медицински цели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 May 2018 07:53:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицински цели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Семинар и дебата за примената на маслото од канабис во медицински цели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-i-debata-za-primenata-na-masloto-od-kanabis-vo-medicinski-celi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-i-debata-za-primenata-na-masloto-od-kanabis-vo-medicinski-celi/#respond Sat, 19 May 2018 07:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=55898

Меѓународни научници и доктори по медицина ќе одржат предавања на семинарот насловен „Канабис - 1000 зошто, 1001 затоа - Разбивање на митот: рекреативен или медицински канабис?“ што ќе се одржи денеска во Скопје. Семинарот е во организација на граѓанското здружение „Зелена алтернатива“ со цел продолжување на континуираната едукација на полето на канабисот и споделување на точни информации за неговите својства и употреба. Активностите ќе се одвиваат во мултимедијалниот центар „Јавна соба“ во два дела. Првиот е семинар со предавања на професори, доктори и научници, признаени во светот за нивната посветеност, достигнувања и работа во областа на канабисот. Во овој дел, предавања ќе има Пол Хорнби, доктор и научник од Канада со повеќе од триесетгодишно искуство во третирањето на пациенти со канабис и екстракти од канабис, кој прв го стандардизирал канабис екстрактот со кој се таргетират специфични болести. Предавачи се и научникот заслужен за откривањето на ендоканабиноидниот систем, д-р Лумир Ондреј Хануш од Израел, Роберт Меламед доктор по молекуларна биологија чии истражувања се во полето на канабиноидите, канцерот и обновувањето на ДНК, како и Јонас Вандерсван доктор од Канада кој третира бројни болести со екстракт од канабис и член на повеќе друштва и асоцијации за употребата на канабисот како медицинско средство. На вториот дел од настанот предвидена е јавна дебата, на која се очекува медицински лица од земјава да ги споделат своите дилеми и искуства во препишувањето канабис. - Целта на дебатата е да се приближат ставовите меѓу пациентите и докторите, да се чујат нивните барања, дилеми, стравови и прашања во врска со користењето и третирањето на пациенти со канабис. Поканивме над 100 медицински лица и се надеваме дека дел од нив ќе го посетат овој настан и ќе учествуваат во дебатата со свој придонес, да постават прашање или да споделат мислење и искуство, велат од „Зелена алтернатива“. Употребата на канабисот само за медицински цели под строг надзор и контрола на стручни лица во Македонија е дозволена од 2016 година согласно измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/seminar-i-debata-za-primenata-na-masloto-od-kanabis-vo-medicinski-celi/feed/ 0