материјални докази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jan 2020 09:24:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png материјални докази – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова фаза: Судењето за „Рекет” продолжува со изведување материјални докази https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-reket-prodolzuva-so-izveduvanje-materijalni-dokazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-reket-prodolzuva-so-izveduvanje-materijalni-dokazi/#respond Thu, 30 Jan 2020 08:54:29 +0000 https://kurir.mk/?p=296669

Судењето за „Рекет“ денеска продолжува со презентација на материјални докази од страна на Обвинителството за организиран криминал. Судскиот процес против Бојан Јовановски и Катица Јанева влегува во нова фаза откога заврши презентацијата на сведоци од страна на обвинителството. На последното рочиште за предметот „Рекет“ сведочеа Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел“, судијката Мери Дика-Георгиевска од Апелацискиот суд Скопје, кума на обвинетиот Јовановски, водителката Лила Стојановска, блиска пријателка на обвинетиот Јовановски, и Сања Димовска, шефица на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега второобвинета во „Рекет“. Претходно, во овој предмет сведочеа и поранешните обвинители на СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно на почеток на судењето сведочеше и Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-reket-prodolzuva-so-izveduvanje-materijalni-dokazi/feed/ 0
Се изведуваат материјални докази за убиството на Саздо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izveduvaat-materijalni-dokazi-za-ubistvoto-na-sazdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izveduvaat-materijalni-dokazi-za-ubistvoto-na-sazdo/#respond Tue, 25 Dec 2018 10:49:14 +0000 https://kurir.mk/?p=144745

Со изведување на материјални докази предложени од Обвинителството денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски. Како материјални докази предложени се вештачења на автомобилот, потврди од одземени предмети и анализи, фотографии, психијатриски вештачења, лекарски извештаи и извештаи од МВР. Во судница се присутни двајцата обвинети Бесир Беља и Скендер Демири, кои се во притвор во затворот Шутка во Скопје. Судијката Даниела Алексовска на почетокот на рочиштето најави дека по завршување со изведувањето на материјалните докази ќе бидат испитани двајцата обвинети, кои се предложени од одбраната, па потоа ќе се прави реконструкција на настанот. Адвокатите на обвинетите реагираа на таквиот редослед и побараа најпрво да биде извршена реконструкција на настанот. Тие го известија судот дека сега во оваа фаза го повлекуваат предлогот за испрашување на обвинетите. Според обвинителниот акт Беља и Дамири, заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство на 29 јуни годинава крвнички го претепале Никола Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ во Автокоманда. Од здобиените повреди Саздовски на 9 јули годинава почина во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-izveduvaat-materijalni-dokazi-za-ubistvoto-na-sazdo/feed/ 0