мечки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 17:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мечки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата ќе го решава проблемот со мечките, цела година рок за да се изработи план https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ke-go-reshava-problemot-so-mechkite-tsela-godina-rok-za-da-se-izraboti-plan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ke-go-reshava-problemot-so-mechkite-tsela-godina-rok-za-da-se-izraboti-plan/#respond Tue, 17 Oct 2023 17:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=889953

Владата на денешната седница ја разгледала и усвоила Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава. Како што соопштија од владината прес-служба, Владата ги задолжила надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Република Македонија. - Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата на Република Македонија. Исто така, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки, соопштија од Владата. Воедно, директорот на Центарот за управување со кризи е задолжен да ја организира координацијата на активностите на институциите во спроведување на мерките, да организира и спроведува контрола над нивната имплементација, како и да предлага нови мерки покрај донесените и препорачани од надлежните институции за создавање на услови за намалување на појавата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), во урбана средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ke-go-reshava-problemot-so-mechkite-tsela-godina-rok-za-da-se-izraboti-plan/feed/ 0
ВИДЕО: Напад од мечки во Жировница – Жителите сведочат за блиските средби со нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-napad-od-mechki-vo-zhirovnitsa-zhitelite-svedochat-za-bliskite-sredbi-so-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-napad-od-mechki-vo-zhirovnitsa-zhitelite-svedochat-za-bliskite-sredbi-so-niv/#respond Fri, 29 Sep 2023 12:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=883240

Жителите на селото Жировница алармираат дека во последно време се соочуваат со зголемен напад од мечки. Како што појаснуваат, мечките се почесто влегуваат во нивните домови, го оштетуваат нивниот имот, а ја јадат и стоката која ја чуваат. Изедени овци, крави, телиња, превртени контејнери, оштетен имот е секојдневната слика на жителите од ова село лоцирано во Маврово-Ростуше. -Имам пчеларник од околу 50-60 пчелни семејства. До 2018 година немавме скоро никакви напади, но од 2018 година наваму, особено годинава кај мене барем влезена е мечка 5-6 пати. Меѓу другото влези и дома кај мене, ми ја растури кујната. Очи во очи блиска средба да имаме со мечка овде веќе е нормално. Народот се брани кој како знае, најмногу со петарди , вели Ахмети Ахмет. Друг пчелар кој вели дека имал 80 пчелни семејства сега нема ниедно. Мечките доаѓаат, ги земаат сандаците и си заминуваат, објаснува тој. -Јас спиев таа го удри стаклото на вратата силно. Стаклото падна пред вратата и јас станав. Излегов со светло и викав бегај, бегај и тропав. Додека дојдат другите, мечката отиде. Сама сум, страв ми е, не спијам. Лекови ми дадоа за стресот, со солзи во очите сведочи Зекири Ајзе од истото село која имала блиска средба со мечка. -Мечката влегува во мојата штала, скоро секој втор ден, досега има изедено десетина овци, вели жител на Жировница. Од општината информираа дека на вонредна седница барале воведување кризна состојба. -Врз основа на донесениот заклучок на вонредна седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата на Република Северна Македонија поднесе Информација со барање за прогласување кризна состојба на цела територија на Општина Маврово и Ростуше. Општина Маврово и Ростуше ги превзеде сите активности и мерки кои се во своја надлежност, се со цел да ги заштити своите граѓани. Исто така ги повикуваме Министерството за Животна Срдина и Просторно планирање, Министертвото за Земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции кои се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и дивите свињи да се стават во функција за што поскоро решавање на истиот, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани.“, стои на фејсбук страната на општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-napad-od-mechki-vo-zhirovnitsa-zhitelite-svedochat-za-bliskite-sredbi-so-niv/feed/ 0
Мечки уништиле околу 200 пчелни сандаци во дебарско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mechki-unishtile-okolu-200-pchelni-sandatsi-vo-debarsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mechki-unishtile-okolu-200-pchelni-sandatsi-vo-debarsko/#respond Sun, 06 Aug 2023 12:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=863889

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од мечките. -Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон, вели Арбен Муладаури, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според него за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз човек. Пчеларите тврдат дека мечките пчеларниците ги „посетуваат“ главно во ноќните часови а по пат причинуваат штети и врз земјоделските посеви, посебно во пограничните села Спас, Бомово, Коњаре, каде нема постојани жители, но оние кои живеат во Дебар ги обработуваат земјоделските површини а имаат и пчеларници. На присуство на мечки се жалат и жители од други села во регионот а не ретко жители од поширокиот регион постираат на Фејсбук видео снимки и фотографии од мечка на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mechki-unishtile-okolu-200-pchelni-sandatsi-vo-debarsko/feed/ 0
ФОТО: „Мечките се одомаќинети“ – Галичани бараат помош, институциите пет години молчат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-mechkite-se-odomakineti-galichani-baraat-pomosh-institutsiite-pet-godini-molchat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-mechkite-se-odomakineti-galichani-baraat-pomosh-institutsiite-pet-godini-molchat/#respond Thu, 27 Jul 2023 08:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=860576

Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението, велат жителите на Галичник на кои мечки им шетаат во селото и дворовите. За проблемот кој го имаат, велат уште во 2019 и 2020 година се обратиле до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство, но и по пет години ништо не е преземено. -Месната заедница Галичник повеќе пати сосем официјално се обраќа до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник. Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението, истакнуваат Галичани. Посочуваат дека од година во година расте бројот на мечки во овој регион. Велат, кај населението постои страв, но не бараат дозвола отстрел. Тоа, според нив, е последна опција за решавање на проблемот, но бараат одговор од надлежните за понатамошно постапување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-mechkite-se-odomakineti-galichani-baraat-pomosh-institutsiite-pet-godini-molchat/feed/ 0
ФОТО: Резерват во Швајцарија нов дом за две мечки од Зоо Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-rezervat-vo-shvajcarija-nov-dom-za-dve-mechki-od-zoo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-rezervat-vo-shvajcarija-nov-dom-za-dve-mechki-od-zoo-skopje/#respond Sun, 22 May 2022 09:19:27 +0000 https://kurir.mk/?p=680051

Двете мечки од скопската зоолошка, отпатуваа во нов живот во резерватот во Швајцарија- Arosa Bearland sanctuary. -Живеалиштето за мечки во нашата зоолошка е едно од постарите, а мечињата кои живеат тука уште од мали се донесени овде бидејќи останале без мајки поради човечки фактор и недозволен лов. Во недостиг на резерват за мечки во државата, секогаш тимот на ЗОО Скопје пробувале да помогнат на што повеќе мечки, но градината нема доволно простор за сите, велат од Зоо Скопје. Во живеалиштето за мечките, до средата живееа четири мечки во три посебни делови. Бим и Бум во заеднички дел, а братот и сестрата кои имаат по 18 години во две посебни живеалишта. -Не беше возможно да се направи реконструкција на живеалиштата, ниту пак редовно да се средуваат поради тоа што немаше начин ниту простор да се спојат сите четири мечиња. Во разговор со нашите соработници од FOUR PAWS, дојдовме до заедничко решение кое е хумано за сите четири мечки-братот и сестрата да заминат во преубавиот Ароса парк, а Бим и Бум да добијат три пати поголем простор и реновирано живеалиште по светски стандарди кое ќе го правиме со експертиза на FOUR PAWS и искуствата од нивните резервати за мечки кои ги имаат низ Европа. Благодарност до оваа најголема светска организација за заштита на животните за прекрасната соработка која ја имавме изминатиот период, бидејќи процесот за транспортот на двете мечки беше подолг, а нивниот и нашиот тим дадоа се од себе мечките безбедно и здрави да пристигнат во Швајцарија. Работевме заедно деноноќно, сите среќни дека четирите мечки ќе имаат подобра иднина и поголема благосостојба, велат од Зоо Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-rezervat-vo-shvajcarija-nov-dom-za-dve-mechki-od-zoo-skopje/feed/ 0
Мислеле дека имаат крадци во домот, а кога ја погледнале безбедносната камера останале без здив- по ова многумина ќе стават камери https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mislele-deka-imaat-kradci-vo-domot-a-koga-ja-poglednale-bezbednosnata-kamera-ostanale-bez-zdiv-po-ova-mnogumina-kje-stavat-kameri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mislele-deka-imaat-kradci-vo-domot-a-koga-ja-poglednale-bezbednosnata-kamera-ostanale-bez-zdiv-po-ova-mnogumina-kje-stavat-kameri/#respond Mon, 21 Sep 2020 11:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=406160

Речиси мирна ноќ да имаше едно семејство од Калифорнија се додека среде ноќ не ги разбудија чудни звуци во дворот. Семејството Росас мислело дека станува збор за кражба, но набрзо се излажале. Откако ја провериле снимката од безбедносните камери сфатиле дека во прашање биле две мечки кои дошле пред нивната врата. -Слушнав звук пред нашата врата и без загрижен, бидејќи мислев дека се крадци кои сакаат да влезат во нашиот дом, раскажува Педро Росас за порталот Метро УК. Тој вели откако ги провериле сигурносните камери останале во шок. Ни на крај памет не очекувале дека пред вратата ќе има две мечки кои ќе се тепаат меѓусебно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mislele-deka-imaat-kradci-vo-domot-a-koga-ja-poglednale-bezbednosnata-kamera-ostanale-bez-zdiv-po-ova-mnogumina-kje-stavat-kameri/feed/ 0
Мечки се појавија пред велосипедисти на Шар Планина, погледнете како се спасиле (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mechki-se-pojavija-pred-velosipedisti-na-shar-planina-poglednete-kako-se-spasile-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mechki-se-pojavija-pred-velosipedisti-na-shar-planina-poglednete-kako-se-spasile-video/#respond Tue, 23 Jul 2019 09:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=221521

Овие двајца момци доживеале едно необично искуство на Шар Планина. Имено, додека ги возеле своите велосипеди, на само неколку метри од нив се појавуваат две мечки. Тие им го пресекуваат патот, но за среќа не доаѓа до директен судар иако само неколку секунди ги делат од него. Велосипедистите раскажуваат дека по настанот, поголемата мечка започнала да го следи, но искусните велосипедисти вешто успеале да се извлечат од оваа ситуација. Погледнете како изгледа средбата со двете мечки! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/mechki-se-pojavija-pred-velosipedisti-na-shar-planina-poglednete-kako-se-spasile-video/feed/ 0
700 пресуди против мечки, Македонија треба да плати 3 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/700-presudi-protiv-mechki-makedonija-treba-da-plati-3-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/700-presudi-protiv-mechki-makedonija-treba-da-plati-3-milioni-evra/#respond Tue, 09 Jan 2018 10:49:57 +0000 http://kurir.mk/?p=8160

Македонските судови донеле околу 700 пресуди последниве 5 години, со кои ја задолжиле Република Македонија да плати над 3 милиони евра, штета направена од мечки. Мечките јаделе: пчели, мед, цреши, крави, овци, уништиле земјоделски производи. Бидејќи се животни под трајна заштита на државата и не смеат да се ловат, за секоја штета што тие ќе ја направат, одговара Република Македонија. Истражувањето на БИРН покажа дека само последниве 5 години, од 2013 до 2017 година, со тужби за отштета поднесени од граѓани мечките „изеле“ над 3 милиони евра од Буџетот, а таа сума секоја година се зголемува. Пописот на мечки во Македонија се прави еднаш на 10 години. Според последниот од 2010, кој е важечки до 2020 година, во Македонија има помеѓу 371 и 381 мечка, не броејќи ги тогашните млади мечиња, кои не наполниле две години. Всушност, тужбите против мечките заштитени од државата се претворија во лукративен бизнис, за што говорат лица од Министерството за земјоделство кои биле членови на Комисиите за проценка на штета. „Ќе се јавеа во Подрачната единица на Министерството за земјоделство со тврдење дека мечката изела крава. Кога ќе отидевме на лице место, навистина имаше скелет од животно, но никој никогаш не беше сигурен дали животното било нападнато од мечка или од волк, кучиња, или угинало само. Комисијата составуваше записник за угинато животно, а подоцна со вештак, кој правеше вештачење врз основа на нашиот записник и тврдењето на сопственикот, на суд добиваа пресуди дека штетата ја направила мечка, раскажува член на локална Комисија од Министерството за земјоделство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/700-presudi-protiv-mechki-makedonija-treba-da-plati-3-milioni-evra/feed/ 0