матичар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Dec 2021 09:13:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png матичар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Матичар издавал изводи од родени и венчани на трето лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/matichar-izdaval-izvodi-od-rodeni-i-venchani-na-treto-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/matichar-izdaval-izvodi-od-rodeni-i-venchani-na-treto-lice/#respond Thu, 30 Dec 2021 09:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=614788

Обвинителен предлог за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 42-годишно службено лице – виш референт – матичар во Подрачна канцеларија Гостивар. -Искористувајќи ист траен однос и исти прилики, обвинетиот, спротивно на одредбите од Законот за заштита на личните податоци и од Законот за матична евиденција, издал извод од книга на венчани и три изводи од матична книга на родените иако знаел дека лицето на кое ги издава документите не е законски застапник или полномошник на лицата на кои тие документи се однесуваат, информираат од Обвинителството. Со ова обвинетиот ја искористил својата службена положба и неовластено ги открил и направил достапни личните податоци на лицата содржани во изводите.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/matichar-izdaval-izvodi-od-rodeni-i-venchani-na-treto-lice/feed/ 0
Кривична за матичар кој издал извод за починато лице иако истото е живо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-matichar-koj-izdal-izvod-za-pochinato-lice-iako-istoto-e-zivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-matichar-koj-izdal-izvod-za-pochinato-lice-iako-istoto-e-zivo/#respond Fri, 22 Oct 2021 13:44:59 +0000 https://kurir.mk/?p=583801

До Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против 43-годишен вработен во Управата за водење матични книги во Скопје за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во Матичната книга на умрени внел податоци за лице кое е живо. Од МВР соопштија дека матичарот, делото за кое се сомничи, го сторил во текот на август лани, поттикнат од второпријавената В.Т. против која пак е поднесена кривична пријава за поттикнување. Тој без да добие соодветна, потребна документација за впишување смрт и издавање Изводи од матична книга на умрени, односно со нецелосна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и впишал смрт на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако таа е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои В.Т. на незаконит начин ги искористила за поведување оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца. Кривичните пријави против двете лица ги поднесе Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-matichar-koj-izdal-izvod-za-pochinato-lice-iako-istoto-e-zivo/feed/ 0
Како би требало да звучат говорите на матичарите во 21 век? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-bi-trebalo-da-zvuchat-govorite-na-maticharite-vo-21-vek/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-bi-trebalo-da-zvuchat-govorite-na-maticharite-vo-21-vek/#respond Fri, 02 Nov 2018 09:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=122629

Драги пријатели, роднини и колеги, Денес се собравме да сведочиме на лудоста на овие двајца. Да бидеме искрени, вие не делувате како луѓе кои слушаат совети, туку си терате по свое. Но, не би ви штетело да ви дадеме неколку совети за среќен брак: Таа секогаш е во право. И кога не е. Ако некогаш се случи да не е, а тоа многу ретко се случува, но АКО се случи, тогаш ситуацијата се поправа такашто се однесуваш како да е во право. Тој не го слуша твоето мрчење и мрморење. Фрекфенцијата на неговите уши е поделена на прости и полупроширени реченици. Зборувај кратко, јасно и директно кажи си што сакаш. Кога ќе се скарате, смирете се што побрзо. Нема ништо страшно во тоа да се скарате. Не ги замарајте пријателите со вашите приказни, затоа што секако нема да ги послушате нивните совети. Кога ќе добиете дечиња, сликајте ги, ама не мора 24/7 да ги тормозите другите луѓе со тие слики. Не дозволувајте родителството премногу да ве направи сериозни. Дајте си простор еден на друг. Останете свои, барем доволно за да го задржите сопствениот идентитет, но не заборавајте дека заедно сте во ова. Себично чувајте го тоа што го градите, без да бидете залепени еден за друг. Наместо да си ги подарувате крилјата, одлучете заедно да летате во ист правец. Не бидете ниту посилна, ниту поубава половина, туку трудете се да бидете одлучни во поддршката која ќе си ја давате. Покажувајте дека се грижите преку давање поддршка, а не со скратување на слободата. Бидете љубоморни само во вашата предигра, но во играта наречена брак само љубовта нека биде во служба на заедничкиот живот. Фокусирајте се на суштината на тоа битие кое го сакате и не доозоволувајте ништо да ја засени таа суштина. Вечноста ќе доживеете дури откако ќе ги засакате и вашите маани. Доблестите предизвикуваат заљубување, а мааните ја создаваат љубовта. Ви благодариме на овој прекрасен ден, не поради тоа што сте добри домаќини, туку поради тоа што кога ве гледаме вас двајца, знаеме дека има надеж за сите кои сѐ уште не го направиле тоа. Бидете вечни. Ајде да наздравиме!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-bi-trebalo-da-zvuchat-govorite-na-maticharite-vo-21-vek/feed/ 0