медицина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Oct 2022 10:17:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Добитник на Нобеловата награда за медицина е шведскиот генетичар Пабо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-medicina-e-shvedskiot-genetichar-pabo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-medicina-e-shvedskiot-genetichar-pabo/#respond Mon, 03 Oct 2022 10:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=740343

Добитник на Нобеловата награда за медицина годинава е шведскиот генетичар Сванте Пабо, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција. Со своето пионерско истражување Пабо постигна нешто навидум невозможно: секвенционирање на геномот на неандерталецот. Тој го направи и сензационалното откритие на непознатиот Денисов хоминин. Пабо, исто така открил дека се случил трансфер на гени од овие сега изумрени хоминини до Хомо сапиенс по миграцијата од Африка пред околу 70.000 години. Древниот на гени до денешниот човек има физиолошка важност на пример, влијае на тоа како нашиот имунолошки систем реагира на инфекции. Неговото истражување создаде целосно нова научна дисциплина – палеогеномика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-medicina-e-shvedskiot-genetichar-pabo/feed/ 0
КОРОНАВИРУСОТ на медицината познат и е уште од 1971 година (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koronavirusot-na-medicinata-poznat-i-e-ushte-od-1971-godina-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koronavirusot-na-medicinata-poznat-i-e-ushte-od-1971-godina-foto/#respond Sat, 14 Mar 2020 21:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=316542

Ова е учебник по ветеринарна медицина издаден во Бугарија во 1978 година. Толку за тврдењата дека корона е непознат вирус. Во друг еден запис, односно книга која што се споделува на социјалните мрежи, коронавирусот на медицината познат му е уште од 1971 година и истиот е запишан како обична настинка.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koronavirusot-na-medicinata-poznat-i-e-ushte-od-1971-godina-foto/feed/ 0
Медицински јаглен – најмоќен чистач на организмот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/medicinski-jaglen-najmokjen-chistach-na-organizmot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/medicinski-jaglen-najmokjen-chistach-na-organizmot/#respond Thu, 18 Oct 2018 10:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=116685

Праксата на чистење на организмот со активен јаглен не е нешто што настанало во модерното време, туку тоа постои како практика уште од времето на древниот Исток. Активниот јаглен е многу моќен 100 % алкален чистач. Неговиот негативен јонски набој има способност да привлекува позитивно јонски честички, ги врзува за себе и потоа заедно со своите честички ги исфрлува надвор од нашето тело. Тој претставува моќна супстанца која помага во лечење на многу болести на цревата, вклучувајќи го и дебелото црево. Особено од голема корист е во отстранување на надуеноста, гасовите и елиминирање на непријатниот мирис предизвикан од лошото варење на храната. Тој исто така, помага и за многу желудочни проблеми. Овој црн прав ги заробува токсините во својата структура и буквално ги отфрла од нашето тело низ дебелото црево. Се употребува и за намалување на болките во стомакот и за симптоми на стомачен вирус. Тој се смета и за безопасно средство за белење на забите. Се користи едноставно, како сода бикарбона, со таа разлика што оваа метода не предизвикува оштетување на забите. Миењето на забите со активен јаглен го отстранува и лошиот здив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/medicinski-jaglen-najmokjen-chistach-na-organizmot/feed/ 0
Специјализантите до Заев: Плата мора да има за сите приватни специјализанти, друга опција не прифаќаме! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/specijalizantite-do-zaev-plata-mora-da-ima-za-site-privatni-specijalizanti-druga-opcija-ne-prifakjame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/specijalizantite-do-zaev-plata-mora-da-ima-za-site-privatni-specijalizanti-druga-opcija-ne-prifakjame/#respond Wed, 09 May 2018 11:36:44 +0000 https://kurir.mk/?p=52027

Генерацијата приватни специјализанти писмено му се обратија на премиерот Зоран заев посочувајќи му дека нивниот статус мора да биде решен особено во време кога бројни доктори ја напуштаат државата. Во јавноста веќе подолго време се пласираат инфорамации околу решавање на економскиот статус на специјализантите. -Ова прашање е особено сензитивно сега, во време кога се повеќе млади доктори ја напуштаат државата во потрага по вреднувањето кое го заслужуваат. Но, и покрај недостатоците на нашиот систем, сé уште има млади ентузијасти кои сакаат да останат во својата земја и својот професионален пат да го продолжат во Македонија.  Минималните трошоци, кои секој специјализант ги покрива за една приватна специјализација чинат помеѓу 8000 и 13.600 евра. Специјализациите во просек траат 5 години за време на кои дипломиран доктор специјализант не прима никаков паричен надоместок за својата работа. Но дали Министерството за здравство вистински се труди да не задржи дома или повторно се повторуваат грешките од минатото за деградација и фрустрација на иднината на медицината на Македонија?  Имено, на седницата на собранието официјално од страна на министерот за здравтсво доц. д-р Венко Филипче беше соопштено: “Го исполнивме ветувањето и за исплата на приватните специјализанти. Сите оние кои досега работеа за беспари, за месец март ќе бидат исплатени со просечна плата на здравствен работник”. Според ова, исплатата на плати би требало да важи за сите приватни специјализанти, се наведува во дописот на специјализантите до Заев. Од министерството за здравство и министерот Филипче, специјализантите добиле информации дека една третина од околу сто доктори на приватни специјализација неправедно се исклучени од земањето на плата. -Имено, долгоочекуваното решение за овој горлив проблем за специјализантите од страна на Министерството е исплата на плати само за селектиран број на приватни специјализанти. Се наметнува прашањето, кои се докторите кои ќе земат плата? За исти потпишани договори различно се вреднува трудот на докторите кои приватно специјализираат под исти услови на Клиниките и Институтите во Скопје. Цела генерација од речиси 100 доктори е изоставена од ова право на исплата на плата за вложениот труд на Клиниките. Форсирањето за исплата на парични средства само за одредена група доктори е дискриминаторско. Ваквото решение претставува девалвација на трудот и личноста на докторите кои решиле останат во татковината!  И покрај остварените спредби со Министерот и работната група во Министерството со цел изнаоѓање на конструктивно решение за сите приватни специјализанти,  оттаму не нудат конкретно решение на овој проблем. Вреднувањето само на одделни доктори на приватна специјализација е комплетно неправедно и би можело да служи како понатамошен поттик за продолжување на својата кариера во земји каде што истите ќе бидат вистински ценети. Плата мора да има за сите приватни специјализанти... Друга опција не прифаќаме! Во име на онеправданите приватни специјализанти, но најмногу во името на правдата, ВЕ МОЛИМЕ, да ја искористите Вашата позиција и да овозможете правичност и еднаквост за сите доктори на приватна специјализација. Сé што бараме е уште една можност за да се исправат грешките и да ставите крај на деградацијата на докторската фела, пишува во дописот потпишан во името на генерацијата приватни специјализанти март 2018.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/specijalizantite-do-zaev-plata-mora-da-ima-za-site-privatni-specijalizanti-druga-opcija-ne-prifakjame/feed/ 0
Недостасуваат специјалисти, а тој по медицинска биохемија распределен како диспечер во Итна помош  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedostasuvaat-specijalisti-a-toj-po-medicinska-biohemija-raspredelen-kako-dispecher-vo-itna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedostasuvaat-specijalisti-a-toj-po-medicinska-biohemija-raspredelen-kako-dispecher-vo-itna-pomosh/#respond Sat, 31 Mar 2018 10:25:53 +0000 https://kurir.mk/?p=34733

Тројца лекари кои завршиле специјализација по медицинска биохемија, кадар кој го нема во поликлиниките, наместо да бидат распоредени во лабораториите тие се преместени во службата за итна помош. Едниот е на работно место диспечер, друг оди на терен во домашна посета или итна помош, третиот е прераспределен во ноќна служба или на дежурства во поликлиника Чаир. Практично од  десетина организациони единици на Здравствен дом Скопје во само една од нив има доктор специјалист по медицинска биохемија и тое е во Ѓорче Петров, а во останатите работат само биохемичари. Во здравствената установа во Ченто, која покрива четири општини Гази Баба, Илинден, Петровец и Арачиново,  кои имаат околу 120 илјади жители пак нема ниту биохемичари. Таму работи биолог, па дел од испитувањата воопшто не се реализираат. Специјализантите  откако ќе ги завршат сите турнуси од специјализацијата, на крај полагаат специјалистички испит. Но, на истите не им се плаќа испитот, а тоа е обврска бидејќи станува збор за специјализанти финансирани од државата. Тоа значи дека со ова свесно им се одолговлекува специјализацијата, односно завршувањето на дошколувањето. Тоа е особено значајно затоа што во здравството има дефицит од кадри во речиси сите области.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedostasuvaat-specijalisti-a-toj-po-medicinska-biohemija-raspredelen-kako-dispecher-vo-itna-pomosh/feed/ 0