матични лекари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Aug 2023 14:18:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png матични лекари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Матичните лекари ќе препишуваат хронична терапија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-ke-prepishuvaat-hronichna-terapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-ke-prepishuvaat-hronichna-terapija/#respond Mon, 21 Aug 2023 14:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=869206

Промоцијата на новините во примарната здравствена заштита, со цел приближување и поедноставување на услугата за сите пациенти, беа повод за денешниот брифинг со медиумите на министерот за здравство  Фатмир Меџити. Хроничната терапија за најчестите болести отсега ќе може да ја препишуваат матичните лекари без пациентот да биде препраќан на специјалист. Меџити објасни дека трансформацијата на примарната здравствена заштита е направена врз основа на детална анализа, која ја спроведе Министерството за здравство, со поддршка од останатите надлежни институции, во соработка со Светската здравствена организација. -Трансформирањето на системот на ПЗЗ е во насока на модернизирање и интегрирање на услугите со други области на здравствениот систем, со посебен фокус на хроничните заболувања, како и трансформација на здравствениот систем од дијагностичко ориентиран - во пациент центричен систем. На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, потенцираше Меџити. Тој најави дека ќе биде овозможено поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место (ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и сл.) -Сите овие активности кои се дел од реформата на ПЗЗ се реформска мерка и во Програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023-2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028, истакна Меџити. Оваа недела ќе биде посветена на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, а завршена е и едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови. Министерот Меџити изрази посебна благодарност до Канцеларијата на Светската здравствена организација за континуираната техничка помош и поддршка и најави дека во следните неколку денови се планирани посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску пациентите и докторите да бидат запознаени со новините во примарната здравствена заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-ke-prepishuvaat-hronichna-terapija/feed/ 0
Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка до матичните лекари кои штрајкуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-so-poddrshka-do-matichnite-lekari-koi-shtrajkuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-so-poddrshka-do-matichnite-lekari-koi-shtrajkuvaat/#respond Tue, 06 Sep 2022 12:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=729446

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ изразува поддршка на матичните лекари кои штрајкуваат. - Целта на штрајкот е да има подобри услови за пациенти и за нив кои се столб на здравствениот систем во државава. Како Комисија реално ги согледуваме нивните проблеми и барања. Посебно работно тело при Комисијата ги разгледа проблемите на матичните лекари. Притоа донесе конкретни решенија кои одат во прилог на матичните лекари. Нивните барања кои се во прилог на пациентите заедно со нив ќе се разгледуваат постојано и истите ќе се реализираат по падот на оваа неспособна власт која создаде хаос во здравствениот систем. Доволно е да се потсетиме на ветувањата кои ги даваше СДСМ во својата тн. предизборна програма во однос на здравството, а од кои не оствари речиси ништо. Тоа особено се однесува на проблемите кои ги имаат матичните лекари. Со реализација на нивните барања ќе имаат корист прво, граѓаните, а потоа и целиот здравствен систем, стои во Фејсбук објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Тие посочуваат дека во иднина ќе престане малтретирањето на пациентите, упатување на специјалист за препишување на хронична терапија за која матичните се стручни да ја дозираат. - Со тоа ќе се растерети секундарното здравство од непотребно зафатени термини кои ќе се користат за згрижување на посериозно болни пациенти на кои им е потребна дијагноза. Со покачување на капитациониот бод ќе им се олесни континуираната едукација на матичните за која вложуваат многу средства од сопствен џеб. Ќе може да набават современа и квалитетна опрема како на пример ехо со цел подобра и навремена дијагностика. Притоа ќе се стимулираат и мчадите лекари да останат во државава и да градат кариера во својата татковина. Бенефитите за општеството во целост ќе бидат огромни, се додава во Фејсбук објавата на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-so-poddrshka-do-matichnite-lekari-koi-shtrajkuvaat/feed/ 0
И денес протест на матичните лекари, се примаат само итни пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-denes-protest-na-matichnite-lekari-se-primaat-samo-itni-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-denes-protest-na-matichnite-lekari-se-primaat-samo-itni-pacienti/#respond Tue, 06 Sep 2022 08:00:56 +0000 https://kurir.mk/?p=729307

Протестот на матичните лекари продолжува и денеска. Причина за протестот како што наведуваат од Здружението на приватни лекари е неисполнети барања, меѓу кои е зголемување на капитациониот бод, со што ќе се зголемат средствата што ги добиваат лекарите за пациентите што ги водат. За време на протестот тие не издаваат упати и не прегледуваат, примаат само итни пациенти. Претходно, министерот за здравство Беким Сали изјави дека не го поддржува протесот. -Преземавме мерки навремено, ги информиравме пациентите. Немало проблеми и немало реакции од пациентите. Ги услужуваме колку што можеме – изјави д-р Лилија Чолакова – Дервишова, претседателката на Здружението на приватни лекари. Таа информира дека имале многу средби со министерот за здравство, Беким Сали, но без решенија. -Очекуваме многу и сакаме многу нешта да промениме со него. Што се однесува до колегите што не нѐ подржаа, тоа е многу мала бројка, на една рака се бројат. Не сакам да коментирам ставови на други здруженија, но нашето здружение 30 години функционира и се бориме со сите досега – рече Дервишова-Чолакова за Дневникот на Сител ТВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-denes-protest-na-matichnite-lekari-se-primaat-samo-itni-pacienti/feed/ 0
ПРОТЕСТ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ: Нема да издаваат рецепти и упати! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-matichnite-lekari-nema-da-izdavaat-recepti-i-upati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-matichnite-lekari-nema-da-izdavaat-recepti-i-upati/#respond Mon, 05 Sep 2022 05:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=728690

Членови на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) од денеска стапија во тридневен протест во тек на кој ќе бидат на работните места и ќе примаат само итни случаи, но нема да издаваат упати и рецепти. Главно барање на матичните лекари е зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на живот. УО на ЗПЛРМ на 27 август донесе одлука на 5,6 и 7 септември да се одржи протест на работно место – заради, како што наведуваат во објавата на веб страницата на Здружението, неприфаќање на стратешките барања од здравствените власти. Според одлуката на УО на Здружението, ќе нема упати и рецепти три дена. Покрај зголемување на капитацискиот бод, тие меѓу останатото бараат „електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години“…. Министерот за здравство Беким Сали во пресрет на протестот минатата недела изјави дека незадоволствата кои постојат меѓу матичните лекари треба да се решаваат на маса и со конкретни предлози кои ќе бидат разгледани и дискутирани, а не преку бојкот на работата. – Ние во изминатиот период од шест месеци веќе дискутираме. Не можеме да направиме промена во систем во период од месец дена или два, или пак, под притисок знаејќи дека во изминатиот период ние постојано дискутиравме, повеќе точки се предложени на Влада, дадени се насоки, тоа се процедури исто како што имаме забелешки за јавните набавки исто и за измените кои треба да се направат во систем за справување со примарната здравствена заштита. Се бара време, тоа е единствената работа што сум ја побарал од матичните лекари, но за жал нема слух. Ние ќе продолжиме со нашата интензивна работа околу промените во примарната здравствена заштита. Моите колеги за жал ќе продолжат со бојкотирање, а пациентите се тие што трпат, изјави Сали. Тој се согласува со барањето на матичните лекари упатот да не биде печатен туку во електронска форма, но, како што рече, од збор до реализација значи дека како систем треба да се овозможиме и хардвер и софтвер, а за што треба јавна набавка која бара време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-matichnite-lekari-nema-da-izdavaat-recepti-i-upati/feed/ 0
Од утре штрајк на матичните лекари – ќе се примаат само итни случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-shtrajk-na-matichnite-lekari-kje-se-primaat-samo-itni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-shtrajk-na-matichnite-lekari-kje-se-primaat-samo-itni-sluchai/#respond Sun, 04 Sep 2022 15:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=728604

Здравствените власти не ги предомислија матичните лекари затоа од утре го почнуваат тридневниот протест. Ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти, ќе прегледуваат само итни пациенти. Главните барања на Здружението на приватни лекари поради кои 4-ти пат годинава протестираат се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај матичниот лекар. Замолуваме да ни кажат која е вистинската причина и зошто сме игнорирани, вака на ни еден матичен, специјалист од приватното здравство, за руралните, за лабораториите за целото приватно здравство 5 години никој не спомнува ништо. Последен пат сме спомнати во 2018 година кога со одлука на Влада беше покачен капитациониот бод. Ако има некоја друга позадина и причина колегите бараат да знаат и да си го бараат чарето, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ. Протестот не го подржуваат од здружението на лекари по општа и семејна медицина. Од ЗЛОМ – СМ велат дека дел од барањата кои заеднички ги креирале со ЗПЛРМ исчезнале. Сега поголем фокус бил ставен на повозрасните наместо на младите доктори. Од оваа здружение бараат специјалистите по семејна медицина да имаат повеќе ингеренции, да можат да даваат повеќе услуги на примарно ниво и измени на моделот на капитација. Наследување на концесиите, како еден од основниот модел кој ќе ги обезбеди младите лекари кои работат кај концесионер, по пензионирањето да можат да работат во тие ординации. Загарантирани плати за младите матични лекари. Со самото зголемување на капитацијата не секој газда обезбедува и повисока плата за своите вработени лекар/сестра за достоен жвот, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ – СМ. Министерот за здравство пред неколку дена изјави дека не го подржува протестот на матичните бидејќи пациентите не смееле да трпат поради незадоволството на лекарите и повика проблемите да се решаваат на маса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-shtrajk-na-matichnite-lekari-kje-se-primaat-samo-itni-sluchai/feed/ 0
Матичните лекари ќе протестираат 3 дена: Нема да се издаваат рецепти и нема да се закажуваат прегледи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-kje-protestiraat-3-dena-nema-da-se-izdavaat-recepti-i-nema-da-se-zakazuvaat-pregledi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-kje-protestiraat-3-dena-nema-da-se-izdavaat-recepti-i-nema-da-se-zakazuvaat-pregledi/#respond Sat, 27 Aug 2022 15:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=724830

На 5,6 и 7 септември нема да има издавање на упати и пропишување на рецепти. Матичните лекари со протест на работните места ќе го искажат револтот од неисполнување на нивните неколкумесечни барања. Ваква одлука донесе денеска  Управниот одбор на Здружението на приватни лекари, оставајќи им неколку денови на здравствените власти и премиерот, примарното здравство да биде прва точка на владина седница со конкретни решенија -Ставот на членството е да се изрази револт поради неисполнување на ниту едно барање, со протест на работните места. Еве, упатуваме апел и до граѓаните, до нашите пациентире, од утре од понеделник да дојдат за добивање на рецепти за хроничната терапија, вели др. Лилија Чолакова Дервишова претседател на ЗПЛРМ. Повеќе пари на сметка, односно зголемување на капитациониот бод и пациенти на ПЗУ се едни од главните барања на матичните, кои од февруари кога ги доставија досега не добиле конретно решение. Од Здружението ги прашуваат надлежните дали знаат што ќе се случи кога стотина лекари со наполнети 64 години овој период ќе отидат во пензија и илјадници пациенти ќе останат без матичен. -Ако 5000 фирми во ковид кризата беа затворени зарем треба да се дозволи и 100 ординации кои уредно плаќаат даноци и се што треба, тоа не смее да се дозволи. Алармираме постојано за проблемите, нудфиме и решенија... еве џентламенски им оставаме неколку дена време да покажат дали навистина им требаме во здравството, вели Чолакова. Дали за неколку дена надлежните ќе успеат да решат нешто што се провлекува со месеци преку работни групи? Од Министерството за здравство одговорија дека заедничка цел е здравствениот систем да работи успешно, а матичните лекари се една од клучните алки во системот. Очекуваат во партнерски однос да дојдат до заеднички прифатливи решенија. Прилогот на СИТЕЛ погледнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-kje-protestiraat-3-dena-nema-da-se-izdavaat-recepti-i-nema-da-se-zakazuvaat-pregledi/feed/ 0
Матичните доктори со протест пред Министерство бараат повеќе пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-doktori-so-protest-pred-ministerstvo-baraat-povekje-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-doktori-so-protest-pred-ministerstvo-baraat-povekje-pari/#respond Thu, 07 Apr 2022 11:31:27 +0000 https://kurir.mk/?p=659670

Стотици матични лекари на „Светскиот ден на здравјето“ го одбележаа до полчасовен протест пред зградата на министерството за здравство. Главната причина за протестот е неисполнетото барање и ветување од владејачката партија СДСМ која на минатите избори вети дека капитацискиот бод од 60 денари ќе се покачи до 90 денари за еден пациент. Според капитациските бодови на матичните приватни лекари од Фондот за здравство добиваат приходи за нивните амбуланти и вработени. Тие денеска нема да прегледуваат пациенти, а од утре следува повеќедневен штрајк. Претседателката на здружението на матични лекари Лилија Чолакова Дервишова вели дека овој протест е последен крик за спас на приватните матични лекарски ординации. „Оставивме доволно време да се формираат групите, но тие не проработеа. Бараме покачување на капитациониот бод, кој пред четири години беше зголемен на 63 денари по пациент и оттогаш не добиваме никакви средства плус, а сѐ е поскапено, гориво, струја, животни трошоци – вели Чолакова-Дервишова. Таа нагласи дека бараат да се смени начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти и да се воведат нови лекови. Воедно бараат да се најде нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, односно се бараат решенија за да има лекари и за опстанок на примарното здравство. Додека Дервишова даваше изјава за медиумите и за барањата на матичните лекари, на протестот се појави и министерот за здравство Беким Сали, кој што по нејзината изјава за медиумите рече како стоматолог кој седнал на министерско столче е добро запознаен со проблемите на примарното здравство. „Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање“, изјави Сали. Тој објасни дека засега работат на три можни модела за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-doktori-so-protest-pred-ministerstvo-baraat-povekje-pari/feed/ 0
Матичните лекари на протест пред Министерството за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/#respond Thu, 07 Apr 2022 05:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=659447

На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Здружението на приватни лекари најавија мирен протест пред Министерството за здравство од каде ќе ги изнесат нивните барања. – Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука да на 7 април да има протести на здравствени работници пред Министерство за здравство во Скопје во 12 часот, е наведено на страницата на Здружението на приватни лекари. Меѓу другото, тие бараат капитационен бод од 90 денари, промена на режимот на лекови и важење на препораките за хронична терапија, да се промени казнената политика, електронско здравство, како и да се променат буџетите за специјалисти и лаборатории. – Сето ова го бараме за нашите пациенти и за опстанок на примарното здравство. Само кај нас има неограничен број на услуги со ограничени финансиски средства. Огромен број на услуги не се платени. Триесет години добиваме исплата на нашиот труд со каснење од по неколку месеци! За прв пат имаме министер за здравство од примарно ниво и заменик министер кој ги разбира нашите проблеми. Владите се менуваат, но никако да не стават во план на нивниот буџет, потенцираа од Здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/feed/ 0
Матичните лекари утре повторно на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-utre-povtorno-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-utre-povtorno-na-protest/#respond Wed, 06 Apr 2022 10:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=659144

Приватните лекари на Денот на здравството 7 април, утре, ќе излезат на протест за да искажат револт што не им е решен ниту еден од бројните проблемите кои ги имаат. Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) одлучи протестот да се одржи во 12 часот пред Министерството за здравство, на кој покрај докторите ќе протестираат и медицинските сестри. -Се сменија многу министри, многу Влади, но никој не направи ништо за опстанокот на примарното здравство. Не се покачени буџетите за матичните лекари, ниту за специјалисти и лаборатории. Имаме енормни зголемувања, покачена е минимална плата, цената на индустриската струја отиде високо. Капитациониот бод мора да се зголеми, вели д-р Лилјана Чолакова-Дервишова, претседател на ЗПЛМ. Иако после последниот протест со Министерството за здравство беше договорено формирање на работни групи и почнување на разговорите, тоа не се случило. -Ги пративме нашите предлози за примарно и секундарно здравство,за лаборатории и за специјалистички. Но, ништо не се случи, немаше состанок, каде суштински ќе се разговара и ќе има резултати. Не бараме средби само да се гледаме, туку нешто треба да се придвижи. Вредноста на бодот од 63 денари капитација е премногу ниска, а за стоматолог е 48 денари, рече Чолакова-Дервишова. Поддршка за протестот денеска искажаа и од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина (ЗПЗСУ ПДДМ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/matichnite-lekari-utre-povtorno-na-protest/feed/ 0
Денес нов протест на матичните лекари: Ќе се примаат само итни случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-nov-protest-na-matichnite-lekari-kje-se-primaat-samo-itni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-nov-protest-na-matichnite-lekari-kje-se-primaat-samo-itni-sluchai/#respond Fri, 04 Mar 2022 07:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=640610

Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) денес мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин“, туку ќе примаат само итни случаи. Ова е нивни револт кон надлежните откако не е исполнет рокот од две недели за спроведување на нивните барања даден на средбата на претставници на Здружението со заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски, во која малку подоцна се вклучил и министерот за здравство Беким Сали. Рокот кои тие го дадоа беше за формирање на работни групи, кои ќе работат на проблематиката, а тој истече вчера напладне. – Бидејќи никој од надлежните не ни се јави ние се решивме повторно на мирен протест, најави на вчерашната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛМ. Ваквата одлука ја донел Управниот одбор на ЗПЛМ, одржана во неделата, кога се договориле да чекаат до вчера напладне, во спротивно повторно да протестираат како пред две недели. Таа појасни дека тие со надлежните на состанокот пред две недели ги определиле точките по кои ќе работат работните групи, односно кои ќе бидат со Министерството за здравство, а кои со Фондот за здравство. Тие како приоритетни ги ставија проблемот со зголемување на вредноста на капитацијата и режимот на лекови, за кои им било ветено и нивно постепено решавање. -Приватното здравство две недели им остави на надлежните како што беше заеднички договорено, да се формираат работни групи и да започне со ветените реформи, затоа што незадоволството на приватните лекари е големо. Но, за две недели ништо не се случи. Целта на мирниот протест е да го задржиме вниманието на здравствените власти за сериозноста на проблемот, потенцира д-р Чолакова Дервишова. Таа информира дека не се реализирала јавната расправа за пациенти за ПЗУ, бодот за капитација не се згоемил. Посочи дека позагрижувачки е тоа што се уште има доктори во градовите во земјава кои секој ден затвораат и се иселуваат од здравствените домови, се’ со цел да не си ги затворат фирмите и како носители на основната дејност да стават во овие ординации да работат млади лекари и да продолжат да работат. Во здравствените домови им дозволуваат да работат само до 67 години, а во помалите места има се’ помалку лекари, бидејќи младите лекари се иселуваат од земјава. -Ништо не се случи и околу казнената политика кон приватните доктори и нов анекс.Така што за тие кои се во многу тешка состојба, буџетите се се уште исти за нив, како и за лабараториите. Бидејќи ништо не се помести ние се одлучивме повторно на протест, рече д-р Чолакова Дервишова. Потенцира дека целта е да се придвижат работите и да останат да работат лекарите во малите места во земјава и да не се затвораат ординациите. Таа додаде дека една третина од 1.400 доктори во земјава земаат минимална плата, а имаат и бројни зголемени давачки кои не можат да ги подмират.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-nov-protest-na-matichnite-lekari-kje-se-primaat-samo-itni-sluchai/feed/ 0