маврово-ростуше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 12:41:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png маврово-ростуше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Привремен сообраќаен режим во неколку населени места во општина Маврово и Ростуше https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/privremen-soobrakaen-rezhim-vo-nekolku-naseleni-mesta-vo-opshtina-mavrovo-i-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/privremen-soobrakaen-rezhim-vo-nekolku-naseleni-mesta-vo-opshtina-mavrovo-i-rostushe/#respond Fri, 28 Jul 2023 12:41:07 +0000 https://kurir.mk/?p=861138

Општина Маврово и Ростуше и годинава воведува привремена промена на режимот на сообраќајот поради масовното присутво на иселениците кои летниот одмор го минуваат во родниот крај, како и поранешни жители и нивни потомци. Тоа видно го зголемува присуството на патнички моторни возила и го отежнува одвивањето на сообраќајот. -Со цел да се олесни одвивањето на сообраќајот, Советот на Општината донесе одлука со која се воведува времена промена на режимот на сообраќајот, односно забрана за паркирање возила на дел од сообраќајните површини во населените места Жировница, Требиште, Велебрдо и Ростуше. Одлуката почна да се применува од вчера и ќе трае до 1 септември, информираа од општината. Во село Ростуше определени се три паркиралишта за возилата кои вршат такси превоз и може да се задржат во центарот во времетраење од 15 минути. Со одлуката се задолжува МВР-полициско одделение Ростуше и Полициска станица за гранична полиција-Жировница, да преземат мерки, според Законот за безбедност на соообраќајот, за спроведување на одлуката и регулирање на сообраќајот во споменатите населени места. Исто така, локалната власт ќе изврши обележување со хоризонтална и вертикална сигнализација во населените места каде што се воведува привремена промена на режимот на сообраќај. Во летниот период, во родниот крај престојуваат повеќе од десет илјади иселеници, кои главно пристигнуваат со сопствени моторни возила. Главно пристигнуваат од средината на јули и остануваат тука до средината на август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/privremen-soobrakaen-rezhim-vo-nekolku-naseleni-mesta-vo-opshtina-mavrovo-i-rostushe/feed/ 0
Течат роковите за приговори за изборниот процес во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-za-izborniot-proces-vo-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-za-izborniot-proces-vo-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/#respond Mon, 22 Aug 2022 05:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=721838

Течат роковите за поднесување на приговори за изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови во Советот на Општина Тетово. Доколку има поднесено приговори, Државната изборна комисија би ги разгледала во вторник или среда, а објавувањето на конечните резултати ќе зависи од тоа како ќе се решат и дали ќе има тужби до Управниот суд. Државната изборна комисија доцна вечерта по изборите во саботата ги соопшти првичните резултати. Според нив, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1935 гласови. Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12, по што следуваат ДУИ со 11 мандати, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и СДСМ со два мандата. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива и ДПА. Коалицијата предводена од СДСМ славеше за двојна победа на вонредните локални избори за градоначалник во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа, додека пак ВМРО-ДПМНЕ славеше за, како што ја претставија, двојна победа во Тетово, односно дека тие го победиле СДСМ, а БЕСА ја победила ДУИ во Тетово. Според СДСМ, граѓаните избрале напредок и ги препознале вистинските политики. – Граѓаните избраа напредок, граѓаните на изборите потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, кој ја води државата напред. Во овие тешки времиња граѓаните ги препознаа вистинските политики и со големо мнозинство ја дадоа својата доверба на СДСМ и коалицијата, на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина, истакнаа од СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ, кои славеа во Тетово, побараа оставка од премиерот и предвремени избори. – ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово. Владејачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата. Народот јасно кажа дека СДСМ и ДУИ се минато. Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш. Само предвремени парламентарни избори се решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Поради изборниот неуспех во Тетово и неосвојувањето на ниту еден советнички мандат, вчера неотповиклива оставка поднесе лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. По состанокот на највисокото раководство во Тетово, Села на прес-конференција најави дека повеќе нема да се кандидира за лидерското место во партијата. Тој информираше дека во периодот што следува, Централното собрание треба да заседава и да одлучи кој ќе биде в.д претседател на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/techat-rokovite-za-prigovori-za-izborniot-proces-vo-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/feed/ 0
ДИК: До 9 часот излезноста во Маврово-Ростуше 5,52 отсто, во Центар Жупа 5,69 https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dik-do-9-chasot-izleznosta-vo-mavrovo-rostushe-5-52-otsto-vo-centar-zupa-5-69/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dik-do-9-chasot-izleznosta-vo-mavrovo-rostushe-5-52-otsto-vo-centar-zupa-5-69/#respond Sat, 20 Aug 2022 09:25:50 +0000 https://kurir.mk/?p=721378

Скопје, 20 август 2022 (МИА) – До девет часот во општина Маврово-Ростуше на гласање излегле 549 гласачи или излезноста е 5,52 отсто, а во Центар Жупа излегле 407 гласачи или 5,69 отсто. Во Тетово до девет часот од обработени 94 избирачки места гласале 1.755 гласачи додека останатите избирачки места се во обработка. Портпаролката на ДИК Љупка Гугутчевска на првата прес-конференција во Скопје информираше дека сите гласачки места се отворени навреме и дека гласањето се одвива тековно, без проблеми. До ДИК, како што посочи Гугутчевска, пристигати се пет приговори за заштита на избирачко право и сите пет се прифатени. – Четири се од општината Центар Жупа и еден од општина Тетово. Сите пет приговори се прифатени, рече портпаролката на ДИК. Следната прес-конференција на ДИК е најавена во 11:30 часот, а ќе се одржи во Тетово каде на терен се членови од ДИК. Во текот на вчерашниот ден гласале вкупно 93 болни и изнемоштени лица и 94 гласачи кои се на издржување казна затвор или во притвор во пет казнено-поправни установи. Во Центар Жупа се гласа за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово-Ростуше за двајца кандидати за градоначалник. За изборите за градоначалник да бидат успешни потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи и мнозинството да гласаат за еден од кандидатите, односно за едниот кандидат во Центар Жупа. Во општина Тетово на гласачкото ливче има 13 листи на кандидати за членови во Советот на општината. Мандатите ќе бидат распоредени според бројот на добиени гласови користејќи ја Донтовата формула.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dik-do-9-chasot-izleznosta-vo-mavrovo-rostushe-5-52-otsto-vo-centar-zupa-5-69/feed/ 0
Навреме отворени избирачките места во општините Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/navreme-otvoreni-izbirachkite-mesta-vo-opshtinite-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/navreme-otvoreni-izbirachkite-mesta-vo-opshtinite-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/#respond Sat, 20 Aug 2022 08:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=721356

Навреме се отворени гласачките места во Центар Жупа и Маврово-Ростуше каде се избира градоначалник, како и гласачките места во општина Тетово каде се бираат членови за Советот на општината. Во општина Центар Жупа се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник. – Во 7 часот отворени се сите 16 гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица, а за да биде избран градоначалник, гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, претседателот на Општинската изборна комисија Неџип Илјаз. На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен од политичка партија. Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западноевропска земја, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту на редовните локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77, додека во април 29,97 отсто. Навреме започна и гласањето за градоначалник на територијата на општина Маврово-Ростуше. Граѓаните ќе гласаат во еден круг, со оглед дека има двајца кандидати. – Сите избирачки места се отворени навреме и гласањето од утрово се одвива без забелешки. Материјалите, потребни за спроведување на изборниот процес се распределени навреме и не очекуваме некаков застој или прекин текот на денот, изјави за МИА претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓевска. Гласањето во Маврово и Ростуше го спроведуваат 33 избирачки одбори. Право на глас во оваа општина имаат 9.948 граѓани. Изборите за градоначалник беа распишани откако во два наврати не беа исполнети условите. Вчера гласот го дадоа 40 болни и немоќни лица. Се гласа и во општина Тетово за избор на членови во Советот на општината. -Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово. Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на денот ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат 403 кандидати од 13 кандидатски листи. Денеска во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде и подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат лично во канцеларија или на телефонскиот број 044 344-082. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/navreme-otvoreni-izbirachkite-mesta-vo-opshtinite-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/feed/ 0
Во Маврово Ростуше се гласа за градоначалник, пријавени 40 болни и немоќни https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-mavrovo-rostushe-se-glasa-za-gradonachalnik-prijaveni-40-bolni-i-nemokjni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-mavrovo-rostushe-se-glasa-za-gradonachalnik-prijaveni-40-bolni-i-nemokjni/#respond Fri, 19 Aug 2022 11:02:50 +0000 https://kurir.mk/?p=721015

Во општината Маврово Ростуше започна гласањето за избор на градоначалник. Својот глас во домашни услови, први ќе го дадат 40 лица кои претходно се пријавиле во ОИК и на кои им беа прифатени барањата. Првиот човек на ОИК Маврово и Ростуше, Ивана Ѓорѓевска за МИА потврди дека избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето се на терен и ги посетуваат гласачите кои се пријавиле како болни или немоќни. Таа напомена дека подготовките за распределување на избирачкиот материјал и опремување на гласачките места се привршени и засега условите за утрешното гласање се исполнети. Во списокот на граѓани со право на глас запишани се 9.948 граѓани кои ќе гласаат на 39 избрачки места 39. Изборите ќе ги спроведуваат 33 избрачки одбори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-mavrovo-rostushe-se-glasa-za-gradonachalnik-prijaveni-40-bolni-i-nemokjni/feed/ 0
Мисајловски од Маврово: На 20-ти август Др. Мевмед Џафери убедливо ќе победи, а од наредниот ден ќе почнеме со многу работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-od-mavrovo-na-20-ti-avgust-dr-mevmed-dzaferi-ubedlivo-kje-pobedi-a-od-naredniot-den-kje-pochneme-so-mnogu-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-od-mavrovo-na-20-ti-avgust-dr-mevmed-dzaferi-ubedlivo-kje-pobedi-a-od-naredniot-den-kje-pochneme-so-mnogu-rabota/#respond Wed, 17 Aug 2022 19:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=720166

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски информираше дека денеска ги посетиле Сретково, Врбен и Маврово. - Четири години беа сосема доволни за граѓаните да видат дека актуелната локална власт предводена од актуелниот кандидат на СДСМ немаат квалитет да го подобрат животот во оваа општина. Во сабота граѓаните на Маврово Ростуше масовно ќе го поддржат концептот на ВМРО - ДПМНЕ за промени и проекти кој веќе со месеци се имплементира во најголемиот дел од општините во Република Македонија. На 20-ти август Др. Мевмед Џафери убедливо ќе победи, а од наредниот ден ќе почнеме со многу работа да го средуваме Маврово Ростуше, општина која е национална гордост, напиша тој во неговата Фејсбук објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-od-mavrovo-na-20-ti-avgust-dr-mevmed-dzaferi-ubedlivo-kje-pobedi-a-od-naredniot-den-kje-pochneme-so-mnogu-rabota/feed/ 0
„Маврово Ростуше ќе одбере промени, а не како актуелниот градоначалник од СДСМ кој злоупотребува позиции и овластување“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovo-rostushe-kje-odbere-promeni-a-ne-kako-aktuelniot-gradonachalnik-od-sdsm-koj-zloupotrebuva-pozicii-i-ovlastuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovo-rostushe-kje-odbere-promeni-a-ne-kako-aktuelniot-gradonachalnik-od-sdsm-koj-zloupotrebuva-pozicii-i-ovlastuvanje/#respond Mon, 01 Aug 2022 07:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=712418

Маврово Ростуше ќе одбере промени, а не како актуелниот градоначалник од СДСМ кој злоупотребува позиции и овластување. Медат Куртовски од СДСМ од Маврово Ростуше направи поле за дивоградби. Криминалот стана негово второ име. Дивоградбите кои го загрозуваат и националниот парк мора са станат минато. А со СДСМ тие ќе продолжат. Затоа неопходни се промени, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека праксата за криминал, дивоградби и злоупотреби на позиции завршува. - Маврово Ростуше ќе избере промени. Др. Мевмед Џафери, кој е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на претстојните избори ќе ги предводи промените. Доктор Џафери е човек од народот, за народот. Маврово Ростуше ќе добие нов лик, а промените ќе значат и функционална и услужна локална самоуправа за граѓаните, голем број на ифнраструктурни проекти и борба за инвестиции кои ќе значат отворање на нови работни места. Маврово Ростуше заслужува подобро од Медат Куртовски. Маврово Ростуше ќе избере промени, се додава во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mavrovo-rostushe-kje-odbere-promeni-a-ne-kako-aktuelniot-gradonachalnik-od-sdsm-koj-zloupotrebuva-pozicii-i-ovlastuvanje/feed/ 0
Утврден редоследот на гласачките ливчиња за избор на градоначалници на Центар Жупа и Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/utvrden-redosledot-na-glasachkite-livchinja-za-izbor-na-gradonachalnici-na-centar-zupa-i-mavrovo-rostushe-i-za-chlenovi-na-sovetot-na-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/utvrden-redosledot-na-glasachkite-livchinja-za-izbor-na-gradonachalnici-na-centar-zupa-i-mavrovo-rostushe-i-za-chlenovi-na-sovetot-na-tetovo/#respond Mon, 25 Jul 2022 11:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=709911

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди распоредот на кандидатите на гласачко ливче за изборот на градоначалници на општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше, како и за членови на Советот на Општина Тетово, преку влечење на жрепка од страна на овластените претставници на партиите и групите избирачи. Под број еден на гласачките ливчиња ќе бидат кандидатите за градоначници на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, под број два на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а под број три на Демократска партија на Турците во Македонија (ДПТМ). На гласачкото ливче за избор на членови на тетовскиот општински Совет под бројот еден ќе биде листата на коалицијата предводена од СДСМ, а под бројот два на ВМРО-ДПМНЕ. Под бројот три е ДПА, под четири е Политичката партија ИНТЕГРА, а под бројот пет Група избирачи Агрон Заими. Под бројот шест е Алтернатива, под седум е листата на Алијансата за Албанците, а под бројот осум е Движењето БЕСА. Листата на ДПТМ ќе биде под бројот девет, а Групата избирачи Елмедина Абдулаи ќе биде под бројот 10. Листата на ДУИ ќе се најде на кандидатското ливче под бројот 11, на Партијата за целосна еманципација на Ромите под број 12, а на Левица ќе биде 13-та. Исто така, на денешната седница преку влечње на жрепка беа утврдени и локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање за избори за градоначалник на општините Центар Жупа, Маврово и Ростуше. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/utvrden-redosledot-na-glasachkite-livchinja-za-izbor-na-gradonachalnici-na-centar-zupa-i-mavrovo-rostushe-i-za-chlenovi-na-sovetot-na-tetovo/feed/ 0
Џафери: Добро ги знам проблемите кој секојдневно заедно ги живееме во Маврово-Ростуше – да изградиме поздрава заедница за сите нас! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-dobro-gi-znam-problemite-koj-sekojdnevno-zaedno-gi-ziveeme-vo-mavrovo-rostushe-da-izgradime-pozdrava-zaednica-za-site-nas/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-dobro-gi-znam-problemite-koj-sekojdnevno-zaedno-gi-ziveeme-vo-mavrovo-rostushe-da-izgradime-pozdrava-zaednica-za-site-nas/#respond Sun, 10 Oct 2021 16:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=576622

Како ваш пријател и сосед добро ги знам проблемите кој секојдневно заедно ги живееме. Проблемите се дел од вашето и нашето секојдневие. Тие се истите оние проблеми кои треба да се решаваат, а не да се пикат под тепих. Да изградиме поздрава заедница за сите нас!, вели во својот предизборен видео спот кандидатот за градоначалник за општина Маврово-Ростуше од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Мевмед Џафери. Сега вие сте на потег да кажете кој ќе ги решава, оние кој редовно ги создаваат или луѓето за кои од првиот ден ќе бараат решение за истите. Како лекар имам можност да го видам и да го слушнам народот, да му ја разберам маката и да му помогнам. Како родител сакам и имам обврски да изградам поздраво општество во кое ќе растат моите и вашите деца. Да изградиме поздрава заедница за сите нас!, вели Џафери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-dobro-gi-znam-problemite-koj-sekojdnevno-zaedno-gi-ziveeme-vo-mavrovo-rostushe-da-izgradime-pozdrava-zaednica-za-site-nas/feed/ 0
Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше е позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-opshtina-mavrovo-i-rostushe-e-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-opshtina-mavrovo-i-rostushe-e-pozitiven-na-kovid-19/#respond Thu, 22 Apr 2021 14:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=500872

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски е позитивен на Ковид-19. – Ве известувам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 направив тест и тестот e позитивен. Јас сум во добра состојба и ќе останам во домашна изолација. Се надевам дека не сум придонесол за понатамошно ширење на оваа зараза, напиша Куртовски на својот фејсбук-профил. Во телефонскиот разговор, тој за МИА потврди дека е во добра здравствена состојба и оти обврските ќе ги извршува од дома. – Се трудев максимално да ги почитувам мерките за заштита. Но, ете сепак сум се заразил. Во добра здравствена состојба сум и обврските ќе ги завршувам од дома. Чувајте се и почитувајте ги мерките за заштита, порача тој. Куртовски, кој раководи и со Кризниот штаб, не информираше дека во општината има 12 позитивни на коронавирусот, сите во стабилна здраствена состојба и на сите им поска брзо закрепнување. Тој информира и оти осум лица се во домашна изолација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnikot-na-opshtina-mavrovo-i-rostushe-e-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0