МЦМС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 15 Nov 2022 11:08:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png МЦМС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ниска толеранција и висока неоправданост на семејното насилство покажува анкетата на МЦМС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niska-tolerancija-i-visoka-neopravdanost-na-semejnoto-nasilstvo-pokazuva-anketata-na-mcms/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niska-tolerancija-i-visoka-neopravdanost-na-semejnoto-nasilstvo-pokazuva-anketata-na-mcms/#respond Tue, 15 Nov 2022 11:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=760868

Нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе. Имено, големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91 процент), зависници од алкохол (88,6 проценти), луѓе со криминално досие (82 проценти), припадници на ЛГБТИ заедницата (81 процент) и лица заболени од ХИВ (77 проценти). Мнозински, односно над 50 проценти се и одговорите кои се однесуваат на Ромите, имигрантите, лицата со хендикеп и припадниците на субкултурните групи. За граѓаните, помал проблем е ако соседите им се од друга вера, етничка припадност (освен Роми), друга политичка ориентација од нивната или невенчани парови кои живеа заедно, покажуваат резултатите на истражувањето на МЦМС „Толеранција и вредности на граѓаните“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niska-tolerancija-i-visoka-neopravdanost-na-semejnoto-nasilstvo-pokazuva-anketata-na-mcms/feed/ 0
Анкета на МЦМС: ВМРО ДПМНЕ со најголема предност пред СДСМ во истражувањата на агенцијата, очајно слаба поддршка на владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-so-najgolema-prednost-pred-sdsm-vo-istrazuvanjata-na-agencijata-ochajno-slaba-poddrshka-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-so-najgolema-prednost-pred-sdsm-vo-istrazuvanjata-na-agencijata-ochajno-slaba-poddrshka-na-vladata/#respond Sun, 12 Jun 2022 09:39:49 +0000 https://kurir.mk/?p=689790

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведе истражување на јавното мислење на тема: „100 дена Влада“. Истражувањето ја опфати генералната перцепција на граѓаните за работата на новата реформска Влада во првите 100 дена, но исто така и за работењето на министрите и исполнувањето на очекувањата или разочараноста на граѓаните во одделните области како што се правда, здравство, образование, економија итн. Таму каде што е возможно, направени се споредби со податоците од претходни истражувања, или споредба со претходната година па читателот може да види како растела или опаѓала поддршката. Покрај ова, направена е и проверка на довербата на граѓаните во Владата како и јавното мислење за политичката стабилност на државата. Истражувањето дава осврт на јавното мислење за насоката во која се движи земјата, кој е најважниот проблем со кој се соочуваме, кои се очекувањата за економијата во следниот период и кој е најдобриот пат за земјата во иднина. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект. ВМРО ДПМНЕ со досега најголема предност пред СДСМ откако оваа агенција врши мерења на рејтингот. ВМРО ДПМНЕ има 20.7%, а СДСМ 14.6. Според податоците од истражувањето: - Владата во првите 100 дена не ги исполнила очекувањата на мнозинството граѓани 65,1%. Речиси една четвртина од граѓаните (23%) целосно се разочарани од сите подрачја, додека пак незначително малцинство од 4,7% не се разочарани од ниту едно подрачје. - Граѓаните се разочарани во областа на економија (13,9%), здравство (10,6%), надворешните работи и дипломатија (8,5%) и правда (8,2%). - Мнозинството граѓани (63,7%) немаат доверба во владата. Околу половина граѓани (51,8%) веруваат дека земјата се движи во погрешна насока. - Најважните проблеми со кои се соочува земјата се сиромаштијата и невработеноста (30%) и корупцијата и криминалот (25,9%). Во низата на проблеми со кои се соочува земјата потоа следуваат економската ситуација (13,9%) и иселувањето на младите (13,5%). - Мнозинство граѓани (55,1%) веруваат дека економијата ќе се влоши во следните две години. https://mcms.mk/mk/vesti-i-javnost/vesti/2386-vladata-ne-gi-ispolnila-ocekuvanjata-na-mnozinstvoto-gragani.html М-Проспект во периодот од 03.05.2022 до 13.05.2022 спроведе телефонско истражување (CATI) со цел испитување на јавното мислење за довербата во Владата, ставови за работата на Владата во првите 100 дена. Анкетата е спроведена на национално репрезентативен примерок од 1.005 испитаници. Примерокот е двофазен стратификуван, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Анкетираните се лица над 18 години, граѓани на Република Северна Македонија. Анкетата се спроведуваше на македонски и албански јазик. За да се исполни критериумот за случаен избор користен е методот Сите резултати се подложни на статистичка грешка од ±3,1% со прифатливо ниво доверба.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-so-najgolema-prednost-pred-sdsm-vo-istrazuvanjata-na-agencijata-ochajno-slaba-poddrshka-na-vladata/feed/ 0
Анкета на МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ за прв пат води поубедливо пред СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-za-prv-pat-vodi-poubedlivo-pred-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-za-prv-pat-vodi-poubedlivo-pred-sdsm/#respond Fri, 23 Apr 2021 12:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501216

Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат. Малку над половината (50,6%) имаат доверба за разлика од 47,5% кои немаат. Етничките Албанци (74,3%) и припадниците на другите заедници (59,1%) имаат поголема доверба во општините во кои живеат отколку етничките Македонци ((41,3%). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“. Овде се презентирани резултатите од делот за локалните избори. Половина од граѓаните сметаат дека нивниот градоначалник не заслужува да биде реизбран. Вкупно 57,0% од етничките Албанци сметаат дека нивниот градоначалник заслужува да биде реизбран за разлика од 37,9% од етничките Македонци. Симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат дијаметрално спротивни ставови за реизборот на градоначалниците. Имено, 81,8% од тие на СДСМ сметаат дека заслужуваат додека 87,0% од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека не заслужуваат да бидат реизбрани. Тројцата најдобри градоначалници се: Митко Јанчев (Кавадарци), Арбен Таравари (Гостивар) и Максим Димитриевски (Куманово). За нив се изјасниле 10,5%, 7,5% односно 6,8% од испитаниците. Етничката припадност и афинитетите кон одредена политичка партија влијаеле на одговорите. За вкупно 44 градоначалници се изјасниле помалку од 1%, додека 14 градоначалници воопшто не се спомнати од испитаниците. Прашани за која политичка партија ќе гласаат на локалните избори, 22,4% од граѓаните рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6% за СДСМ. Поддршката за ДУИ и Алијанса за Албанците е 8,0% односно 6,2%, а за Левица 5,2%. Вкупно една третина од граѓаните или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат на седмите локални избори во Македонија. Од нив, 15,2% рекле дека нема да излезат на гласање, а 15,9% рекле дека не знаат или одбиле да одговорат. Најмладите се најбројни меѓу оние за кои е неизвесно за кого ќе гласаат и изнесуваат 37,3%. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците биле прибирани со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-za-prv-pat-vodi-poubedlivo-pred-sdsm/feed/ 0
73,5% од граѓаните сметаат дека Владата не реагирала соодветно при набавката на Kовид вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/73-5-od-gragjanite-smetaat-deka-vladata-ne-reagirala-soodvetno-pri-nabavkata-na-kovid-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/73-5-od-gragjanite-smetaat-deka-vladata-ne-reagirala-soodvetno-pri-nabavkata-na-kovid-vakcini/#respond Tue, 06 Apr 2021 15:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=493228

Половина од испитаниците целосно и донекаде имаат доверба во новите вакцини а, 49,1 отсто донекаде и целосно немаат доверба. Повеќе од половината, односно 56,4 проценти одговориле многу веројатно, односно веројатно е дека ќе се вакцинираат што претставува зголемување во однос на анкетата спроведена во декември 2020 година, кога 38,7 отсто од граѓаните рекле дека е многу веројатно или веројатно дека ќе се вакцинираат, покажува вториот дел од Истражувањето: „Ковид-19: една година стравови, очекувања и желби за враќање во „нормала“ спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС. Истражувањето е составено од три дела, во вториот се обработени ставовите за носење заштитна маска, ограничувањата и забраните за организирање настани, ставовите за работата на здравствените институции, работата на министерот за здравство и премиерот на државата како и ставовите за процесот на вакцинација и довербата во вакцините. Што се однесува до мерките за заштита, според истражувањето, речиси сите испитаници се согласуваат со потребата од носење на заштитна маска во продавници и затворени објекти, додека пак мнозинство од нив, односно 61,6 отсто сметаат дека носење на маска е потребно и на отворено. Вкупно 70,7 отсто сметаат дека наставата во образованието треба да се спроведува онлајн, а 82,7 отсто сметаат дека се потребни ограничувања во угостителските објекти. Највозрасните испитаници, над 65 години, во најголема мера сметаат дека има потреба од вакви ограничувања. Висока е и поддршката за забрана за свадби и настани во затворен простор која изнесува 85,1 отсто, но и забрана за свадби и настани на отворено застапена со 80,5 проценти. Истражувањето покажува дека големо мнозинство од испитаниците, односно 73,5 проценти, сметаат дека Владата не реагирала соодветно и навремено при набавката на вакцините. Споредено со земјите во регионот, мнозинство од испитаниците, односно 65 отсто, сметаат дека нивото за вакцинирање во Македонија е под стандардот. Работата на матичните доктори е оценета позитивно од 81 процент од граѓаните, работата на болниците и Ковид центрите од 68,5 проценти. Иако мнозински, најнизок е процентот на оние кои позитивно ја оцениле работата на Комисијата за заразни болести, односно 54,9 отсто. Речиси поделена, според истражувањето, е оценката за работата на министерот Филипче односно 51,3 отсто сметаат дека добро ја врши својата работа, а 47,7 отсто сметаат дека работи лошо. Кај премиерот Зоран Заев, побројни се оние кои рекле дека работи лошо, односно 59,7 проценти, а една третина сметаат дека работи добро 36,7 проценти. Како што информираат од МЦМС, последниот дел од истражувањето ќе биде објавени во текот на оваа недела. Инаку, како што велат оттаму, анкетата за МЦМС ја спроведе М-Проспект. Податоците биле прибирани со телефонска анкета во периодот од 12 до 17 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/73-5-od-gragjanite-smetaat-deka-vladata-ne-reagirala-soodvetno-pri-nabavkata-na-kovid-vakcini/feed/ 0
Сиромаштијата е длабоко влезена во животот на граѓанинот во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/siromashtijata-e-dlaboko-vlezena-vo-zivotot-na-gragjaninot-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/siromashtijata-e-dlaboko-vlezena-vo-zivotot-na-gragjaninot-vo-makedonija/#respond Tue, 18 Dec 2018 07:15:52 +0000 https://kurir.mk/?p=141574

Универзитетскиот професор по социологија др. Илија Ацески, кој гостуваше во емисијата „Топ тема“ на Телма, истакна дека сиромаштијата е влезена длабоко во животот на граѓанинот во Македонија. Платата не е доволна тие да си дозволат одмор, театар или кино, вели Ацески по повод анализа на истражувањето, односно телефонската анкета на Телма и МЦМС врз 1000 испитаници. Резултатите од истражувањето покажуваат дека една четвртина од испитаниците немаат никакви месечни примања, од кои најбројни се оние од 18 до 29 години. Месечни примања до 200 евра имаат најмногу испитаниците на возраст од 50 до 64 години. Кај етничките заедници состојбата е следна: 56.5 % од Роми, 38.4%  Албанци и 20.0% Македонци се без никакви месечни примања. На прашањето дали сте вработени, негативно одговориле дури 57.9% од испитаниците. Со приходите кои ги имаат дури 52.6% од граѓаните, рекле дека не можат или едвај си го дозволуваат неопходното за живот. Она што можеби е најзагрижувачки е тоа што дури 51 % од граѓаните се целосно или делумно незадоволни од здравствената заштита. Дури една третина од граѓаните не можат да си дозволат да одат на лекар, а високи 60 % ги набавуваат лековите приватно ако го нема во аптеките. Анкетата покажала дека високи 46.5% од граѓаните не можат да си дозволат да одат на одмор, 32.7 отсто никогаш не одат во ресторан, а 59.7 % никогаш не одат во театар или кино. Професорот Ацески вели во овој случај доколку повеќе од половина од луѓето не можат да си дозволат да одат на одмор, дека и оние кои се вработени не можат да си дозволат ваков сегмент во живеењето говори за квалитет на животот, кој е под нивото. -Некои показатели укажуваат дека сме под нивото на живот и на Косово и Албанија. Популизмот продолжува и понатаму. Влезот во НАТО и ЕУ може да даде некоја надеж, но нема да ги даде сите решенија, вели професорот Ацески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/siromashtijata-e-dlaboko-vlezena-vo-zivotot-na-gragjaninot-vo-makedonija/feed/ 0
Весела математика во анкетата на МЦМС и Телма: Дали желбата да се поткрене рејтингот на Заев и СДСМ е посилна од реалноста? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vesela-matematika-vo-anketata-na-mcms-i-telma-dali-zelbata-da-se-potkrene-rejtingot-na-zaev-i-sdsm-e-posilna-od-realnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vesela-matematika-vo-anketata-na-mcms-i-telma-dali-zelbata-da-se-potkrene-rejtingot-na-zaev-i-sdsm-e-posilna-od-realnosta/#respond Thu, 22 Nov 2018 14:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=130817

Дали резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од МЦМС, а нарачана од телевизија Телма и која беше објавена вчера, е показател дека желбата да се поткрене рејтингот на СДСМ е посилна од реалноста? Ова е прашањето кое логично се наметнува откако има низа нелогичности во резултатите на испитувањето на јавното мислење. Имено, на неколку места се направени грешки кои ја ставаат под знак прашалник меродавноста на самата анкета. Во неколку случаи збирот на процентите објавени на графиконите не изнесува 100% како што би требало и би се очекувало од сериозна агенција за испитување на јавното мислење како што е МЦМС и од телевизија Телма. На прашањето „Доколку утре се одржуваат парламентарни избори, за која политичка партија ќе го дадете својот глас?“ вкупниот збир на одговорите изнесува 100,1 процент. На истото прашање но во графите каде е поделено гласачкото тело на Македонци и Албанци кај Македонците вкупниот збир изнесува 99,7 проценти додека кај анкетираното албанско гласачко тело збирот изнесува  99,5 проценти. На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ збирот изнесува 99,9 проценти. Слична „грешка“ има и кај прашањето „Дали изборите би требало да се одржат:“. Исто и тука вкупниот збир на понудените одговори изнесува 99,9 проценти. Понатаму, на прашањето „Дали сметате дека е потребна политичка амнестија за постигнување политичко помирување во земјата збирот на сите одговори е 100,1 %. На прашањето „Дали сметате дека е потребна амнестија за постигнување политичко помирување во земјата?“ во графата Македонец/ка вкупниот збир иснесува 100,1 процент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vesela-matematika-vo-anketata-na-mcms-i-telma-dali-zelbata-da-se-potkrene-rejtingot-na-zaev-i-sdsm-e-posilna-od-realnosta/feed/ 0
Анкета на МЦМС: ВМРО-ДПМНЕ со поголема поддршка од СДСМ кај Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-so-pogolema-poddrshka-od-sdsm-kaj-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-so-pogolema-poddrshka-od-sdsm-kaj-makedoncite/#respond Wed, 08 Aug 2018 14:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=85875

ВМРО-ДПМНЕ е со 24 отсто рејтинг, што е скок од 3,4 отсто споредено со нивната анкета во месец мај, каде ВМРО-ДПМНЕ имаше рејтинг од 20,6 отсто, додека СДСМ на најновата анкета има рејтинг од 24.4 отсто, а на истата анкета во мај имала 25,5 отсто, што е пад за 1.1 отсто.  Ова го покажува најновата анкета на МЦМС, спроведена од М-проспект. ВМРО-ДПНЕ има поголема поддршка кај Македонците и води пред СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 31.2% а за СДСМ 28.3%. -Кај етничките Македонци, ВМРО-ДПМНЕ има мала предност (31,2%) наспроти СДСМ (28,3%), стои во анкетата. Податоците беа прибирани телефонски (CATI) во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1026 испитаници постари од 18 години.
 
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mcms-vmro-dpmne-so-pogolema-poddrshka-od-sdsm-kaj-makedoncite/feed/ 0
Анкета на Телма и МЦМС: Активизмот дава резултати, ВМРО-ДПМНЕ со значаен скок на рејтингот од 3,4%, СДСМ со пад 1,1% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-telma-i-mcms-aktivizmot-dava-rezultati-vmro-dpmne-so-znachaen-skok-na-rejtingot-od-3-4-sdsm-so-pad-1-1/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-telma-i-mcms-aktivizmot-dava-rezultati-vmro-dpmne-so-znachaen-skok-na-rejtingot-od-3-4-sdsm-so-pad-1-1/#respond Wed, 08 Aug 2018 13:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=85868

Скок од 3,4 осто за ВМРО ДПМНЕ за само два ипол месеци покажува анкетата на Телма која ја спроведе МЦМС на крајот од месец јули. Анкетата покажува драстичен раст во рејтингот во месеците од летото, што пак за аналитичарите е резултат на зголемениот активизам и присутност на терен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, како и лидерската дебата по која многу работи станаа појасни. ВМРО-ДПМНЕ на најновата анкета е со 24 отсто рејтинг, што е скок од 3,4 отсто споредено со нивната анкета во месец мај, каде ВМРО-ДПМНЕ имаше рејтинг од 20,6 отсто, додека СДСМ на најновата анкета има рејтинг од 24.4 отсто, а на истата анкета во мај имала 25,5 отсто, што е пад за 1.1 отсто. ВМРО-ДПНЕ има поголема поддршка кај Македонците и води пред СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 31.2% а за СДСМ 28.3%. Аналитичарот и социолог Ивана Љушева вели дека анкетните резултати и скокот на ВМРО-ДПМНЕ се последица на зголемената присутност на терен. -Тоа е периодот кога ВМРО-ДПМНЕ организираше голем митинг во Скопје и неколку последователни собири низ поголемите градови. Исто така свое влијание имаше и дебатата меѓу лидерот на опозицијата и власта Мицкоски Заев каде според перцепцијата на јавноста доминираше во повеќето теми лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски што позитивно се одрази на рејтингот на партијата, вели Љушева. Нејзините очекувања се дека главното влијание од договорот со Грција ќе се осети на анкетите крајот на септември и октовмри каде јавноста ќе биде дополнително сензибилизирана. Политикологот Митко Апостоловски посочува дека стагнирањето на СДСМ и Зоран Заев не е последица само на лошото менаџирање со договорот со Грција, туку е резултат пред се на разочарувањата во реалните сектори, како и зголемените афери кои се случија во последниве неколку месеци. -Видливи се првите знаци на атрофирање кај власта каде има лош менаџмент со аферите, наспроти слаба реализација на ветувања кои се дадоа во предизборието. Од друга страна опозицијата покажа присутност на терен во таканаречен мирен период на летните месеци, воедно свое влијание имаше и лидерската дебата која помогна да се определат граѓаните. Мицкоски покажа отпорност на предизвиците кои ги носи превземањето на гломазен апарат како што е ВМРО-ДПМНЕ и тоа во еден мошне тежок период за партијата како и имунитет на разните внатрешни видливи и невидливи поделби и подвојувања, додека премиерот Заев воопшто не е присутен на теренот и се занимава со глобални прашања кои не се од непосреден интерес на граѓаните, подвлекува Апостоловски. Милош Милошоски анализира дека резултатите на јавното мислење во Македонија покажува дека ставовите за одредени теми на анкети се забележуваат со доцнење од 2 месеци, така да вистинското расположение за договорот со Грција може да се види на анкети на есен, кога се очекува дополнителна промена на бројките. Аналитичарот Сотир Костов па во свои претходни излагања го предвиде ваквиот расплет на настаните. Според него следува видлив распад на владеачката опција која наместо со работа се занимава со политички монтирани случаи, хајки и предавнички договори. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани телефонски (CATI) во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1026 испитаници постари од 18 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-telma-i-mcms-aktivizmot-dava-rezultati-vmro-dpmne-so-znachaen-skok-na-rejtingot-od-3-4-sdsm-so-pad-1-1/feed/ 0