матурант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 08:38:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png матурант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Недолично славеше матура, ќе биде повикан во полициска станица, еве со каква казна се соочува матурантот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedolichno-slaveshe-matura-ke-bide-povikan-vo-politsiska-stanitsa-eve-so-kakva-kazna-se-soochuva-maturantot-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedolichno-slaveshe-matura-ke-bide-povikan-vo-politsiska-stanitsa-eve-so-kakva-kazna-se-soochuva-maturantot-video/#respond Wed, 17 May 2023 08:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=835170

Откако денес низ социјалните мрежи се шири недолично видео од матурант кој му покажува среден прст на полициски службеник, додека е качен на автомобил и игра на жива музика, од МВР велат дека веќе го утврдиле неговиот идентитет. - За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во ПОлициска станува Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedolichno-slaveshe-matura-ke-bide-povikan-vo-politsiska-stanitsa-eve-so-kakva-kazna-se-soochuva-maturantot-video/feed/ 0
Синот на Весна Петрушевска стана матурант, еве како изгледа Кирил (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-na-vesna-petrushevska-stana-maturant-eve-kako-izgleda-kiril-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-na-vesna-petrushevska-stana-maturant-eve-kako-izgleda-kiril-foto/#respond Tue, 22 Feb 2022 14:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=634928

Синот на актерката Весна Петрушевска стана матурант, а таа ја сподели оваа среќа со пријателите на социјалните мрежи. Кирил Тренкоски матурираше во Хјустон каде што живее со својот татко, поранешниот сопруг на Весна. Од фотографијата која таа ја сподели, може да се види како изгледа ова момче кое во април ќе наполни 19 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sinot-na-vesna-petrushevska-stana-maturant-eve-kako-izgleda-kiril-foto/feed/ 0
Матурант со писмо: Живееме во општество каде што главна вест е развод на брачни парови, а немаме точни информации дали бојкотираат „мали изолирани групи“ или пак 78 % од матурантите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturant-so-pismo-ziveeme-vo-opshtestvo-kade-shto-glavna-vest-e-razvod-na-brachni-parovi-a-nemame-tochni-informacii-dali-bojkotiraat-mali-izolirani-grupi-ili-pak-78-od-maturantite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturant-so-pismo-ziveeme-vo-opshtestvo-kade-shto-glavna-vest-e-razvod-na-brachni-parovi-a-nemame-tochni-informacii-dali-bojkotiraat-mali-izolirani-grupi-ili-pak-78-od-maturantite/#respond Mon, 25 Jan 2021 12:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=459530

Актуелна тема периодов во јавноста е полагањето матура. Таа тема донесе многу несогласувања меѓу министерката за образование, Мила Царовска и матурантите од друга страна. Матурант од Крушево, Матеј Кардула до редакцијата на Факултети.мк испрати писмо со кое се обраќа до јавноста. Во продолжение во целост неговото писмо. „Почитувани, Пишувам како изреволтиран матурант кој предизвикан од секојдневните „гафови“ во нашиот образовен систем веќе се убедува својот живот да го продолжи надвор од оваа држава. Си земам за право да ги „искористам“ вашето внимание, влијание и правни насоки со чие јавно објавување би се разбила тоталната цензура. Движењето против полагање државна матура започна со креирање на фејсбук-група која денеска брои 8.300 члена. Првичниот став на матурантите беше комплетно укинување на матурата, но и покрај големите аспирации на поединците вклучени во движењето, неупатеноста предизвика разобединување на групата. При првите бојкоти (во декември 2020 година) нашите барања не беа поддржани од страна на Сојузот на средношколци (ССРСМ), кој сè уште беше во процес на преговори со МОН. Иако ставовите на средношколците беа поделени во однос на потребата од полагање матура, сега скоро секој средношколец кој планира да го продолжи своето образование е согласен со фактот дека матурскиот испит е неизбежен, меѓутоа, моменталниот модел на тестирање - неприфатлив. Периодот на пандемија драстично ги промени нашите животи, па нелогично е нашето образование да тече исто како и во претходните години, а нашиот краен успех да биде оценуван на ист начин како и досега. Затоа и не се согласуваме со ставот: „задржувањето на континуитетот на образовниот процес“ (Мила Царовска, 2020) по секоја цена означува непроменета државна матура. Со почетокот на второто полугодие од оваа учебна година, ССРСМ излезе со повик кон матурантите за повторен бојкот на наставата. Овој пат средношколските барања се јасно конкретизирани во известувањето напишано од Сојузот: 1. Министерството за образование и наука да го намали бројот на предмети кои учениците треба да ги полагаат. Од четири предмети, предлагаме учениците да полагаат два предмети. а. Задолжителен прв предмет: мајчин јазик (македонски, албански, турски итн.); б. Втор предмет по избор на ученикот: се препорачува учениците вториот предмет да го изберат водејќи се од нивните планови за понатамошното образование и интереси; и в. Проектна задача. 2. Министерството за образование и наука (МОН) и Државниот испитен центар (ДИЦ) во март 2021 да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испитите. Почетокот на новиот бојкот беше одбележан со јавниот и невистинит коментар на министерката дека бил постигнат договор со Сојузот на средношколци. Одлуката за намалување на бројот на предмети од следната година е нелогична и можна причина за раѓање револт кај уште една дискриминирана генерација која поради ваквите искуства во државата, е поттикната единствениот спас да го гледа надвор од неа. Покрај ваквото манипулативно однесување пред јавноста, матурантите се соочија со закани и медиумска цензура. Конкретно, првиот бојкот (за кој претходно зборував), иако законски регулиран (со навремено испратени известувања до училиштата), беше наметнато запрен со напишани неоправдани изостаноци и покрај што министерката се изјасни дека тоа е „наше легитимно право“. Како да живееме во општество каде што сме бомбардирани од вести за разводите на познати брачни парови без да имаме точни информации дали бојкотираат „мали изолирани групи“ (според Царовска) или пак 78 отсто од матурантите (според Сојузот)?“ Матеј Кардула, матурант во СОУ „Наум Наумовски-Борче“ - Крушево]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maturant-so-pismo-ziveeme-vo-opshtestvo-kade-shto-glavna-vest-e-razvod-na-brachni-parovi-a-nemame-tochni-informacii-dali-bojkotiraat-mali-izolirani-grupi-ili-pak-78-od-maturantite/feed/ 0
ФОТО: Чудото од дете, стружанецот Јован Колоски, кој се разбуди по четири години од кома, слави матура! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-chudoto-od-dete-struzanecot-jovan-koloski-koj-se-razbudi-po-chetiri-godini-od-koma-slavi-matura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-chudoto-od-dete-struzanecot-jovan-koloski-koj-se-razbudi-po-chetiri-godini-od-koma-slavi-matura/#respond Sat, 20 Apr 2019 10:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=189049

Јован Колоски, струшкото детето херој, кој по четири години поминати во кома успеа да се разбуди и да ја победи лошата болест, стана матурант. На радоста и возбудата во семејството Коловски ѝ нема крај. Велат дека сите се возбудени, а најмногу Јовче како што го викаат неговите родители, Мира и Димитрија, кои деноноќно бдееја над нивното синче единче, кое го чуваа како капка роса во нивните раце. Како и сите матуранти и Јован се подготвува за најубавата ноќ, кога заедно со неговите врсници ќе зачекори по патеката на полнолетството. Видно возбуден вели дека се чувствува необично, но дека сè уште не знае што да се облече за матурската вечер, која заедно со неговите другари ќе ја прослават во еден од струшките ресторани. – Имам и партнерка. Таа ми е другарка од клас, низ смеа и срамежливо раскажува Јовче, опишувајќи дека сака да биде најубав таа вечер, но дека сè уште нема одлучено што ќе облече. Тој во 2015 година се запиша во гимназијата во Струга, каде што исто така беше многу добро прифатен. И учениците и професорите, како и сите вработени се трудеа да му помогнат кога за тоа имаше потреба. – Сите несебично помагаат во социјализацијата на Јован. Тој се дружи со другарите, излегува на кафе со нив, понекогаш заедно учат, оди во теретана. Сега главна преокупација им е матурската забава и заедно и ги планираат активностите околу вечерта, табло, алманах, избор на облека, партнерка. По полагањето на Државна матура, која се надеваме ќе заврши успешно, на ред е избор на факултет. Јован има свои планови и желби. Сака да биде глумец. Колку е тоа реално, не знаеме затоа што лекувањето не е завршено. На секои три месеци Јован мора да прими терапија во Љубљана. Никој не знае до кога ќе трае и како ќе се одвиваат работите. Тоа многу не исцрпува и психички и физички, но најмногу финансиски. Само Господ знае до кога ќе трае нашава борба, вели мајка му Мира и упати апел до сите родители да не се откажуваат лесно и кога ќе се соочат дури и со најголемите предизвици. Комплетната сторијата за Јован Колоски на авторот Пацка Лазарова, новинар на весникот Вечер, за која таа ја доби наградата Мито Хаџивасилев Јасмин ОВДЕ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-chudoto-od-dete-struzanecot-jovan-koloski-koj-se-razbudi-po-chetiri-godini-od-koma-slavi-matura/feed/ 0