мебел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 08:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мебел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се отвори KM Mazar- Furniture by special https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-otvori-km-mazar-furniture-by-special/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-otvori-km-mazar-furniture-by-special/#respond Thu, 15 Jun 2023 07:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=845917

Вчера со почеток во 19 часот на улицата Бутелска 11, помеѓу населбите Бутел 1 и Радишани  се отвори новиот салон за мебел КМ Мазар. Целта на КМ Мазар е поинакво доживување на секое парче мебел, уредување и организација на ентериерот во целост. ПОЧЕТОЦИ Нашата примарна дејност е градежништво каде работиме 15 години, оставајќи модерен белег на градот и создавајќи квалитетен, комфорен и удобен дом за нашите клиенти кои се одлучија да ни ја дадат нивната доверба за изведба на сопствениот дом. ИДЕИ ЗА НОВИ ПОЧЕТОЦИ Идеите за новиот почеток или заокружување на приказната комплетен дом на клиентите доаѓа од нашите архитекти кои ја согледаа потреба и проблемите за затварање на животниот сон како најлесно до својот замислен идеален практичен и топол дом. МИСИЈА НА НАШИТЕ АРХИТЕКТИ Архитектите кои ги проектираа зградите во кои се обидуваат секој метар квадратен да го претворат во ваш кофор сега истите тие ќе ви искомбинираат креативност, дадат живот и овозможат да уживате во вашиот сон за топол дом. ИНВЕСТИРАМЕ Вашиот партнер СПЕЦИЈАЛ ГРАДБА направи нова инвестиција од 3200м2 во која е сместено модерно производство со најсовремен машински парк комплетно од реномираниот австриски бренд ФЕЛДЕР-автоматски кројач, кантерка, цнц машина, мануелен кројач, бушилица, фреза и уште многу рачен алат кој ни беше потребен за комплетирање на нашата и вашата приказна.Да не биде само на хартија скициран вашиот мебел на истата локација отворивме салон за мебел од 1500м2 каде ќе ви ги претставиме парчињата мебел креирани од нашите архитекти, изработени со врвни материјали и секако секоја ваша желба и идеја ќе биде лесно вклоплива во нашите дизајни а ние лесно приспособливи на вашите идеи. СОЗДАВАЊЕ НОВ БРЕНД КМ МАЗАР ќе биде новиот бренд на домашниот маркет кој брзо ќе го препознаете по ексклузивните тапацирани кревети, италијански душеци создадени под наш бренд, гардероберите кои ќе бидат наш заштитен знак, секој тип ќе биде по ваша мерка и ваша желба.На сето ова КМ МАЗАР ги донесе најголемите брендови од Италија и Словенија за да го зголеми асортиманот со добри парчиња мебел во вашиот дом креирани од најдобрите италијански дизајнери. НАША МИСИЈА Со заедничка мисија на основачот и креативците ја обликуваме крајната визија која се однесува на посебните естетски потреби до точка на создавање уникатен и непогрешлив стил на брендот КМ МАЗАР кој ќе биде ваш комплетен партнер во создавањето на вашиот сон за поубав и поудобен дом. Kaталогот можете да го погледнете Km_Brochure_020523_1 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-otvori-km-mazar-furniture-by-special/feed/ 0
Голем интересот за Саемот на мебел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interesot-za-saemot-na-mebel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interesot-za-saemot-na-mebel/#respond Sat, 01 Apr 2023 08:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=818758

Зголемена фреквенција на посетители се очекува викендов на Саемот на мебел каде се претставуваат повеќе од 40 изложувачи со 80 брендови. Мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, декоративни подлоги и елементи по атрактивни саемски попусти кои се движат од 20 до 50 проценти, се само дел од понудата. -Како што и очекувавме, саемот на мебел е исклучително интересна манифестација за јавноста. Викендов очекуваме зголемена фреквенција на посетители, велат од Скопски саем. Саемот на мебел е со работно време од 10:00 до 20:00 часот, а утре ќе бдиде отворен до 18:00. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница е 100 денари по посетител. Онлајн картите се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk. Туристичката агенција „Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот. Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/golem-interesot-za-saemot-na-mebel/feed/ 0
КАКО ВАШИОТ ДОМ ДА МИРИСА НА ЧИСТО, НОВО И ЛУКСУЗНО: Трикови со кои ќе внесете мириси на СПА и велнес оази https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-vashiot-dom-da-mirisa-na-chisto-novo-i-luksuzno-trikovi-so-koi-kje-vnesete-mirisi-na-spa-i-velnes-oazi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-vashiot-dom-da-mirisa-na-chisto-novo-i-luksuzno-trikovi-so-koi-kje-vnesete-mirisi-na-spa-i-velnes-oazi/#respond Mon, 19 Dec 2022 12:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=777577

Ако мислевте дека е тешко да направите просторот во кој поминувате време да мириса на луксузно СПА-одморалиште или како хотелска соба со 5 ѕвезди – не грижете се, постојат многу начини да направите вашиот простор да мириса божествено – од правење потпури од сушено цвеќе (олд скул) до инвестирање во дифузер со етерични масла, сè до докажан рецепт – миризливи свеќи. Но, пред да ви ги откриеме триковите со кои вашиот дом ќе се „бања“ со пријатни мириси, еве што треба прво да направите за се друго да има ефект. Користете вреќи за отпад со мирис Редовното празнење на отпадот се подразбира, но секако ќе помогне употребата на миризливи кеси кои ги неутрализираат непријатните мириси. Перење на теписи и килими Ова правило е можеби едно од најважните доколку сакате вашиот дом да мириса пријатно. Добро би било барем еднаш во сезоната длабоко да ги чистите теписите и патеките, а доколку имате домашни миленици почесто се советува вакво нешто. Редовно проветрување, особено ако има готвење или пушење во просторијата Миризливи свеќи, дифузери, стапчиња… нема да ви помогнат доколку редовно не ги проветрувате просториите. Мирисот на храна и цигари најлесно се „закачува“ на ткаенини, а останува и најдолго, па затоа се препорачува да се префрлите од цигари на електрична варијанта која има помалку пријатен мирис во однос на цигарите, и аспиратори и прочистувачите на воздух се идеални за простори каде што нема доволно вентилација или прозорци како што е случајот со кујните и трпезариите. Дифузери Дифузерите се одличен начин да внесете свежина во вашиот дом. Потребно е само малку масло и просторот ќе мириса на најлуксузните хотели. Вклучени освежувачи Електричните освежувачи на воздух се исто така фантастичен избор за да го направите вашиот дом миризлив. Сè што треба да направите е да ја изберете вашата омилена арома, да ги вклучите и да ги оставите да ја направат својата магија. Потпури од стари цвеќиња и овошје Го знаете ли тој прекрасен мирис на цимет и јаболка? Или мешани ароми на рози или лаванда? Потпури е прекрасен и суптилен начин да му дадете на вашиот дом пријатен и ненаметлив мирис. Онлајн можете да најдете безброј сорти на потпури сами, а најлесниот начин е да користите сушени цветови или да исечете на прстени овошје како што се јаболка или портокали (и да додадете цимет доколку е потребно), да ги печете во рерна на пониска температура помеѓу час и два часа, а потоа да ги посипете со малку етерично масло како здравец, бергамот или сандалово дрво и наредете ги во сад. И Voila – добивте не само прекрасен освежувач на просторот, туку и декорација што нема да остане незабележана. Готвено овошје и вино Ако поптурите не ви се ваш стил, но сакате вашиот дом да го добие тој „празничен допир“, наједноставниот начин е да сварите овошје со малку зачин. Каранфилчето, циметот и анасонот ќе дадат сосема нова арома. Без разлика дали правите вино или чај, вакво нешто брзо ќе ја направи атмосферата потопла и попријатна. Свежо цвеќе Секако, не треба да заборавиме дека свежото цвеќе и тоа како прави разлика. Дури и во зима постојат видови кои мирисаат интензивно како летните букети и кои ќе го претворат вашиот дом во најубава градина. Миризливи марамчиња за сушење алишта Еден од најлесните трикови за освежување е да користите миризливи марамчиња за машината за сушење алишта на друг начин. Се што треба да направите е да ги протриете преку перниците и креветот и ќе видите дека целиот простор ќе мириса свежо. Спрејови за мебел и завеси Овие производи сега се попопуларни од кога било, главно поради разновидноста на мириси. Од вас зависи дали сакате да ја изберете аромата на памук, кремаста ванила, „зачинет“ цимет или нешто друго. Испрскајте мала количина на завеси и драперии или на мебел и гарантираме дека ќе ја почувствувате разликата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-vashiot-dom-da-mirisa-na-chisto-novo-i-luksuzno-trikovi-so-koi-kje-vnesete-mirisi-na-spa-i-velnes-oazi/feed/ 0
Поради опожарен мебел пред контејнери ќе се запалеше зграда во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poradi-opozaren-mebel-pred-kontejneri-kje-se-zapaleshe-zgrada-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poradi-opozaren-mebel-pred-kontejneri-kje-se-zapaleshe-zgrada-vo-tetovo/#respond Tue, 01 Nov 2022 18:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=754064

Тетовските пожарникари попладнево пред 18 часот интервенираа на пожар што избувнал на оставен мебел пред контејнер, при што огнот го зафатил и ѕидот од зградата на улицата „Страшо Пинџур“ кај трговскиот комплекс „Ловец“. Од Тетовската територијалан противпожарна единица информираа дека тројца пожарникари со едно возило успеле да го ликвидираат пожарот. -Имаше оставен кревет и елементи од кујна и друг вид мебел. Пред 18 часот некаде се појави пожар, најверојатно намерно ги запалија остатоците од мебелот. Во еден момент огнот беше толку силен што го зафати и контејнерот и ѕидот од зградата. Можеше да биде уште поопасен пожар, насекаде тука има кабли и инсталациии. Среќа интервенираа пожарникарите на времено, информираа станарите од зградата на улицата „Страшо Пинџур“. За пожарот била повикана и полицијата за да изврши увид на самото место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poradi-opozaren-mebel-pred-kontejneri-kje-se-zapaleshe-zgrada-vo-tetovo/feed/ 0
Како оревите можат да бидат лек за вашиот изгребан мебел? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-orevite-mozat-da-bidat-lek-za-vashiot-izgreban-mebel/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-orevite-mozat-da-bidat-lek-za-vashiot-izgreban-mebel/#respond Mon, 07 Mar 2022 21:50:51 +0000 https://kurir.mk/?p=642943

Доколку се појави гребнатинка на вашето омилено парче мебел или мебелот со текот на времето едноставно ја изгубил бојата и свежината, решението ви е при рака. Јадрата од орев може да поправат помали оштетувања на дрвото. Оштетеното место на дрвото тријте го со орев неколку минути, а потоа избришете го со мека крпа за да му помогнете на дрвото да го впие маслото од орев. Бидејќи дрвото многу брзо се храни со природно масло од орев, ќе забележите дека штетата е пополнета, мебелот е обновен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-orevite-mozat-da-bidat-lek-za-vashiot-izgreban-mebel/feed/ 0
Марија Шарапова воодушевува во новата професија, еве што дизајнира убавата тенисерка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sharapova-voodushevuva-vo-novata-profesija-eve-shto-dizajnira-ubavata-teniserka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sharapova-voodushevuva-vo-novata-profesija-eve-shto-dizajnira-ubavata-teniserka/#respond Fri, 26 Mar 2021 11:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=488113

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова, во соработка со канадската компанија „Роув консептс“, ја подготви и претстави својата прва колекција мебел. Во нејзиниот прв дизајнерски потфат, тениската ѕвезда и љубителка на уметноста и архитектурата, се водеше од изразот „помалку значи повеќе“. Нејзината колекција содржи елегантни облици, рафинирани детали, неутрални бои, со нагласка на разновидноста и функционалноста. -Сакав да се осигурам дека сите овие парчиња мебел ќе наликуваат на „продолжение на животот на луѓето“ – делови што ги надополнуваат нештата со кои веќе живеат, изјави Шарапова за списанието „Аркитекчурал дајџест“. Поранешната тенисерка ги усовршила дизајнерските вештини додека патувала низ светот, како и при уредување на сопствениот нов дом во Лос Анџелес, САД. -Ми беше важно колекцијата да изгледа убаво денес, но и за пет или десет години, вели таа. Првичната понуда вклучува комбинација на мултифункционални работи – длабок тросед, тапацирана клупа, ткаенини во маслинова боја, странични маси, минималистичка ламба и еднобоен тепих. -Тие се доволно разновидни, па им овозможуваат на луѓето да прават свои комбинации, заклучи дизајнерката.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/marija-sharapova-voodushevuva-vo-novata-profesija-eve-shto-dizajnira-ubavata-teniserka/feed/ 0
„СДК“: Оставен да скапува вреден мебел од матичното во Скопје изработен пред 70 години од големиот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sdk-ostaven-da-skapuva-vreden-mebel-od-matichnoto-vo-skopje-izraboten-pred-70-godini-od-golemiot-rezbar-nestor-aleksiev-mirchevski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sdk-ostaven-da-skapuva-vreden-mebel-od-matichnoto-vo-skopje-izraboten-pred-70-godini-od-golemiot-rezbar-nestor-aleksiev-mirchevski/#respond Thu, 05 Nov 2020 10:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=425301

Вреден мебел изработен пред 70 години од врвниот резбар Нестор Алексиев-Мирчевски, копаничар сo меѓународна слава и последен од големата тајфа на вакви уметници во Македонија, е оставен да скапува во поранешното Матично во Скопје, кое веќе пет години е затворено за склучување брак. Почетокот на градежните работи за реконструкција на објектот кој со години беше затворен, го покажа вредниот мебел кој сосем незаштитен е оставен да скапува во бараката во дворот на Општина Центар. Станува збор за столиците и масата на која младенците седеа при склучување на бракот и витрината во која се чуваа потребните документи, објави порталот „Сакам да кажам“. Во текстот се наведува дека овој скапоцен мебел кој веќе има и историска вредност е оставен целосно непокриен, без никаква заштита па макар било и обичен најлон. -Изработени од дрво од орев и со специфична резбра, парчињата изгледаат уникатно и токму тоа наведува дека се изработени од Алексиев-Мирчевски, кој ваков кабинет направил и за вилата на Бриони на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, пишува „СДК“. Целиот текст прочитајте го на СДК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sdk-ostaven-da-skapuva-vreden-mebel-od-matichnoto-vo-skopje-izraboten-pred-70-godini-od-golemiot-rezbar-nestor-aleksiev-mirchevski/feed/ 0
Пет илјади евра во мебел и 50.000 евра кеш за Јанева во случајот „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-iljadi-evra-vo-mebel-i-50-000-evra-kesh-za-janeva-vo-sluchajot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-iljadi-evra-vo-mebel-i-50-000-evra-kesh-za-janeva-vo-sluchajot-reket/#respond Thu, 10 Oct 2019 10:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=250075

Злоупотреба на службената положба и овластување е кривичното дело за кое е поднесено обвинение за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Во денешното соопштение на Обвинителството е наведено дека Јанева, како второобвинета го прифатила влијанието на првообвинетиот и како службено лице – јавен обвинител, ја искористила својата службена положба и овластување и ги пречекорила границите на своето овластување. -Откако првообвинетиот заедно со  третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, второобвинетата до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор, кој предлог бил прифатен од страна на судот. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот. Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“., се наведува во соопштението. Целиот текст од соопштението за поднесеното обвинение може да го прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-iljadi-evra-vo-mebel-i-50-000-evra-kesh-za-janeva-vo-sluchajot-reket/feed/ 0
Мебелот од Камчев бил озвучен: Катица Јанева договарала рекети додека некој постојано ја слушал? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mebelot-od-kamchev-bil-ozvuchen-katica-janeva-dogovarala-reketi-dodeka-nekoj-postojano-ja-slushal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mebelot-od-kamchev-bil-ozvuchen-katica-janeva-dogovarala-reketi-dodeka-nekoj-postojano-ja-slushal/#respond Wed, 21 Aug 2019 17:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=232043

Ексклузивниот мебел за домот на Катица Јанева, подарок од близок родина на бизнисменот Орце Камчев, пристигнал со дополнителна опрема – апаратче за прислушување, тврдат извори од истрагата, пренесува Република. Неофицијално, во каучот, двоседот и фотелјите, кои специјалната обвинителка ги добила на подарок од осомничениот, сокриена била и буба за прислушување. Наводно, со уредот биле следени разговорите што Јанева ги водела во својот дом, но и нејзините телефонски разговори од фиксен и мобилниот телефон, пишува порталот. Денеска обвинителството наложи конфискација на мебелот добиен како подарок од сопственик на фирма, која е близок роднина на инволвиран во случај кој го води СЈО. Како што тврди изворот, се работи за мебел од фирмата на сестрата на осомничениот во „Империја“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mebelot-od-kamchev-bil-ozvuchen-katica-janeva-dogovarala-reketi-dodeka-nekoj-postojano-ja-slushal/feed/ 0
Овие парчиња се вредни 5.000 евра: Изнесен мебелот од домот на Јанева, постои сомнеж дека е набавен со пари од „Рекет“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-parchinja-se-vredni-5-000-evra-iznesen-mebelot-od-domot-na-janeva-postoi-somnez-deka-e-nabaven-so-pari-od-reket-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-parchinja-se-vredni-5-000-evra-iznesen-mebelot-od-domot-na-janeva-postoi-somnez-deka-e-nabaven-so-pari-od-reket-video/#respond Wed, 21 Aug 2019 15:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=232018

Попладнево полицијата го изнесе мебелот од домот на шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, за кој што има сомневања дека е набавен со пари од аферата „Рекет”. Со полициска асистенција се изнесуваше мебелот вреден 5.000 евра од куќата на Катица Јанева. Според сомнежите, истиот бил набавен со парите изрекетирани од познат скопски бизнисмен. ВИДЕО: Канал5]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-parchinja-se-vredni-5-000-evra-iznesen-mebelot-od-domot-na-janeva-postoi-somnez-deka-e-nabaven-so-pari-od-reket-video/feed/ 0