меден месец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 07:06:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меден месец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 4 начини за фазата на „меден месец“ во вашата врска да трае подолго https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/4-nachini-za-fazata-na-meden-mesets-vo-vashata-vrska-da-trae-podolgo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/4-nachini-za-fazata-na-meden-mesets-vo-vashata-vrska-da-trae-podolgo/#respond Mon, 14 Aug 2023 07:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=866372

Според истражувањето на психолозите, брачните парови имаат тенденција да искусат нешто што се нарекува „двегодишен наплив на страст“, ​​што е познато како „фаза на меден месец“. Ова е обично време кога привлечноста помеѓу двајца луѓе го достигнува својот врв и кога парот практично не може да се засити еден од друг. Но, дали тој период навистина трае само две години? Истражувањето на психологот Соња Љубомирски од Универзитетот Риверсајд во Калифорнија откри дека по излив на жешка страст, жешката љубов се претвора во нешто поинаква врска. Имено, има продлабочување на чувствата на наклонетост и сочувство, но недостига тоа попримарно чувство на привлечност и поврзаност, без кое страста не може да напредува. За жал, премногу парови денес имаат проблеми во врската бидејќи нивната страст изумрела. Во исто време, од незадоволителна или ретка интимност, може да се појави огорченост, или досада во врската. Тука се појавува прекумерна раздразливост, а врската може да стане тензична или плитка. Еден или двајцата партнери би можеле да го бараат она што им недостасува надвор од бракот. Со други зборови, кога страста умира, со неа умира и самото срце на врската. Добрата вест е дека е можно да се зачуваат страста и искрата во врската, а според истражувањето објавено од Your Tango, еве четири начини како фазата на меден месец да трае вечно. 1. Преиспитајте ги вашите верувања Само затоа што две години се вообичаеното време за страст во нова врска, тоа не значи дека треба да биде така. Многу парови влегуваат во врска или брак со страв дека страста ќе изумре, а тоа изгледа неизбежно. Можеби сте виделе дека искрата изгаснува кај други парови, сте читале написи или студии кои ве уверуваат дека е невозможно да се чувствувате возбудено и свежо во вашата врска како на почетокот, и затоа сте се препуштиле на верувањето дека тоа ќе ви се случи вам и на вашиот партнер. Но, како можете да знаете што ќе се случи во вашата врска? Затоа, дури и кога мислите дека страста неизбежно ќе умре, застанете и поставете си го прашањето: „Дали навистина можам да знам дали ќе биде така и кај нас?“ 2. Отстранете ги блокаторите на страста Добар начин за одржување на страста во животот е да разберете што ѝ стои на патот. Кои се навиките, вашите и на вашиот сопружник, со кои ја прекинувате огнената врска? Блокатор на страста во вашата врска може да биде и начинот на кој се договарате еден со друг, вашата преокупација со други работи или колку малку време поминувате заедно. Или, можеби нешто сосема друго. Без да покажувате со прст, погледнете искрено на вообичаените начини на кои вие и вашиот партнер комуницирате едни со други и откријте што конкретно ја намалува вашата страст. Следниот логичен чекор е да престанете да ги правите тие работи доколку сакате да научите како да направите фазата на „меден месец“ да трае подолго. 3. Повикајте повеќе страст Како што почнувате да ги отстранувате блокадите, свесно повикајте повеќе страст. Започнете со себе. Дали вашиот пристап кон животот стана рутина? Дали имате тенденција да ги правите работите на стариот и докажан начин наместо да експериментирате со нешто ново? Не треба да исфрлите се што сакате и ви е удобно од секојдневието, туку отворете ја вратата за нови искуства и излезете од вашата комфорна зона. Овие чекори можат да бидат едноставни или порадикални. Тоа може да биде преземање ризици на работа, пробување ново хоби или активност, читање книга во различен жанр или слушање музика што никогаш претходно не сте ја слушале. Поентата е да го оживеете вашиот живот и да се чувствувате свежо. Знајте дека не можете лесно да внесете повеќе страст во врската со партнерот доколку не се отворите. Донесете свесна одлука да комуницирате со вашиот партнер на начин што ја поттикнува страста. Не мора секогаш да значи физичка страст. Можете заедно да ја споделите страста за реновирање на вашата бања. Таквата страст може позитивно да влијае на вашата страст во спалната соба. 4. Кога страста „напаѓа“, искористете ја максимално Кога вие и вашиот сопружник споделувате страстен момент, препознајте го и уживајте во него. Во долготрајна врска, најверојатно нема да поминувате цел ден заедно во кревет или да се чувствувате страсно привлечени еден кон друг секоја секунда од секој ден. И тоа е сосема во ред. Но, само затоа што не чувствувате страст еден за друг во секое време – тоа не значи дека страста умира. Можеби ќе ја почувствувате страста додека се бакнувате или се држите за раце и додека заедно шетате низ паркот. Можеби ќе почувствувате страст кога ќе помислите на љубезен збор или комплимент кој партнерот ви го дал тоа утро пред работа. Осветлете ги тие моменти на страст и навистина искористете ги максимално. Разговарајте за тие моменти и тоа ќе ви ја отвори вратата тие да станат се почести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/4-nachini-za-fazata-na-meden-mesets-vo-vashata-vrska-da-trae-podolgo/feed/ 0
Македонскиот пејач се ожени во џамија – невестата промени четири венчаници, а веднаш потоа заминаа на меден месец во рајот на земјата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-pejach-se-ozeni-vo-dzamija-nevestata-promeni-chetiri-venchanici-a-vednash-potoa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-rajot-na-zemjata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-pejach-se-ozeni-vo-dzamija-nevestata-promeni-chetiri-venchanici-a-vednash-potoa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-rajot-na-zemjata-foto/#respond Mon, 14 Nov 2022 08:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=760102

Македноскиот пејач Ален Хасановиќ и ја пронајде жената на својот живот. Тој и се заколна на вечна љубов на убавата Аида Цако па сега уживаат во бракот. Шеријатската венчавка се случи во Скопје пред два месеци, а невестата на свечената церемонија во џамија промени дури четири комбинации. Белиот комбинезон и белиот фустан ги носеше пред свечениот чин, додека судбоносното „да“ пред Госпoд преубавата невеста го изговори во долг розов фустан во кој изгледаше како принцеза од бајките. Веднаш по оваа церемонија вљубените заминаа на меден месец на Малдивите, а нивната голема свадбена веселба со сите адети и обичаи ќе се случи следната година. „Размислуваме за сите детали околу свадбата, но музика се уште немаме избрано, се надевам дека и тоа наскоро ќе го решиме. Во секој случај ќе биде некој добар пејач, најверојатно некој од Македонија“, изјави младоженецот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Alen Hasanovic (@alen_hasanovic)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-pejach-se-ozeni-vo-dzamija-nevestata-promeni-chetiri-venchanici-a-vednash-potoa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-rajot-na-zemjata-foto/feed/ 0
Принцезата Дајана ова никогаш не му го простила: Тоа што го направил принцот Чарлс на нивниот меден месец засекогаш го уништил нивниот однос https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princezata-dajana-ova-nikogash-ne-mu-go-prostila-toa-shto-go-napravil-princot-charls-na-nivniot-meden-mesec-zasekogash-go-unishtil-nivniot-odnos/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princezata-dajana-ova-nikogash-ne-mu-go-prostila-toa-shto-go-napravil-princot-charls-na-nivniot-meden-mesec-zasekogash-go-unishtil-nivniot-odnos/#respond Mon, 14 Mar 2022 09:58:57 +0000 https://kurir.mk/?p=646804

И по 25 години од нејзината смрт, нејзината судбина продолжува да ја интригира јавноста, а постојано се шпекулира за деталите кои го одбележаа нејзиниот живот. Принцезата Дијана ја обожаваа сите. Важеше за храбра жена која не ги почитуваше општествените норми, беше поинаква, сите ја сакаа и им даваше голема љубов не само на синовите што ги доби со принцот Чарлс, туку и на сите луѓе кои и се восхитуваа. Меѓутоа, судејќи по тоа што се случило на почетокот на бракот со неа и Чарлс, тој во тоа време веќе бил осуден на пропаст, а се верува дека причина за тоа е принцезата Камила. Принцезата Дијана и принцот Чарлс се венчаа на 29 јули 1981 година, но свадбата како од бајките се претвори во кошмар. Срцето на Камила Паркер која беше во брак со Ендрју Паркер му припаѓаше само на принцот Чарлс и тоа беше јавна тајна. Дека ова тврдење е точно може да се заклучи и од писмото од принцот Чарлс испратено до Лорд Маунтбатен за Камила: – Претпоставувам дека чувството на празнина ќе помине еден ден. Тоа го почувствувала и Лејди Ди на нејзиниот меден месец кога пронашла фотографија од Камила со принцот Чарлс. После тоа се скарале, а тој безуспешно се обидел да го оправда овој потег. Таа се скршила, но му простила и решила да остане со него. Со текот на годините нивната врска се влошувала, а во моментот кога таа го родила нивниот втор син, настанале уште поголеми несогласувања. „Тој е момче, па дури има и црвена коса“, рекол Чарлс кога го видел вториот наследник и отишол да игра поло. Дијана била скршена од таквото однесување. Сепак, и денес по смртта на Дијана, принцот Чарлс е во брак со својата прва љубов Камила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/princezata-dajana-ova-nikogash-ne-mu-go-prostila-toa-shto-go-napravil-princot-charls-na-nivniot-meden-mesec-zasekogash-go-unishtil-nivniot-odnos/feed/ 0
ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ: Приватен остров, океан и тропска оаза – богатата наследничка сега има буквално сè! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvi-fotografii-od-medeniot-mesec-privaten-ostrov-okean-i-tropska-oaza-bogatata-naslednichka-sega-ima-bukvalno-se-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvi-fotografii-od-medeniot-mesec-privaten-ostrov-okean-i-tropska-oaza-bogatata-naslednichka-sega-ima-bukvalno-se-foto/#respond Sun, 05 Dec 2021 11:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=604287

Парис Хилтон, старлета и наследничка на ланецот хотели Хилтон, се омажи за претприемачот Картер Реум. Парис во февруари оваа година ја сподели веста за свршувачката со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, откако парот беше заедно нешто повеќе од една година. Тие двајца сега уживаат во медениот месец, а Парис преку неколку фотографии открила колку ужива во него. - Лизгајќи до рајот. Мојата внатрешна Водолија не може да се засити од овој приватен остров, океан и оваа тропска оаза – напишала Парис, а иако ниту една слика не ја покажува нејзината посилна половина, нема сомнеж дека таа е богата наследничка и дека добро се забавува.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvi-fotografii-od-medeniot-mesec-privaten-ostrov-okean-i-tropska-oaza-bogatata-naslednichka-sega-ima-bukvalno-se-foto/feed/ 0
Славната актерка на својот меден месец си го однесе и поранешниот сопруг https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavnata-akterka-na-svojot-meden-mesec-si-go-odnese-i-poraneshniot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavnata-akterka-na-svojot-meden-mesec-si-go-odnese-i-poraneshniot-soprug/#respond Thu, 10 Jan 2019 17:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=150734

Гвинет Палтроу и Крис Мартин продолжуваат со својот близок однос и после разводот. Американската оскаровка откри дека на меден месец на Малдиви отишла и со бившиот и со сегашниот сопруг, сценаристот Бред Фалчук, за кого се омажи во септември. Со нив биле и двете деца на Палтроу од бракот со фронтменот на „Колдплеј“, Епл и Мозес, како и неколку други членови на семејството. „Тоа беше многу модерен меден месец. Отидовме на Малдиви и имавме еден голем семеен меден месец за Божиќ. Беа мојот нов сопруг со неговите деца, моите деца и бивш сопруг, наши најдобри пријатели. Одлично си поминавме“, кажа Палтроу во ТВ-интервју. Таа и Мартин пријателски се разделија во 2014 година, по десет години брак. „На тој начин сакавме да ја намалиме болката на нашите деца. Тие сакаат да седат на иста маса со своите родители и се обидовме да го задржиме тоа“, кажа актерката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/slavnata-akterka-na-svojot-meden-mesec-si-go-odnese-i-poraneshniot-soprug/feed/ 0
Кога ќе видите каде замина македонскиот пејач на меден месец по свадбата ќе останете без зборови (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-kje-vidite-kade-zamina-makedonskiot-pejach-na-meden-mesec-po-svadbata-kje-ostanete-bez-zborovi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-kje-vidite-kade-zamina-makedonskiot-pejach-na-meden-mesec-po-svadbata-kje-ostanete-bez-zborovi-foto/#respond Fri, 05 Oct 2018 08:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=111014

Македонскиот пејач Филип Божиновски, кој пред неколку дена „скокна во тавче“ и се ожени со својата долгогодишна девојка Сања, сега е на меден месец во Италија. Филип јавноста најдобро го запозна по учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. На својот Инстаграм профил пејачот сподели фотографии од нивното свадбено патување. Погледнете:
 
View this post on Instagram
 
When in Rome ?❤️ . . . . . . . #hifromrome #rome #romevacation #spagnastairs #honeymoon #roma #colosseum #phanteon #enjoy

A post shared by Filip Bozinovski ? ? ? (@filipbozinovski) on

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koga-kje-vidite-kade-zamina-makedonskiot-pejach-na-meden-mesec-po-svadbata-kje-ostanete-bez-zborovi-foto/feed/ 0
Само пет дена по венчавката познатата актерка преживеа пекол на медениот месец (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/samo-pet-dena-po-venchavkata-poznatata-akterka-prezivea-pekol-na-medeniot-mesec-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/samo-pet-dena-po-venchavkata-poznatata-akterka-prezivea-pekol-na-medeniot-mesec-foto/#respond Fri, 06 Jul 2018 18:29:09 +0000 https://kurir.mk/?p=73948

Актерката Кејти Куоко позната по улогата на Пени во „The Big Bang Theory“ само пет дена по свадбата заврши на операција. Кејти имаше операција на рамото, а за тоа ги извести фановите на социјалните мрежи со објавување на фотографија од болничкиот кревет, заедно со нејзиниот сопруг, Карл Кук.
Инаку, Кејти и Карл се заедно од 2016 година, а се свршија минатата година.
Стапија во брак пред неколку дена, а актерката воодушеви со транспарентниот комбинезон кој го одбра наместо класична венчаница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/samo-pet-dena-po-venchavkata-poznatata-akterka-prezivea-pekol-na-medeniot-mesec-foto/feed/ 0
Имаа 900 гости и потрошија 400 илјади евра- кога ќе дознаете каде ќе одат Александра и Филип на меден месец ќе останете без текст https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/imaa-900-gosti-i-potroshija-400-iljadi-evra-koga-kje-doznaete-kade-kje-odat-aleksandra-i-filip-na-meden-mesec-kje-ostanete-bez-tekst/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/imaa-900-gosti-i-potroshija-400-iljadi-evra-koga-kje-doznaete-kade-kje-odat-aleksandra-i-filip-na-meden-mesec-kje-ostanete-bez-tekst/#respond Tue, 26 Jun 2018 13:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=69893

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ минатиот четврток стапија во брак пред повеќе од 900 гости. Младенците за разлика од другите парови мораше да го одложат својот меден месец. Имено пејачката има голем број на закажани настапи кои мора да ги реализира, па поради тоа не можат да заминат сега на меден месец, туку истиот ќе го пролонгираат. Кумовите Милош и Јелисавета им понудил на парот да дојдат на гости кај нив во Лос Анџелес. -На Пријовиќ и се допадна идејата, па во договор со Филип одлучиле да ја прифатат поканата. Таа и Јелисавета одлично се сложуваат па веќе имаат испланирано кои продавници ќе ги посетат и тоа нема да биде класичен меден месец, открива извор близок до пејачката. По одморот во Америка парот ќе отпатува за Малдиви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/imaa-900-gosti-i-potroshija-400-iljadi-evra-koga-kje-doznaete-kade-kje-odat-aleksandra-i-filip-na-meden-mesec-kje-ostanete-bez-tekst/feed/ 0
ФОТО: Во бикини среде јануари – Каролина Гочева објави фотографија од медениот месец https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-vo-bikini-srede-januari-karolina-gocheva-objavi-fotografija-od-medeniot-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-vo-bikini-srede-januari-karolina-gocheva-objavi-fotografija-od-medeniot-mesec/#respond Thu, 11 Jan 2018 08:44:12 +0000 http://kurir.mk/?p=9240

Поп-дивата Каролина Гочевa извесен период ужива во медениот месец, заедно со својот сопруг, посетувајќи различни дестинации. После ладната Канада, тие одлучија да отпатуваат за Тулум, Мексико. Таа и Михаил уживаат во луксузен хотел, одалечен 32 километри од Акумал. Пејачката одлучи да ги почести своите фанови со фотографија преку која ќе го долови рајот во кој ужива во моментов. Погледнете:

Dream catcher ??

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-vo-bikini-srede-januari-karolina-gocheva-objavi-fotografija-od-medeniot-mesec/feed/ 0