маурицио сари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 04:17:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маурицио сари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сари: Би останал во Лацио цел живот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-bi-ostanal-vo-latsio-tsel-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-bi-ostanal-vo-latsio-tsel-zhivot/#respond Mon, 03 Apr 2023 04:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=819249

Фудбалскиот стратег Маурицио Сари со право беше задоволен откако Лацио славеше на гостувањето против Монца со 0-2, продолжувајќи ја победничката серија и зацврстувајќи се на второто место на табелата. „Игравме против квалитетен тим, Монца е екипа што знае да диктира темпо на периоди и со тоа да создава сериозни проблеми. Ние одигравме добар меч, го контролиравме резултатот и ја завршивме работата“, изјави Сари. Потоа, поранешниот тренер на Наполи и на Јувентус најави дека е подготвен да потпише нов долгогодишен договор со римскиот клуб. „Ако не се случи нешто непредвидено, јас ќе останам во Лацио и во наредната сезона, за која имам договор. Секако, би потпишал и нов ако ми биде понуден. Да бидам искрен, би останал во Лацио цел живот, во овој клуб се чувствувам важен и тоа ми годи“, прокоментира искусниот стручњак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-bi-ostanal-vo-latsio-tsel-zhivot/feed/ 0
Милан, Тотенхем и Вест Хем заинтересирани за Сари https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-totenhem-i-vest-hem-zainteresirani-za-sari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-totenhem-i-vest-hem-zainteresirani-za-sari/#respond Thu, 23 Mar 2023 10:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=815390

Калчолигашот Милан и премиерлигашите Тотенхем и Вест Хем ја следат ситуацијата со тренерот на Лацио, Маурицио Сари. Според „Il Messaggero“, 64-годишниот фудбалски стручњак сака да добие гаранции од римјаните за засилување следната сезона за да може тимот да конкурира за шампионската титула. Доколку Сари не ги добие гаранциите, тогаш е подготвен да го напушти клубот, бидејќи неговата врска со управата на Лацио се залади оваа сезона. Интерес за неговата кандидатура покажуваат Тотенхем, Вест Хем, Милан и Фиорентина. Сари е на чело на Лацио од летото 2021 година. Пред тоа, Италијанецот беше тренер на Јувентус, Челзи, Наполи и Емполи. По 27 кола во Серија А, Лацио е втор на табелата со 52 бода, 19 помалку од лидерот Наполи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milan-totenhem-i-vest-hem-zainteresirani-za-sari/feed/ 0
Сари: Навивачите на Феенорд нè прскаа со урина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-navivachite-na-feenord-ne-prskaa-so-urina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-navivachite-na-feenord-ne-prskaa-so-urina/#respond Fri, 04 Nov 2022 12:59:49 +0000 https://kurir.mk/?p=755775

Лацио беше елиминиран од Лига Европа, односно го освои третото место во групата и ќе продолжи во Конференциската лига на пролет. Тренерот на „небесно-сините“, Маурицио Сари не беше задоволен од натпреварот, при што ги нападна домашните навивачи дека се однесувале непристојно и ги прскале со урина. „Судијата би го изнервирал секој човек со неговото однесување. Да бев претседател на тимот и да можев да одлучувам, воопшто не би играле во Конференциската лига. Пречекот беше катастрофален. Навивачите на Феенорд фрлаа урина кон нас. Тоа беше ужасно“, вели Сари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-navivachite-na-feenord-ne-prskaa-so-urina/feed/ 0
Сари го продолжи договорот со Лацио до 2025 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-go-prodolzi-dogovorot-so-lacio-do-2025-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-go-prodolzi-dogovorot-so-lacio-do-2025-godina/#respond Thu, 02 Jun 2022 17:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=685742

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го продолжи договорот со клубот до 2025 година. Сари го презеде тимот минатото лето. Во сезоната 2021/22, римскиот тим заврши на петтото место со 64 бода. Според „Corriere dello Sport“, Сари ќе добива плата од 3,5 милиони евра годишно. Во својата богата тренерска кариера Сари има водено 20-ина екипи од кои и фудбалски гиганти какви што се Јувентус, Челзи и Наполи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-go-prodolzi-dogovorot-so-lacio-do-2025-godina/feed/ 0
Маурицио Сари: Знам зошто Италија беше елиминирана од Македонија… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mauricio-sari-znam-zoshto-italija-beshe-eliminirana-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mauricio-sari-znam-zoshto-italija-beshe-eliminirana-od-makedonija/#respond Fri, 01 Apr 2022 16:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=657104

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, на прес – конференција призна дека Италија е најмалку 30 години зад останатите „големи“ фудбалски земји и тврди дека не е случајна елиминацијата од Македонија (0:1) во баражот за Светското првенство. „Имам идеја зошто Италија отпадна, иако слушнав и некои глупави теории. Италија имаше дури 35 шута против Македонија и прими гол од само два удари. Ние сме 30 години зад сите други, но никој не зборува за инфраструктурата и за реалните проблеми. Кога се жалам на состојбата на теренот, ми велат дека постојано да се жалам. Ако гледате натпревар од Бундеслигата и потоа се префрлите на Серија А, се прашувате „што е ова? Затоа Италија отпадна“, изјави Маурицио Сари. Италијанците се актуелни европски прваци, но вторпат последовно нема да учествуваат на мундијалот во Катар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mauricio-sari-znam-zoshto-italija-beshe-eliminirana-od-makedonija/feed/ 0
Сари: Лацио одигра добро против Наполи и не заслужи да загуби https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-lacio-odigra-dobro-protiv-napoli-i-ne-zasluzi-da-zagubi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-lacio-odigra-dobro-protiv-napoli-i-ne-zasluzi-da-zagubi/#respond Mon, 28 Feb 2022 10:00:45 +0000 https://kurir.mk/?p=637852

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, смета дека неговиот тим незаслужено загуби синоќа од Лацио во дербито на 27. коло на италијанската Серија А. – Покажавме добра игра, доминиравме во првото полувреме. Во второто полувреме малку загубивме и ја плативме цената, примајќи гол во самиот финиш на натпреварот. Меѓутоа, ако пред три месеци сите мислеа дека Наполи е премногу тежок за нас, тогаш денеска имавме одлични шанси – имавме повеќе шанси за гол. Треба да научите како да ја читате играта за да постигнете резултати. Ова е прашање на детали, бидејќи денеска одигравме добро и не заслуживме да загубиме, истакна Сари за „Football Italia“. Лацио е седми во Серија А со 43 бода, додека Наполи е на делба на првата позиција со Милан со по 57 бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-lacio-odigra-dobro-protiv-napoli-i-ne-zasluzi-da-zagubi/feed/ 0
Сари: Вакви поплаки има само во Италија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-vakvi-poplaki-ima-samo-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-vakvi-poplaki-ima-samo-vo-italija/#respond Sun, 17 Oct 2021 06:41:21 +0000 https://kurir.mk/?p=580394

Фудбалскиот стратег Маурицио Сари со неговиот Лацио забележа победа над Интер во тензичната пресметка која се одигра на „Олимпико“ во Рим. Лацио со пресврт славеше над „нераѕурите“ со 3:1, но во последните 10 минути од мечот се создаде огромна тензија на теренот. Андерсон погоди за 2:1 во 81-та минута додека Димарко лежеше на земјата, но додека играчите на Интер беа бесни и го нападнаа стрелецот на голот, оние од Лацио посочуваа дека Лаутаро Мартинез не ја прекинал акцијата во претходниот напад. – Не знам зошто воопшто постои дебата за таа ситуација. Димарко лежеше на земја, а Интер тој напад го заврши со удар кон нашиот гол. Ако некој требаше да ја прекине акцијата во тоа време, тоа беа играчите на Интер. Тие не го направија тоа и за мене ова е чиста ситуација. Решија да продолжат да играат, продолживме и ние. Има многу јасно фудбалско правило за овие ситуации, но вакви поплаки има само во Италија. Ова го нема во Европа, во Лигата на шампионите. Ова се случува само во Италија, – порача Сари по победата од 3:1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-vakvi-poplaki-ima-samo-vo-italija/feed/ 0
Сари се враќа во Наполи? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-se-vrakja-vo-napoli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-se-vrakja-vo-napoli/#respond Sat, 27 Feb 2021 15:33:31 +0000 https://kurir.mk/?p=474828

Италијанскиот фудбалски стручњак, Маурицио Сари може да се врати во Наполи. Според „Тутоспорт“, раководството на неаполитанскиот клуб размислува да го врати 62-годишниот Италијанец откако го напушти клубот летото 2018 година. Се известува дека сегашниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо нема да добие отказ до крајот на сезоната, а од летото 2021 година тимот може да го води Сари. Оваа сезона, Наполи е седми во Серија А со 40 бода, 13 бода помалку од водечкиот Интер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sari-se-vrakja-vo-napoli/feed/ 0
„Кориере Фиорентино“: Фиорентина разговараше со Сари https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koriere-fiorentino-fiorentina-razgovarashe-so-sari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koriere-fiorentino-fiorentina-razgovarashe-so-sari/#respond Tue, 23 Feb 2021 13:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=472770

Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина може да го смени својот главен тренер. Според „Corriere Fiorentino“, клубот од Фиренца може да го покани Маурицио Сари на оваа функција. Вчера тој вечераше со спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде и извршниот директор Џо Барон. Страните разговараа за можната соработка. Раководството на Фиорентина смета дека стилот на Сари одговара на тимот. Покрај тоа, самиот тренер ја обожава Тоскана и не му пречи да започне работа во тоскански клуб, пишува „Кориере Фиорентино“. Сега главен тренер на тимот на Фиренца е Чезаре Прандели. Вреди да се напомни дека Фиорентина издаде соопштение во кое ги демантираше овие информации. – Статијата за која станува збор е целосно неоснована. Фиорентина, за време на тешкиот дел од сезоната, смета дека е површно за весникот да објавува написи за факти што никогаш не се случиле и кои ги нарушуваат рамнотежата и духот на тимот, се вели во демантот на „виолетовите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koriere-fiorentino-fiorentina-razgovarashe-so-sari/feed/ 0
Паратичи: Одлучивме за Сари уште пред елиминацијата во Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/paratichi-odluchivme-za-sari-ushte-pred-eliminacijata-vo-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/paratichi-odluchivme-za-sari-ushte-pred-eliminacijata-vo-ligata-na-shampionite/#respond Sun, 09 Aug 2020 12:53:22 +0000 https://kurir.mk/?p=388425

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи откри дека раководството на клубот одлучило да го отпушти Маурицио Сари од тренерската позиција пред тимот да биде исфрлен од Лигата на шампионите. Како што е познато, Сари беше отпуштен вчера, а легендата на „бјанконерите“ Андреа Пирло го зазеде местото. – Што се однесува до Сари, ги донесовме сите заклучоци и донесовме одлука пред натпреварот со Лион. Еден меч не ја решава судбината на тренерот. Ние ја оценивме целата сезона, а не еден натпревар. Одлуката за ангажирање на Пирло беше многу природна. Тоа е во стилот на Јувентус. Веруваме дека тој е предодреден да стане одличен тренер. Уверени сме дека тој ќе стане исто толку успешен тренер колку што беше и како играч. Андреа мислеше како тренер кога тој самиот излегуваше на теренот. Нè убеди неговата визија за играта, рече Паратичи за „Фудбал Италија“, кој и самиот е поврзан со отпуштање од италијанските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/paratichi-odluchivme-za-sari-ushte-pred-eliminacijata-vo-ligata-na-shampionite/feed/ 0