест во болница во централна Италија, носејќи ги со себе во гроб сите големи тајни од своето мафијашко минато. Неговиот ковчег, придружуван од полиција, во текот на ноќта беше превезен преку половина Италија, а погребното возило пристигна во југозападниот сицилијански град Кастелветрано рано изутрината и влезе на гробиштата по спореден пат, заобиколувајќи ги станбените области за да избегне изливи на наклонетост или бес од локалните граѓани. Седум луѓе одеа зад погребната кола, а едно лице носеше огромен букет жолти цветови. На гробиштата влегле и три автомобили со блиски роднини, по што полицијата го затворила влезот за да ги спречи новинарите да влезат. Погребот се одржа без богослужба. Денаро беше осомничен за бројни убиства и други кривични дела. Нему му беше судено во отсуство во 2002 година и беше осуден на доживотен затвор за многу кривични дела, вклучително и за вмешаност во убиството во 1992 година на најпознатите обвинители кои ги гонеа мафијашите - Џовани Фалконе и Паоло Борселино.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-mateo-mesina-denaro-posledniot-kum-na-sitsilijanskata-mafija/feed/ 0
Почина шефот на италијанската мафија Месина Денаро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pochina-shefot-na-italijanskata-mafija-mesina-denaro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pochina-shefot-na-italijanskata-mafija-mesina-denaro/#respond Mon, 25 Sep 2023 06:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=881409

Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари по 30 години бегство, почина, пренесе ДПА повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА. Денаро по обемно крварење во петокот падна во неповратна кома. Тој боледуваше од рак на дебелото црево и неговите лекари рекоа дека нема да закрепне. На негово барање, мерките за одржување во живот беа прекинати, соопштија лекарите од болницата во централниот италијански град Л’Аквила. На почетокот на август, 61-годишниот мафијаш беше подложен на операција на цревата во болницата Сан Салваторе во централниот италијански град Л’Аквила. Иако операцијата беше успешна, ракот на дебелото црево во поодмината фаза предизвика неповратно влошување на неговата здравствена состојба. Месина Денаро, осудениот шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, беше фатен од полицијата во јануари по три децении во бегство. Шефот на мафијата, кој долго време важеше за најбараниот бегалец во Италија, беше фатен од специјализирана полициска единица во клиниката за рак во Палермо, каде што се лекуваше под лажно име. Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во серија сурови убиства и бомбашки напади со автомобили во Италија. Помеѓу другите злосторства, тој е обвинет и за бомбашките напади со автомобили во 1992 година, во кои меѓу другите беа убиени водечките обвинители против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Месина Денаро важеше за блиска доверлива личност на поранешните мафијашки криминални босови Бернардо Провенцано и Салваторе „Тото“ Риина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/pochina-shefot-na-italijanskata-mafija-mesina-denaro/feed/ 0
Месина Денаро падна во неповратна кома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mesina-denaro-padna-vo-nepovratna-koma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mesina-denaro-padna-vo-nepovratna-koma/#respond Sat, 23 Sep 2023 11:10:51 +0000 https://kurir.mk/?p=880956

Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари откако беше во бегство 30 години, од вчера е во неповратна кома, јави новинската агенција АНСА. Тој боледува од рак на дебелото црево и неговите лекари велат дека Месина Денаро нема да закрепне. На негово барање, мерките за одржување на животот се прекинати, соопштија лекарите од болницата во централниот италијански град Л’Аквила. На почетокот на август, 61-годишниот мафијаш беше подложен на операција на цревата во болницата Сан Салваторе во централниот италијански град Л’Аквила. Иако операцијата беше успешна, ракот на дебелото црево во поодмината фаза предизвика неповратно влошување на неговата здравствена состојба. Месина Денаро вчера паднал во неповратна кома по големо крварење, пренесе ДПА. Месина Денаро, осудениот шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, беше фатен од полицијата во јануари по три децении во бегство. Шефот на мафијата, кој долго време важеше за најбараниот бегалец во Италија, беше фатен од специјализирана полициска единица во клиниката за рак во Палермо, каде што се лекуваше под лажно име. Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во серија сурови убиства и бомбашки напади со автомобили во Италија. Помеѓу другите злосторства, тој е обвинет и за бомбашките напади со автомобили во 1992 година, во кои меѓу другите беа убиени водечките обвинители против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Месина Денаро важеше за блиска доверлива личност на поранешните мафијашки криминални босови Бернардо Провенцано и Салваторе „Тото“ Риина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mesina-denaro-padna-vo-nepovratna-koma/feed/ 0
Потврдена доживотната затворска казна за шефот на „Коза ностра“, Матео Месина Денаро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-dozhivotnata-zatvorska-kazna-za-shefot-na-koza-nostra-mateo-mesina-denaro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-dozhivotnata-zatvorska-kazna-za-shefot-na-koza-nostra-mateo-mesina-denaro/#respond Thu, 20 Jul 2023 06:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=858276

Жалбениот суд во Калтанисета, Сицилија, Италија, вчера ја потврди доживотната казна за веќе затворениот шеф на сицилијанската мафија „Коза ностра“ - Матео Месина Денаро, поради неговата вмешаност во десетици убиства, бомбашки напади, смрт на 12-годишно момче... Тука спаѓаат и бомбашките напади во 1992 година, кога загинаа судиите против мафијата, Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Судот го прифати барањето на јавниот обвинител дента кога Италија ја одбележува 31-годишнината од бомбашкиот напад на Вија Д'Амелио во Палермо каде што загинаа Борселино и петмина негови обезбедувачи. Шефот на Коза Ностра, кој 30 години беше во бегство, е фатен во јануари во клиниката за рак во Палермо. Тој сега се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Л’Аквила. Денаро, инаку, е осуден и за убиството на Џузепе ди Матео кој во 1993. имал само 12 години. Мафијашот го организирал киднапирањето на детето за да се принуди неговиот татко да се откаже од сведочењето против мафијата. Тој го држел момчето во заробеништво повеќе од две години (800 дена), потоа го задавил и го растворил телото во киселина. Меѓу пресудите е и онаа за бомбашките напади на верски и уметнички знаменитости во Милано, Рим и Фиренца во 1993 година, кога загинаа 10 лица, а 40 беа повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-dozhivotnata-zatvorska-kazna-za-shefot-na-koza-nostra-mateo-mesina-denaro/feed/ 0
Уапсена сестрата на шефот на сицилијанската мафија „Коза Ностра“, пронајдени тајни белешки со инструкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-sestrata-na-shefot-na-sitsilijanskata-mafija-koza-nostra-pronajdeni-tajni-beleshki-so-instruktsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-sestrata-na-shefot-na-sitsilijanskata-mafija-koza-nostra-pronajdeni-tajni-beleshki-so-instruktsii/#respond Sat, 04 Mar 2023 10:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=808000

Сестрата на Матео Месина Денаро, последниот кум на сицилијанската мафија, е уапсена откако полицијата ја пребарала нејзината куќа и во фотелја пронашла белешки во кои имало упатства до соработниците на оваа мафијашка група, пишува Гардијан. Розалијa била уапсена откако полицијата извршила претрес во нејзината куќа во Кастелветрано, Сицилија и пронашла белешки со кои нејзиниот брат давал инструкции на соработници во криминални активности. Според истражителите, пренесува Гардијан, Розалијa 30 години го молела својот брат да избегне апсење. Исто така, таа била задолжена да ги чува парите и да им пренесува информации на нивните соработници цело време додека нејзиниот брат бил во бегство. Италијанската полиција соопшти дека во фотелјата на куќата на неговата сестра Росалија биле пронајдени рачно напишаните пораки и упатства на Матео Месина Денаро. „Обвинет сум дека сум член на мафијата, во овој момент тоа го сметам за чест“, напишал во своја рака Матео Денаро на едно од парчињата хартија што ги пронашла полицијата. Додека се криел, Денаро управувал со криминалните активности преку пронајдените белешки, притоа давајќи им упатства на другите членови на организацијата за следните чекори во извршувањето на задачите. -Розалија Месина Денаро беше личност од апсолутна доверба на мафијашкиот бос. Таа раководеше со мрежа на инструкции преку кои Денаро им доставуваше наредби на други соработници, рече Алфредо Монталто, судијата кој го нареди нејзиното апсење.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-sestrata-na-shefot-na-sitsilijanskata-mafija-koza-nostra-pronajdeni-tajni-beleshki-so-instruktsii/feed/ 0
Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со максимална сигурност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mafijashkiot-don-mateo-mesina-denaro-e-prefrlen-vo-zatvor-so-maksimalna-sigurnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mafijashkiot-don-mateo-mesina-denaro-e-prefrlen-vo-zatvor-so-maksimalna-sigurnost/#respond Wed, 18 Jan 2023 08:36:46 +0000 https://kurir.mk/?p=788785

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во понеделникот по 30 години бегство, е префрлен во затвор со максимална безбедност во централната провинција Аквила. Италијанската државна агенција АНСА соопшти дека објектот е опремен за строг затворски режим, попознат како „41-бис“, на кој се подложени осуденици од мафија. Според италијанскиот закон, затворскиот режим „41-бис“ е резервиран за членовите на мафијата. Со оглед на фактот дека Денаро е болен изборот на затворот е логичен бидејќи се наоѓа во близина на онколошкиот центар во болницата во Аквила. Пред апсењето, 60-годишниот мафијашки бос бил во клиника во Палермо каде повеќе од една година се лекувал од рак. Денаро е шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра. Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. Нему му се заканува и доживотна казна затвор за учество во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во 1993 година, во кои загинаа десет лица.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mafijashkiot-don-mateo-mesina-denaro-e-prefrlen-vo-zatvor-so-maksimalna-sigurnost/feed/ 0
ФОТО: Прва фотографија од апсењето на шефот на Коза Ностра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prva-fotografija-od-apseneto-na-shefot-na-koza-nostra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prva-fotografija-od-apseneto-na-shefot-na-koza-nostra/#respond Mon, 16 Jan 2023 10:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=787825

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро кој се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и беше во бегство од 1993 година. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. -Денес 16 јануари, карабинерите го уапсија бегалецот Матео Месина Денаро во санитарен објект во Палермо, каде бил на терапевтско лекувањето, изјавил Паскуале Анџелосанто, генерален на националната полиција карабинери. Премиерката Џорџа Мелони операцијата ја нарече „голема победа“. Денаро се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе. Минатата година полицијата соопшти дека тој и натаму може да командува во врска со начинот на кој функционира мафијата на западот од Сицилија. Денаро се сметаше за кандидат за шеф над шефовите на сицилијанската мафија по смртта на Бернардо Провенца во 2016 година и Салваторе Рине во 2017 година. По апсењето е пренесен на непозната локација.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prva-fotografija-od-apseneto-na-shefot-na-koza-nostra/feed/ 0
ПО 30 ГОДИНИ БЕГСТВО: Уапсен најбараниот криминалец во Италија, падна шефот на Коза Ностра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-30-godini-begstvo-uapsen-najbaraniot-kriminalets-vo-italija-padna-shefot-na-koza-nostra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-30-godini-begstvo-uapsen-najbaraniot-kriminalets-vo-italija-padna-shefot-na-koza-nostra/#respond Mon, 16 Jan 2023 09:36:44 +0000 https://kurir.mk/?p=787813

Италијанската полиција го уапси најбараниот мафијаш во земјата, Матео Месина Денаро, јавува италијанската агенција АНСА. Денаро се смета за шеф на сицијаланската Коза ностра и беше во бегство до 1993 година. Матео, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот. Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. Тој, исто така, се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-30-godini-begstvo-uapsen-najbaraniot-kriminalets-vo-italija-padna-shefot-na-koza-nostra/feed/ 0
ФОТО: Голема потера на Сицилија, се бара кумот на Коза Ностра кој е во бегство од 1993 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-potera-na-sicilija-se-bara-kumot-na-koza-nostra-koj-e-vo-begstvo-od-1993-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-potera-na-sicilija-se-bara-kumot-na-koza-nostra-koj-e-vo-begstvo-od-1993-godina/#respond Sat, 02 Oct 2021 07:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=571688

Околу 150 припадници на италијанските специјални сили на Сицилија го бараат шефот на мафијата во бегство, Матео Месина Денаро. Од вчера изутрина на островот се претресени десетици куќи што им припаѓаат на блиски соработници на мафијата.   Месина Денаро се смета за „кум“ на Коза Ностра во Сицилија, една од најголемите мафијашки организации во Италија. Тој во отсуство е осуден на доживотен затвор за убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино, кои во 1992 година беа убиени во двата бомбашки напади, заедно со нивните телохранители, како и за други убиства. Месина Денаро (56) е во бегство од 1993 година. -Шефовите на мафијата може да ги напуштат своите родни градови, но еден ден тие дефинитивно ќе се вратат, изјави обвинителот за борба против мафијата, Федерико Кафиеро за радио „Раи 1“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-potera-na-sicilija-se-bara-kumot-na-koza-nostra-koj-e-vo-begstvo-od-1993-godina/feed/ 0