медицински канабис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 10:27:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицински канабис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Грција овци изеле околу 100 килограми медицински канабис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-ovtsi-izele-okolu-100-kilogrami-meditsinski-kanabis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-ovtsi-izele-okolu-100-kilogrami-meditsinski-kanabis/#respond Thu, 21 Sep 2023 10:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=880250

Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис во областа Магнезија во централна Грција. Поголема количина од родот е уништена, објави грчката телевизија „Скај“. Набргу откако го извадил стадото на пасење, овчарот забележал дека животните се однесуваат „нетипично“. Барајќи ја причината, осознал дека овците навлегле во соседното поле за одгледување канабис за медицински цели. По големите штети предизвикани од топлотниот бран и силните врнежи во ова подрачје летово, изедениот род е дополнителна мака за сопственикот на земјиштето. -Не знам дали е за смеење или за плачење, коментираше тој. Во Грција, одгледување медицински канабис е дозволено.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grtsija-ovtsi-izele-okolu-100-kilogrami-meditsinski-kanabis/feed/ 0
Заев: Македонија попривлечна и од Португалија за производство на медицински канабис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-makedonija-poprivlechna-i-od-portugalija-za-proizvodstvo-na-medicinski-kanabis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-makedonija-poprivlechna-i-od-portugalija-za-proizvodstvo-na-medicinski-kanabis/#respond Fri, 28 May 2021 13:28:01 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516123

Проценката за производството на медицински канабис во земјава само со актуелните 60 лиценци е преку 250 милиони евра што е 2,5 отсто од БДП. Верувам дека ќе имаме отрезнување од страна на опозицијата за деблокирање на законите во Парламентот. Во моментов бараме решение како да овозоможиме и извоз на цвет кој се употребува од индустријата за препарати за кожа, а има и други намени. Тоа ќе значи флексибилност во производството и привлечност за нови инвестиции, рече денеска премиерот Зоран Заев. Одговорајќи на новинарски прашања, Заев уште еднаш нагласи дека од вкупно издадените 61 лиценца, само една е на член на неговото семејство, односно на неговиот прв братучед. -Од 61 лиценца, една е на член на моето семејство, на мој прв братучед. Останатите 60 се на други инвеститори во државата, домашни и странски. Во еден наврат мојот братучед и јавно рече „да ја затворам комапнијата ако е пречка за сите други“. Но, во сите македонски компании работат наши граѓани, платата е меѓу 700 и 1.500 евра. Во однос на поднебјето и климатските услови сме попримамливи и од Португалија, а како дестинација сме една од најпривлечните за инвестиции во медицински канабис, нагласи Заев. Во законот, рече премиерот, е планирано покрај десетте отсто за данокот на добивка, да се плати и десет отсто од извозната фактура за шест намени: три отсто за ретки болести, два отсто за агенцијата за медицински канабис, 1,25 отсто за фонд за медиуми, 1,25 отсто за невладиниот сектор, 1,25 отсто за спорт и 1,25 отсто за културни настани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-makedonija-poprivlechna-i-od-portugalija-za-proizvodstvo-na-medicinski-kanabis/feed/ 0