медицински работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Nov 2020 10:50:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицински работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Словенија потребни се сите медицински работници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-potrebni-se-site-medicinski-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-potrebni-se-site-medicinski-rabotnici/#respond Fri, 06 Nov 2020 10:50:35 +0000 https://kurir.mk/?p=425792

Неколку лекарски здруженија на Словенија побараа сите расположливи медицински работници да се вклучат во здравствениот систем и да се ангажираат во борбатапротивепидемијата со Ковид-19, бидејќи се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти, а не се доволни медицински работници. Претседателот на Словенечкото медицинско здружение и претседавач со одборот за координација на медицинските институции Радко Комадина изјави дека јавното здравство е на сериозен тест и оти се влошува ситуацијата. – Податоците од здравствените институции покажуваат дека располагаме со доволем број најважни медицински апарати, како што се респираторите,но од друга страна ни недостига квалификувани медицински работници кои знаат да ја користат таа технологија, посочи Комадина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-potrebni-se-site-medicinski-rabotnici/feed/ 0
Во Англија заразени повеќе медицински работници отколку штитеници во домови за стари луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-anglija-zarazeni-povekje-medicinski-rabotnici-otkolku-shtitenici-vo-domovi-za-stari-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-anglija-zarazeni-povekje-medicinski-rabotnici-otkolku-shtitenici-vo-domovi-za-stari-lugje/#respond Tue, 07 Jul 2020 10:28:13 +0000 https://kurir.mk/?p=370740

Се проценува дека 10 проценти од сите заразени со Ковид-19 во Англија, регистрирани меѓу 26 април и 7 јуни, биле или здравствени работници или социјални работници, покажа нова студија. Студијата ја спровела независна група експерти наречена Делве (Data Evaluation and Learning for Viral Epidemics – Евалуација на податоци и учење за епидемии на вируси), која ја оформи британското Кралско друштво, пишува Њу Сајентист. Истражувањето исто така проценува дека најмалку еден процент од инфекциите во истиот период потекнуваат од болнички пациенти и најмалку шест проценти од штитеници во домови за стари лица. Исто така, не е јасно до кој степен заразата која била пренесена во болници и социјални институции влијаела на ширењето на коронавирусот во пошироката заедница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-anglija-zarazeni-povekje-medicinski-rabotnici-otkolku-shtitenici-vo-domovi-za-stari-lugje/feed/ 0
Полемика околу апсењето на медицинска сестра на демонстрациите на здравствените работници во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polemika-okolu-apsenjeto-na-medicinska-sestra-na-demonstraciite-na-zdravstvenite-rabotnici-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polemika-okolu-apsenjeto-na-medicinska-sestra-na-demonstraciite-na-zdravstvenite-rabotnici-vo-pariz/#respond Wed, 17 Jun 2020 10:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=359004

Вчерашните демонстрации во Париз на здравствените работници, кои собраа околу 18. 000 до 20. 000 учесници, завршија со судири со силите на редот, по инцидентите предизвикани од таканаречените „црни блокови“. Апсењето на една педесетгодишна медицинска сестра предизвика полемика во Франција, каде минатата недела се демонстрираше против полициското насилство, јави дописникот на МИА. Снимките од нејзиното апсење веќе се видени неколку милиони пати на социјалните мрежи.  На еспланадата на Инвалидите, таа беше насилно уапсена од силите нан редот и влечкана по земја, со крваво лице. Во видеото се гледа дека  таа повеќепати од полицајците бара да се послужи со вентолин, лек што се зема од астматичарите. На тоа полицајците и одговараат „требаше да мислиш на тоа претходно“. Сестрата е притворена под обвинение за „навреда, бунт и намерно насилство“, што потоа доведе до собир пред комесаријатот, каде таа е приведена. -Не е можно да им се аплаудира во март, април и мај и потоа да се апсат и ставаат во притвор во вакви услови во јуни. Нема да попуштиме се додека не биде ослободена, објаснува Бенжамин Амар, портпарол на синдикатот СЖТ. Силите на редот, од своја страна, се обидоа да се оправдаат, потенцирајќи дека само неколку минути порано, истото тоа лице фрлало предмети врз полицијата и ја навредувало. -Без разлика на контекстот, никој не заслужува да добие удари, да се најде со лисици на рацете и да биде ставен во притвор, изјави пратеникот од Непокорна Франција, Ерик Кокрел, кој, исто така, се најде пред комесаријатот. Полицаецот, кој беше погоден од демонстрантите, ќе поднесе пријава, додека друг полицаец ќе се појави како сведок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polemika-okolu-apsenjeto-na-medicinska-sestra-na-demonstraciite-na-zdravstvenite-rabotnici-vo-pariz/feed/ 0
ФОТО: Акциони играчки во чест на медицинските работници кои се борат против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-akcioni-igrachki-vo-chest-na-medicinskite-rabotnici-koi-se-borat-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-akcioni-igrachki-vo-chest-na-medicinskite-rabotnici-koi-se-borat-protiv-koronavirusot/#respond Thu, 30 Apr 2020 06:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=339689

Американскиот производител на играчки Мател, во чест на медицинските работници направи нова колекција „Херои” играчки. Приходот од продажбата ќе биде наменет за помош на здравствените лица. Играчките со лик и униформи на лекари, сестри, техничари итн., можат да се купат од денеска, преку интернет, по цена од 20 долари од играчка. Приходот е наменет, пред сѐ, за кампањата #FirstRespondersFirst , насочена за помош на оние кои ширум светот се на првите борбени линии против коронавирусот. Минатата недела Центарот за контрола и спречување болести процени дека најмалку 9.200 здравствени работници во САД се инфицирани со вирусот за време на корона-епидемијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-akcioni-igrachki-vo-chest-na-medicinskite-rabotnici-koi-se-borat-protiv-koronavirusot/feed/ 0
СРАМНО: Во време на пандемија се отпуштаат околу 100 медицински работници- Филипче ветуваше, па ги остави на улица? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-vo-vreme-na-pandemija-se-otpushtaat-okolu-100-medicinski-rabotnici-filipche-vetuvashe-pa-gi-ostavi-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-vo-vreme-na-pandemija-se-otpushtaat-okolu-100-medicinski-rabotnici-filipche-vetuvashe-pa-gi-ostavi-na-ulica/#respond Fri, 24 Apr 2020 11:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=336621

КУРИР дојде до срамни информации во време на пандемијата со коронавирусот во нашата земја. Имено над 100-тина медицински работници остануваат на улица поради тоа што Министерството за здравство и министерот Венко Филипче не сакаат да им го продолжат договорот. Станува збор за патронажните сестри на ниво на целата земја како и лекарите кои се вработени во овој проект. Имено во јуни 2019 година Министерството за здравство објави оглас за јавен повик за сите медицински сестри кои се заинтересирани за работа во службите на патронажната дејност да се јават на конкурсот. Условите кои се бараа беа да се има завршено средно или вишо медицинско образование со положен стручен испит. Проектот започна на први ноември истата година. -Бевме повикани од страна на директорите на здравствените домови каде што и бевме распределени. Во Скопје се вработија 48 медицински сестри и 10 лекари и уште 50 медицински сестри низ целата земја со што вкупниот број поминува повеќе од 100 лица. Првиот работен ден бевме поздравени лично од министерот за здравство Венко Филипче и сите медиуми. Договорот за вработување беше со времетраење од шест месеци со ветување дека ќе се продолжува, вели нашиот извор. Тој додава дека поради ова ветување многу медицински сестри ги напуштија своите работни места и ја прифатија оваа можност. -Во текот на овие шест месеци  сите поставувавме прашања дали да бараме нова работа, но одговорот беше дека Договорите за работа со сигурност ќе се продолжат. Во меѓувреме се јавува кризната состојба или познатата пандемија со КОВИД-19 и министерот за здравство Филипче на прес конференција три пати изјави дека на сите вработени од проектот ќе им бидат продолжени Договорите. Но само ни пет дена пред истекот на Договорите министерот праќа допис до сите здравствени домови дека проектот се прекинува!, вели нашиот револтиран и разочаран извор. Тој со сиот гнев додава дека никој во изминатиот период не бараше работа поради ветувањето на министерот, а сега во оваа криза никој не ни вработува поради многу добро познати причини. -На крај што е со нас?, додава медицинската сестра вработена преку овој проект со кој се гордееше министерот пред само една неполна година. Инаку редакцијата на КУРИР побара и став од Министерството за здравство и министерот Венко Филипче преку електронски пат, но до овој момент до нашата редакција нема пристигнато никаков одговор. На почетокот на овој месец Филпче на прес конференција кратко одговори дека Договорите на патронажните сестри ќе се продолжат бидејќи има предвидено средства во Фондот за здравствено осигурување, но според нашите сознанија истите овие Договори веќе се прекинуваат и тоа за неколку денови. Ќе остане ли Македонија без медицински персонал за време на најголемата пандемија во светот останува да видиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-vo-vreme-na-pandemija-se-otpushtaat-okolu-100-medicinski-rabotnici-filipche-vetuvashe-pa-gi-ostavi-na-ulica/feed/ 0
ПСЖ обезбедува храна на медицински професионалци https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-obezbeduva-hrana-na-medicinski-profesionalci/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-obezbeduva-hrana-na-medicinski-profesionalci/#respond Thu, 16 Apr 2020 15:29:59 +0000 https://kurir.mk/?p=333265

Пари Сен Жермен е активно вклучен во помагање на оние кои имаат потреба. Клубот креира неколку иницијативи, а новата е за обезбедување храна за медицинските лица. Околу 1.200 оброци дневно се подготвуваат во кујните на стадионот „Парк де Пренс“. Тие се доставуваат од волонтери до давателите на здравствени услуги од првите редови и се борат со пандемијата од коронавирус. Организацијата „Храна на улицата во движење“ се ангажира соиспораката, а нејзините волонтери ги користат кујните на стадионот од 9-ти април. Се користат четири камиони, со над 5.000 порции доставувани до седум болници досега. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи рече дека медицинските лица се „вистински херои“ кои треба да продолжат да добиваат аплаузи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/psz-obezbeduva-hrana-na-medicinski-profesionalci/feed/ 0