матична евиденција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 05:02:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png матична евиденција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Законот за матична евиденција пред Уставен суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-matichna-evidentsija-pred-ustaven-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-matichna-evidentsija-pred-ustaven-sud/#respond Thu, 20 Jul 2023 05:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=858249

Уставниот суд на денешната седница ќе ја разгледа иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција. „Левица“, како што соопшти Уставниот суд, оспорува повеќе членови од постоечкиот Закон за матична евиденција, со кои е предвидено националност да се запише во матичната книга на родените, во матичната книга на венчаните и во матичната книга на умрените. - Чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство, се наведува во иницијавата на „Левица“. Од Уставниот суд информираат дека се оспорени три члена од Законот, односно зборот националност во изводите, каде покрај основните податоци за раѓање, живеалиште се додава и националноста на новороденчиња, на венчаните и на умрените. Претходно, на 29 мај годинава Министерството за правда донесе упатство за водење на матичните книги со кое е предвидено во изводите од матичните книги да има и графа за етничката припадност, односно националност. Уставниот суд на седница одржана на почетокот на овој месец со времена мерка го стопира упатството за издавање на лични документи со графата за етничка припадност, што значи дека Управата за матични книги нема да издава извод на родени во кој ќе биде впишана графата националност се додека Уставниот суд не донесе конечна одлука дали е тоа уставно или не. По донесувањето на оваа одлука, министерот за правда најави дека ќе донесе ново упатство, без да ја смени содржината, со кое правно ќе ја негира одлуката на Уставниот суд. Од Министерството за правда преку соопштение тврдат дека упатството со кое се воведе графа за етничката припадност во изводите од матична евиденција не е противзаконско. Токму Законот за матична евиденција на којшто се повикуваше министерот Лога дека упатството е усогласено со него, ќе се дискутира на денешната седница на Уставниот суд, дали е согласно Уставот или не. Овој предмет е засебен од предметот во кој е донесена времена мерка за оспореното упатство. Уставниот суд по сопствена иницијатива поведе постапка поради сомнеж дека упатството е неуставно и во првата фаза од постапката утврди дека не е почитуван уставниот рок за објавување за тој предмет. Според информациите од Уставниот суд, се уште се работи на анализа и подготовка на реферат за конечна одлука. Во меѓувреме, од понеделникот (18.07.2023) Управата за водење на матична евиденција продолжи да издава изводи без графата националност, односно како што беше пред министерот Кренер Лога да го воведе упатството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-matichna-evidentsija-pred-ustaven-sud/feed/ 0
Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/#respond Fri, 05 May 2023 15:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=831043

Лидерите на петте верски заедници во земјава - Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница преку заедничко соопштение изразуваат загриженост за иднината на верниците особено за жените и децата со донесувањето на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Предлагаат повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување. - Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! Впрочем, нашата најголема загриженост се однесува на намерата овој Закон да ги опфати и малолетните лица, односно децата. Промовирањето на различни родови идентитети и „флуидноста“ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст, се наведува во соопштението од Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, Реис-Ул-Улема Шаќир Фетаи, Скопскиот Бискуп и Епарх Струмичко-скопски, Киро Стојанов, Суперинтендент Марјан Димов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви. Предлог-законот за родова еднаквост, се подвлекува во соопштението, отвора можност за загрозување на родителските права бидејќи предвидува, од аспект на родов идентитет, децата да бидат третирани еднакво како и возрасните. - Поучени од актуелните случувања во земји, каде родовата идеологија е реалност со трагични последици, којашто сѐ повеќе предизвикува активен отпор кај родителите, психијатрите, психолозите и учителите, повикуваме на повлекување на Предлог-законите и оставање временски простор за нивно сериозно проучување, за запознавање со сите последици по психолошкото здравје на младите и за активно вклучување во разработката на такви закони на сето општество, а, пред сè, на родителите и на сета стручна јавност, посочуваат во соопштението. Изворот на овој, како што велат, загрижувачки тренд го лоцираат во ратификувањето на Истанбулската конвенција, која, благородната цел на заштита на жените и децата, ја искористи како параван за затскриено наметнување на родовата идеологија. Предлог-законите, како што наведуваат, во основа, им противречат на доктрините на сите верски заедници. - Затоа, апелираме до сите релевантни субјекти сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на овој документ, по примерот на многу земји членки на ЕУ кои од него се дистанцираа, како што се: Турција, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, и кои сè уште не го ратификувале, односно некои го отфрлија токму поради неговата родова компонента, порачуваат лидерите на петте верски заедници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liderite-na-pette-verski-zaednitsi-predlagaat-povlekuvane-na-predlog-zakonite-za-matichna-evidentsija-i-za-rodova-ednakvost/feed/ 0