мати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Jul 2020 13:27:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Катимерини“: Обид за прикривање на одговорноста за катастрофалниот пожар во Мати во 2018 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-obid-za-prikrivanje-na-odgovornosta-za-katastrofalniot-pozar-vo-mati-vo-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-obid-za-prikrivanje-na-odgovornosta-za-katastrofalniot-pozar-vo-mati-vo-2018-godina/#respond Sun, 19 Jul 2020 13:53:08 +0000 https://kurir.mk/?p=378417

Министерката ова ми го кажа: – „Повикај го“, ми вели, и кажи му да не напише ништо за одговорност на претпоставените. Те повикав и ти кажав. За да се разбудиш, му вели тогашниот началник на Противпожарната служба на Грција, на вештакот од неговата служба кој е одреден да истражи што се случуваше на 23 јули 2018 година во Мати, кога во пожарот животот го загубија 102 лица. Дијалогот го објавува неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“ во текстот „Криминал и прикривање“, во кој, кусо пред да се навршат две години од трагедијата, опширно преку судски документи и сведоштва открива, „како овие две години некои се обидоа да постават пречки во судскиот процес со единствена цел да се скријат дела и пропусти што доведоа до трагедијата“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот го пренесува разговорот на тогашниот началник на Противпожарната служба Василис Матеопулос и вештакот од Противпожарната служба Димитрис Лиоцис, кој претходно, од надлежниот обвинител добил целосна слобода да истражи што точно се случило во Мати. „Катимерини“ пишува дека вештакот бил под закани и уцени и од него било побарано да скрие податоци. Разговорот го снимил самиот вештак на една од средбите со тогашниот началник, со цел да се заштити самиот. -Ако напишеш за одговорност на твоите претпоставени, ќе се собереме сите ќе те искинеме, му вели началникот на вештакот. Во друг дел од разговорот, како што пишува „Катимерини“, бара од вештакот, во вештачењето кое треба да биде доставено до Обвинителството да нема многу детали. -Направи ги да бидат едноставни, па и да мислат дека си глупав. (…) Пет работи: ветер, запалив материјал, мешавина од борови дрва со куќи, своеволни градби, нелегални. Со резултат во рок од еден час пожарот да се разгори. Јас ниту сакам да те вмешам, нити ништо. Со твоето искуство напиши пет работи, ако има пропусти во податоците, многу ти е гајле. Што ќе ти каже обвинителот? Ништо. Овие ги имам, овие ги најдов, овие ги напишав. Ако не ви одговараат, најдете други вештаци, му вели началникот на вештакот според „Катимерини“, пренесе МИА. Кога вештакот му објаснува дека дел од документите веќе се доставени, началникот му вели да провери кои ги имаат, а кои не и оние кои ги немаат „да ги закопа, смирено, без паника“. „Катимерини“ , текстот со дијалозите го објавува во печатеното издание, додека пак во електронското објави дел од аудио снимките од разговорите. Политички реакции за објавените дијалози во „Катимерини“ Објавениот текст во грчкиот весник предизвика политички реакции во земјата, како од опозициската СИРИЗА (која беше на власт кога се случи трагедијата во Мати), така и од владиниот портпарол. Поранешната министерка за цивилна заштита од редовите на СИРИЗА, Олга Геровасили коментира дека „одговорот на натписот во „Катимерини“ за политички интервенции е целосно категоричен: не постои ништо полажно“ и додава дека истрагата во периодот додека тие беа на власт се водела без никакви интервенции и со „целосно почитување на работата и одлуките на правдата“. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас вели дека судските документи објавени во „Катимерини“ откриваат „криминал на прикривање со огромни морални, политички и кривични димензии“. -Сето ова, речиси две години по смртоносниот пожар во Мати е морничаво. Но, исто така предизвикува и гнев кај сите Грци, бидејќи ја комплетира сликата што ја добија за неприфатливиот начин на кој владата на Ципрас се справи со случајот. Две години по трагедијата и сè уште не ја дознавме целата вистина. Сега се чини дека за ова придонесоа провокативните обиди за прикривање на Владата на СИРИЗА, кои оставија во мрак многу критични податоци, вели Пецас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-obid-za-prikrivanje-na-odgovornosta-za-katastrofalniot-pozar-vo-mati-vo-2018-godina/feed/ 0
Расте бројот на загинати по огромниот пожар во Атика, вкупно 13 лица починале во болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zaginati-po-ogromniot-pozar-vo-atika-vkupno-13-lica-pochinale-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zaginati-po-ogromniot-pozar-vo-atika-vkupno-13-lica-pochinale-vo-bolnica/#respond Wed, 15 Aug 2018 06:27:30 +0000 https://kurir.mk/?p=88011

Бројот на загинати во шумските пожари кои минатиот месец ја опустошија пределот кај Атина се искачи на 96. Црниот биланс се зголеми откако 68 годишен маж им подлегна на повредите во болница. Противпожарната служба соопшти дека вкупно 13 лица им подлегнале на повредите на тешките повреди во вид на изгореници, по пожарот на 23 јули во Мати. Во тек е истрага за причините за настанување на пожарот и за тоа дали властите соодветно реагирале за пожарот кој е најсмртоносен во Грција во последните децении.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zaginati-po-ogromniot-pozar-vo-atika-vkupno-13-lica-pochinale-vo-bolnica/feed/ 0
Национална опсерваторија од Атина: 70 отсто од Мати целосно изгоре https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacionalna-opservatorija-od-atina-70-otsto-od-mati-celosno-izgore/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacionalna-opservatorija-od-atina-70-otsto-od-mati-celosno-izgore/#respond Sat, 04 Aug 2018 09:54:56 +0000 https://kurir.mk/?p=84423

По катастрофалниот пожар на 23 јули во источниот дел на областа Атика, целосно изгореле 70 отсто од областа Мати, а 30 проценти делумно или воопшто, соопшти Центарот за управување со природни катастрофи од Националната опсерваторија од Атина. Како што јави дописничката на МИА од Атина, од опсерваторијата соопштуваат дека ортофото картата што покрива површина од 4318 хектари е направена од фотографии снимени со дрон, два дена по пожарот, а има за цел да обезбеди корисни информации за службите на Министерството за инфраструктура и транспорт за справување со последиците од пожарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nacionalna-opservatorija-od-atina-70-otsto-od-mati-celosno-izgore/feed/ 0