матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 19:11:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png матични книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од понеделник ќе може да се земаат изводи од матични книги, вели Лога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/#respond Wed, 12 Jul 2023 19:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=856024

Министерот за правда Кренар Лога смета дека граѓаните од понеделник ќе може да вадат изводи од матичните книги. Според него, кажано му е на директорот на Управата за водење матични книги дека треба сите изводи да им се даваат на граѓаните по старото упатство. -Уставниот суд требаше во одлуката да каже, до решавање на спорот кои се нивните чекори, за да не остане оваа празнина во системот. Кажано му е на директорот на Управата за водење матични книги дека треба сите изводи по старото упатство да им се даваат на граѓаните. Не знам кој ја кочи работата, тие имаат побарано мислење и од Уставен суд и од други органи. Верувам дека од понеделник ќе може да се земе извод од матични книги, рече Лога во вечерашното гостување на ТВ Сител. Според него, меѓу Министерството за правда и Уставниот суд нема никаков конфликт. -Уставниот суд го стави решението на Министерството надвор од функција. Ние ја почитуваме таа одлука и Уставниот суд ја има нашата поддршка за сите следни одлуки. Ова не е конфликт со Уставниот суд, туку развој на демократијата. Ова ретко го има во регионот, комуникацијата е на ниво и ние добро ја прифативме и поздравивме нивната иницијатива. Уставниот суд донесе времена мерка дента кога бев присутен таму и кога со вас ги споделивме службените весници дека Уставниот суд не е влезен во материјата на актот, туку само во формалниот дел и дека не е почитуван уставниот рок. И тогаш кажав дека има пропуст и дека ќе го повлечам упатството, како и дека ќе има ново, согласно Уставот - седум дена од денот на потпишување до денот на објавување, објасни Лога. Тој тврди дека иницијативата на Министерството за изводите со етничка графа, не е неуставна. Покажа и акти кои, како што рече, се основани врз Законот за матични книги од 1995 година. Етничката графа, напомена, се злоупотребува, особено при вработувањата. -Во најголем дел етничката припадност се злоупотребува при вработување. Тука сум да го заштитам првично македонскиот граѓанин, зашто ако нема партиски или висок функционер не може да се вработува. Оваа графа се злоупотребува за одредени луѓе да влезат на работа, истакна Лога. Министерот објасни и зошто имало недоразбирања околу иницијативата во јавноста. -Знам зошто ова покрена некакви недоразбирања - зашто од првите денови т.н. бугарски здруженија кажаа дека за 250 денари ќе може да извадат каков било документ со што ќе се загрозува до некаде идентитетот или реалноста по етничка припадност, но јас кажав ако било која држава сака да ја злоупотребува таа работа, истиот ден од моја страна ќе биде скратено и надвор од сила, нагласи министерот. Тој денеска до Уставниот суд достави десет Иницијативи во име на Министерството за правда и десет во свое лично име како граѓанин за поведување постапки за оценување на уставноста на прописи објавени во Службен весник спротивно на членот 52 од Уставот. Уставниот суд претходно донесе времена мерка за стопирање на одлуката на министерот за правда Кренар Лога за национална графа во изводите од матичната книга на родени. Во врска со пожарот во кумановскиот суд, Лога рече дека се уште нема официјални информаци што се е загубено. -Ќе се воздржам од одговор на ова прашање, бидејќи очекуваме оттаму да добиеме писмено што и како се случи, како и кои се последиците, истакна Лога. Тој потсети дека денеска, преку соопштение, Министерството за правда веќе укажало дека Судот е навреме предупредуван од Комисијата за надзор врз работата на АКМИС системот. -Органите ќе кажат дали има некаков пропуст, а најверојатно и по службена должност, не министерот за правда, туку другите надлежни органи ќе дадат одговор, рече Лога. Претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев денеска ги негираше обвинувањата од Министерството за правда за злоупотреби на АКМИС системот. Според неа, нема злоупотреби на АКМИС системот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-ke-mozhe-da-se-zemaat-izvodi-od-matichni-knigi-veli-loga/feed/ 0
Лога стави потпис: Се менуваат изводите од матичните книги, новите ќе имаат графа за етничка припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/#respond Mon, 29 May 2023 14:00:08 +0000 https://kurir.mk/?p=840081

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. Од Министерството за правда информираат дека ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Службен весник за изводите на родените. За другите изводи, како што се наведува во соопштението, поради финансиски импликации Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-stavi-potpis-se-menuvaat-izvodite-od-matichnite-knigi-novite-ke-imaat-grafa-za-etnichka-pripadnost/feed/ 0
КСОМ и Синдикатот на управата за Матични книги најавуваат штрајк, можно е граѓаните да не можат да обноват документи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ksom-i-sindikatot-na-upravata-za-matichni-knigi-najavuvaat-shtrajk-mozno-e-gragjanite-da-ne-mozat-da-obnovat-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ksom-i-sindikatot-na-upravata-za-matichni-knigi-najavuvaat-shtrajk-mozno-e-gragjanite-da-ne-mozat-da-obnovat-dokumenti/#respond Tue, 26 Apr 2022 06:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=667822

Конфедерацијата на синдикални организации со Независниот синдикат на управата за Матични книги најавува дека од утре ќе започне штрајк. Деталите за штрајкот и последиците, од КСОМ ќе ги соопштат денеска напладне. -Јавноста мора да знае дека учениците кои наназад 2 недели не посетуваа настава заради штрајк на просветните работници сега со штрајкот на Независниот синдикат на управата за Матични книги родителите нема ни да можат да ги запишат нивните деца за наредната година поради неработењето на матичните канцеларии, велат од КСОМ. Посочуваат дека во случај на подолго времетраење на штрајкот огромниот број на граѓани на државата од дијаспората кои вообичаено доаѓаат преку летните одмори за да ги обноват своите лични документи, а задолжително претходно од управата за матични книги вадеа бројни документи , оваа година е можно да не можат да ги обноват поради најавениот штрајк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ksom-i-sindikatot-na-upravata-za-matichni-knigi-najavuvaat-shtrajk-mozno-e-gragjanite-da-ne-mozat-da-obnovat-dokumenti/feed/ 0
Законски измени за продолжување на рокот за евидентирање лица кои не се запишани во матичните книги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonski-izmeni-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-evidentiranje-lica-koi-ne-se-zapishani-vo-matichnite-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonski-izmeni-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-evidentiranje-lica-koi-ne-se-zapishani-vo-matichnite-knigi/#respond Fri, 18 Dec 2020 06:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=444945

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците која ќе го разгледува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка – II читање, поднесен од група пратеници. Целта на измените и дополнувањата е да се продолжи рокот за поднесување на барањата за евидентирање за шест месеци, со цел поради пандемијата дополнително да не се загрозува здравјето на вработените во матичните служби и на лицата кои е потребно да се запишат во посебната матична евиденција. Така наместо до 31 декември годинава, ќе се овозможи барањата за евидентирање да се поднесуваат до 30 јуни наредната година, бидејќи поради пандемијата споро се реализира запишувањето на неевидентираните лица. -Примената на Законот започна дури по завршување на вонредната состојба на 22.06.2020 година. Подзаконски акти со кои се овозможи неговата примена, се донесоа во октомври 2020 а со тоа беа овозможени и конкретните услови за започнување со примената на законот и во пракса. Поради ескалацијата на пандемијата со Ковид 19, процесот на поднесување на барања од страна на лицата кои е потребно да се запишат согласно овој закон се усложни, од причина што и матичните служби не можеа да создадат услови за непречено поднесување на барањата во матичните служби секојдневно, притоа да не се загрози здравјето и на вработените, но и на барателите на услугите. Од истите причини, и работата на невлидините организации кои беа задолжени за информирање на лицата на терен се одвива со намален капацитет поради сериозноста на ситуацијата и се поголемиот број на заболени, се вели во образложението на предлагачите. Тие предлагаат и дополнувања во однос на правото на лицето по потреба повеќе пати да може да бара да му се издаде извод од посебниот регистар за лица неевидентирани во матичната книга на родени и во однос на допрецизирањето на времето до кога лицето евидентирано во посебниот регистар на лица неевидентирани во матичната книга на родени најдолго може да биде со таков статус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonski-izmeni-za-prodolzuvanje-na-rokot-za-evidentiranje-lica-koi-ne-se-zapishani-vo-matichnite-knigi/feed/ 0