медицинска опрема – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 18:54:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицинска опрема – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-meditsinska-oprema-za-vtoroligashkite-klubovi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-meditsinska-oprema-za-vtoroligashkite-klubovi/#respond Thu, 02 Nov 2023 18:54:02 +0000 https://kurir.mk/?p=895923

Дефибрилатори за сите шеснаесет екипи од Втората лига донираше денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите и зголемена грижа за здравјето на фудбалерите. Срцевиот удар е меѓу главните причини за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош, како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор, можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми. -ФФМ навистина прави големи напори за снабдување на сите национални тимови со медицинска опрема и апаратура, но, исто така, посветува внимание и дава помош во опрема и медицински апарати и за екипите од МФЛ, вклучувајќи го и женскиот фудбал и футсалот, изјави д-р Невзат Јусуфи, претседавач на Комисија за медицина и антидопинг во ФФМ. Минатата сезона ФФМ на клубовите од Првата македонска фудбалска лига им донираше автоматизирани дефибрилатори, а нивните лекарски тимови ги следеа едукативните програми за реанимација и употреба на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите. -За нас, исто така, е многу важно што освен донацијата со медицинска опрема, како тело во Федерацијата кое се грижи за здравјето и медицината, континуирано одржуваме едукација на физиотерапевтите и лекарите ангажирани во клубовите и во репрезентативните тимови. Оваа година го одржавме и важниот семинар за лиценцирање на лекарите и физиотерапевтите во МФЛ под покровителство на УЕФА, додаде Јусуфи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-meditsinska-oprema-za-vtoroligashkite-klubovi/feed/ 0
Албанија: Скандал со концесија за стерилизација на медицинска опрема, државата оштетена за 100 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-skandal-so-kontsesija-za-sterilizatsija-na-meditsinska-oprema-drzhavata-oshtetena-za-100-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-skandal-so-kontsesija-za-sterilizatsija-na-meditsinska-oprema-drzhavata-oshtetena-za-100-milioni-evra/#respond Fri, 18 Aug 2023 10:14:17 +0000 https://kurir.mk/?p=868331

По две и пол годишна истрага спроведена од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, откриен е нов скандал, овој пат со давањето концесија за стерилизација на медицински средства, која била доделена спротивно на законот. -СПАК потпиша осум налози за апсење на поранешни функционери вмешани во аферата во вредност од 100 милиони евра. Изречена му е мерка „затворски притвор“ на поранешниот заменик - министер за здравство Клодијан Рјепај, обвинет за злоупотреба на службената положба и бизнисменот Илир Рапајн обвинет за „измама со тешки последици“ за концесијата за стерилизација. На дел од осомничени изречена им е мерка домашен притвор, додека на двајца секојдневно јавување во полиција, објавија албанските медиуми. Во образложението на Специјалниот суд за организирн криминал и корупција се наведува дека одлуката за затворски притвор на прво осомничените е поради можноста од нивно бегство. -Судот смета дека постои ризик лицата под истрага Илир Рапај и Клодијан Репај да ја напуштат земјата избегнувајќи ја правдата. Вреди да се спомене фактот дека овие лица најчесто престојувале во странство според ТИМС системот отколку во Албанија. Тие имаат големи финансиски можности, лесно можат да ја напуштат албанската територија и да живеат во странство. Во овие околности, ризикот од заминување и избегнување на правдата е исклучително голем, поради тоа одредена им е мерка затворски притвор, стои во образложението на судот. Во СПАК повикани се и двајца поранешни министри, за здравство и за финансии, за кои, според медиумите не се исклучува можноста и тие да биле вмешани во ова. Досието за стерилизација во текот на 2019 година го пријави „Нисма Турје“, од каде беше потенцирано дека договорот за стерилизација на хируршка опрема со Јавното приватно партнерство, потпишан во 2015 година меѓу поранешниот министер за здравство Илир Беќај и концесионерската компанија „Сани Сревице“ и нанел економска штета на државата. Ревизијата утврдила дека опремата во вредност од 100 милиони евра купена од албанската Влада е дадена на концесионерот бесплатно и без никаква одредба во договорот. За ова дело во кривичниот законик на земјата предвидена е затворска казна од 7 до 10 години. Премиерот Еди Рама ја поздрави работата на Специјалното обвинителство и Судот за изведување пред лицето на правдата поранешни функционери обвинети за злоупотреба на службената положба и измама во случајот со концесијата за стерилизација. Преку порака на Твитер, Рама случајот го смета за успех на Владата, бидејќи токму Социјалистичката партија, според него, ја иницирала реформата во правосудството. Од друга страна, за овој скандал, кој е последователен, по оној со инсенераторите за согорување на отпад, за што во притвор се и поранешни градоначалници од редовите на Социјалистичката партија, опозицијата за главен винивник го посочува токму Рама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-skandal-so-kontsesija-za-sterilizatsija-na-meditsinska-oprema-drzhavata-oshtetena-za-100-milioni-evra/feed/ 0
Медицинска опрема вредна над 61 илјада евра донација од Турција за тетовската клиничка болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medicinska-oprema-vredna-nad-61-iljada-evra-donacija-od-turcija-za-tetovskata-klinichka-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medicinska-oprema-vredna-nad-61-iljada-evra-donacija-od-turcija-za-tetovskata-klinichka-bolnica/#respond Wed, 09 Nov 2022 12:32:10 +0000 https://kurir.mk/?p=757936

Клиничката болница во Тетово доби донација медицинска опрема во вредност од три милиони и 700 илјади денари од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Програмскиот координатор на ТИКА Халим Омер Согут денеска опремата ја предаде на раководството на болницата. -ТИКА има спроведено околу 30 проекти во здравствениот сектор во различни градови од Северна Македонија. Со обезбедената медицинска опрема зголемен е капацитетот на Одделот за торакална хирургија која обезбедува услуги за Тетово и околните области. Се надеваме дека нашиот проект ќе придонесе за подобрување на здравствената инфраструктура на Северна Македонија, изјави Халим Омер Согут. Одделот за торакална хирургија доби опрема која се состои од инфузиона пумпа, флексибилен бронхоскоп, подвижен апарат за ЕХО, инфузомат, перфузор, аспиратор за операциона сала, три мали аспиратори, два апарати за торакална дренажа. – Во вакви услови и околности во општа економска криза ова е мошне важен напор и од страна на турскиот народ и од страна на раководството на ТИКА да ни дадат ваков вид на поддршка во вид на опрема за нашата Клиничка болница. Со овој чекор, но и со поддршка на Министеството за здравство се надеваме дека ќе бидеме чекор по чекор да го подигнеме нивото на давање на здраствени услуги во нашата установа, изјави Амир Елези, директор на Клиничка болница Тетово. И министерот за здравство Беким Сали истакна дека опремата е значачајна инвестиција за зајакнување на одделот за торакална хирургија. – Воедно и за унапредување на здравствената услуга за пациентите во оваа болница која обезбедува услуги за над 150 илјади во северозападен регион. Болницата во изминатиот период доби монитори за одделение за интензивна нега, нови апарати за ЕХО дијагностика, опрема за офтамологија и инициравме проширување на дејноста на болницата за вршење на специјалистичко-консултативна од областа на торакалната хирургија, изјави Беким Сали. Во иднина Одделот за тораклна хирургија треба почне да функционира во новипростории на вториот кат од новиот Дијагностичко-ургетен центар во кругот на болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medicinska-oprema-vredna-nad-61-iljada-evra-donacija-od-turcija-za-tetovskata-klinichka-bolnica/feed/ 0
Примопредавање на јапонска донација во опрема за јавните здравствени установи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primopredavanje-na-japonska-donacija-vo-oprema-za-javnite-zdravstveni-ustanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primopredavanje-na-japonska-donacija-vo-oprema-za-javnite-zdravstveni-ustanovi/#respond Mon, 14 Mar 2022 13:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=647024

Министерот за здравство, Беким Сали заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, денеска ги посетија Хируршките клиники по повод примопредавањето нова опрема од социо-економскиот грант од Амбасадата на Јапонија. – Со овој настан, ја заокружуваме првата фаза од социо-економскиот гранд за медицинска опрема во вредност од 813 илјади евра. Ова е програма создадена од јапонската влада наменета за помош за пријателските земји. Поконкретно, станува збор за опрема наменета за третман на пост-ковид пациенти, која се состои од дефибрилатори, електро-кардиограми, анализатори за крв, централни монитори, мобилни рендген апарати, медицински фрижидери и мобилни ехо апарати. Оваа опрема е наменета за дел од универзитетските клиники и тоа Инфективната клиника, КАРИЛ и ГОБ „8 Септември“, соопшти министерот за здравство Сали. Тој посочи дека дел од опремата е веќе инсталирана и ставена во употреба во КАРИЛ и во Инфективната клиника, каде се третираат пациенти со специфична и комплексна пост ковид состојба. А до крајот на годината треба да пристигне и другата опрема која ќе биде инсталирана на другите клиники. – Во следниот период очекуваме да пристигнат три дефибрилатори за КАРИЛ, Инфективна клиника и ГОБ „8 Септември“, како и два мобилни ехо апарати за КАРИЛ и Клиниката за кардиологија, информира Сали. Тој упати благодарност до јапонската амбасада, како и лично до амбасадор на Јапонија, за нивната несебична помош и заложба за унапредување на условите во јавни здравствените установи. – Токму како резултат на успешната соработка со јапонската Влада изминатите три години се вложени повеќе од милион евра за нова опрема во јавни здравствените установи низ државата. Тоа претставува значително зајакнување на капацитетите на установите со нова најсовремена медицинска опрема како и, подигнување на квалитетот на здравствената заштита на повисоко ниво, рече Сали, кој истакна дека само заедно можеме да излеземе од ковид-кризата. Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ истакна дека јапонскиот гранд е уште доказ за успешната и пријателска соработка меѓу Јапонија и Република Северна Македонија. – Набавената медицинска опрема за клиниките од „Мајка Тереза“ и за ГОБ „8 Септември“ во износ од 813 илјади евра, носи директен бенефит за нашата земја и граѓаните, како помош за зајакнување на нашиот здравствен систем и унапредување на здравствените услуги кон нашите граѓани. Пандемијата со КОВИД-19 ја промени глобалната слика на светот, наметна нови правила и потврди дека блиската соработка меѓу земјите е единствениот начин за справување со глобалните предизвици, рече Маричиќ. Тој потенцира дека Јапонија е наш традиционален поддржувач уште од осамостојувањето на државата. – Јапонија е секогаш покрај нас кога ни е потребна помош, како што беше мигрантската криза, кога ни обезбеди 4,7 милиони евра, поплавите во Скопје во 2017 година, кога донираше опрема, како и сега во услови на пандемија. Преведено во средстава, тоа би значело вкупно околу 421 милион евра, пари на даночните обврзници на Јапонија, кои се имплементирани преку финансирање на разни проекти за подобрување на животот на нашите граѓани, рече Маричиќ, кој упати благодарност до Амбасадата на Јапонија, до јапонската Влада и особено до јапонскиот амбасадор во нашата земја Хиронори Савада. Јапонскиот амбасадор, говорејќи на македонски јазик, истакна дека му претставува голема чест што присуствува на церемонијата на која тој ја предава донацијата, со која се зајакнува пријателството меѓу двете држави. – Јапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да обезбеди подобри услови на граѓаните. Се надевам дека светот што побрзо ќе ја надмине пандемијата и нашите земји ќе имаат посилно партнерство на различни полиња, изјави јапонскиот амбасадор Савада, кој се заблагодари за организацијата на церемонијата за примопредавање на јапонската помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/primopredavanje-na-japonska-donacija-vo-oprema-za-javnite-zdravstveni-ustanovi/feed/ 0
Филипс повлекува дел од респираторите, штетни се по здравјето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filips-povlekuva-del-od-respiratorite-shtetni-se-po-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filips-povlekuva-del-od-respiratorite-shtetni-se-po-zdravjeto/#respond Mon, 14 Jun 2021 12:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=523222

Произведувачот на медицинска опрема Филипс објави дека ќе повлече дел од респираторите поради опасност од распаѓање и активирање на ситни, токсични честички кои можат да предизвикаат рак. Се работи за проблеми во делот од распираторите кој се користи за пригушување на звукот на уредот, при што токсичните честички лесно можат да се движат и да ги надразнат дишните патишта. Компанијата ќе повлече меѓу три и четири милиони респиратори и машини за асистенција при дишење, изјавил изршниот директор на Филипс, Франс ван Хоутен. Филипс во извештајот на својата работа во првото тромесечје објави дека за решение на овој проблем се издвоени 250 милиони евра, а сега компанијата соопшти дека ќе издвои уште толку. Од компанијата нагласија дека нема да опслужуваат нови купувачи, туку во следната една година ќе работат на замена и поправање на овие уреди. Ројтерс јавува дека околу две третини од овие уреди се продадени во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filips-povlekuva-del-od-respiratorite-shtetni-se-po-zdravjeto/feed/ 0
УСЈЕ донираше медицинска опрема и апарати во јавното здравство во вредност од 100.000 евра https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/usje-donirashe-medicinska-oprema-i-aparati-vo-javnoto-zdravstvo-vo-vrednost-od-100-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/usje-donirashe-medicinska-oprema-i-aparati-vo-javnoto-zdravstvo-vo-vrednost-od-100-000-evra/#respond Fri, 04 Jun 2021 09:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=518910

Од почетокот на здравствената криза предизвикана од Ковид 19 вирусот, Цементарница УСЈЕ во континуитет му дава поддршка на јавното здравство и досега реализирани се донации во вкупна вредност од околу 100.000 евра. Во рамките на овие донации УСЈЕ донираше апарат за анализа на крв од капилари за новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, со што ќе се подобри третманот на новороденчињата кои се раѓаат на оваа клиника. Покрај ова, донирана е и медицинска опрема со што му се дава конкретна поддршка на медицинскиот персонал кој работи посветено и во постојните услови на пандемија. Компанијата целосно ја реновираше и заедничката службена просторија на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнително, УСЈЕ донираше и медицинска опрема и апарати и за Министерството за здравство, ГОБ 8-ми Септември, Универзитетската клиника за инфективни болести – Скопје, Универзитетската клиника за дерматовенерологија - Скопје, Универзитетската клиника за токсикологија - Скопје и за Специјалната болница за геријатрија и палијативна медицина. Со овие донации компанијата му дава директна поддршка на медицинскиот персонал и на јавниот здравствен систем за непречено и безбедно работење во услови на пандемија, а преку дел од донациите се овозможува и подобрување на условите за лечење на пациентите. Како општествено одговорна компанија, УСЈЕ од почеток на здравствената криза континуирано ја следи ситуацијата и им ја понуди својата поддршка на релевантните институции. Во услови на пандемија од исклучителна важност е заеднички да му се даде поддршка на јавното здравство и на целокупниот медицински персонал. Во рамките на компанијата, УСЈЕ ги презема сите потребни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид 19, а во целост ги имплементира и сите досегашни мерки. И во следниот период компанијата останува конструктивен партнер на заедницата во напорите за ограничување на пандемијата и намалување на несаканите последици по здравјето на луѓето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/usje-donirashe-medicinska-oprema-i-aparati-vo-javnoto-zdravstvo-vo-vrednost-od-100-000-evra/feed/ 0
Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-protiv-poraneshniot-francuski-premier-i-ministri-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-protiv-poraneshniot-francuski-premier-i-ministri-poradi-kovid-19/#respond Sat, 04 Jul 2020 07:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=368753

Неколку часа откако сега веќе поранешниот француски премиер Едуар Филип поднесе оставка, судот во Франција покрена истрага за тоа како Владата постапила во ситуацијата со пандемија на новиот коронавирус. Заедно со Филип, под истрага се и поранешната министерка за здравство Ањес Бизин и нејзиниот наследник Оливие Веран, изјави јавниот обвинител Франсоа Молен. Француската Влада се соочуваше со критики поради недостигот на медицинска опрема за време на пандемијата. Од почетокот на епидемијата, во Франција од коронавирус се заразени 202.673 лица, а починале 29.875 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-protiv-poraneshniot-francuski-premier-i-ministri-poradi-kovid-19/feed/ 0
Трамп најави самостојно производство на поголеми количества медицинска опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-samostojno-proizvodstvo-na-pogolemi-kolichestva-medicinska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-samostojno-proizvodstvo-na-pogolemi-kolichestva-medicinska-oprema/#respond Fri, 15 May 2020 06:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=346064

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД сами ќе произведат големи количества од респиратори, заштитни маски и друга медицинска опрема во случај на идни закани по здравјето. За време на посетата на Центарот за дистрибуција на медицинска опрема во Пенсилванија Трамп кажа администрацијата нарачала речиси 200.000 респиратори и 800.000 заштитни маски N95, јавуваат американските медиуми. Трамп соопшти дека негова цел е Америка сама да произведе се што и е потребно, а потоа и да извезува опрема, вклучувајќи и лекови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-najavi-samostojno-proizvodstvo-na-pogolemi-kolichestva-medicinska-oprema/feed/ 0
80 земји го ограничија извозот на заштитни маски и медицинска опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/80-zemji-go-ogranichija-izvozot-na-zashtitni-maski-i-medicinska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/80-zemji-go-ogranichija-izvozot-na-zashtitni-maski-i-medicinska-oprema/#respond Fri, 24 Apr 2020 10:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=336624

Осумдесет земји и царински подрачја го забранија или ограничија извозот на заштитни маски, средства, ракавици и друга опрема, со цел да се намали недостигот за време на епидемијата ка коронавирусот, соопшти Светската трговска организација (СТО). Забраната ја воведоа 72 членки на СТО и осум земји кои не се членки на организацијата, а само 13 држави членки известиле за мерките согласно прописите, наведува СТО. Нетранспарентноста во однос на ограничувањата и недоволната соработка на меѓународно ниво би можеле да ги загрозат напорите за спречување на ширењето на Ковид-19, од кој се заразени 2,64 милиони луѓе низ светот, а 184.910 починаа, предупредува СТО. Според организацијата, иако ограничувањето на извозот е разбирливо, сепак се заканува опасност за земјите кои зависат од увозот, да загубат пристап до неопходните медицински производи]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/80-zemji-go-ogranichija-izvozot-na-zashtitni-maski-i-medicinska-oprema/feed/ 0
Заштитна опрема украдена од Клиничкиот центар во Љубљана се продавала на интернет https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zashtitna-oprema-ukradena-od-klinichkiot-centar-vo-ljubljana-se-prodavala-na-internet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zashtitna-oprema-ukradena-od-klinichkiot-centar-vo-ljubljana-se-prodavala-na-internet/#respond Wed, 22 Apr 2020 13:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=335614

Медицински одела, заштитни маски и средства за дезинфекција кои биле крадени од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана се продавале на интернет, јави Телевизија Словенија. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, полицијата приведе две лица за кои има сомневање дека ги ограбувале складиштата на медицинскиот центар. Веднаш бил направен и претрес во нивните домови, а локалните медиуми објавуваат дека во целата криминална мрежа се вплеткани и вработени во болницата. Овие кражби според информации на управата на Клиничкиот центар најверојатно траеле веќе неколку недели, а вработените се посомневале во тоа бидејќи резервите од заштитни материјали се трошеле побрзо од предвидувањето на надлежните. Во меѓувреме Владата го разреши и директорот за стоковни резерви кој е во самоизолација поради коронавирусот, по обвинувањата на опозицијата за неправилности и скандалите кои ја пратеа набавката на заштитни маски за потребните на Словенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zashtitna-oprema-ukradena-od-klinichkiot-centar-vo-ljubljana-se-prodavala-na-internet/feed/ 0