мазут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Jan 2023 17:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мазут – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Данела набавува мазут за ЈСП, дали ќе си поднесе кривична против себе? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-nabavuva-mazut-za-jsp-dali-ke-si-podnese-krivichna-protiv-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-nabavuva-mazut-za-jsp-dali-ke-si-podnese-krivichna-protiv-sebe/#respond Wed, 18 Jan 2023 17:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=789107

Дали сите субјекти што користат мазут се и загадувачи? Дали тоа значи дека сите треба да сносат санкции? Барем, според она што е објавено во Јавни набавки на е-набавки.гов.мк, испаѓа дека државни установи и јавни претпријатија се загадувачи на животната средина. Нормално, за да се користи мазутот влијаат многу параметри, така што паушално не може да се каже дека се загадувачи, како што тоа не треба да се прави и со други правни субјекти за нечии лични хирови. Минатата година на 30 ноември ЈСП Скопје набавило мазут (М1 ХЦ) во вредност од 105.528 евра. Исто така и ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација Скопје набавиле мазут. И Заводот за рехабилитација набавил мазут. Мазут набавил и Студенсткиот дом Кочо Рацин од Битола. Дали Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска смета дека и овие субјекти се загадувачи? И дали кај нив се направени проверки? Од друга страна, испаѓа дека Арсовска набавува мазут, односно директорите поставени од нејзе. Дали таа ќе поденесе тужба на Данеча Аровска? Секако, овој енергенс дека е неопходен во моментов за нивното функционирање во време на енергетска криза. Тогаш, зошто едни се кабает а други не? Ќе потсетиме дека Државниот инспекторат за животна средина му наложи на „УСЈЕ“ дека мора за пет дена да почне да се грее на гас наместо со мазут, бидејќи резултатите од мерењата покажувале дека оџакот од котларата за парно греење која користела мазут на УСЈЕ испуштала многу повеќе азотни оксиди и изнесува 711,9 mg/Nm3. Арсовска, пак, вчера на прес-конференција свикана за аерозагадувњето во градот тврдеше дека цементарницата Титан Усје била еден од причинителите за енормните загадувања на метрополата, потпирајќи се на фактите од анализите кои ги имале направено. Од компанијата велат дека тие ангажираат независни релевантни лаболатории кои редовно вршат мерења кои потвдувале дека емисиите се и под дозволените граници согласно законските одредби. Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Производството запира доколку филтрите не работат. Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон. – Цементарница Титан Усје. Денес Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) соопшти дека цементарницата „Усје“ ги исполнила задолженијата што и ги постави во врска со емисијата на штетни гасови од двата котли за греење во цементарницата. Како што се наведува во соопштението на Инспекторатот објавено на Фејсбук, цементарницата „Усје“ почнала со користење природен гас (наместо мазут н.з.) како гориво во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката. Согласно А-интегрираната еколошка дозвола што ја има добиено, фабриката извела соодветен приклучок за мерење на емисиите на штетни гасови со акредитирана метода и почнала со мерење на емисијата на гасови од оџакот на парниот котел со акредитирана лабораторија за животна средина. Од ДИЖС информираат оти утврдиле дека една од двете печки, конкретно печката број 4 во саботата престанала со редовна работа и ќе биде на ремонт, кој ќе трае 45 дена, а потоа ремонт кој ќе трае исто така 45 ќе се прави и на печката број 3. За ова, како што се наведува, Државниот инспекторат бил писмено известен. Претходно, по спроведените мерења на емисија на гасови во Цементарницата „Титан – Усје“ во Кисела Вода , кои покажаа трипати поголеми количини на гасови од дозволеното, ДИЖС на 12 јануари ѝ определи задолженија на фабриката што треба да ги исполни во рок од пет дена поради утврдените недостатоци. Со законот за заштита на животна средина кој предвидува воведување на регистар за загадувачи и контрола на издадените интегрираните дозволи досега се регистрирани само 30 правни лица а според податоците на градот листата треба да се прошири со уште најмалку 1000 други правни субјекти кои би морале и треба да побараат А или Б интегрирана еколошка дозвола и да вршат соодветна контрола на емисијата на штетни гасови во воздухот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/danela-nabavuva-mazut-za-jsp-dali-ke-si-podnese-krivichna-protiv-sebe/feed/ 0
Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од МЖСПП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-moze-da-koristat-mazut-kako-rezerven-energens-samo-10-dena-za-podolgo-potrebna-e-soglasnost-od-mzspp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-moze-da-koristat-mazut-kako-rezerven-energens-samo-10-dena-za-podolgo-potrebna-e-soglasnost-od-mzspp/#respond Fri, 23 Dec 2022 12:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=779633

Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. – Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена, изјави Стојковски на денешната прес-конференција посветена на тековното работење на Инспекторатот, во одговор на новинарско прашање во врска со „планот Б“ на ЕВН, доколку нема гас, да се користи мазут. Дозвола за работа на мазут на топланите за 10 дена, вели им е издадена во претходниот период. Топланата „Скопје Север“, посочи тој, е под надлежност на Градот Скопје, а на останатите топлани за сите наредни активности по истекот на 10-те дена, потребна им е дополнителна дозвола. – За сите наредни активности што се надвор од дозволата, топланите мора да добијат согласност од МЖСПП. Државниот инспекторат за животна средина ги контролира актите што ги издава МЖСПП и тоа што пишува таму. Значи, не е стручен орган да дава мислење дали може да работат или не може. Ние го контролираме тој дел и кажуваме доколку сакате да работите повеќе од 10 дена треба да си обезбедите соодветна дозвола од МЖСПП, вели директорот на Државниот инспекторат. Се што е надвор од она што е пропишано согласно законот, потенцира Стојковски, Државниот инспекторат ќе го санкционира, а зависно од големината на субјектот, казните се движат до 400 илјади евра. – Ние не сме орган којшто одлучува во однос кој енергенс тие ќе го користат, така што ако Министерството им издаде дозвола да користат, ние ќе ги почитуваме документи и дозволи што ги издава МЖСПП, вели Стојовски прашан во однос на можноста топланите да користат дизел гориво, за што, како што речи, и до нив стигнала таква информација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-moze-da-koristat-mazut-kako-rezerven-energens-samo-10-dena-za-podolgo-potrebna-e-soglasnost-od-mzspp/feed/ 0
Рамадани: Скопје Север доби забрана да работи на мазут, ќе го обжалиме решението https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramadani-skopje-sever-dobi-zabrana-da-raboti-na-mazut-kje-go-obzalime-reshenieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramadani-skopje-sever-dobi-zabrana-da-raboti-na-mazut-kje-go-obzalime-reshenieto/#respond Thu, 24 Nov 2022 14:48:33 +0000 https://kurir.mk/?p=765968

На топланата „Скопје Север“ денеска и изречена забрана да користи мазут од  страна на инспектори од Секторот за животна средина во Град Скопје, потврди Куштрим Рамадани, директор на Топлана Скопје Север. Рамадани во изјава за МИА рече дека не знае дали решението што го добиле  е согласно закон и најави дека ќе го обжалат. Министерот за економија Крешник Бектеши  претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи да се запазат процедурите во државава. -За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција, рече Бекшети, на новинарско прашање. Како што соопшти Бектеши, на Скопје Север им се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка сораотка или за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но нема повратен одговор од раководството.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ramadani-skopje-sever-dobi-zabrana-da-raboti-na-mazut-kje-go-obzalime-reshenieto/feed/ 0
НЕМА КРАЈ НА БУНАРОТ: Владата му даде 15 милиони евра на ЕСМ за мазут https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-bunarot-vladata-mu-dade-15-milioni-evra-na-esm-za-mazut/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-bunarot-vladata-mu-dade-15-milioni-evra-na-esm-za-mazut/#respond Fri, 17 Dec 2021 14:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=609883

Владата одобри 15 милиони евра да се префрлат на сметката на АД Електрани на Северна Македонија за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Ваквата одлука била донесена на владина седница на 14 декември, а сега е објавена детално во Службен весник. Претходно Владата му префрли 4 милијарди денари, или околу 65 милиони евра на АД ЕСМ за справување со енергетската криза по неколку основи. Последните 15 милиони евра се одобрени како финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Со оваа одлука се одобруваат средства во износ од 930 милиони денари. „Средствата од член 1 на оваа одлука ќе се обезбедат од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, Раздел 04001 - Влада на Република Северна Македонија, потпрограма П1 Мерки за справување со Covid-19 кризата Средствата од член 1 на оваа одлука, АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, да ги искористи исклучиво за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија за обезбедување на мазут и други потребни средства и услови за отпочнување со производство на електрична енергија од Акционерското друштво за производство на електрична енергија ТЕЦ Неготино, во државна сопственост, Неготино, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Средствата од ставот 1 на овој член ќе се уплатат на наменска сметка на Акционерското друштво Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје. Акционерското друштво Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје за трошење на средствата од член 1 на оваа одлука доставува месечен извештај до Владата на Република Северна Македонија и до Министерството за финансии“, се вели во одлуката објавена во Службен весник. Владата на крајот на ноември му даде согласност на АД ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ „Неготино“ за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза, а како што информираа тогаш оттаму, набавката на мазут ќе биде потребна за период од еден месец, во што ќе учествува и ЕСМ со свои средства. - Владата даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД „ЕСМ“ и АД ТЕЦ „Неготино” за набавка на мазут и за производство на електрична енергија, во периодот декември 2021 - април 2022, со можност за понатамошна соработка доколку за тоа има потреба. Според овој договор, кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни, АД „ЕСМ“ ќе ја набави потребната количина мазут за функционирање на ТЕЦ „Неготино“ и ќе ја преземе целокупната произведена електрична енергија, соопштија од владината Прес-служба. Оттаму додадаваат дека произведената електрична енергија во ТЕЦ „Неготино“, ЕСМ ќе ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел ќе понуди за потребите на АД „МЕПСО“, додека вишокот електрична енергија, „ЕСМ Продажба“ преку Стопанската комора ќе ја понуди на продажба на слободниот пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата. - Обртните средства кои ќе се остварат со производството на електрична енергија во првиот месец, ќе бидат искористени од страна на АД „ЕСМ“ за набавка на мазут за понатамошно производство, доколку од истото има потреба, додадоа од Влада. Со оваа одлука, како што посочија од Влада, ќе се овозможи зајакнување на домашниот електро-енергетски систем, зголемување на домашното производство на електрична енергија, а со тоа зголемување и на БДП, а ТЕЦ „Неготино“ кој 12 години беше ладна резерва, ќе биде ставен во функција и ќе даде економски придонес за државните енергетски компании и стопанството во услови на глобална енергетска криза. - Цената на електричната енергија на берзите секојдневно расте и во моментот изнесува 283 евра за мегаватчас. Со сегашната регулирана цена на мазутот од 36 денари за колиграм, производната цена на ТЕЦ „Неготино“, доколку работи со еден котел ќе изнесува околу 175 eвра за мегаватчас, додека ако работи со два котла ќе изнесува околу 150 eвра за мегаватчас, истакнаа од владината Прес-служба. ТЕЦ „Неготино“ има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК „Битола“. Државната термоелектраната „Неготино“ е изградена во 1978 година и истата последен пат работела во 2009 година. Целокупниот процес на рестартирање на ТЕЦ „Неготино” ќе подлежи на пробен период и проверка на сите функционалности на опремата. ЕСМ изминатиот викенд информираше дека е започната испораката на мазут во складиштата на ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-kraj-na-bunarot-vladata-mu-dade-15-milioni-evra-na-esm-za-mazut/feed/ 0
Објавени имињата на трговците на големо кои не поседувале оперативни резерви на мазут https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaveni-iminjata-na-trgovcite-na-golemo-koi-ne-poseduvale-operativni-rezervi-na-mazut/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaveni-iminjata-na-trgovcite-na-golemo-koi-ne-poseduvale-operativni-rezervi-na-mazut/#respond Wed, 09 Jun 2021 12:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=521002

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ) отпочна постапка за одземање на лиценци на трговците на големо РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци поради непоседување на оперативни резерви на мазут. Овие неусогласености кај сите четири трговци на големо ги констатирал Државниот пазарен инспекторат при вршење на инспекциски надзор, за што се изречени прекршочни платни налози, за што со Допис 02-1001/1 од 7.6.2021 година ја известија РКЕ. Оперативните резерви треба да бидат на ниво утврдено согласно Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви и не исполнувањето на обврската за почитување на Законите и другите прописи и општи акти кои се однесуваат на вршење на дејноста трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со мазут (М-1) е основа поради која РКЕ утврди дека постои причина за отпочнување на постапка за одземање на лиценци. Отпочнувањето на постапката е во согласност со Правилникот на РКЕ за лиценци, во кој се предвидуваат неколку фази: РКЕ ги известува компаниите за постоење на причини за отпочнување на постапка за одземање на лиценци, по што во рок од 7 дена трговците на големо ќе мора да се произнесат за посочените причини поради кои е настанатото прекршување на одредбите од член 146 од Законот за енергетика и одредбите од Правилникот за ниво и начинот на пресметка на оперативните резерви. Потоа РКЕ врз основа на добиените наводи во одговорот од трговците компании на големо на седница ќе донесе соодветни одлуки за идно постапување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaveni-iminjata-na-trgovcite-na-golemo-koi-ne-poseduvale-operativni-rezervi-na-mazut/feed/ 0
Поради неправилности при увоз на мазут: 7 компании добија прекршочни пријави, документите доставени до Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-nepravilnosti-pri-uvoz-na-mazut-7-kompanii-dobija-prekrshochni-prijavi-dokumentite-dostaveni-do-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-nepravilnosti-pri-uvoz-na-mazut-7-kompanii-dobija-prekrshochni-prijavi-dokumentite-dostaveni-do-obvinitelstvoto/#respond Wed, 09 Jun 2021 10:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=520921

Анализата што ја направија државните институции за увозот на мазут покажа неправилности кај дел од компаниите увознички. Изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и покренати се барања за одземање на лиценците. На седум од компаниите им се изречени прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра. Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски денеска на прес-конференција соопшти дека сите наоди утрово се доставени до Основното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање и утврдување на евентуална кривична одговорност. – Сето ова покажува дека веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на мој предлог, со Министерство за економија ги задолживме надлежните институции за итни, вонредни и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати. Институциите под ингеренции на Владата, веднаш постапија согласно законите и нивните надлежности и изрекоа соодветни казнени мерки, рече Николовски. Тој нагласи дека заштитата на граѓаните е врвен приоритет на Владата и додаде дека нема да прават никакви отстапки на тоа поле. – Би сакал да нагласам дека согласно владините задолженија при вонредните инспекциски надзори, се опфатија и сите останати фирми увозници, а надзорите се вршеа во сите фази, од увоз до складирање и користење на нафтените деривати. Притоа кај дел од нив беа констатирани неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција, нагласи Николовски. Вицепремиерот посочи дека нема што да се сокрие и нагласи дека граѓаните треба да ги знаат сите информации. Министерот за економија Крешник Бектеши најави засилени контроли и во следниот период за, како што рече, да се заштитат потрошувачите и животната средина. – Квалитетот на нафтените деривати што ги користат граѓаните, но и индустриските капацитети мора да бидат согласно највисоките стандарди за безбедност на производите. Со Законот за енергетика кој што беше усвоен пред две години, токму на ова и се обврзавме, а впрочем тоа се и директивите на Европската Унија со кои сме целосно усогласени, рече Бектеши. Компанијата „Блу Технолоџи“, како што нагласи, продавала мазут ППД којшто не е деклариран во Правилникот за течни горива и на оваа компанија и е изречено решение за привремена забрана и пуштање во промет на пронајдениот производ. Кај компанијата „Санс АГ“ од Штип утврдено е производство на мазут од отпадни гуми и на неа и е изречена забрана за работа и поднесено е барање за одземање на Б интегрираната дозвола. За овие две компании доставен е допис од Државниот пазарен инспекторат до Државниот инспекторат за животна средина за покренување постапка за одземање на лиценца, поради производство на производ кој го декларирале како мазут, а не соодвествува со параметрите во Правилникот за квалитет на течни горива. Неправилности се констатирани и кај компанијата „Евротим“ која беше спомената во истражувањето на ИРЛ. Оваа компанија увезувала мазут чии гранични вредности не одговараат со Правилникот. На неа и е изречена времена забрана за пуштање во промет на мазут. Двете цистерни од кои се земени мостри се вратени кај добавувачот, а дополнително земена е мостра и од складиштето на компанијата за што анализите се очекуваат во текот на денешниот ден. Отстапување на параметрите во Правилникот во делот на поголем процент на вода се утврдени и кај пет цистерни на компанијата Супертрејд. Овие цистерни се вратени кај добавувачот, а при повторниот инспекциски надзор кај оваа компанија, земени се нови три мостри кои е утврдено дека се во согласност со Правилникот. Прекршочни казни се изречени против седум комапнии и тоа РКМ ДООЕЛ, Супертрејд, Евротим, Пертинакс-Скопје, Ли-оил ДБ Кавадарци, Блу технолоџи и Ка-оил Енерџи Кавадарци, која вршела трговија на мазут без лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Кај компанијата РКМ било утврдено дека декларираниот производ не се совпаѓа со царинската тарифа под која е увезен што значи дека еден производ е означен во фактурата, е друг е увезен. На оваа компанија и е наплатен царински долг и прекршоци во вкупен износ од над 24 илјади евра. По објавувањето на истражувачката сторија на ИРЛ, Владата ги задолжи надлежните институции на достават информации за увозот на мазутот во земјава. По првичната анализа, беше побарано од овие институции да направат посеопфатна анализа која требаше да биде доставена во рок од седум дена. Вчера беше последниот рок за доставување на оваа анализа. Информациите од оваа анализа се објавени на денешната прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-nepravilnosti-pri-uvoz-na-mazut-7-kompanii-dobija-prekrshochni-prijavi-dokumentite-dostaveni-do-obvinitelstvoto/feed/ 0
Денес или утре ќе се објават наодите од анализите за увезениот мазут https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-ili-utre-kje-se-objavat-naodite-od-analizite-za-uvezeniot-mazut/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-ili-utre-kje-se-objavat-naodite-od-analizite-za-uvezeniot-mazut/#respond Tue, 08 Jun 2021 05:22:29 +0000 https://kurir.mk/?p=520286

Министерството за економија денеска или најдоцна утре ќе ги објави наодите од анализите што ги прават надлежните институции, а имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени откако ќе завршат сите процедури, најави министерот за економија Крешник Бектеши. – Не криеме ништо, ќе објавиме се на транспарентен начин имајќи предвид дека утре одминува рокот за сите институции да ги достават информациите, истакна вчера Бектеши во одговор на новинарско прашање. Нагласи дека согласно Правилникот доколку некоја компанија не ги исполнува очекувањата, има основ за одземање на лиценцата за работа. За тоа, како што посочи, надлежна е Регулаторната комисија за енергетика која треба да одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците за работа на тие компании. – Според моите информации, Државниот пазарен инспекторат доставил информација до Регулаторната комисија и согласно нивните правилници, секако РКЕ ќе одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците. Во случај кога одредени компании не ги исполниле очекувањата согласно правилникот, и во делот на залихите и во делот на квалитетот, секако тоа е основ за одземање на лиценца, рече Бектеши. Додаде дека контроли се вршат не само во увозот на нафтени деривати, туку и во внатрешниот пазар при што веќе се направени контроли кај дел од складиштата на компаниите кои се занимаваат со продажба на мазут.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-ili-utre-kje-se-objavat-naodite-od-analizite-za-uvezeniot-mazut/feed/ 0
Бектеши: Имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-iminjata-na-kompaniite-kaj-koi-kje-se-utvrdat-nepravilnosti-pri-uvozot-na-mazut-kje-bidat-javno-objaveni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-iminjata-na-kompaniite-kaj-koi-kje-se-utvrdat-nepravilnosti-pri-uvozot-na-mazut-kje-bidat-javno-objaveni/#respond Mon, 07 Jun 2021 10:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=520053

Имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени откако ќе завршат сите процедури. Утре или најдоцна до среда ќе бидат објавени и наодите од анализите што ги прават надлежните институции, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Не криеме ништо, ќе објавиме се на транспарентен начин имајќи предвид дека утре одминува рокот за сите институции да ги достават информациите, истакна Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција пред Министерството за економија. Смета дека доколку некоја компанија не ги исполнува очекувањата согласно Правилникот, има основ за одземање на лиценцата за работа. За ова, вели, надлежна е Регулаторната комисија за енергетика која треба да одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците за работа на тие компании. – Според моите информации, Државниот пазарен инспекторат доставил информација до Регулаторната комисија и согласно нивните правилници, секако РКЕ ќе одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците. Во случај кога одредени компании не ги исполниле очекувањата согласно правилникот, и во делот на залихите и во делот на квалитетот, секако тоа е основ за одземање на лиценца, рече Бектеши. Додаде дека се вршат контроли не само во увозот на нафтени деривати, туку и во внатрешниот пазар при што веќе се направени контроли кај дел од складиштата на компаниите кои се занимаваат со продажба на мазут. Во однос на вратените цистерни од страна на Царината, Бектеши повтори дека во овој случај е утврден поголем процент на вода и прашина од дозволеното. – Ако во Правилникот и согласно македонскиот станрад е предвидено еден процент, одредени цистерни имале над четири проценти вода. Но, не е проблемот само водата, имало надминување и на параметрите во однос на пепелот. За детали ќе причекаме утре или најдоцна во среда. И во внатрешениот пазар се направени контроли кај дел од складиштата кои се заминаваат со продажба на мазут. И таму се надминати некои од параметрите, нагласи Бектеши. Во однос на понесувањето одговорност, Бектеши истакна дека Министерството за економија има одговорност само во однос подзаконските акти, но не и во делот на спроведување и вршење контрола. – Она што можам да го кажам е дека Правилникот во делот на квалитет на течните горива е целосно усогласен со барањата на Европската енергетска заедница. Во делот на спроведувањето и вршење контрола не е надлежно Министерството за економија. Има други надлежни институции кои директно одговараат пред Владата но ние како одговорно Министерство секојдневно вршиме состаноци со цел да дојдеме до наоди каде имало пропусти. Сите информации кои ќе дотавиме до надлежните институции. Министерството за економија не е јавно обвинителство, рече Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-iminjata-na-kompaniite-kaj-koi-kje-se-utvrdat-nepravilnosti-pri-uvozot-na-mazut-kje-bidat-javno-objaveni/feed/ 0
Вратениот мазут од граница бил за „Супертрејд“, но компанијата возвраќа: Мострите ги зедоа во тегли за зимница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrateniot-mazut-od-granica-bil-za-supertrejd-no-kompanijata-vozvrakja-mostrite-gi-zedoa-vo-tegli-za-zimnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrateniot-mazut-od-granica-bil-za-supertrejd-no-kompanijata-vozvrakja-mostrite-gi-zedoa-vo-tegli-za-zimnica/#respond Sun, 06 Jun 2021 13:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=519710

Изминатава недела Владата се пофали дека вратила неколку цистерни со мазут од граница поради повисок процент на вода од дозволеното, како дел од засилените контроли на увозот на нафтени деривати. Царинската управа потврди за „360 степени“ дека станува збор за пет цистерни, сите наменети за увозникот „Супертрејд“ Но од компанијата „Супертрејд“ обвинуваат дека тие се оштетени во случајот бидејќи примероците биле земени непрофесионално. Мострите ги зеле царински службеници наместо овластени и обучени лица, и тоа во „тегли за зимница“, а не под посебни услови и во посебни садови, како што е по протокол. Анализите, кои компанијата сама ги направила преку акредитирана лабораторија во Бугарија, покажале дека квалитетот на мазутот не отстапува од домашните стандарди Токсично масло, кое било увезено како мазут, се користело како гориво во фирми и институции во земјава. Накусо, тоа е „сижето“ на новинарската приказна на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објавена на средината на мај, која предизвика итна реакција на надлежните институции на пазарот на нафтени деривати во земјава. По документарниот филм, Владата „нареди“ контролите да ги прават неколку државни институции, оценувајќи го новинарското истражување како „вонредна и итна информација“. Од „Илинденска“ тогаш соопштија дека, на предлог на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, решиле да направат „брзи, темелни и детални проверки на сите објавени и необјавени информации“. Еден од првите резултати на тие нови контроли стигна по само неколку дена. И премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши, кон крајот на мај, јавно изјавија дека како последица на засилените контроли на граничните премини се вратени неколку цистерни со мазут. Не било проблем нивото на сулфурот, кој е основен параметар што се мери во земјава при влез на мазут, туку процентот на вода и прашина. Сепак, ниту министерот Бектеши ниту премиерот Заев не кажаа кој го увезувал мазутот што бил вратен од граничните премини во втората половина на мај. Наместо тоа, најавија дека контролите ќе продолжат, и тоа не само на граница и не само на мазутот, туку дека ќе се испитува и квалитетот на горивата по бензинските станици. Не исклучија одземање лиценци ако се откријат прекршоци. Целата вест прочитајте ја ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrateniot-mazut-od-granica-bil-za-supertrejd-no-kompanijata-vozvrakja-mostrite-gi-zedoa-vo-tegli-za-zimnica/feed/ 0
Бектеши: Откриени неправилности кај три компании за увоз на мазут https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-otkrieni-nepravilnosti-kaj-tri-kompanii-za-uvoz-na-mazut/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-otkrieni-nepravilnosti-kaj-tri-kompanii-za-uvoz-na-mazut/#respond Mon, 31 May 2021 18:33:43 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517375

Кај три компании се утврдени неправилности во делот на исполнување на стандардите за увоз на мазут и веќе се вратени неколку цистерни со мазут од страна на Царинска управа за неисполнување на стандардот согласно Правилникот за квалитет на горивата, но не во делот на сулфурот, но во другите параметри согласно стандардите, информираше Министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на Топ Тема на Телма Телевизија. Министерот информираше дека утре е крајниот рок кој го имаат надлежните институции да достават податоци за информацијата која што беше објавена за увоз на сомнителен мазут во земјата, а откако овие информации ќе се разгледаат од страна на Владата и ќе биде инфомирана јавноста и секако надлежните органи на прогонот, доколку се утврдат злоупотреби. Министерот информираше дека од вчера заедно со Државниот пазарен инспекторат и државната мобилна лабараторија на Битрото за метрологија започнаа вонредни контроли за квалитетот на течните горива. “Вчера беа направени вондредни контроли кај пет компании за горивата кои ги користат. Не можам да кажувам имиња, но станува збор за најголемите компании во земјата, кои покриваат 80 проценти од пазарот со нафтени деривати во нашата држава“, кажа министерот Бектеши и додаде дека планирани се контроли во сите десет компании кои што работат со трговија на нафтени деривати, а имаат над 300 бензиски пумпи „Лабораторијата е во функција и граѓаните ќе знаат за квалитетот на течните горива од бензиските пумпи од каде што купуваат. Ние како Влада сме обврзани да им овозможиме на институциите да работат согласно нивните потреби, а тоа е независната мобилна лабораторија, која нема да биде селективна“, кажа Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-otkrieni-nepravilnosti-kaj-tri-kompanii-za-uvoz-na-mazut/feed/ 0