медицински отпад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Feb 2022 09:03:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицински отпад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Според проценките на СЗО, пандемијата создаде планина од медицински отпад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-procenkite-na-szo-pandemijata-sozdade-planina-od-medicinski-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-procenkite-na-szo-pandemijata-sozdade-planina-od-medicinski-otpad/#respond Tue, 01 Feb 2022 09:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=625277

Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА. Според проценките на СЗО, од почетокот на пандемијата милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање. Дополнително, само меѓу март 2020 и октомври 2021 година Обединетите нации имаа испорачано 87.000 тони заштитна облека. Германската агенција, повикувајќи се на СЗО, пренесува дека тестовите за коронавирус се дополнителни 2.600 тони отпад и 731.000 литри хемиски отпад. Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките, дополнува СЗО. Ковид-19 го принуди светот да се пресмета со празнините и запоставените аспекти на протокот на отпад и како ги произведуваме, користиме и отфрламе нашите ресурси за здравствена заштита, од колевка до гроб, изјави Марија Неира, шеф за животна средина, климатски промени и здравје во СЗО. Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, комплети за тестирање и прибор за вакцинација. Уште пред пандемијата, СЗО предупреди дека една третина од сите здравствени установи не се во можност правилно да го фрлаат својот отпад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spored-procenkite-na-szo-pandemijata-sozdade-planina-od-medicinski-otpad/feed/ 0
Кисела вода се чисти од медицински и комунален отпад https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-se-chisti-od-medicinski-i-komunalen-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-se-chisti-od-medicinski-i-komunalen-otpad/#respond Tue, 09 Nov 2021 12:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=593138

Акција за чистење на медицински и комунален отпад денес се одвива во општина Кисела Вода. Се чисти на три поголеми локации, мапирани како точки на кои е евидентирано натрупување на опасниот отпад, за кој e предвиден посебен третман. Чистењето започна околу Центарот за зависници, се одвива во неколку траси, и ќе се трае во текот на целиот ден. Во акцијата за чистење на комуналниот отпад, учествуваат сезонски работници ангажирани од општина Кисела Вода. Тие работат на миење на улиците, собирање на сметот, метење на паднатите лисја, перење на плочниците и тротоарите, косење на нараснатите тревни површини. Во делот на собирање на медицинскиот отпад, е ангажирано здружението ХОПС, бидејќи согласно законските одредби, собирање и транспортирање на медицинскиот отпад може да врши само овластено правно или физичко лице. Согласно постигнатиот договор со Општина Кисела Вода, ХОПС ќе продолжи секојдневно, со теренско возило да го чисти медицинскиот отпад од територија на општина Кисела Вода и во наредниот период. Општина Кисела Вода потсетува дека медицинскиот отпад е опасен и може да предизвика значителна штета на здравјето на луѓето. Апелираме доколку граѓаните забележат вакво незаконско одложување на отпад, случајот да го пријават. Притоа, доколку се работи за медицински отпад, на располагање стои телефонскиот број 075/769-948. (здружение ХОПС)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-se-chisti-od-medicinski-i-komunalen-otpad/feed/ 0
Медицински отпад расфрлан во околината на Охрид (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/medicinski-otpad-rasfrlan-vo-okolinata-na-ohrid-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/medicinski-otpad-rasfrlan-vo-okolinata-na-ohrid-foto/#respond Sun, 10 Mar 2019 20:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=173385

Покрај патот за Рамне, на првата голема кривина од каде се пружа прекрасен поглед на Охрид, расфрлан е медицински отпад, алармираат љубители на природата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/medicinski-otpad-rasfrlan-vo-okolinata-na-ohrid-foto/feed/ 0