мед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 08:26:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова се здравствените придобивки од медот- што ќе постигнете ако земате по една кафена лажичка секој ден? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ova-se-zdravstvenite-pridobivki-od-medot-shto-ke-postignete-ako-zemate-po-edna-kafena-lazhichka-sekoj-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ova-se-zdravstvenite-pridobivki-od-medot-shto-ke-postignete-ako-zemate-po-edna-kafena-lazhichka-sekoj-den/#respond Thu, 26 Oct 2023 07:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=810461

Повеќето луѓе се запознаени со здравствените придобивки од медот, секое домаќинство има барем една тегла, но што ќе постигнете ако ги следите упатствата на нашите постари и навистина земате по една кафена лажичка секој ден? Како што се повеќе луѓе го исфрлаат белиот шеќер од нивната исхрана, популарноста на медот почна да расте. Нутриционистите советуваат да го додадете во овесната каша, но и во други здрави специјалитети. Тој е идеална алтернатива на шеќерот, а е сосема природен. А доколку сè уште не сте решени во толкава мера да го вклучите во вашата исхрана, тогаш дефинитивно треба да размислувате за една кафена лажичка мед секој ден, оваа едноставна рутина има бројни предности за нашиот организам. Пред се, редовното консумирање мед го зајакнува вашиот имунолошки систем, но тоа е само едно од многуте корисни ефекти на оваа храна. Еве како инаку медот може да влијае на нашето здравје: – ја подобрува циркулацијата – ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам – го подобрува варењето – ја подобрува регенерацијата на ткивата -поддржува реставрација на крвните елементи – има антибактериско дејство – го подобрува отстранувањето на токсичните материи од телото – делува против стрес Сигурно сте слушнале за познатиот мит за тоа како медот треба да се јаде само со дрвени лажици. Меѓутоа, ако го игнорираме естетскиот момент, оваа претпоставка не е професионално заснована.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ova-se-zdravstvenite-pridobivki-od-medot-shto-ke-postignete-ako-zemate-po-edna-kafena-lazhichka-sekoj-den/feed/ 0
Во Прилеп почна традиционалниот саем на медот: „Која било цена под 400 денари значи дека е лажен мед“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-pochna-traditsionalniot-saem-na-medot-koja-bilo-tsena-pod-400-denari-znachi-deka-e-lazhen-med/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-pochna-traditsionalniot-saem-na-medot-koja-bilo-tsena-pod-400-denari-znachi-deka-e-lazhen-med/#respond Thu, 12 Oct 2023 12:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=888099

Од денеска до сабота во центарот на Прилеп, по 14-ти пат се одржува Саем на медот што го организира прилепското здружение на пчелари „Братство“. На саемот се изложени повеќе пчелни производи. За пчеларите годинава е просечна, ама проблемите остануваат. Глвно климатските промени, а намалувањето на сточарството со годините го преполови производството на мед во земјава. -Оваа година беше просечна за производството на медот. Се одразија пролетните обилни дождови, а потоа и топлотниот бран. Сепак е задоволителна година, зашто имало и многу лоши периоди. Многу се одразуваат временските неприлики и флората и фауната. Со намалувањето на сточарството, се намалува количински и производството на мед, како што се уништува сточарството се уништува и медоносната трева. Една од причините е и уништувањето на шумите. Појасите од багреми се намалуваат, се помалку се сеат репи, сончогледи кои го зголемуваат приносот. Со годините, за 50 насто е намален родот, изјави Дејан Бошкоски, претседател на прилепското здружение на пчелари „Братство“. За пчеларите најголем проблем останува нелојалната конкуренција и увозот на „лажен“ мед. Сметаат дека нема доволна контрола,а намаленото производство влијае да се има организиран извоз. - Внесот во државава на неквалитетен, „лажен“ мед негативно се одразува на медопроизводството. Се увезува од други земји, со гликози е од и генетски модифицирани производи. Недоволно се контролира, и од царината и од инспекциските служби што се увезува. Организиран извоз немаме зашто и количински не задоволуваме за да го извеземе. Недостасуваат младите пчелари, зашто повеќето се возрасни. како здружение се трудиме да ги вклучиме, но нчесто неисплатливоста ги разубедува и мора да имаат и друга дејност, смета Бошкоски. Пчеларите не се откажуваат да го унапредат производството и да се живее од пчеларството. -Јас сум млада пчеларка. Наследив од татко ми и од дете сум со пчелите и со производството на мед. Имаме 25 пчелни семејства, настојуваме да ги зголемиме. На потрошувачите им велам да внимаваат каков мед купуваат. А има интерес за чист мед, рече Флорина Бошкоска, млада пчеларка од Прилеп. - Ја зголемуваме понудата и на пчелни производи и услуги. За квалитетно и поголемо производство ги преселуваме кошниците на побогати медоносни пасишта. Но има и ризик. Еве годинава мечка ми уништи две кошници, што не се случило досега, вели искусниот пчелар Зафир Зафироски. Во Прилеп се околу 200 пчелари, повеќе од половината се членови на пчеларското здружение „Братство“. Инаку,во Прилеп медот се продава од 600 денари па и повеќе за еден килограм. За пчеларите која било цена под 400 денари значи дека е лажен мед. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-prilep-pochna-traditsionalniot-saem-na-medot-koja-bilo-tsena-pod-400-denari-znachi-deka-e-lazhen-med/feed/ 0
„Денови на медот“ во Скопје до недела, 600 денари за тегла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=882785

Мед, полен, матичен млеч, прополис, мешавина на мед со лековити растенија и природна козметика од мед, се само дел од палетата производи што ги нуди годинашната манифестација „Денови на македонскиот мед 2023“. Манифестацијата почна денеска и ќе трае до недела, 1 октомври, а се одржува на улица „Македонија“ во Скопје. Тегла мед чини 600 денари, а цената, како што велат производителите, е унифицирана на сите штандови. -Сакаме да укажеме колкава е важноста на медот и другите пчелни производи во секојдневниот живот и исхраната. За жал, кај нас медот се повеќе се користи како лек, отколку како храна. Според некои статистички податоци, трошиме помалку од еден килограм мед годишно по глава на жител, за разлика од другите земји каде потрошувачката е десет пати поголема. Неминовно е да го смениме ваквиот однос и да го прифатиме медот како значен продукт во исхраната, беше речено на отворањето. Според производителите, навистина можеме да се пофалиме и да се гордееме со нашиот квалитетен мед за кој во светот добиваме високи признанија. -Ние сме меѓу ретките земји чии природни услови се одлични за произвиодство на мед. Затоа, сакаме да ја промовираме државата како регион од каде може да се набави природен мед според највисоките стандарди за храна, истакнаа од здружението „Матица“ кое ги организира „Деновите на македонскиот мед 2023“. Настанот, како и секоја година, овозможува директна комуникација меѓу пчеларите и купувачите, како и одлична шанса за младите потенцијални пчелари да се запознаат со начинот на одгледување пчели и со производството на мед. „Деновите на македонскиот мед 2023“ се поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/feed/ 0
Експерт откри како да го разликувате вистинскиот мед од лажниот: 1 работа е сигурен показател за добар квалитет https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ekspert-otkri-kako-da-go-razlikuvate-vistinskiot-med-od-lazhniot-1-rabota-e-siguren-pokazatel-za-dobar-kvalitet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ekspert-otkri-kako-da-go-razlikuvate-vistinskiot-med-od-lazhniot-1-rabota-e-siguren-pokazatel-za-dobar-kvalitet/#respond Tue, 22 Aug 2023 07:33:03 +0000 https://kurir.mk/?p=869417

Кога земате мед со лажица, падот треба да биде континуиран, а кога ќе се обидете да гледате низ теглата, не треба да гледате јасно од другата страна. Ако е стаклест и проѕирен, не е вистински мед, вели експертот Станко Рајиќ. Ако медот е кристализиран, тоа е сигурен показател за добар квалитет. – Тоа што медот не се јаде со метална лажица е останато од античко време кога тие лажици биле направени од алуминиум на кој имало патина и не било добро е да јаде со истите. Денеска секој ескајг е прохромски, а тоа апсолутно нема никакво влијание врз квалитетот на медот – објасни Рајиќ. На крајот на денот, не е важно со што јадете мед, важно е само да го консумирате.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ekspert-otkri-kako-da-go-razlikuvate-vistinskiot-med-od-lazhniot-1-rabota-e-siguren-pokazatel-za-dobar-kvalitet/feed/ 0
НЕ ПАНИЧЕТЕ ДОКОЛКУ ВИДИТЕ ЗМИЈА НА ВОДНО – еве како да препознаете дали е отровна или не, во Македонија луѓето најчесто ја прават оваа грешка! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/#respond Mon, 26 Jun 2023 12:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=849731

Почитувани, поради објавата за поголемо присуство на змии во околината на Скопје ви го испраќаме соопштение со цел да ги информираме граѓаните дека голем дел од змиите кои ги среќаваат на Водно или покрај реки и вода не се отровни и не се опасни по здравјето на луѓето. Истовремено сакаме да потсетиме за корисната улога на овие животни во природното контролирање на глодарите кои се дел од нивната главна исхрана, објавуваат преку свое соопштение на МЕД кое го пренесуваме во целост во продолжение: Во Македонија постојат 16 вида змии од кои само 3 вида се отровни. Единствено поскокот може да се сретне во урбани средини а шарката и степската лутица се присутни само на надморкса височина поголема од 1500 m и тоа само на некои планини во земјава. Многу смокови се шарени, па често погрешно се нарекувани шарки. Единствената отровница која е широко распространета кај нас е поскокот, кој пак лесно се препознава по рогот на врвот од главата, шарите во форма на баклави на грбот (обоени во најразлична варијација на црно, сиво, црвено, кафено, портокалово, жолто - погледнете кратко видео тука) и големината – поскоците ретко достигнуваат должина поголема од 70cm, но најчесто се среќаваат единки од околу 50cm. Доколку змијата е подолга од 1m, таа е безопасен смок. Во Македонија има дури 11 различни вида на смок, една боа (малечка здепаста змија која главно живее под земја и може да се сретне само во крајните југоисточни делови од државата) и една црвовидна змија која е целосно безопасна и секој лаик на прв поглед би помислил дека е црв. Според Драган Арсовски, биолог од МЕД доколку се постапи на правилен начин дури и при каснување од змија отровница луѓето би поминале без компликации: „Доколку се случи каснување од поскок, ако човекот нема други здравствени проблеми и се јави за медицинска помош истиот ден тој би поминал без никакви компликации по здравјето.“, изјави Арсовски Фотографии, точно распространување низ Македонија, како и повеќе за биологијата, екологијата и степенот на засегнатост на змиите во нашата држава може да најдете на првата национална црвена листа на Македонија на следната веб страница: http://redlist.moepp.gov.mk/pregled-na-vidovi/ (влекачите се наоѓаат на дното од листата). Инаку напролет ладнокрвните влекачи излегуваат од долгиот зимски сон (хибернација) и се најактивни бидејќи тогаш е нивниот период на размножување, односно се во потрага по партнер. Затоа, овој период се и најчести средбите со овие животни. Еден од најраширените митови за змиите е дека се најактивни кога е најтопло. Змиите како и најголемиот број влекачи не можат да ја контролираат сопствената температура, па тоа го прават преку сончање или барање на засолниште. Кога е многу ладно тие може да замрзнат, па затоа се засолнуваат и хибернираат, додека пак кога е претопло тие се во опасност од прегревање и смрт, заради што исто така бараат засолниште и во екстремно топли периоди може целосно да ја намалат својата активност и да влезат во т.н. летна хибернација, односно естивација. Налето, змиите најчесто може да ги видиме само непосредно по изгрејсонце (помеѓу 05 и 07 часот), а некои безопасни видови се исто така активни на зајдисонце или дури и навечер. Змиите најчесто веднаш бегаат при средба со човек. Тие немаат изострено сетило за вид, па понекогаш може да се случи да бегаат во правецот на самиот човек, и ова може да биде збунето со напад. Отровниците, како што е поскокот најчесто се укочуваат при средба со човек. Во овој случај, слободно земете долг стап и отстранете ги од просторот.  Во Европа не постојат змии кои активно напаѓаат за одбрана на својата територија или гнездо – каснувања се случуваат исклучиво кога ненамерно ќе се приближиме (на пр. при згазнување со боса нога или земјоделски активности близу земјата или на ниски гранки каде знаат да се камуфлираат добро). Како и поголемиот дел од биодиверзитетот, така и змиите не се снаоѓаат добро во урбани средини и лесно завршуваат под тркалата на колите. Така, средбите со змии се среќаваат во делови од градот кои се блиску до природа (на пр. подножјето на Водно или приградски места) каде нема голем метеж, но човечката активност може да привлече поголем број на глодари кои се нивен оброк. „Всушност, може да се каже дека не се змиите оние кои доаѓаат во нашите градови, туку со градежната експанзија, ние навлегуваме во нивните природни живеалишта, како што е Водно. Во централните делови од градовите понекогаш може да се сретнат „водни змии“, особено покрај реки и бари. Другите змии доколку залутаат во овие делови од градот, ретко преживуваат доволно долго. „Водните змии“ се всушност смокови кои се исхрануваат со риби и водоземци и затоа не е неочекувано да се сретнат по кејот во Скопје, особено покрај градскиот парк, и се целосно безопасни, додава Арсовски. Змиите играат клучна улога во нашите екосистеми, првенствено како контрола на популациите на глодари (како што се глувците) и се екстремно корисни. Голем број змии се хранат со други змии, односно ги контролираат нивните популации. Ова е точно и за поскокот, кој често се исхранува со младите од други змии. Така убивање на змиите всушност често би значело и зголемување на популација на друг вид на змија.Нема никаков научно докажан ефект од продуктите кои се рекламираат и продаваат како средства против змии и истите може само да предизвикаат загадување на околината, така што не ги препорачуваме. Во Македонија не постои сервис за отстранување на змии, главно бидејќи едноставно не постојат видови кои се многу опасни. Инаку МЕД, ги  проучува природните популации од овие животни. Препорачуваме да го чувате вашиот двор уреден, како не би создале места кои змиите би ги користеле како засолниште, а кога се движите во природа да имате стапче и соодветни планинарски обувки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-panichete-dokolku-vidite-zmija-na-vodno-eve-kako-da-prepoznaete-dali-e-otrovna-ili-ne-vo-makedonija-lugeto-najchesto-ja-pravat-ovaa-greshka/feed/ 0
СО МЕД ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТОТ! Пречекајте го летото подготвени и задоволни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-med-protiv-tselulitot-prechekajte-go-letoto-podgotveni-i-zadovolni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-med-protiv-tselulitot-prechekajte-go-letoto-podgotveni-i-zadovolni/#respond Sun, 30 Apr 2023 14:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=829197

Многу пати се случува решенијата на многу проблеми да бидат токму во работите кои наоѓаат примена во секојдневното наше функционирање. Овој пат нема да збориме за примената на медот во исхраната и неговото влијание во креирањето на успешни козметички продукти, туку за ефектот кој го дава при справување со еден од најголемите проблеми на секоја дама – целулитот. Техника на масажата Земете помала количина на мед и нанесете на проблематичните делови и полека почнете да масирате со кружни движења во насока на движење на стрелките на часовникот. Кога ќе почнете да чувствувате пецкање, значи дека процесот на уништување на масните наслаги започнал. Остатокот од медот измијте го со топла вода. Земете поголема количина мед и овој пат масирајте поцврсто или со прстите штипкајте ја кожата. Постепено забрзувајте го процесот се до моментот кога ќе почнете да чувствувате болка. Оваа масажа не треба да трае повеќе од 10 до 15 минути. Остатокот отстранете го со мокра крпа и истуширајте се. Доколку почувствувате неподносливо пецкање, чешање или црвенило, веднаш прекинете со масажата бидејќи можно е да сте алергични на состојки од медот или едноставно вашата кожа да не го трпи ваквиот процес на антицелулитна масажа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-med-protiv-tselulitot-prechekajte-go-letoto-podgotveni-i-zadovolni/feed/ 0
Една лажичка мед секое утро ги отстранува токсините од телото https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/edna-lazhichka-med-sekoe-utro-gi-otstranuva-toksinite-od-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/edna-lazhichka-med-sekoe-utro-gi-otstranuva-toksinite-od-teloto/#respond Thu, 23 Mar 2023 21:35:04 +0000 https://kurir.mk/?p=815624

Повеќето луѓе се запознаени со здравствените придобивки од медот, секое домаќинство има барем една тегла, но што ќе постигнете ако ги следите упатствата на постарите и навистина земате по една кафена лажичка секое утро? Бидејќи се повеќе луѓе го исфрлаат белиот шеќер од нивната исхрана, популарноста на медот почна да расте. Нутриционистите советуваат да го додадете во овесната каша, но и во други здрави специјалитети. Тој е идеална алтернатива на шеќерот, а е сосема природен. Ако веќе не сте решиле да го вклучите во толкава мера во вашата исхрана, тогаш дефинитивно треба да размислувате за една кафена лажичка мед секој ден – оваа едноставна рутина има бројни придобивки за нашето тело. Редовното консумирање мед го зајакнува вашиот имунолошки систем, но ова е само едно од многуте корисни ефекти на оваа намирница. Медот ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува силата на срцето и го подобрува срцевиот ритам. Покрај тоа, го подобрува варењето и регенерацијата на ткивата и ја поддржува регенерацијата на крвните елементи. Медот има антибактериско дејство, го подобрува исфрлањето на токсичните материи од организмот, а делува и против стресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/edna-lazhichka-med-sekoe-utro-gi-otstranuva-toksinite-od-teloto/feed/ 0
Дали трудниците смеат да јадат мед? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-trudnitsite-smeat-da-jadat-med/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-trudnitsite-smeat-da-jadat-med/#respond Mon, 20 Mar 2023 11:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=814129

Според некои стручни мислења, децата под една година не треба да јадат мед. Тоа, како што се вели, може да има бактерии особено опасни за доенчињата, пренесува порталот „Вери вел фемили“ (Very Well Family). Но, тоа го повлекува прашањето - дали и трудниците не смеат да јадат мед? - За среќа, ова слатко задоволство, во повеќето случаи, е сосем безбедно за Вас и Вашето неродено дете, објаснува гинекологот Брајан Левин. Од древноста, медот се ужива како храна, но и како домашен лек за одредени болести. Причината поради којашто некои луѓе го доведуваат во прашање медот е тоа што тој понекогаш ја содржи бактеријата „Clostridium botulinum“. Таа бактерија се размножува во цревата и може да произведе невротоксини што доведуваат до ботулизам - ретка, но сериозна болест што предизвикува слабост и парализа на рацете, нозете, стомакот и дишните органи. - Сепак, овој ризик не е опасност за повеќето деца и возрасни. Децата постари од една година и здравите возрасни - вклучително и бремените жени, можат безбедно да консумираат мед, бидејќи нивниот имунолошки систем ги штити од сите бактерии што може да ги содржи медот, појасни д-р Сенди Проктер, стручњак за исхрана и професорка на Државниот универзитет во Канзас (САД). Сепак, со оглед на тоа дека секоја жена и секоја бременост е различна, се препорачува и одделна консултација со лекар во врска со јадењето мед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/dali-trudnitsite-smeat-da-jadat-med/feed/ 0
БОЈА НА КОСАТА КОЈА ОДИ СО СЕКОЈ ТЕН! Мед нијансата е најзастапена бидејќи придонесува за убавината на лицето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/boja-na-kosata-koja-odi-so-sekoj-ten-med-nijansata-e-najzastapena-bidejki-pridonesuva-za-ubavinata-na-litseto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/boja-na-kosata-koja-odi-so-sekoj-ten-med-nijansata-e-najzastapena-bidejki-pridonesuva-za-ubavinata-na-litseto/#respond Fri, 03 Mar 2023 13:40:12 +0000 https://kurir.mk/?p=807656

Доколку сакате да ја промените бојата на косата, важно е да изберете нијанса која одговара на вашето лице, советуваат светските фризери. За да не изгледате бледо или премногу темно, погледнете која боја на коса одговара на вашиот тен и што е најважно – која ќе го освежи и ќе му го даде потребниот сјај и блескавост. Чоколадна нијанса Оваа боја одговара и на темен и на светол тен, но доколку сакате да преминете од црна во оваа топла нијанса, вашиот тен ќе добие дополнителен сјај. Чоколадната нијанса спаѓа во категоријата кафена, но не е премногу темна или премногу светла. Позлатена нијанса Златните тонови изгледаат добро на сите дами, особено во летните месеци кога тенот е исончан бидејќи тогаш лицето доаѓа до израз. Доколку сте природна русокоса, ставете акцент на вашата коса или додајте топли прамени бидејќи тие визуелно ја прават вашата коса погуста. Беж-златна нијанса подобро им одговара на луѓето со поладен, поблед тон на кожа, додека килибар-златна нијанса ќе изгледа прекрасно на луѓе со потопол, жолтеникав нијанса на кожа. Мед боја Ова е боја која одговара на секој тон на кожа, поради што најмногу се користи. Нијансата на мед е обожавана поради нејзината умереност и ефектот што го има на лицето. Може да се користи како основна боја, но и како боја на прамени, а во двата случаи лицето доаѓа до израз. Разликата помеѓу оваа и позлатената нијанса е што медената боја е малку потемна. Беж нијанса Бојата на коски или пченица спаѓа во категоријата беж, а доколку имате темен тен, не плашете се да експериментирате со оваа нијанса. Покрај тоа, беж косата изгледа убаво дури и кога имате видлив израсток.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/boja-na-kosata-koja-odi-so-sekoj-ten-med-nijansata-e-najzastapena-bidejki-pridonesuva-za-ubavinata-na-litseto/feed/ 0
Сите знаеме дека медот е здрав, но знаете ли која е доволната количина? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-znaeme-deka-medot-e-zdrav-no-znaete-li-koja-e-dovolnata-kolichina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-znaeme-deka-medot-e-zdrav-no-znaete-li-koja-e-dovolnata-kolichina/#respond Thu, 12 Jan 2023 13:03:36 +0000 https://kurir.mk/?p=786479

Одамна е познато дека лажица мед на ден, со вода, чај или со јаболков оцет, ја јакне природната отпорност на организмот. Меѓутоа, не им е познато на сите дека токму таа една лажица е вистинската мера. Според истражувањата токму оваа количина мед е онаа која го крева нивото на антиоксиданси за кои се смета дека штитат од срцеви, но и од други заболувања. Истовремено, таа количина е доволна за да ја задоволи потребата за благо, што е многу важно за сите оние кои јадат многу благо. Исто така, оваа количина нема да влијае на линијата. Пресметано е дека љубителите на благо, годишно, во просек јадат околу 75 килограми слатки. За нивното здравје би било добро ако барем еден дел од нив го заменат со мед.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/site-znaeme-deka-medot-e-zdrav-no-znaete-li-koja-e-dovolnata-kolichina/feed/ 0