„Медена земја“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 10:17:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Медена земја“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кино на отворено со „Медена земја“ во Градски парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-na-otvoreno-so-medena-zemja-vo-gradski-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-na-otvoreno-so-medena-zemja-vo-gradski-park/#respond Fri, 08 Sep 2023 10:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=875990

Филмска вечер на отворено со проекцијата на „Медена земја“ ќе биде одржана вечер кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк во Скопје. Киното на отворено, што го организира Град Скопје, е можност граѓаните да уживаат во македонски филм во еден од последните викенди ова лето. Проекцијата на филмот „Медена земја“ од режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе почне во 20 часот. Бесплатната саботна филмска вечер е дел од богатата културна понуда на Градот Скопје во рамки на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-na-otvoreno-so-medena-zemja-vo-gradski-park/feed/ 0
Бесплатни проекции на „Медена земја“ и „Исцелител“ во Кинотека по повод Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplatni-proektsii-na-medena-zemja-i-istselitel-vo-kinoteka-po-povod-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplatni-proektsii-na-medena-zemja-i-istselitel-vo-kinoteka-po-povod-denot-na-nezavisnosta/#respond Mon, 04 Sep 2023 10:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=874341

Филмовите „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе имаат бесплатни проекции во Кинотеката, по повод Денот на независноста - 8 септември. Од Кинотеката најавија дека на историски ден значаен за нашата држава, ќе ги проектираат двата филма кои ја одбележаа рецентната македонска кино продукција. -Двете остварувања ги поврзуваат неколку нишки. Меѓу нив се и самите наслови. Медот впрочем, е еден вид исцелителна храна. Но тоа настрана. Најважните поврзници меѓу двата филма се: прифатеноста од публиката, речиси универзално позитивниот прием кај критиката, потврдено со многубројни награди, соопштија од Кинотека. Документарецот „Медена земја“ на фестивалот „Санденс“ под покровителство на прославениот актер и режисер Роберт Редфорд, доби три награди. -И филмот „Исцелител“ има подолга генеза на создавање. Авторот речиси една деценија осмислувал дали филмот да биде црна комедија, драма, социјална приказна. На крајот исцелител е сево ова, прецизно изрежирана кино творба, со впечатлива актерска игра, и суптилна музичка предлошка. На фестивалските проекции во различни краеви на светот, публиката со аплаузи, а критиката со пофалби го прифаќаше ова филмско остварување, се вели во соопштението на Кинотеката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplatni-proektsii-na-medena-zemja-i-istselitel-vo-kinoteka-po-povod-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
Голем повод за славење во домот на Атиџе – куќата конечно реновирана, а таа радосна го зема микрофонот и запеа (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/golem-povod-za-slavenje-vo-domot-na-atidze-kukjata-konechno-renovirana-a-taa-radosna-go-zema-mikrofonot-i-zapea-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/golem-povod-za-slavenje-vo-domot-na-atidze-kukjata-konechno-renovirana-a-taa-radosna-go-zema-mikrofonot-i-zapea-foto-video/#respond Mon, 01 Mar 2021 11:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=475412

Медената Атиџе Муратова од македонскиот документарен филм „Медена земја“ кој беше номиниран за Оскар, за многу брзо време ги освои симпатиите на македонската, но и светската публика. Таа деновиве имаше многу убав повод за славење. Имено куќата во која што живее потоплно е реновирана со помош на Сузана Турунџиева и група на хумани луѓе. Турунџиева која стана многу блиска пријателка со Атиџе во последнава година, на својот Фејсбук профил објави фотографии од новата реновирана куќа на Атиџе. - Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дудаи нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме, напиша Турунџиева. Атиџе доби и торта со илустрации од „Медена земја“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/golem-povod-za-slavenje-vo-domot-na-atidze-kukjata-konechno-renovirana-a-taa-radosna-go-zema-mikrofonot-i-zapea-foto-video/feed/ 0
Eкипата на „Медена земја“ се огласи по апелите за помош на Атиџе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-medena-zemja-se-oglasi-po-apelite-za-pomosh-na-atidze/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-medena-zemja-se-oglasi-po-apelite-za-pomosh-na-atidze/#respond Wed, 25 Nov 2020 09:48:43 +0000 https://kurir.mk/?p=434087

По тврдењата што периодов се појавија во јавноста и со коишто публиката беше неточно информирана, а притоа беa осквернавени документаристите, протагонистите, успехот на филмот и неговата голема хуманистичка идеја, екипата на „Медена земја“ го упатува следново образложение, се наведува во соопштението кое интегрално ви го пренесуваме. Документаристичкиот филмски кодекс советува дека филмските работници не треба да ги следат, соработуваат, помагаат или на каков било начин да интервенираат во животот на протагонистите. И покрај оваа практика, ние одлучивме да им помогнеме затоа што целосно се соживеавме со нив, од почетокот на идејата до најзначајните успеси на филмските фестивали. Правилата ги прекршивме со добра намера и притоа ангажиравме тим од правни и социјални работници кои нѐ советуваа како да ја реализираме помошта за Атиџе Муратова и семејството Сем. За таа цел го основавме здружението на граѓани „Бекирлија“ преку коешто досега беа спроведени следните активности за помош на протагонистите: – На Атиџе Муратова, по нејзина желба, ѝ беше купена куќа, која дополнително беше комплетно опремена (ентериер, бања, покуќнина, кревет, машини за домаќинство итн.) Обезбедени беа преку сто пакети со храна и лекови и приватни лекарски прегледи. Секоја зима беа обезбедени дрва за огрев. Се погриживме и за нејзините патувањата на фестивалите во светот: Нион (Швајцарија), Сараево (БиХ), Aјвалик (Турција), Њујорк и Холивуд (САД), на кои, покрај билетите за превоз, беа обезбедени и сместување и личен асистент. – На семејството Сем им беше подарено возило; неколкупати се правеа интервенции во куќата, со цел да им се обезбедат услови за зима; купена е покуќнина, постојано им беа праќани лекови и големо количество храна, со што ова семејство би ги задоволило условите за прехранување на подолги периоди. Дополнително беше обезбеден и компјутер, за децата непречено да ја следат онлајн-наставата оваа учебна година. – На отворената сметка за протагонистите собрани се средства, а меѓу другото, со свои издвоени средства учествуваше Владата, како и Советот на Град Скопје. – Исто така, како дополнителен проблем се јави и социјалната помош, која протагонистите ја земаат редовно. Доколку им беа исплатени други средства, тогаш, по автоматизам, социјалната помош ќе им беше укината. Затоа, од институциите чекавме да биде изработен модел за месечно исплаќање на конкретна сума, без да ја изгубат постојната социјалната помош. Со цел да не се доведува јавноста во заблуда на каков било начин, одлучивме сите досега собрани средства одеднаш да бидат префрлени на протагонистите, наместо да се најде правно решение тие да добиваат месечни надоместоци, а притоа да не биде загрозена социјалната помош што веќе ја примаат. Дополнително, здружението „Бекирлија“, како и страницата за донации, ќе бидат затворени. Би сакале да нагласиме дека Атиџе Муратова, за нејзиното учество во документарниот филм, има потпишано документ, со кој ни дава право да го користиме нејзиниот лик и дело во филм. Во документаристиката постои принцип да не им се плаќа хонорар на протагонистите, ниту да се интервенира во нивните животи. Но, ние, сочувствувајќи со нив, сепак одлучивме да им помогнеме. Горенаведените донации и активности се доказ дека тие не само што не беа заборавени од екипата туку, напротив, им беше дадена несебична помош. Екипата на филмот не заработила од милионските суми, презентирани на некои медиуми. Тие пари завршуваат кај дистрибутерите кои вложија финансии во кампањите за промоција на филмот. Всушност, кампањата за „Оскар“ чинеше повеќе од вкупната презентирана сума. Македонија и светот се полни со силни приказни што заслужуваат да бидат документирани, а ние ќе продолжиме да создаваме со несмален интензитет и посветеност. Личности како нашите протагонисти има многу, но документаристи сме малкумина. Документарниот филм е медиумот што ние знаеме добро да го работиме и длабоко веруваме дека со следните проекти на кои работиме повторно ќе ги освоиме филмските фестивали. Нашата работа како промотори на културата продолжува. На крајот, би сакале длабоко и најсрдечно да им се заблагодариме на сите медиумски куќи што од почетокот соработуваат со нас и го поддржуваат филмот. Во меѓувреме, „Медена земја“ продолжува да реди интернационални успеси, признанија и пофалби во светските медиуми, меѓу кои е и репортажата на „Њујорк тајмс“ направена со екипата на филмот и Атиџе во Бекирлија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekipata-na-medena-zemja-se-oglasi-po-apelite-za-pomosh-na-atidze/feed/ 0
Филмот „Медена Земја“ предизвикува големо внимание кај француската филмска публика и критика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-medena-zemja-predizvikuva-golemo-vnimanie-kaj-francuskata-filmska-publika-i-kritika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-medena-zemja-predizvikuva-golemo-vnimanie-kaj-francuskata-filmska-publika-i-kritika/#respond Sat, 19 Sep 2020 14:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=405605

Филмот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој од средата се прикажува во стотина француски кино сали, предизвикува големо внимание кај француската филмска публика и критика, јави дописникот на МИА. – „Атиџе е извонредна жена чии гестови на предците се последни на оваа планета. По должината на острите карпи во раскошните планини на Северна Македонија, Атиџе одгледува пчели. Со голи раце, пријателка на пчеларниците на кои им го остава својот дел од медот, задоволувајќи се со земање на половина од тоа, што таа ќе го продаде во градот за да преживее. Атиџе живее во трошна куќа без вода и струја со нејзината мајка која веќе не може да ја гледа и едвај се движи, но води мирна и среќна егзистенција“, го резимира филмот најтиражниот француски регионален весник „Уест Франс“. За „Франс Инфо“, „Медена земја“ повеќенаградуван документарен филм, е химна на традиционалното земјоделство.- Филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е особено трогателен со неговата фотографија која ја доловува убавината и неизмерноста на македонската земја. Плановите честопати се фиксини за да им се даде време на гледачите да се восхитуваат, а дијалозите – на стар локален турски дијалект – се малубројни. Кога ќе излезете од кино салата, да убавината на природата остане во вашата глава, а зуењето на пчелите во ушите.“ Има уште многу позитивни и опширни осврти на филмот, во париските национални весници „Ле Монд“, „Фигаро“, „Либерасион“ итн. Реткост е македонски филм да се најде на редовниот репертоар на француските кино сали и да има толку позитивна критика. По „Господ постои името и е Петрунија“ на Теона Митевска, сега беше ред да се прикажува и филмот на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска „Медена земја“. При проекцијата на филмот во Стразбур и Нанси беа организирани дебати. Во Стразбур во киното Стар, дебатата беше организирана од здружението Асапистра (пчеларско здружение во Стразбур) во партнерство со здружението Алма (Алзас-Северна Македонија), што даде повод за богата размена со публиката. – Го знаевме филмот „Човекот кој шепоти во увото на коњите“. Атиџе Муратова разговара и пее со пчелите. Главниот лик на документарниот филм „Медена Земја“ го зема само медот неопходен за нејзините потреби и секогаш се грижи да остави половина од тоа за нејзините штитеници затоа што знае дека пчелите зависат од нејзината егзистенција и од нејзината болна мајка. Надвор од убавината на сликите и привлечната личност на хероината, ова е лекцијата што публиката ја зема од документарецот. Човекот и припаѓа на природата и не ја предизвикуваме неказнети, пишува новинарот на Дерниер нувел д’Алзас кој ја следеше дебатата. За време на дебатата, Мишел Лиештел, потпретседател на „Асапистра“, зборуваше за „хиперпродукцијата и профитот на штета на богатството на живите суштества“. Тони Гламчевски, претседател на меѓународниот филмски фестивал во Нанси, како одговор на прашање на еден гледач појасни дека Атиџе ја игра својата улога, и сè уште живее во нејзиното село Бекирлија на високите масиви на Северна Македонија и дека се уште комуницира со своите пчели. Нејзината мајка почина за време на снимањето на документарниот филм, кој траеше три години и произведе 400 часа на снимки. – Жак Шлeф, претседател на Алма, го стави во прв план создавањето на „пат за вино и мед“ со европски фондови. Пристап одобрен од Јадранка Чаушевска Димов, амбасадор на Северна Македонија во Франција и почесен гостин на вечерта. -Главниот град Скопје е на само два часа лет од Алзас, рече Жак Шлиф, кој сака да се развие туризмот. На крај, тој забележа многу заеднички точки меѓу Македонија и Алзас, завршува весникот ДНА. Амбасадорката на Република Северна Македонија Јадранка Чаушевска Димов, за МИА истакна дека филмот „никого не остави рамнодушен“, – Филмот Медена земја плени со својата вистинитост и својата едноставност. Верувам дека ќе ги освои срцата на сите Французи. Му посакувам успех на филмот и мислам дека е добар амбасадор, одличен амбасадор кој во наредниве месеци ќе ја претставува земјава во Франција. На големиот екран уште повеќе е видлив хуманиот карактер и прекрасната личност на Атиџе, забележува Мишел Лиештел, вицепретседателот на здружението на пчеларите „Асапистра“ во изјавата за МИА: – Тоа е прадедовско пчеларство со знаења кои се во извесен дел емпириски и поврзани со големото набљудување и почит на животот. Филмот покажува дека ова пчеластрво за жал не може да се практикува кај нас, но се надевам дека може да преживее. Претседателот на „Асапистра“ Никола Харди додаде дека тоа е филм кој зборува за луѓе кои се во една земја која не е многу далеку и која не ја познаваме, и не остава рамнодушни. – Прекрасен момент со многу емоции и задоволство повторно да ја откриеме автентичната Македонија, која што ја познавам и на моменти ја живеев, со задоволство констатира Жак Шлеф, претседател на здружението Алзас-Македонија. Зоран Барбутов вршител на должноста на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа, кој учествуваше во дебатата организирана во Нанси, заедно со дописникот на МИА и МРТ, Тони Гламчевски нагласија дека претставувањето на Медена земја е значајно за културната презентација, но и за можноста француската публика да се запознае со природните убавини на земјата и со мотивите кои се презентирани со филмот. Филмот „Медена земја“, кој публиката во Нанси имаше можност да го види уште пред една година на премиерно прикажување во Франција на МФФ во Нанси, има две проекции дневно во киното „Камео“, како уште во стотина други кино сали во Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmot-medena-zemja-predizvikuva-golemo-vnimanie-kaj-francuskata-filmska-publika-i-kritika/feed/ 0
„Медена земја“ и видеообраќање на Јерговиќ во рамки на „ПРО-ЗА Балкан“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/medena-zemja-i-videoobrakjanje-na-jergovikj-vo-ramki-na-pro-za-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/medena-zemja-i-videoobrakjanje-na-jergovikj-vo-ramki-na-pro-za-balkan/#respond Thu, 17 Sep 2020 10:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=404514

Документарниот филм со извонреден меѓународен успех, „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефановски, вечер во 20 часот ќе биде прикажан во Кинотеката. Филмот е дел од дополнителната програма на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“. Веднаш по филмот, публиката ќе може да проследи видеообраќање на хрватскиот писател Миљенко Јерговиќ, кој е голем поддржувач на најуспешниот македонски документарец досега. Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ синоќа беше официјално затворен во Куршумли ан, каде се реализира во изминатите три дена. Вообичаено, третата вечер на интернационалниот литературен фестивал беше посветена на лауератот на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон книжевноста на Балканот, која годинава ја доби авторот Исмаил Кадаре. Од оправдани причини, Кадаре не можеше да дојде во Скопје, а наградата му беше испратена во Париз. Неговиот говор што го подготви за македонската публика го прочита уметничкиот директор на фестивалот, Алексндар Прокопиев, кој меѓу другото истакна: „Досега сме имале навистина големи имиња како добитници на наградата, но Кадаре е великан!“ – Награда што ја слави литературата на Балканот е многу добредојдено признание од истакнати литературни творци, на што сум горд што можам да дадам придонес. Литературата на Балканот е глобална литература, затоа што толку многу балкански автори, вклучувајќи ме и мене се читаат од превод. Уште повеќе, нашите регионални прашања се глобални прашања – каде, на пример, завршува Европа? Не станува збор за прашање на кое литературата – од Балканот или која било друга – може да одговори дефинитивно, но е прашање на кое литературата и историјата се покажале фасцинантни. Се надевам дека читателите ќе ја искористат можноста да нурнат во литературата во овие непријатни моменти. Јас, во овој деликатен контекст на сегашното време, сум многу благодарен што сум повикан да ја прифатам оваа награда, истакна Кадаре во својот говор. Писателите-гости на фестивалот, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Маја Солар, Магдалена Блажевиќ, Мухарем Баздуљ, Углеша Шајтинац, како и Дамир Каракаш преку видео ни прочитаа извадоци од нивни дела. Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е во организација на издавачката куќа „Прозарт“, а е поддржан од Министерството за култура, ТРАДУКИ, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Делегацијата на ЕУ, Град Скопје, амбасадата на Босна и Херцеговина и од Кинотеката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/medena-zemja-i-videoobrakjanje-na-jergovikj-vo-ramki-na-pro-za-balkan/feed/ 0
„Медена земја“ од денеска во француските киносали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/medena-zemja-od-deneska-vo-francuskite-kinosali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/medena-zemja-od-deneska-vo-francuskite-kinosali/#respond Wed, 16 Sep 2020 09:13:41 +0000 https://kurir.mk/?p=403912

Документарниот филм „Медена земја“ на Љубомир Костов и Тамара Котевска од денеска се прикажува во француските киносали, јави дописникот на МИА. „Медена земја“ продолжува со освојувањето на публиката во светот, по номинацијата за оскарите. Филмот од денеска се прикажува во француските киносали, што претставува вистинска реткост за еден документарен филм, со што се дава дополнително значење за самиот квалитет на филмот. „Медена земја“ и Атиџе ќе бидат откриени од француската публика, но претходно францускиот печат и филмските критичари имаа можност добро да се запознаат со нив. Францускиот печат е едногласен во своите критики – сите се позитивни и со големи пофалби за оваа „ода за природата и едноставниот живот, колку и да е тој тежок“. Двајцата македонски режисери, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, како што пишува денешен „Либерасион“, изразија желба „приказната за Атиџе да може да предизвика кај луѓето да го сменат своето гледиште, да ги потсетат на она што веќе го знаат за односот помеѓу природата и човештвото“ и целиот филм беше насочен во таа насока. Излегувањето на филмот „Медена земја“ во Франција е прилика за организирање на дебати, како таа предвидена вечерва во киното Стар во Стразбур, под покровителство на амабасадорот на Република Македонија во Франција Јадранка Чаушевска-Димов, организирана од здружение „Асапистра“ на пчеларите од Алзас, и на здружението на пријателство Алзас Македонија (АЛМА). Утревечер во Нанси во киното „Камео“ исто така е организирана филмска вечер со филмска вечер во 20 часот, проследена со едночасовна дебата организирана од МФФ во Нанси, кој прв го прикажа филмот во Франција, со учество на Зоран Барбутов вршителот на должности на постојната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур и македонскиот новинар Тони Гламчевски кој е претседател на МФФ Нанси. На овие дебати е предвидено да се зборува за самиот филм, но и воопшто за повеќе аспекти од животот и она што може да ги привлече Французите во Македонија. Доаѓањето на „Медена земја“, кој за прв пат беше премиерно прикажан во Франција на Меѓународниот Филмски Фестивал во Нанси-Франција точно пред една година, а потоа и на уште неколку други француски фестивали, е нова потврда за квалитетот на македонската кинематографија. За само една година, два македонски филма се најдоа во комерцијална експлоатација-дистрибуција во француските киносали, што е вистински подвиг, во 2019 тоа беше „Господ постои името и е Петрунија“ на Теона Митевска и сега документарниот „Медена земја“ на Љубомир Костов и Тамара Котевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/medena-zemja-od-deneska-vo-francuskite-kinosali/feed/ 0
Власта и Атиџе ја излажа, ништо од медениот живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-atidze-ja-izlaza-nishto-od-medeniot-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-atidze-ja-izlaza-nishto-od-medeniot-zivot/#respond Tue, 15 Sep 2020 15:36:15 +0000 https://kurir.mk/?p=403619

„Ѕвездата од Медена земја доби ветување за нов кров“, „Работа и професионално снимање на две песни.“, „Животот и се насмеа на Атиџе“... Вака пишуваа медиумите пред само 8 месеци за протагониската од документарецот кој беше номиниран за два оскари „Медена земја“, Атиџе Муратова. Надлежните ветуваа многу, за на крај да не исполнат ништо. Вака во кратки црти се опишува животот на веројатно последната жена во Европа кој одгледува диви пчели. До ден денешен, скромната Атиџе не стана ниту туристички водач, ниту снимаше песни, ниту пак доби нов кров на нејзината куќа. А и ветуваа брда и долини. Наместо ветената помош, тогаш власта потрча по собирање на политички поени претставувајќи се дека сакаат да и обезбедат по пристоен живот на Атиџе која како што раскажуваше животот и не бил така милослив кон неа. Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, на средба со Атиџе, порача дека Атиџе е национална хероина и најмалку што може да се направи за неа е да и се обезбедат услови за достоинствен живот. -Атиџе за сите нас е национална хероина и најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Токму поради тоа навистина сум среќен што Општина Лозово и Градоначалникот Ацо Велковски ќе се погрижат за кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија. Атиџе ти си жив пример за одржливост и ти благодариме за сите животни лекции, но најмногу за „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите. Единствено следејќи го твојот пример можеме да го зачуваме светот за генерациите кои доаѓаат после нас, напиша тогаш Петров. Слична објава имаше и тогашната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, која напиша дека е среќна што општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата во која живее Атиџе, но и дека таа е наша гордоста на која ќе и се обезбедат соодветни услови за пристоен живот. -Прекрасната Атиџе од „Медена земја“ е наша гордост и за сите нас е национална хероина. Најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Денеска имав можност лично да се запознаам и да се информирам дека таа и нејзиното семејство се корисници на повеќе права од социјалната реформа. Исто така сум среќна што Општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија. Атиџе ти си инспирација за секоја жена, пример дека може да се успее во се што се работи и при тоа да води сметка за природата. Доказ за тоа е твојата животна филозофија „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Земањето од тоа што ни го дала приридата за да се преживее, без при тоа да не се наштети и да се обезбеди одржливост е лекција којашто сите треба да ја научиме за да го сочуваме светот за идните генерации, напиша Шкријељ. Да не биде покусо и да добие бесплатен медиумски простор, да се фотографира со Атиџе од Медена земја потрча и министерот без ресор за привлекување на странски инвестиции Елвис Хасан, кој поминал дури 36 километри пешки за да се сретне со неа. -Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7 часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата, пиша Хасан на својата фејсбук страна. И министерката за финансии Нина Ангеловска, се јави и потрча да каже нешто за скромната Атиџе, а на својата фирма Групер објави пакет аражман во вредност од 1899 денари кој вклучува пешачка тура по патот на Атиџе Муратова, последната жена во Европа која одгледува диви пчели. Ветувањата паднаа во вода. Јавноста реагира на ваквото поигрување со човечки судбини, сметајќи дека поигрувањето на човечки судбини е срамно, ниско и недозволиво, поготово кога станува збро за политички цели и собирање на политички поени. Се чини, дека проблемите на Атиџе не се само неисполнетите ветувања, пред само четири дена истата таа Атиџе со која потрчаа да се фотографираат ветувајќи и живот со солзи во очите побара помош бидејќи, како што изјави, стравува за сопствениот живот од својот насилен сосед. И останатите ликови во документарецот Медена земја останаа заборавени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-i-atidze-ja-izlaza-nishto-od-medeniot-zivot/feed/ 0
Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот, вели уплашена низ солзи Атиџе, чии проблеми со соседот кулминираа https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lugje-pomognete-mi-se-plasham-za-svojot-zivot-veli-uplashena-niz-solzi-atidze-chii-problemi-so-sosedot-kulminiraa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lugje-pomognete-mi-se-plasham-za-svojot-zivot-veli-uplashena-niz-solzi-atidze-chii-problemi-so-sosedot-kulminiraa/#respond Fri, 11 Sep 2020 10:02:46 +0000 https://kurir.mk/?p=401961

Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Вака низ солзи по телефон ни рече хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, која со години има проблем со соседот, кој со семејството исто така се појавува во документарецот. Неколку пати до сега низ разговор Атиџе раскажала дека има проблеми со него, но поради неговите деца не сакала конкретно ништо да превземе. Но, овој пат, како што вели за mms.mk, веќе не може да издржи бидејки се плаши за сопствениот живот и мора да ја каже маката сега, додека не е предоцна. -Јас сум во Бекирлија, заедно со брат ми, кој е болен, и само соседот е тука. Нема никој друг. Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејки ми е страв од него. Колку е постар толку е по невозможно веќе да се комуницира со него. Сите викаат не е нормален ама не може тоа така. Ми го бутна ѕидот кај што ја чувам кравата, за да ми избега. Па ако избега кравата јас со кои пари после пак ке купам крава. Му реков зошто го правиш ова. А тј кога скокна накај мене да ми се дере, јас се уплашив многу. Еден ден ќе ме убие и никому ништо. Се јавив во полиција во Свети Николе и тие ми викаат дојди тука. Абе како да дојдам, тие ме прашуваат ли мене дали имам пари да отидам од Бекирлија до таму. И уште знаеш што ми рече полицајката: Вие сте Турци, како брат и сестра,ќе се смирите. Ако така ми вика како јас да објаснам дека ми е страв од него, дека не е прв пат. Сум го пријавувала досега многу пати но, полицијата ќе дојде, ќе го опомене и толку. Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне, бидејќи не се живее веќе вака. Луѓе ми викаат остави го не е со сите. Епа ајде и јас да извадам документ дека не сум со сите и да ги малтретирам лугето. Од ден на ден се полош и полош, ни раскажа Атиџе низ солзи. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lugje-pomognete-mi-se-plasham-za-svojot-zivot-veli-uplashena-niz-solzi-atidze-chii-problemi-so-sosedot-kulminiraa/feed/ 0
Атиџе ќе ве освои со „Покрај река Брегалница“: Медената ја сними својата прва песна https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/atidze-kje-ve-osvoi-so-pokraj-reka-bregalnica-medenata-ja-snimi-svojata-prva-pesna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/atidze-kje-ve-osvoi-so-pokraj-reka-bregalnica-medenata-ja-snimi-svojata-prva-pesna/#respond Mon, 06 Jul 2020 14:02:49 +0000 https://kurir.mk/?p=370019

Медената Атиџе Муратова, која не го криеше својот талент за пеење во документарецот „Медена земја“, влезе во музичко студио. Првата песна ќе се вика „Покрај река Брегалница“. Кинематограферот Самир Љума на својот Твитер профил сподели фотографија од Атиџе како пее. Освен во македонскиот документарен филм кој се натпреваруваше за два Oскари, Атиџе ја покажа својата љубов кон музиката и на овогодишното издание на Златна Бубамара кога на сцената запеа, а публиката ја поздрави со неколкуминутен громогласен аплауз. Првата студиска песна таа сакала да ја испее на Oскарите, доколку документарецот го добиеше највисокото признание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/atidze-kje-ve-osvoi-so-pokraj-reka-bregalnica-medenata-ja-snimi-svojata-prva-pesna/feed/ 0