медицинска помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Apr 2021 06:11:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицинска помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПО ГОЛЕМИОТ БРОЈ НОВОЗАБОЛЕНИ: Германија ќе испрати медицинска помош во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-golemiot-broj-novozaboleni-germanija-kje-isprati-medicinska-pomosh-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-golemiot-broj-novozaboleni-germanija-kje-isprati-medicinska-pomosh-vo-indija/#respond Mon, 26 Apr 2021 06:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=501997

Германија ќе испрати кислород и друга медицинска помош во Индија во наредните денови со цел да помогне во здравствената криза предизвикана од исклучително зголемениот број новозаразени со Ковид-19, најави министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас. Во изминатите 24 часа, во Индија се потврдени 349.691 новоинфицирани со коронавирусот, четврти рекорден број на случаи во последните четири дена, а болниците одбиваат пациенти затоа што немаат медицински кислород. „Вториот бран од епидемијата во моментов ја опустошува Индија со невидена сила. Правилно е да дејствуваме без одлагање за да го запреме ширењето на новиот вид на вирус низ Германија”, изјави министерот Мас во интервју за Рајнише Пост. Германските власти ја ставија Индија на списокот на земји со висок ризик со посебно предупредување поради новите соеви на коронавирусот, а од денеска на патниците од Индија ќе им биде дозволен влез во Германија само доколку имаат негативен тест за коронавирус и две недели во карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-golemiot-broj-novozaboleni-germanija-kje-isprati-medicinska-pomosh-vo-indija/feed/ 0
ММФ одобри итна финансиска помош за 25 земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-odobri-itna-finansiska-pomosh-za-25-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-odobri-itna-finansiska-pomosh-za-25-zemji/#respond Tue, 14 Apr 2020 09:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=331892

Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри итна финансиска помош за 25 земји членки од средствата за контрола и ублажување на последиците на катастрофи (CCRT) за да им помогне да се фокусираат на борбата против пандемијата на коронавирусот. Директорката на ММФ Кристалина Георгиева синоќа изјави дека на овие 25 земји иницијално ќе им бидат уплатени неповратни средства заради полесно сервисирање на нивните долгови кон Фондот, во текот на следните шест месеци, за да можат своите државни буџети да ги насочат кон виталните здравствени и други потреби. CCRT располага со околу 500 милиони долари, вклучувајќи ги и најавените уплати на 185 милиони долари од Велика Британија, 100 милиони долари од Јапонија, како и уплатите на Кина, Холандија и други земји, не откривајќи ги нивните износи. Фондот настојува својот располжлив износ да го зголеми на 1,4 милијарди долари, пренесуваат британските медиуми. -Вкупно околу 215 милиони долари ќе бидат потрошени на неповратните средства за првите 25 земји, за следните шест мецеци, изјави портпаролка на ММФ и ја навести можноста од продолжување на рокот до две години. Првите земји кои ќе добијат грантови за покривање на долгот од CCRT се Авганистан, Бенин, Буркина Фасо, Централна Африканска Република, Чaд, Коморски острови, Демократска Република Конго, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Хаити, Либерија, Мадагаскар, Малави, Мали, Мозамбик, Непал, Нигерија, Руанда, Сао Томе и Принсипе, Сиера Леоне, Соломонски острови, Таџикистан, Того и Јемен, соопшти ММФ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-odobri-itna-finansiska-pomosh-za-25-zemji/feed/ 0
Сијарто допатува со медицинска помош за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sijarto-dopatuva-so-medicinska-pomosh-za-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sijarto-dopatuva-so-medicinska-pomosh-za-zemjava/#respond Mon, 06 Apr 2020 08:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=327954

Со специјален воен карго авион, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петар Сијарто допатува во земјава директно со пакети помош од 100.000 заштитни маски и 5.000 заштитни скафандери. На аеродромот беше пречекан од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. По пречекот, во просториите на самиот аеродром, Османи и Сијарто имаа и работна средба, на која разговарале и за натамошните чекори во однос на европската агенда на земјава по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ, процесот на формирањето на преговарачката рамка, како и подготовката на земјата за самиот почеток на преговорите. Османи, како што стои во соопштението до секретаријатот за европски прашања, се заблагодарил поддршката за нашите европски интеграции, вклучувајќи ја тука и навистина успешната мисија на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кому според Османи, најмногу може да му се препише заслугата за експресното усогласување на новата методологија, и секако, исправањето на грешката од ноември минатата година преку одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со земјава. И Чулев посочи дека во текот на денот ќе оствари билателарна средба со Сјарто во Министерството за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sijarto-dopatuva-so-medicinska-pomosh-za-zemjava/feed/ 0
11 руски авиони со медицинска помош и 87 војници и лекари слетаа во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/11-ruski-avioni-so-medicinska-pomosh-i-87-vojnici-i-lekari-sletaa-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/11-ruski-avioni-so-medicinska-pomosh-i-87-vojnici-i-lekari-sletaa-vo-srbija/#respond Sat, 04 Apr 2020 09:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=327163

На воениот аеродромот Батајница, во близина на Белград, утринава слета единаесетиот авион со медицинска опрема, техника и заштитна опрема, кои, според договорот на српскиот и рускиот претседател, Александар Вучиќ и Владимир Путин, Москва и ги испрати на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – Помошта вчера беше доставена со шест авиони, а во текот на ноќта и утринава, на аеродромот Батајница слетаа уште пет авиони, соопштија од српското Министерство за одбрана. Во состав на тимовите од Русија се наоѓаат еден генерал, 42 офицера, 42 подофицера и двајца членови на руското Министерство за здравство, предводени од началникот на АБХО на Западниот округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал мајор Михаил Чернишов. Руските експерти се поделени во осум медицински екипи. Во секој тим ќе има лекари по општа пракса, епидемиолози, анестезиолози, медицински техничари и преведувачи, а остатокот од делегацијата е составена од експерти и стручњаци по АБХО, се наведува во соопштението. – Во рамки на помошта пристигнаа и 16 специјални моторни возила наменети за дезинфекција на објекти и патишта, како и големо количество медицинска опрема, техника и заштитна опрема, која и е неопходна на Србија во третманот на пациенти заразени со коронавирус, како и во борбата против ширењето на Ковид-19, се додава во соопштението. Првиот од 11-те авиони со медицинска помош од Русија вчера го дочекаа премиерката Ана Брнабиќ, министерот за одбрана Александар Вулин, началникот на Генералштабот на српската војска Милан Мојсиловиќ и рускиот амбасадор во белград, Александар Боцан-Харченко. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/11-ruski-avioni-so-medicinska-pomosh-i-87-vojnici-i-lekari-sletaa-vo-srbija/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Кина испрати медицинска помош за Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-kina-isprati-medicinska-pomosh-za-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-kina-isprati-medicinska-pomosh-za-italija/#respond Fri, 13 Mar 2020 07:40:26 +0000 https://kurir.mk/?p=315886

Кина, на повик за помош од Италија, одлучи во оваа најзагрозена европска земја од пандемијата со коронавирус да испрати голема помош во вид на медицинска опрема и апарати. Станува збор за два милиона маски и околу 10.000 респиратори, како и за 20.000 заштитни одела, заедно со 50.000 комплети за тестирање, пренесе Меѓународното кинеско радио. Помошта е испратена врз основа на договорот потпишан по телефонскиот разговор на шефовите на дипломатиите на двете земји. Италија, покрај Кина, е најтешко погодената земја во светот со вирусот Ковид-19. До утринава вкупниот број на жртви од болеста во оваа земја изнесуваше 1.016, додека заразени се над 15.000 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-kina-isprati-medicinska-pomosh-za-italija/feed/ 0