медицински лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Jul 2021 17:23:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицински лица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Задолжителна вакцинација на вработените во домовите за стари лица и здравствените работници во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-domovite-za-stari-lica-i-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-domovite-za-stari-lica-i-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija/#respond Mon, 12 Jul 2021 17:23:20 +0000 https://kurir.mk/?p=535672

Задолжителна вакцинација за вработените во домовите за нега на стари лица и за здравствените работници, можност, припадниците на армијата да се вакцинираат во нивните единици и влез само за вакцинирани во местата за забава на затворено, се четирите одлуки на грчката Влада што преку видео порака до граѓаните ги соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека овие мерки ќе го ограничат ширењето на вирусот „пред повторно здравствениот систем да биде под опасада“. За вработените во домовите за нега на стари лица, вакцинацијата веднаш станува задолжителна, а оние кои нема да се вакцинираат по 16 август ќе бидат на принуден одмор. За втората категорија, здравствените работници, како во државниот така и во приватниот сектор, задолжителната вакцинација ќе важи од 1 септември, а Мицотакис истакна дека „е незамисливо, на пример, невакцинирана медицинска сестра да се грижи за пациент со карцином“. Паралелно изрази увереност дека со оваа одлука се согласува голем дел од општеството, но и ги повика партиите да дадат поддршка. Третата одлука се однесува на вооружените сили, односно на редовните војници кои ќе имаат можност да се вакцинираат во нивните единици. Иако се споменуваше дека внатрешните делови на угостителските објекти ќе бидат „мешани“ или „чисти“ по избор на сопствениците, сепак Мицотакис соопшти дека кафулињата, рестораните, баровите, кината, театрите и слично од петок до крајот на август, на затворено, ќе работат, исклучиво за вакцинирани лица и со зголемен, но одреден број на гости. Тој додаде дека ова значи дека во текот на летото забавувањето, без разлика дали е на отворено или во затворен простор, ќе се однесува само на гости кои седат на маса, а стоењето ќе биде забрането, за да се спречи ширење на вирусот. Грчкиот премиер истакна дека станува збор за четири опции кои се во корист на здравјето на вработените, а истовремено се и одлуки што им даваат слободи на оние кои имаат право на тоа. – Земјата нема повторно да се затвори поради ставот на некои. Ќе им даде слобода на многу и заштита на сите. Бидејќи во опасност не е Грција, туку невакцинираните Грци, порача Мицотакис. Во десетминутната видео-порака до граѓаните, грчкиот премиер посочи дека „операцијата Слобода“ односно процесот на имунизација се шири низ целата држава и „се доближува до целта, во текот на летото да е вакцинирано 70 отсто од полнолетното население“, но сепак, истакна дека појава на Делта сојот и процентот граѓани кои сè уште се двоумат за вакцинирањето го спречуваат брзото и дефинитивно справување со пандемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zadolzitelna-vakcinacija-na-vrabotenite-vo-domovite-za-stari-lica-i-zdravstvenite-rabotnici-vo-grcija/feed/ 0
Седум лица обвинети за смртта на Марадона: Им се заканува затворска казна од 25 години https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sedum-lica-obvineti-za-smrtta-na-maradona-im-se-zakanuva-zatvorska-kazna-od-25-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sedum-lica-obvineti-za-smrtta-na-maradona-im-se-zakanuva-zatvorska-kazna-od-25-godini/#respond Thu, 20 May 2021 13:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=512975

Обвинителството во Сан Исидра покрена обвинение против дури седум лица обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона (Диего), пренесува ЕСПН. Неврохирург кој ја оперирал фудбалска икона, психијатар, психолог, друг лекар и три медицински сестри се товарат за „едноставно убиство со можна намера“. Според аргентинските медиуми, истрагата наводно покажала дека Марадона „починал во агонија“ и дека неговата состојба одеднаш се влошила пред неговата смрт. Покрај тоа, се наведува дека работата на здравствените работници во овој случај била „несоодветна, полна со недостатоци и непромислена“. Обвинителството исто така побара забрана за напуштање на земјата на седум медицински лица. Судењето треба да започне на 31 мај, а доколку бидат обвинети, им се заканува затвор од осум до 25 години. Легендарниот Марадона почина на 25 ноември минатата година. Аутопсијата покажа дека причина за смртта е акумулација на течност во белите дробови што на крајот доведе до срцев удар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sedum-lica-obvineti-za-smrtta-na-maradona-im-se-zakanuva-zatvorska-kazna-od-25-godini/feed/ 0
Филипче од старт потфрли, им се зема редот на медицинските лица за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-od-start-potfrli-im-se-zema-redot-na-medicinskite-lica-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-od-start-potfrli-im-se-zema-redot-na-medicinskite-lica-za-vakcinacija/#respond Thu, 25 Mar 2021 19:14:22 +0000 https://kurir.mk/?p=487849

И покрај секојдневните тврдења на министерот за здравство Венко Филипче дека вакцинацијата во земјава се одвива во најдобар ред без никакви проблеми, од ден на ден гледаме дека не е така. Бројни примери укажуваат дека нешто не штима и дека можеби постои манипулација со вакцините и секој ден се погласни се прашањата кој им ги зема и онака малиот број вакцини на медицинските лица? Уште од старт беше најавено со првите вакцини кои се уште се во оскуден број дека ќе бидат вакцинирани само медицинските лица почнувајќи од тие кои работат со ковид пациенти, а потоа останатите, сепак уште на почеток првата малверзација. Секретарот на охридската болница се вакцинираше преку ред, земајќи вакцина на медицинско лице кое секој ден си го загрозува животот работејќи со пациенти позитивни на корона вирус. Иако по реакциите случајот веднаш доби разврска, сепак стана јасно дека власта неспремна го започна процесот на вакцинација и дека истиот може да биде изигран. Не помина долго време нов скандал се појави во јавноста, односно се појавија гласини дека функционери биле вакцинирани преку ред и во тајност. Се споменуваа имиња на министри, пратеници и директори, но тоа беше демантирано од владата. Бидејќи со оваа власт ја имаме реалноста каква што е, а досега десетици пати излажаа за вакцините, нема да не чуди ако излажаа со демантот. Токму заради тоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара да се даде на увид списокот на сите вакцинирани. Така ќе се знае дали вакцините завршиле таму каде што е најпотребно односно ќе се знае дали имало или немало вакцинирани функционери преку ред и во тајност. Нејасно е зошто власта се уште не го прифаќа овој предлог, ако сака да докаже се е во најдобар ред. И скандалите не завршуваат тука. Вчера јавноста дозна за нов скандал со медицинските лица од кумановската болница. Медицински сестри од оваа болница иако требало да се вакцинираат сепак извисија и засега нема да добијат вакцини, барем така велат. Според нив, имале закажано за 23 март заедно со гинеколозите, но во последен момент им било кажано дека нема да може да се вакцинираат и ги известиле да дојдат следниот ден и тоа само гинеколозите, без сестрите. - Имавме термин закажано на 23 март, но добивме порака по маил дека термините се откажани. Дел од докторите добија телефонски повик за да се вакцинираат. Докторите инсистираа да се вакцинираат и сестрите бидејќи не можат да работат едни без други. Вчера добија пак телефонски повик да дојдат во четврток за вакцинација, ама само они, изјави медицинска сестра во гинеколошка ординација во Куманово, за Сител Телевизија. Од министерството за здравство се правдаат дека нивната вакцинација е одложена заради предност на приоритетните, но зошто биле ставени на листа ако имало други пред нив? Дали министерството за здравство нема точна бројка и не знае кои се приоритетни, кои и колку здравствени лица каде работат? Звучи несериозно и неверојатно и доколку не знаат потврдуваат дека целиот систем е во хаос. Затоа со право се отвораат многу прашања, а пред се дали и кој им ги зема вакцините на оние кои им се најпотребни, а тоа се медицинските лица и дали и кој успева да се вакцинира преку ред на сметка на загрозување на туѓи животи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-od-start-potfrli-im-se-zema-redot-na-medicinskite-lica-za-vakcinacija/feed/ 0
Филипче не успеа да го заштити здравствениот систем: Од 17.000 здравствени работници, вакцинирани се само 5.300 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-uspea-da-go-zashtiti-zdravstveniot-sistem-od-17-000-zdravstveni-rabotnici-vakcinirani-se-samo-5-300/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-uspea-da-go-zashtiti-zdravstveniot-sistem-od-17-000-zdravstveni-rabotnici-vakcinirani-se-samo-5-300/#respond Fri, 19 Mar 2021 08:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=484601

Ветувањата на министерот за здравство Венко Филипче дека Македонија ќе стане прва земја во регионот што ќе ги вакцинира здравствените работници кои се во прва линија на браникот од КОВИД-19, тапкаат во место. Бројката на вакцинирани здравствени работници сега за сега изнесува околу 5.300. Процесот на вакцинација на здравствени работници оди доста побавно од очекуваното. И додека здравствените лица молат за вакцини за да се заштитат од КОВИД – 19 за да може да лекуваат граѓани, министерот за здравство Венко Филипче по интервјуа се фали дека сите здравствени работници кои се во првата линија со справување со коронавирусот се вакцинирани. -Ние пред неколку недели ја добивме првата количина на вакцини со трипартитен договор помеѓу нас, Србија и компанија „Фајзер“ стигнаа 8.000 вакцини за кои направивме еден сосема солиден план, а тоа е да се покријат буквално сите здравствени работници кои се на првата линија и имаат најголем ризик да бидат заболени од КОВИД- 19. Во нашата земја на крајот од викендов ќе имаме околу 4000 вакцинирани здравствени работници, а од 11 март започнува и ревакцинацијата на здравствените работници кои ја примија првата доза на вакцината, рече министерот за здравство Венко Филипче во интервју за МРТВ. Според Фондот, има околу 20.000 вработени здравствени работници од кои околу 2.000 си имаат заминато во странство, а во Македонија има останато околу 17-18.000. Со темпото со кое оди министерот за здравство Венко Филипче тешко дека за бргу ќе се вакцинираат сите здравствени работници. Здравствените работници коментираат дека со првите вакцини кои стигнаа од „Фајзер“, односно донацијата од Србија, освен нивните колегите од КОВИД центри, се вакцинираа и колегите од Итната медицинска помош и тоа е сосем разбирливо бидејќи секојдневно трансферираат болни до здравствените болнички установи. Но, парадоксално е тоа што дел од здравствените работници вакцинираат здрави луѓе, а секојдневно се изложени на ризик од заразата, па голема е веројатноста да се соочат со проблем да нема кој да вакцинира понатаму. Дури и вакцини против КОВИД – 19 нема ниту за лицата кои ги тестираат граѓаните што имаат симптоми на КОВИД-19. За ова реагира и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ дека министерот за здравство не може да ги заштити ниту здравствените работници од КОВИД-19 за да можат да лекуваат граѓани, а не пак да го вакцинираат целото население во Македонија. -Пропусти има во континуитет. Првиот бран на корона помина без лична заштитна опрема, вториот без медикаменти, болнички места, третиот бран минува без вакцини, рече претседателот на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов при своето гостување во Дневникот на Сител. Доктор Николов посочи дека во ваква ситуација во која здравствениот систем не е подготвен по повеќе од една година од корона во Македонија, Филипче мора да поднесе оставка. -Министерот Филипче треба да си даде оставка. Нема справување со последиците на корона. Доблесно е да си поднесе оставка, особено по ова денес што го видовме и слушнавме. Замислете се преговарало се контактирало за набавка на вакцини, а очигледно целта била лични бенефити. Се надевам ќе се испита оваа работа и ќе има резултати од сево ова, кажа Николов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-uspea-da-go-zashtiti-zdravstveniot-sistem-od-17-000-zdravstveni-rabotnici-vakcinirani-se-samo-5-300/feed/ 0
НОВ КЛАСТЕР НА БРИТАНСКИОТ СОЈ ВО МАКЕДОНИЈА – голем дел на медицински лица заразени со вирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-klaster-na-britanskiot-soj-vo-makedonija-golem-del-na-medicinski-lica-zarazeni-so-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-klaster-na-britanskiot-soj-vo-makedonija-golem-del-na-medicinski-lica-zarazeni-so-virusot/#respond Wed, 24 Feb 2021 13:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=473239

Дел од лекарите и медицинскиот персонал од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид заразени со британскиот сој на коронавирусот, што во значајна мера ја отежнува дејноста на институцијата. Според информациите, состојбата во болницата е комплексна, но установата останува отворена за пациентите и итните случаи. -Последниве денови сведоци сме на зголемен број на Ковид-19 позитивни во целата земја, а Охрид е еден од најпогодените градови. Веќе неколку недели сме помеѓу градовите со највисок број на активни случаи на број на жители во земјата. Од неодамна, од Министерството за здравство имаме и официјални податици дека во Охрид и регионот е изразено висока застапеноста на „британската мутација”, која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба, за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и ковид-пациенти. Сакаме да потенцираме дека во ковид-одделот кај нас се третираа најкомплексни пациенти од целиот регион и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка. Но, и покрај се, ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед,се наведува во соопштението од Заводот. Истовремено се упатува апел до пациентите да бидат внимателни, да избегнуваат ризични контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-klaster-na-britanskiot-soj-vo-makedonija-golem-del-na-medicinski-lica-zarazeni-so-virusot/feed/ 0
До 10:00 часот денеска 1540 медицински лица ја примиле вакцината против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-00-chasot-deneska-1540-medicinski-lica-ja-primile-vakcinata-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-00-chasot-deneska-1540-medicinski-lica-ja-primile-vakcinata-protiv-koronavirusot/#respond Wed, 24 Feb 2021 11:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=473194

До 10:00 часот денеска вакцини за Ковид-19 примиле 1510 лица, медицински персонал, соопшти на прес-конференција портпаролот на Владата Муамед Хоџа. Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“. Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-00-chasot-deneska-1540-medicinski-lica-ja-primile-vakcinata-protiv-koronavirusot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност од бездушниците Филипче и Заев, 20 медицински лица заболени од корона од само една болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odgovornost-od-bezdushnicite-filipche-i-zaev-20-medicinski-lica-zaboleni-od-korona-od-samo-edna-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odgovornost-od-bezdushnicite-filipche-i-zaev-20-medicinski-lica-zaboleni-od-korona-od-samo-edna-bolnica/#respond Wed, 27 Jan 2021 13:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=460598

Ситуацијата со корона вирусот е алармантна. Дваесет медицински лица заболени на една клиника во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза. Или дваесет лица заболени на Клиниката за нефрологија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Ќе може ли воопшто таа Клиника да функционира во наредниот период, што со пациентите кои секојдневно се таму на прегледи, што со пациентите кои без дијализа не можат да живеат, прашуваат од партијата. - Зарем не ги јаде совеста бездушниците Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е. Филипче и Заев дозволија покољ! Филипче и Заев направија покољ, ги оставија на цедило медицисните лица кои се на првата борбена линија! Филипче и Заев не обезбедија заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема вакцини. Нема вакцини воопшто! Нема вакцини за никого! За ова одговорност мора да има и тоа веднаш, пишува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odgovornost-od-bezdushnicite-filipche-i-zaev-20-medicinski-lica-zaboleni-od-korona-od-samo-edna-bolnica/feed/ 0
Филипче ги лаже медицинските лица со една те иста награда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-laze-medicinskite-lica-so-edna-te-ista-nagrada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-laze-medicinskite-lica-so-edna-te-ista-nagrada/#respond Tue, 22 Dec 2020 11:59:51 +0000 https://kurir.mk/?p=446649

Колку е реална наградата на Владата и министерот за здравство Венко Филипче за здравствените лица ко се справуваат со корона? 7.600 здравствени работници, кои се најзаслужни за зачувувањето на здравјето на заболените пациенти во овој кризен период, ќе добијат по 30.000 денари од страна на државата. Посочувајќи дека тие се заеднички херои на сите, Владата се одлучи да им се заблагодари за својот труд и напорната работа целиот овој кризен период, понекогаш работејќи и по 24 часа без престан, и парично еднократно да ги наградат. - По 30 илјади денари ќе добијат 7600 вработени во здравствените установи кои работат со заболени пациенти. ✊ Тие се нашите херои кои пожртвувано работат цела измината година. Нивниот труд го вреднуваме и поради тоа одлучивме да им дадеме еднократна награда. Здравствените работници се во првите бор бени редови и даваат се од себе за да спасат човечки животи. Ви благодарам што неуморно го давате својот максимим за подобро здравје на нашите најсакани – семејство, пријатели, нашите граѓани!, стои во ФБ објавата на министерот за здравство Венко Филипче. Оваа мерка наиде на лавина реакции по социјалните мрежи од здравствените работници. „... Тие се нашите херои кои пожртвувано работат цела измината година. Нивниот труд го вреднуваме и поради тоа одлучивме да им  дадеме еднократна награда....Каква патетична изјава г-дине Филипче ! Зарем НИЕ - здравствените работници   и  НАШИОТ ТРУД  сме за еднократна употреба па затоа ќе добиеме еднократна награда!?Каков министер сте Вие, кога за својата фела и сите останати вработени во здравствениот сектор не можевте да се изборите за достоинствени плати , награди....И знаете многу се чудам на Вашата смелост сеуште да ја манипулирате јавноста , и да не нарекувате  "херои" само во изминатата година!Па зарем сите  ние и Вие ( меѓудругото кога сте работеле како лекар) не сме  херои секогаш,  кога ќе ја добиеме битката  со било која болест и ќе го испратиме нашиот пациент дома излекуван!? Па зарем  токму затоа не  заслуживме досега да бидеме адекватно платени а не еднократно наградени ???Зарем "хероите  од изминатата година " Ви се важни  во секојдневниот маркетинг  само за да си го подигнете својот рејтинг ???“, пишува на социјални мрежи Жаклина Сопова. Здравствените работници посочуваат дека ако министерот за здравство Венко Филипче навистина се грижеше за нив ќе им обезбедеше заштитна опрема наместо тие сами да си ја купуваат. Дури посочуваат дека ако навистина грижата беше толку голема модуларните болници ќе беа готови до септември за да не се најдат во ситуација да не знаат што да прават со пациентите. Протокол за лекување на пациенти до КОВИД-19 треба веднаш да се изготви така ќе им се олесни работата на матичните лекари но и на медицинските лица во КОВИД центрите. - СДСМ да го вреднуваше трудот на здравствените работници немаше да ги остави без заштитна опрема.СДСМ да го вреднуваше трудот на здравствените работици немаше да дозволи да починат 20-тина.СДСМ да го вреднуваше трудот на здравствените работници немаше да дозволи да се заразат над 2.500 од КОВИД-19.Додека соседните земји од старт имаат протокол за лекување на пациенти од КОВИД-19, кај нас се уште нема протоколи за лекување. Секој лечи на различен начин, како знае и умее се снаоѓа за да спаси човечки живот. Доколку има протоколи ќе треба да се набави соодветната терапија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ  од пред неколку дена како реакција на соопштението на СДСМ за здравствени работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-laze-medicinskite-lica-so-edna-te-ista-nagrada/feed/ 0
Дневно се печатат по 1000 визири на 3D принтери за заштита на медицинскиот персонал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnevno-se-pechatat-po-1000-viziri-na-3d-printeri-za-zashtita-na-medicinskiot-personal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnevno-se-pechatat-po-1000-viziri-na-3d-printeri-za-zashtita-na-medicinskiot-personal/#respond Fri, 03 Apr 2020 06:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=326506

Во изминативе неколку дена екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема успеа капацитетот за производство да го зголеми на 1000 заштитни маски на ден, со што е се поблиску до целта да се изработат и дистрибуираат најмалку 6.000 заштитни маски со визири до крајот на неделата. Во понеделникот беа доставени околу 925 заштитни маски со визири и тоа во: ЈЗУ Берово, ЈЗУ Виница, ЈЗУ Пехчево, ЗД Ростуше, ЈЗУ Гостивар, ЗД Гостивар, ЗД Радовиш, ЗД Делчево, ГОБ 8. септември, Прилеп, Јасеново, Ургентен центар Клиника, Ургентен Градска,  Ендокринологија, Неврохирургија, Струга, Кичево, Карил, Психијатрија, Рес Хумана, Бета Медико, Пулмолгија, Велес, Трансфузиологија, ЗД Скопје, Центар за јавно здравје, Патофиза, Интензивна Св. Наум Охридски, Тоарилуц, Дрисла, Пластична хирургија, Торакална хирургија, Педијатрија, Козле, КБ Штип и ГОБ 8 септемвеи – Очно. Во средата беа доставени 675 маски до следниве институции: ЈЗУ Завод Лешок, ЈЗУ Чаир Родилиште, ЗД Скопје, ЈЗУ Торакална Хирургија, ЈЗУ Детска хирургија, ЈЗУ Урологија, ЈЗУ Ургентен центар, ЈЗУ КАРИЛ, ЈЗУ Неврологија, ЈЗУ ОРЛ, ЈЗУ Офталмологија, ЈЗУ Нефрологија, ЈЗУ ГЕХ, ЈЗУ Ендокринологија, ЈЗУ Ревматологија, ЈЗУ Токсикологија, ЈЗУ Педијатрија, ЈЗУ Радиологија, ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Судска Медицина, ЈЗУ Институт за Патологија, ЈЗУ Институт Микробиологија,  ОБ Дебар, ЈЗУ Институт Патофиза, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември, Ветеринарен Институт, ЈЗУ ГАК, и ЈЗУ Стоматолошки Клиники. Дополнително се предадени 10 заштитни маски со визири на Пазарна инспекција. Бројот на дистрибуирани заштитни маски со визири до денес брои повеќе од 3000 парчиња. Покрај готови маски, испратен е материјал за работа до сите помали производствени групи по градовите низ државата, додека од денес, 3. април (петок) од 16-19 часот во ПЗУ Ординација по општа медицина „Медика Вера„ ќе се поделат заштитни маски и за ПЗУ матичните лекари, според нивните барања (секој ден освен недела, повеќе инфо ќе има на  Фејзбук групата на иницијативата). Планот за бесплатно снабдување со заштитни маски со визири за сите Јавни и приватни здравствени установи на национално ниво е во тек и се очекува да биде реализиран согласно производствениот капацитет и ресурсите до крајот на следната недела. Членовите на иницијативата потсетуваат дека овие заштитни маски со визири се соодветно дезинфицирани, и дека се произведени од соодветни репро материјали кои можат со сигурност да ја извршат заштитната функција. Врзано за информацијата дека се појавуваат заштитни маски со визири во малопродажба, од иницијативата апелираат да се почека да се обезбедат медицинските лица со заштитни маски бесплатно, бидејќи овие маски се произведуваат од донации, што беше и приоритет на оваа иницијатива. Штом оваа цел се реализира, иницијативата ќе се затвори и ќе се повлече и компаниите можат слободно да ги пласираат своите производи до широката јавност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnevno-se-pechatat-po-1000-viziri-na-3d-printeri-za-zashtita-na-medicinskiot-personal/feed/ 0
Филипче останува на ставот да дискриминира околу 22 илјади медицински лица што не се лекари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ostanuva-na-stavot-da-diskriminira-okolu-22-iljadi-medicinski-lica-shto-ne-se-lekari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ostanuva-na-stavot-da-diskriminira-okolu-22-iljadi-medicinski-lica-shto-ne-se-lekari/#respond Thu, 22 Nov 2018 17:18:09 +0000 https://kurir.mk/?p=130913

Министерот за здравство Венко Филипче останува на ставот дека за докторите ќе има покачување од 10 проценти, а за останатиот медицински персонал од само 5 проценти. Ова денеска како што неофицијално дознаваме го соопштил министерот на средба со претставници на Синдикатот, пренесува Здравство.мк На попладневната средба му биле предложени неколку опции меѓу кои и таа на пример покачувањето за сите да биде исто. Му било предложено да биде 6 или 7,5 проценти, но за сите. Сепак министерот останал дециден на ставот дека сака ама не може бидејќи тоа многу ќе го оптерети буџетот. -Со оваа поделба што се прави сега од страна на министерот, настана поделба меѓу вработените во здравствениот сектор. И онака е лоша состојбата ова дополнително не подели, коментираат деновиве здравствените работници. Филипче со оваа одлука дискриминира околу 22 илјади медицински персонал во јавните здравствени услуги, или сите оние кои не се доктори како медицински сестри, лаборанти, радиолози, физотерапевти и други. Или на еден доктор во просек во јавното здравство има 4-5 лица друг медицински персонал. Неофицијално здравствените работници велат дека останува опцијата штрајк, но истата дополнително би се разгледала и следната недела ќе има прецизни информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ostanuva-na-stavot-da-diskriminira-okolu-22-iljadi-medicinski-lica-shto-ne-se-lekari/feed/ 0