медицински персонал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 07:43:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицински персонал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО предупреди на сериозен недостиг на медицински персонал во глобалниот здравствен систем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupredi-na-seriozen-nedostig-na-meditsinski-personal-vo-globalniot-zdravstven-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupredi-na-seriozen-nedostig-na-meditsinski-personal-vo-globalniot-zdravstven-sistem/#respond Fri, 07 Apr 2023 07:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=821345

Светската здравствена организација (СЗО), по повод 75-годишнината, предупреди на зголемен недостиг на персонал во глобалниот здравствен систем, јави ДПА, цитирајќи ја изјавата во Женева на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. „До 2030 година светот ќе има недостиг од околу 10 милиони специјалисти. Додека светот закрепнува од пандемијата на Ковид-19, ги повикуваме сите земји да ја заштитат и инвестираат во својата здравствена работна сила“, изјави Тедрос. Тој додаде дека „нема здравје без здравствени работници“. Од почетокот на пандемијата, околу 50 отсто од персоналот го напуштил секторот. „Дури и пред да се случи тоа, многумина мораа да работат за премали плати и во опасни услови“, рече Тедрос Гебрејесус. Според него, иако жените сочинуваат речиси 70 отсто од здравствените работници, тие се помалку од една четвртина од менаџерите и често се изложени на насилство на работното место. Светската здравствена организација е основана на 7 април 1948 година, кога стапи на сила Уставот на СЗО. Оттогаш, според Тедрос Гебрејесус, очекуваниот животен век ширум светот значително се зголемил, а смртноста на мајките и децата нагло се намалила во последните децении. Големи успеси се постигнати и во борбата против маларијата, туберкулозата и ХИВ позитивните. Сепак, има драматично зголемување на дијабетесот и прекумерната тежина. Генералниот директор на СЗО, исто така, истакна дека речиси 2 милијарди луѓе ширум светот се соочуваат со финансиски тешкотии бидејќи треба да ги платат сами медицинските трошоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupredi-na-seriozen-nedostig-na-meditsinski-personal-vo-globalniot-zdravstven-sistem/feed/ 0
Колегите на протест додека му се суди на доктор Вучевски: „За време на пандемијата работеше 24/7 – наместо да го наградат, го влечат по судници“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolegite-na-protest-dodeka-mu-se-sudi-na-doktor-vuchevski-za-vreme-na-pandemijata-raboteshe-24-7-namesto-da-go-nagradat-go-vlechat-po-sudnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolegite-na-protest-dodeka-mu-se-sudi-na-doktor-vuchevski-za-vreme-na-pandemijata-raboteshe-24-7-namesto-da-go-nagradat-go-vlechat-po-sudnitsi/#respond Thu, 06 Apr 2023 10:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=821012

Неколкумина лекари и медицински персонал денеска дојдоа пред тетовскиот суд каде повторно се одржа мирен јавен протест со цел поддршка за д-р Бобан Вучевски, еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Медицинските лица истакнаа дека нивниот колега за време на пандемијата бил меѓу тие кои постојано биле на работа и за тоа го жртвувале приватниот живот. -Дојдени сме да му дадеме поддршка на нашиот најхуман колега доктор Бобан. Кој што за жал поради системот кој не ни функционира, па наместо како добри, вредни и хумани доктори да се наградуваат, тие се влечат по судници. На жалост, таков е нашиот систем. Наместо толку мал број, сега требаше цело Тетово требаше да биде тука. Затоа што д-р Боби е еден од најхуманите луѓе-додека владееше пандемијата 24 часа седум дена беше на работа. Зарем овој наш колега немаше семејство, немаше свои деца, целиот свој живот го посвети на пациентите. Кај се сега сите тие пациенти, кај се и нашите колеги. Не само да се зборува по социјални мрежи тука треба сите да го поддржиме нашиот колега. Нашите добри стручњаци и добри колеги хумани и вредни на овој начин се навредуваат. Колегата не беше крив за тоа што имаше посета, кривицата е што болницата нема доволно медицински персонал, изјави една од докторките, присутни на протестот. Граѓаните кои редовно доаѓаат на овие протести кога се одржува судскиот процес потенцираат дека докторот е тој што совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста за време на пандемијата со Ковид-19. -Тука сум за поддршка на доктор Боби. Мислам дека не е ферски, ова што му го направија на него. Нема смисла обвиненијата со тоа што се случи. Сега му одземаат време, наместо да спасува животи, тој не може да работи сега како што треба. За пожарот во модуларната болница поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolegite-na-protest-dodeka-mu-se-sudi-na-doktor-vuchevski-za-vreme-na-pandemijata-raboteshe-24-7-namesto-da-go-nagradat-go-vlechat-po-sudnitsi/feed/ 0
Турција бара од НАТО медицински персонал и теренски болници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-bara-od-nato-meditsinski-personal-i-terenski-bolnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-bara-od-nato-meditsinski-personal-i-terenski-bolnitsi/#respond Mon, 06 Feb 2023 13:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=796774

Турција официјално побара помош од сојузниците на НАТО за справување со последиците од серијата силни земјотреси. Медицински тимови и опрема за итни случаи, различни единици за пребарување и спасување, како и „комплетно опремени теренски болници отпорни на екстремни временски услови“, се дел од барањето објавено од НАТО. Во документот, исто така, се наведува дека членката на НАТО, Молдавија понудила тим за пребарување и спасување на кој му е потребна помош за да стигне до погодената област. Одговорот на НАТО за помошта по земјотресите е координиран од Координативниот центар за одговор при катастрофи на Алијансата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-bara-od-nato-meditsinski-personal-i-terenski-bolnitsi/feed/ 0
Медицински персонал и полицаец нападнати во штипска Клиничка болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/medicinski-personal-i-policaec-napadnati-vo-shtipska-klinichka-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/medicinski-personal-i-policaec-napadnati-vo-shtipska-klinichka-bolnica/#respond Mon, 11 Apr 2022 12:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=661344

Педесет и петгодишен жител на Пробиштип агресивно се однесувал кон здравствените работници во Клиничка болница-Штип, а физички нападнал и полицаец. Надлежните од СВР-Штип информираат дека настанот се случил синоќа. – Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 55 годишниот З.К. од Пробиштип бидејќи околу 23.00 часот во Клиничка болница Штип агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија. З.К. бил задржан во Полициска станица, вели во соопштението на СВР-Штип. По целосно документирање на случајот против 55 годишниот З.К ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/medicinski-personal-i-policaec-napadnati-vo-shtipska-klinichka-bolnica/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес: Ненад Коциќ и СДСМ молчат за злоупотребата на медицинскиот персонал од Инфективното одделение за партиски цели среде изборна кампања https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-ok-veles-nenad-kocikj-i-sdsm-molchat-za-zloupotrebata-na-medicinskiot-personal-od-infektivnoto-oddelenie-za-partiski-celi-srede-izborna-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-ok-veles-nenad-kocikj-i-sdsm-molchat-za-zloupotrebata-na-medicinskiot-personal-od-infektivnoto-oddelenie-za-partiski-celi-srede-izborna-kampanja/#respond Thu, 07 Oct 2021 16:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=574898

Ненад Коциќ и СДСМ, 24 часа молчат по злоупотребата на медицинскиот персонал од Инфективното одделение во текот на нивното работно време, реагираат преку денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на на Кирил Лазов – кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Коциќ не најдоа оправдување после реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за крајно неморалниот партиски настан каде во текот на работното време го извадија целиот персонал на болницата за да се слика со Коциќ за партиски цели сред изборна кампања. За ова некој мора да понесе одговорност! На фотографиите кои ги сподели Коциќ се гледа дека додека докторите се сликаат пациенти чекаат пред влезот на инфективното одделение, а многу веројатно е дека пациентите кои се сместени во болницата се оставени сами на себе додека докторите и медицинскиот персонал мораат да се сликаат со кандидатот на градоначалник на СДСМ за Велес. Ниту директорот на болницата Бојаџиев не одговори на прашањата кои му ги поставивме. Дали можеби тој дал насока на медицинскиот персонал да ги напуштат работните места и да се сликаат со Коциќ? Ако не е така дали ќе покрене постапка за да се открие кој дал наредба за вработените да ги напуштат работните места и истиот да биде санкциониран? Има ли некој воопшто со пациентите во болницата додека тие присуствуваат на партискиот настан на СДСМ? Ете за тоа почитувани граѓани сме земја со најголема смртност, затоа што додека луѓе во болницата се борат за живот, докторите некој ги пратил на партиска промоција на кандидат за градоначалник. За ваквата ситуација треба најмногу да е свесен самиот Ненад Коциќ како здравствен работник и треба да ја призне грешката да им се извини на граѓаните за неодговорното однесување, и да побара одговорност од надлежните во болницата. Почитувани, Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извести сите надлежни институции OSCE, ODIHR, ДИК, Антикорупциската комисија и јавното обвинителство. Ние како политичка партија сме згрозени од ваквиот чин и нема да премолчиме за скандалозната и неморална постапка на функционерите на СДСМ. За ова некој ќе одговара!, порача Лазов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-ok-veles-nenad-kocikj-i-sdsm-molchat-za-zloupotrebata-na-medicinskiot-personal-od-infektivnoto-oddelenie-za-partiski-celi-srede-izborna-kampanja/feed/ 0
Ново правило за невакцинирани здравствени работници во Србија: Тие можат да се вратат на работа со ПЦР тест на свој трошок https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-pravilo-za-nevakcinirani-zdravstveni-rabotnici-vo-srbija-tie-mozat-da-se-vratat-na-rabota-so-pcr-test-na-svoj-troshok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-pravilo-za-nevakcinirani-zdravstveni-rabotnici-vo-srbija-tie-mozat-da-se-vratat-na-rabota-so-pcr-test-na-svoj-troshok/#respond Tue, 13 Jul 2021 10:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=536000

Сите здравствени работници и медицински персонал кои не биле вакцинирани ќе треба да направат PCR-тест за коронавирус пред да се вратат на работа на свој трошок. Оваа мерка веќе ја применуваат некои болници, а според најавите ќе биде воведена во сите клинички центри. Невакцинираниот персонал практично се бара да се врати на работа со ПЦР тест без разлика дали се враќа од одмор, слободни денови или боледување. Резултатите не смеат да бидат постари од 48 часа и се доставуваат до надлежниот раководител на одделот или управителот. Оваа мерка е воведена затоа што имало случаи на пренесување на инфекцијата и на персоналот и на пациентите, кои во моментов се движат во мал број, сепак, четвртиот бран практично не е ни започнат. Мерката се воведува за невакциниран персонал поради самата природа на делта сојот што влезе во Србија. Тешко препознатливата инфекција на прво место дава простор за пренесување. Притворениот вид дава симптоми вообичаени за летниот период и се појавува без треска и губење на вкус, што досега беше еден од знаците за препознавање на инфекцијата. Овој вид е далеку највирулентна варијанта на вирусот корона. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-pravilo-za-nevakcinirani-zdravstveni-rabotnici-vo-srbija-tie-mozat-da-se-vratat-na-rabota-so-pcr-test-na-svoj-troshok/feed/ 0
СКАНДАЛОЗНО: Вакцини нема, а медицинскиот персонал во салата „Борис Трајковски“ оро игра (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-vakcini-nema-a-medicinskiot-personal-vo-salata-boris-trajkovski-oro-igra-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-vakcini-nema-a-medicinskiot-personal-vo-salata-boris-trajkovski-oro-igra-video/#respond Mon, 26 Apr 2021 20:53:46 +0000 https://kurir.mk/?p=502491

Кога мислите дека го допреле дното има и полошо. Вакцини НЕМА луѓе умираат, а тие буквално ОРО ИГРААТ. ОСТАВКИ!, пишува во својата Фејсбук објава потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-vakcini-nema-a-medicinskiot-personal-vo-salata-boris-trajkovski-oro-igra-video/feed/ 0
Медицинскиот персонал да не се вакцинира со „Астра Зенека“, вели претседателот на Светската медицинска асоцијација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medicinskiot-personal-da-ne-se-vakcinira-so-astra-zeneka-veli-pretsedatelot-na-svetskata-medicinska-asocijacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medicinskiot-personal-da-ne-se-vakcinira-so-astra-zeneka-veli-pretsedatelot-na-svetskata-medicinska-asocijacija/#respond Wed, 17 Feb 2021 07:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=469844

Претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, смета дека медицинскиот персонал не треба да се вакцинира со вакцината на АстраЗенека. Монтгомери за германскиот дневен весник „Рајнише пост“ изјави дека вакцината е безбедна како и другите вакцини, но нејзината помала ефикасност не може да се игнорира. „Верувам дека луѓето со поголем ризик од инфекција, меѓу кои се медицински персонал и негователи, треба да бидат вакцинирани со поефикасна вакцина“, нагласи тој. Монтгомери рече дека го разбира медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира со АстраЗенека. Монтгомери бара можност за избор со која вакцина сакаат да се вакцинираат луѓето. „Мора да има избор на вакцина, за да останеме високо подготвени за имунизација“, нагласи претседателот на Светската медицинска асоцијација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medicinskiot-personal-da-ne-se-vakcinira-so-astra-zeneka-veli-pretsedatelot-na-svetskata-medicinska-asocijacija/feed/ 0
Персоналот во германските болници ќе добие по 1.500 евра бонус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/personalot-vo-germanskite-bolnici-kje-dobie-po-1-500-evra-bonus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/personalot-vo-germanskite-bolnici-kje-dobie-po-1-500-evra-bonus/#respond Mon, 08 Feb 2021 16:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=465900

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан предвидува 1.500 евра бонус за повеќето луѓе кои работат во германскиот јавен здравствен систем. Според медиумите од групацијата „Функе“, германската Влада ќе издвои вкупно 450 милиони евра за оваа намена, јави Бгнес. Премијата ќе биде исплатена не само на медицинскиот персонал, туку и на други луѓе кои работат во болници како што се хигиеничари. Слични бонуси беа доделени на медицинскиот персонал во септември. – Вториот бран на пандемијата доведе до уште поголем притисок врз многу болници и луѓето кои работат таму, рече Шпан. Затоа, тој смета дека несебичната работа на овие луѓе да им помагаат на пациентите со Ковид-19 треба да биде наградена со дополнителен финансиски бонус. Според предлогот на министерот, болниците мора да ги платат овие премии до крајот на јуни, а за нивната распределба ќе одлучува секоја здравствена установа за себе – најмногу во зависност од тоа кој медицински персонал и друг персонал биле особено зафатени поради пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/personalot-vo-germanskite-bolnici-kje-dobie-po-1-500-evra-bonus/feed/ 0
Еве кој прв ќе се вакцинира во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-prv-kje-se-vakcinira-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-prv-kje-se-vakcinira-vo-makedonija/#respond Wed, 23 Dec 2020 13:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=447217

Штом ќе биде достапна вакцината против КОВИД во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други што се на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа, соопштија денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа. Потоа, како што нагласија Арсовски и Хоџа, ќе се вакцинираат политичарите. -Како што најави премиерот Зоран Заев, и тој ќе даде личен пример во насока на давање поддршка во напорите за сузбивање на КОВИД-19, истакнаа портпаролите. Тие претходно соопштија дека се во тек преговори за директна набавка на вакцини против КОВИД-19. -Не чекаме само на донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури. Веќе се обзбедени 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година, рече Арсовски. Покрај ковакс механизмот, нагласи, во тек се преговори и за директна набавка од комапниите кои ги произведуваат вакцините, а предвиден е и трет механизам преку ЕУ со кој треба да се набават 200 милиони вакцини за земјите членки и дополнителни 100 милиони дози за европските земји надвор од Унијата. -Република Македонија не чека само на донации, туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, а алоцираше и средства за вакцини. Почна директни прегови, се користат сите инструменти, вклучувајќи го и ковакс механизмот кој беше прв на располагање, рече Арсовски. Според него, се уште не се знае колку и кога Бугарија ќе и донира вакцини на земјава, но планот е делот од пратката што ќе пристигне во Бугарија, да биде наменета и за нашата земја. Дел од првата пратка вакцини, пак, што ќе стигнат од Грција ќе бидат наменети, како што објасни Арсовски, за нашите граѓани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-prv-kje-se-vakcinira-vo-makedonija/feed/ 0