матично – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 13:57:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png матично – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Во сабота треба да се жени, ама заборавил да закаже матично, Стефан Лазаров во големи проблеми https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-vo-sabota-treba-da-se-zheni-ama-zaboravil-da-zakazhe-matichno-stefan-lazarov-vo-golemi-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-vo-sabota-treba-da-se-zheni-ama-zaboravil-da-zakazhe-matichno-stefan-lazarov-vo-golemi-problemi/#respond Mon, 03 Jul 2023 13:57:56 +0000 https://kurir.mk/?p=852138

Јутуберот Стефан Лазаров, кој изминативе неколку месеци ја бранува македонската јавност, во сабота треба да стапи во брак со неговата избраничка Марта. Арно ама, Стефан заборавил да закаже матично... намерно или случајно? Оставаме Марта да одлучи! Но, Стефан успеал во пет до дванаесет да го реши овој проблем, а сето ова го објави на Инстаграм. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/video-vo-sabota-treba-da-se-zheni-ama-zaboravil-da-zakazhe-matichno-stefan-lazarov-vo-golemi-problemi/feed/ 0
„СДК“: Оставен да скапува вреден мебел од матичното во Скопје изработен пред 70 години од големиот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sdk-ostaven-da-skapuva-vreden-mebel-od-matichnoto-vo-skopje-izraboten-pred-70-godini-od-golemiot-rezbar-nestor-aleksiev-mirchevski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sdk-ostaven-da-skapuva-vreden-mebel-od-matichnoto-vo-skopje-izraboten-pred-70-godini-od-golemiot-rezbar-nestor-aleksiev-mirchevski/#respond Thu, 05 Nov 2020 10:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=425301

Вреден мебел изработен пред 70 години од врвниот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски, копаничар сo меѓународна слава и последен од големата тајфа на вакви уметници во Македонија, е оставен да скапува во поранешното Матично во Скопје, кое веќе пет години е затворено за склучување брак. Почетокот на градежните работи за реконструкција на објектот кој со години беше затворен, го покажа вредниот мебел кој сосем незаштитен е оставен да скапува во бараката во дворот на Општина Центар. Станува збор за столиците и масата на која младенците седеа при склучување на бракот и витрината во која се чуваа потребните документи, објави порталот „Сакам да кажам“. Во текстот се наведува дека овој скапоцен мебел кој веќе има и историска вредност е оставен целосно непокриен, без никаква заштита па макар било и обичен најлон. -Изработени од дрво од орев и со специфична резбра, парчињата изгледаат уникатно и токму тоа наведува дека се изработени од Алексиев-Мирчевски, кој ваков кабинет направил и за вилата на Бриони на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, пишува „СДК“. Целиот текст прочитајте го на СДК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sdk-ostaven-da-skapuva-vreden-mebel-od-matichnoto-vo-skopje-izraboten-pred-70-godini-od-golemiot-rezbar-nestor-aleksiev-mirchevski/feed/ 0
ХАОС ВО МАТИЧНО: Нема директор, нема венчавки, свадби, изводи… https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/haos-vo-matichno-nema-direktor-nema-venchavki-svadbi-izvodi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/haos-vo-matichno-nema-direktor-nema-venchavki-svadbi-izvodi/#respond Tue, 06 Feb 2018 08:38:40 +0000 http://kurir.mk/?p=18589

Повеќе од еден месец Управата за водење на матичните книги нема овластен потписник, па 500 вработени се без плата, нема кој да стави потпис. Како што дознава „Вечер“, поради тоа што нема овластен потписник, се трупаат и други документи и барања кои се примаат, но не може да се решат. Се работи за одобренија за венчавки во ресторани, станови, односно на места надвор од матичната служба, кои секој ден може да престанат да се вршат, зашто нема кој да потпише одобрение. Исто така, има проблеми со извршните, оставинските, судските постапки за кои се бараат документи од Управата. За издавање на тие документи Управата има рокови кои сега не може да ги запази. Не можат да завршат работа ниту амбасадите кои доставуваат барања за податоци за наши иселеници. Наместо еден ден, на извод од матичната книга на родените сега се чека десетина дена, а многу скоро можат да престанат венчавките на терен. Управата за водење матични книги, орган во рамки на Министерството за правда, еден месец нема ниту директор, ниту в.д. директор, па ова е само мал дел од хаосот во кој се наоѓа оваа служба, меѓу народот позната како Матично, пишува Вечер. Од август лани до почетокот на минатиот месец, директор на Управата беше Ѓоко Котевски, кој потоа замина за прв човек на затворот во Шутка. Оттогаш, односно повеќе од еден месец, матично нема овластен потписник, поради што, меѓу другото, ни вработените, кои ги има 500 низ целата држава не земале плата и не знаат кога ќе ја земат. Што се случува во “обезглавената“ Управа за водење матични книги најдобро може да се види на шалтерите на кои се вадат документи, каде нервозни граѓани чекаат во редици и неизвесност кога и дали воопшто ќе ја завршат работата. -Итно ми треба извод од матичната книга на родените. Јас мислев дека се вади за ден-два, ама видете што се случува овде, колку луѓе има. Викаат дека се чекало по 10 дена. Да знаев, ќе дојдев порано. Сега не знам што да правам, ни изјави еден граѓанин. Како што дознава “Вечер”, поради тоа што нема овластен потписник, се трупаат и други документи и барања кои се примаат, но не може да се решат. Се работи за одобренија за венчавки во ресторани, станови, односно на места надвор од матичната служба, кои секој ден може да престанат да се вршат, зашто нема кој да потпише одобрение. Исто така, има проблеми со извршните, оставинските, судските постапки за кои се бараат документи од Управата. За издавање на тие документи Управата има рокови кои сега не може да ги запази. Не можат да завршат работа ниту амбасадите кои доставуваат барања за податоци за наши иселеници. Од „Вечер“ се обиделе да добијат официјално објаснување и коментар за оваа ситуација од надлежниот орган, Министерството за правда, но не добиле одговор. Конкурсот за избор на директор на матичното и на уште 68 други државни институции и органи, како и на 25 заменици во институциите е во тек. Овој оглас пред еден месец беше објавен, па поништен за повторно да се објави на 31 минатиот месец. Со новиот оглас се даде рок за аплицирање на заинтересираните кандидати од само три дена. Но, иако рокот е скратен, што значи дека постапката за избор на директор ќе се забрза, вработените во Управата за водење матични книги и во другите институции кои се во слична ситуација, без овластен потписник, не очекуваат состојбите да се средат уште најмалку еден месец, колку што сметаат дека ќе помине додека завршат сите процедури за избор. Стравуваат дека најмалку уште еден месец ќе бидат без пари. Што се случува кога државна институција нема прв човек покажува примерот со Државниот комунален инспекторат, каде вработените немаа земено плата цели три месеци. Со последниот оглас на Владата освен за Управата за водење на матичните книги, директори и заменици се бараат и за Управата за извршување санкции, Бирото за судски вештачења, Бирото за застапување пред Европскиот суд за човекови права, Царинската управа, Бирото за јавни набавки, Управата за финансиско разузнавање, Управата на финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Фондот за здравство…]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/haos-vo-matichno-nema-direktor-nema-venchavki-svadbi-izvodi/feed/ 0