мавровско езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 12:01:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мавровско езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Патот околу Мавровско езеро утре од 9 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patot-okolu-mavrovsko-ezero-utre-od-9-do-16-chasot-ke-bide-zatvoren-za-soobrakaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patot-okolu-mavrovsko-ezero-utre-od-9-do-16-chasot-ke-bide-zatvoren-za-soobrakaj/#respond Thu, 07 Sep 2023 12:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=875731

Локалниот пат од селото Маврово до селото Леуново утре ќе биде целосно забранет за сообраќај заради одржување на велосипедска трка. Полицијата ќе преземе мерки за обезбедување на настанот ќе го регулира сообраќајот. Од СВР Тетово информираат дека утре од 9 до 16 часот и 30 минути на потегот од село Маврово до село Леуново ќе се одржи традиционална велосипедска трка по повод празникот 8 Септември, на која ќе учествуваат неколку категории натпреварувачи. - Во тоа време целосно ќе биде забранет сообраќајот на овој пат, а покрај редари на организаторот, за безбедноста на учесниците и гледачите ќе се грижат повеќе полициски службеници и возила на Секторот за внатрешни работи Тетово кои ќе бидат ангажирани за таа цел и намена, наведуваат од СВР Тетово. Од таму упатуваат апел до учесниците на трката да се придржуваат на знаците и другата опрема поставена од организаторот, а до возачите – целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patot-okolu-mavrovsko-ezero-utre-od-9-do-16-chasot-ke-bide-zatvoren-za-soobrakaj/feed/ 0
Стотици лица припадници на секта кампуваат покрај Мавровското езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/#respond Sat, 05 Aug 2023 07:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=863592

Неколку стотини лица, главно странци од повеќе држави, веќе неколку дена кампираат покрај Мавровското езеро во близина на село Леуново, палејќи логорски огнови и изведувајќи свои ритуали. Групацијата позната како Rainbow Gatherings, традиционално изведува повеќедневни собири на разни локации низ светот, пропагирајќи ги идеалите на некогашното хипи-движење во модерни услови, при што се кампува на отворено, во природа, а луѓето се собираат околу огнови, приготвуваат храна и се дружат. Локалното население реагира дека, во ек на сезона на опасност од шумски пожари, само дваесетина дена откако Владата донесе забрана за движење низ шумите во државава токму поради зголемената опасност од палење на сувата вегетација поради високите температури, полицијата и надлежните од Национален Парк Маврово го толерираат овој собир и палењето огнови и тоа на приватен имот на граѓани, кои за тоа не дале согласност. -Овие лица ја запоседнаа локацијата Црн Камен крај село Леуново, и сместени се на ливада која е во моја сопственост, и тоа со знаење и одобрение од Национален парк Маврово, вели Владо Лазаревски, кој воедно е и претседател на месната заедница во селото. Лазаревски вели дека група граѓани и МЗ Леуново го пријавиле случајот во полиција, но оттаму не било интервенирано. Од СВР Тетово за Телма информираат дека се работи за пријавен собир на луѓе од странство, за кој тие се информирани, а дозволата за користење на локацијата ја издал Национален парк Маврово, како и тоа дека се работело за државно земјиште. Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, локацијата била избрана поради лесната пристапност, во случај на некаков инцидент или пожар. Што се однесува до поплаките на Лазаревски дека хипиците кампуваат на негов имот, Реџепи со одговор: „Со лицето е разговарано, очекуваме да достави писмен доказ дека се работи за негов имот. Доколку сепак е таков случај, ние ќе постапиме соодветно и ќе ги дислоцираме“. -Од месната заедница на село Жировница, кое исто така се наоѓа на територијата на НП Маврово, за Телма изјавија дека хипи-собирот најпрвин, пред да ги постават шаторите во Леуново, без никакво одобрение или информација, поставиле шатори над нивното село, а откако Жировничани побарале асистенција од полицијата поради палење на огнови и масовни собири во шумскиот простор во близина на селото во време кога е голема опасност од шумски пожари, тие морале да си заминат од таму. „Овие кампери беа лоцирани во излетничкиот дел што се наоѓа над село Жировница. Вие знаете дека сме ние народ со широко срце и модерни сфаќања ама ова беше премногу и за нас. Воопшто не ни се допадна нивното однесување и ги замоливме да си заминат, но тие почнаа да ни прават проблеми, па моравме да побараме асистенција од полицијата. За среќа, успеавме да ги натераме да си заминат, но, сега слушам дека нашите комшии од Леуново имаат проблеми со истите луѓе, вели Аднан Салиу, претседател на месната заедница во село Жировница. Одговор побаравме и од НП Маврово, но директорот Самир Ајдини најави дека преку соопштение дополнително ќе се изјаснат во врска со случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stotitsi-litsa-pripadnitsi-na-sekta-kampuvaat-pokraj-mavrovskoto-ezero/feed/ 0
Трипуновски: Нивото на водата во Мавровското езеро е паднато за 22 метри, Зоран Заев направи пустош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nivoto-na-vodata-vo-mavrovskoto-ezero-e-padnato-za-22-metri-zoran-zaev-napravi-pustosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nivoto-na-vodata-vo-mavrovskoto-ezero-e-padnato-za-22-metri-zoran-zaev-napravi-pustosh/#respond Tue, 17 Nov 2020 11:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=430643

Зоран Заев и СДСМ направија пустош со акумулациите ширум Република Македонија. Ова зад нас е Мавровското езеро, но фактичката состојба повеќе наликува на бара, отколку на езеро, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. - Нивото на водата во последните неколку месеци е драстично опаднато, и во моментов Мавровското езеро се наоѓа на 22 метри под максималната кота и е на само 4 метри од минималната кота. Ова е вистинска катастрофа. Пресушеното езеро е резултат на прекумерното и расипничко располагање со водата за производство на струја. Владата и раководството на АД ЕЛЕМ за да покаже дека нешто сработиле прекумерно произведуваше струја од хидроакумулациите и со тоа го доведе под знак прашање опстанокот на езерата во Република Македонија. Ниту владата, ниту раководството на АД ЕЛЕМ не зема во обзир дека Мавровското езеро е езеро и за рекреативни цели и истото привлекува голем број на туристи, како во зимскиот, така и во летниот период. Ниту владата, ниту раководството на АД ЕЛЕМ не земаа ни во предвид дека со наглото празнење на хидроакумулациите се доведува под знак прашање и целиот биодиверзитет,  вели тој. - Трката за брз профит и желба да покажат наводен успех во производството на струја, сега резултира со пресушени езера, но и поскап увоз на електрична енергија. Пред нас е зимски период, потрошувачката на струја ќе се зголеми, а со тоа и увозот, така да владата не само што не решила ниту еден проблем, туку создала два нови.Кога Зоран Заев е премиер епилогот е пустош, посочи Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-nivoto-na-vodata-vo-mavrovskoto-ezero-e-padnato-za-22-metri-zoran-zaev-napravi-pustosh/feed/ 0
Исчезнува Мавровското Езеро (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ischeznuva-mavrovskoto-ezero-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ischeznuva-mavrovskoto-ezero-foto/#respond Tue, 19 Nov 2019 09:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=265836

Предупредувачки слики од Мавровското Езеро осамнаа на социјалните мрежи. Локалните жители и туристите алармираат дека Мавровското Езеро полека исчезнува од мапата на вештачки езера. Езерото е повлечено, а местата кои до лани беа под вода, сега се сува површина. Очигледно е дека нивото на езерото драматично опаѓа, додека властите не преземаат ништо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ischeznuva-mavrovskoto-ezero-foto/feed/ 0
Бомба пронајдена покрај брегот на Мавровско езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bomba-pronajdena-pokraj-bregot-na-mavrovsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bomba-pronajdena-pokraj-bregot-na-mavrovsko-ezero/#respond Tue, 12 Nov 2019 09:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=262979

Гостиварецот С.Ш.(36) вчера пријавил во полиција дека покрај брегот на Мавровското езеро, помеѓу с.Леуново и с.Никифорово, кај место викано „Црн камен“, била пронајдена експлозивна направа. -Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за рачна бомба и таа била подигната за понатамошна постапка, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bomba-pronajdena-pokraj-bregot-na-mavrovsko-ezero/feed/ 0