медицински кадар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Oct 2021 08:00:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицински кадар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Здравството се соочува со загуби на медицински кадар, особено на специјалисти, нотира ЕК во Извештајот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-se-soochuva-so-zagubi-na-medicinski-kadar-osobeno-na-specijalisti-notira-ek-vo-izveshtajot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-se-soochuva-so-zagubi-na-medicinski-kadar-osobeno-na-specijalisti-notira-ek-vo-izveshtajot/#respond Mon, 25 Oct 2021 05:18:48 +0000 https://kurir.mk/?p=584792

Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата. Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен. – И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК. Во однос на рефундирањето на средствата што се плаќаат за здравствени услуги, од ЕК оценуваат дека пациентите плаќаат приближно една третина од сите здравствени услуги без да бидат рефундирани, со што се зголемуваат социјалните разлики. Во делот каде ЕК се осврнува на пандемијата од Ковид-19 се наведува дека во текот на третиот бран беа поплнети 90 проценти од болничките кревети во јавниот здравствен систем. За вакцинацијата, се посочува, дека до почетокот на октомври годинава целосно се вакцинирани околу 35 проценти од населението, како и дека националниот план предвидува до крајот на годинава да бидат имунизирани 60 отсто од населението. – Вакцинацијата започна во февруари 2021 година, а согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 проценти од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година. се вели во Извештајот. Еврокомисијата додава дека Северна Македонија позитивно одговорила на механизмите за поддршка на ЕУ, од кои некои првично биле резервирани за земјите членки на Унијата за решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19. – (Земјата) стана членка на Договор за заедничка набавка за медицински средства, како и набудувач во Комитетот за здравствена безбедност на ЕУ, кој обезбедува пристап до Системот за рано предупредување и одговор на ЕУ. Северна Македонија, исто така, ги обезбедува информациите до системот за собирање податоци на Комисијата за Ковид-19 и назначи претставник во Европскиот центар за контрола и превенција на болести, се вели во Извештајот. Во делот посветен на болестите, Еврокомисијата констатира дека нивото на финансирање за скрининг на рак е недоволно, а податоците од националните и регионалните регистри за рак не се јавно достапни. Националната програма за рано откривање на рак допрва треба да се имплементира, велат од Европската комисија. – Потребни се соодветни финансии и понатамошна посветеност со цел да се усогласат националните правила со правото на ЕУ, се нагласува во Извештајот. За преносливите болести, Европската комисија оценува дека земјава е делумно усогласена со правото на Европската Унија и препорачува усвојување на нова повеќегодишна стратегија за борбата против ХИВ од страна на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvoto-se-soochuva-so-zagubi-na-medicinski-kadar-osobeno-na-specijalisti-notira-ek-vo-izveshtajot/feed/ 0
Преполни болници, недостаток на кадар, а Филипче смирува дека се е во ред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prepolni-bolnici-nedostatok-na-kadar-a-filipche-smiruva-deka-se-e-vo-red/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prepolni-bolnici-nedostatok-na-kadar-a-filipche-smiruva-deka-se-e-vo-red/#respond Sat, 17 Oct 2020 08:56:20 +0000 https://kurir.mk/?p=417471

Македонија продолжува да урива рекорди со новозаразени од КОВИД-19. Стотици новозаболени секој ден, болници полни, кадар нема, реална слика во македонското здравство. Додека министерот за здравство Венко Филипче смирува и вели дека состојбата е под контрола, здравствениот систем се наоѓа на стаклени нозе. Секојдневната слика ги заплашува граѓаните и со право. Недостатокот на капацитет по болници и кадар не ветува ништо добро во ек на пандемија. МЕСТО НИ ЗА ЛЕК Место по болници нема, секој ден бројот на новозаболени екстремно расте. На Инфективната клиника во Скопје веќе се подготвуваат креветите од монтажната болница. Болничките капацитети секојдневно се исполнуваат. Од министерството за здравство известуваат дека се прави реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар. Лекари и сестри од други клиники ќе доаѓаат да работат во монтажната болница. Министерот за здравство Венко Филипче на својата последна прес конференција соопшти дека нема места за прием на нови пациенти со КОВИД-19 на инфективните одделенија во Прилеп, Струмица, Велес и во Куманово, и дека во Скопје прво ќе се носат на Инфективната клиника и во монтажната болница. Според него, пациентите по претходен договор од Куманово се препраќаат во Скопје, или во од Прилеп во Битола. -Првично ќе сместуваме пациенти во Инфективната клиника и монтажната болница, со цел болницата „8-ми Септември“ да може да продолжи со нормална работа и во другите оддели за други болести, рече Филипче на прес конференцијата. Според информациите на „Инфографик“ најголем проблем со капацитетите има во ЈЗУ Клиничка болница Штип и во Општата Болница Струмица, каде, иако се предвидени 38 кревети за лекување пациенти позитивни на Ковид-19, хоспитализирани се дури 49 пациенти. Капацитетот за згрижување пациенти со коронавирусот е преполнет и во ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески” Прилеп, каде се предвидени 20 стационирани кревети, а хоспитализирани се 24 пациенти, но и во ЈЗУ Oпшта Болница Куманово каде има 28 кревети, а 30 пациенти. ДЕФИЦИТ СО КАДАР Инфективните одделенија по болниците каде што има можност да се прошират капацитетите за прием на новозаразени, се соочуваат со друг поголем проблем, а тоа е недостиг на соодветен средномедицински кадар, со искуство. -Ќе се одрази со недостаток од простор, со недостаток од сила на медицинскиот кадар. Ние седум месеци се бориме да го сочуваме системот за да може на секој еден да пружиме здравствена нега. Навистина не очекува многу тежок период, не ја искористивме приликата од летото да ги намалиме бројките, напротив драстично ги зголемивме. Никогаш не е доцна да почнеме да се штитиме, никогаш не е доцна да си дојдеме на памет и навистина да бидеме сите соодветно одговорни, изјави д-р Милена Стевановиќ – директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фербилни состојби пред неколку дена. Ако кривата на новозаболени продолжи да расте, здравствениот систем ќе колабира, предупредуваат лекарите. Здравствениот систем во Македонија брои заразени и во своите редови, уште една причина поради која се намалува капацитетот на медицинскиот персонал. Дел од лекарите сметаат дека нема брзо решениe за наталожените проблеми во македонското здравство, особено во услови на пандемија бидејќи во секоја држава се планира обука на медицински кадар според потребите, а непланското работење сега се забележува во недостигот на инфектолози и лаборанти. Недостиг на здравствен кадар има во секој град од државата, има ротација на лекари но тоа не е долготрајно решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prepolni-bolnici-nedostatok-na-kadar-a-filipche-smiruva-deka-se-e-vo-red/feed/ 0
Кузмановска: Доста со реваншизам врз медицинскиот кадар во Болницата во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovska-dosta-so-revanshizam-vrz-medicinskiot-kadar-vo-bolnicata-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovska-dosta-so-revanshizam-vrz-medicinskiot-kadar-vo-bolnicata-vo-bitola/#respond Fri, 28 Jun 2019 13:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=213671

Доста е од реваншизми и партиски отпуштања во јавните здравствени установи. И премиерот тоа го вети, дека нема да има реваншизам. Но, наместо реализација на ветувањето има поплаки од вработени во Болницата во Битола. Има реваншизам во Болницата во Битола бидејќи дел од вработените, персоналот одржал прес конференција во која се вели дека не работат некои апарти како ангиографот, кабинетот за инсеминација е вон употреба и слично. Зошто реваншизам кај овие луѓе, праша пратеничката Лилјана Кузмановска на собраниската седница наменета за пратенички прашања. Таа посочи дека информацијата е од искусни и докажани доктори. -Информацијата е од доктори со околу 20 годишно работно искуство во медицината. Зошто вакво постапување, вака ли ќе ги задржувате лекарите, медицинскиот персонал? Не е проблем за смена на директори, но доста со вакви поспаки кај оваа фела, немојте со вакви постапки кај докторите. Таков притисок и омаловажување немало кај оваа фела, речи Кузмановска. Пратеничката укажа дека при претставувањето на новиот министер за локална самоуправа, Горан Милевски,  Заев укажа дека е договорено зголемување на ДДВ за општините од 4 на 10 проценти, зголемување на блок дотации. -Дали вие знаете дали се општините подготвени да ги земат овие дополнителни обврски, кога и  самите сте свесни дека не можат да направат репроценка на имот, а не собирање на данок на имот. Имам сомнеж дека оваа избрзана децентрализација е политички договор за да може на некои градоначалници да им се префрлат повеќе пари, односно на оние кои не си ја ни работат својата работа.  Дали имате и план локалната самоуправа да ја направите од едностенена во двостепена, за ова треба да бидат информирани граѓаните, праша Кузмановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kuzmanovska-dosta-so-revanshizam-vrz-medicinskiot-kadar-vo-bolnicata-vo-bitola/feed/ 0