медицински сестри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 10:27:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медицински сестри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во последните три години Албанија ја напуштиле 16.000 медицински сестри https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-poslednite-tri-godini-albanija-ja-napushtile-16-000-meditsinski-sestri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-poslednite-tri-godini-albanija-ja-napushtile-16-000-meditsinski-sestri/#respond Tue, 16 May 2023 10:27:53 +0000 https://kurir.mk/?p=834751

Претседателот на Здружението на медицински сестри, Елсон Јачај, изјави дека во последните три години Албанија ја напуштиле 16 илјади медицински сестри и оти за работа тие главно ги избрале Германија и Италија. -Реално, во болниците се менуваше само надворешната фасада. Но, внатрешната реалност на тешкотиите што ги имаат на нивните работни места продолжува да биде иста. Ако погледнеме назад од времето на пандемијата до денес заминати се над 16 илјади медицински сестри, бидејќи времето на пандемијата го користеа сите со следење онлајн курсеви за странски јазици. Во моментот кога се отворија сите патишта веќе беа подготвени и заминаа од Албанија, вели Јачај за Ора њуз. Меѓу оние кои заминале, има и такви кои имаат долгогодишно искуство. -Единствено што можам да додадам е дека ни е жал што и искусните медицински сестри си заминуваат. Можам да кажам дека медицинските сестри со над 10 години искуство понекогаш избираат да заминат и тоа не е добро, рекол Ералд Чочка, медицински техничар. Што се однесува до Студим Хисен, обезбедувањето услови за работа е многу важно за да се задржат неговите колеги во Албанија. - За да биде ценета една медицинска сестра во својата земја, мора да се понудат што е можно повеќе услови кои се основни за работа, вели тој. Меѓу заминатите, додава тој, има медицински сестри со средно, но и со високо образование, што условува недостиг на овој кадар во земјата. Премиерот Еди Рама, а потоа и министерката за здравство Огерта Манастирлиу, најавија висок процент на зголемување на платите во здравствениот сектор, па колку тоа ќе помогне здратсвените работници да не ја напуштат земјата останува да се види.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-poslednite-tri-godini-albanija-ja-napushtile-16-000-meditsinski-sestri/feed/ 0
Протест на медицински сестри и немедицински персонал во Загреб https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-meditsinski-sestri-i-nemeditsinski-personal-vo-zagreb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-meditsinski-sestri-i-nemeditsinski-personal-vo-zagreb/#respond Thu, 11 May 2023 05:39:05 +0000 https://kurir.mk/?p=832940

Синдикатите на хрватските медицински сестри и немедицинскиот персонал денеска во 11 часот организираат протест во Загреб на кој уште еднаш ќе ги истакнат барањата за зголемување на коефициентот на плата за најмалку десет проценти и подобрување на условите за работа. На протестот под слоганот „И ние сме здравство“ најавени се меѓу 500 и 1.000 учесници, медицински сестри, техничари и немедицински персонал од цела Хрватска. Организатори се Хрватскиот сојуз на медицински сестри и Самостојниот здравствен синдикат, кои посочуваат дека медицинските сестри, техничарите и немедицинскиот персонал се недоволно платени, преоптоварени и работат во лоши работни услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/protest-na-meditsinski-sestri-i-nemeditsinski-personal-vo-zagreb/feed/ 0
Годинава Косово ќе го напуштат над илјада медицински сестри https://arhiva.kurir.mk/svet/region/godinava-kosovo-ke-go-napushtat-nad-iljada-meditsinski-sestri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/godinava-kosovo-ke-go-napushtat-nad-iljada-meditsinski-sestri/#respond Wed, 19 Apr 2023 09:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=825400

Претседателот на Синдикатот на косовските медицински сестри Перпарим Бериша денеска изјави дека годинава се очекува повеќе од 1.000 медицински сестри од Косово да заминат во земјите на Европската Унија. „Во текот на оваа година, од јануари досега, 220 медицински сестри ја напуштија државата. Можам да кажам дека повеќе од 1.000 се очекува да го напуштат Косово оваа година. Според податоците, повеќе од 2.200 медицински сестри се на курсеви и имаат договори со германската држава“, изјави Бериша за приштинските медиуми и нагласи дека земјите како САД, потоа Холандија и другите членки на ЕУ почнале да примаат медицински сестри. Според него, од 220 медицински сестри кои годинава го напуштиле Косово, 40 отсто работеле во јавно-приватниот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/godinava-kosovo-ke-go-napushtat-nad-iljada-meditsinski-sestri/feed/ 0
Работат во здравството, а ни за себе немаат здравствено осигурување – 140 медицински сестри немаат земено плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/#respond Thu, 16 Mar 2023 09:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=812588

Без плата, без осигурување и без договори за вработување. Вака повеќе од два и пол месеци работат 140 медицински сестри и друг здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје. Велат дека со години имале само договори, но не и решенија за работа, пренесува АЛСАТ. „Ние сме без здравствено осигурување, без пензиско осигурување и без денови за одмор. Вакви сме три години. Сега уште два и пол месеци и влегуваме во третиот месец и без договори за работа и без плати. Работиме максимум, осум часа“, рече Несрине Емини, медицинска сестра. Медицинските сестри велат дека бидејќи се со договори на определено време или на работа, внимаваат да не се разболат бидејќи ако пропуштат само два дена, тогаш ќе им скратат од платата, која е минимална, само 20 илјади денари. Велат дека вака работеле и за време на пандемијата. Нивниот нерешен статус ги тера повеќето да размислуваат да се иселат од државата. „За време на пандемијата работевме во две смени, работевме максимално преку заразни болести, многу тешко беше, бевме под стрес, со болни луѓе, тешко ни беше, но работевме затоа што нè ангажираа. Оди ваму, оди таму! Ние никогаш не рековме не. Работевме максимално. Со платата што ја имаме, а во сабота кога работеа сестрите не им плаќаа, туку им даваа слободен ден“, додава сестра Емини, пренесе Алсат. Директорот на Здравствениот дом во Скопје, Бесим Кока, вели дека барањето за продолжување на договорите за 140-тте вработени го поднел во декември минатата година, но сè уште не добил одговор од Министерството за финансии. Според Кока, одолговлекувањето на одговорот може да биде и од политички причини, бидејќи тој ја поддржува огнената група во ДУИ. „Не 140, туку 5-10 од нив ако не функционираат, ние би биле дестабилизирани како институција. Затоа се многу битни, важно е многу брзо да ги земат. Како што знаете јас и некои други директори треба да бидеме разрешени од позициите затоа зошто мислиме поинаку. Можеби и тоа е дел од проблемот“, рече Бесим Кока, директор на Здравствен дом. Од Министерството за здравство за Алсат велат дека чекаат одговор од Министерството за финансии. Од ресорот на Фатмир Бесими пак, тврдат дека дале позитивен одговор дури и пред истекот на рокот. Но, од Фондот за здравство велат дека согласност од Министерството за финансии добиле за 47 лица со фиксен договор и за 67 други со договор на дело и тоа вчера во попладневните часови. Денеска ги обработиле. Исти проблеми има и Здравствениот дом во Тетово каде голем број медицински лица работат и без плати и без договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotat-vo-zdravstvoto-a-ni-za-sebe-nemaat-zdravstveno-osiguruvane-140-meditsinski-sestri-nemaat-zemeno-plata/feed/ 0
Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnitsi-meditsinski-sestri-povtorno-shtrajkuvaat-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnitsi-meditsinski-sestri-povtorno-shtrajkuvaat-vo-velika-britanija/#respond Wed, 18 Jan 2023 20:00:09 +0000 https://kurir.mk/?p=789172

По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација. Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот. Медицинските сестри бараат зголемување на платите за 5 отсто над инфлацијата, која достигна 10,5 отсто во декември. Разговорите меѓу Владата на Риши Сунак и главниот синдикат на медицински сестри, Кралскиот колеџ за медицински сестри, се во ќорсокак, јавија британските медиуми. По првиот дводневен штрајк во декември, што беше без преседан во вековното постоење на синдикатот, и сегашниот штрајк, најавени се и дополнителни штрајкови на 6 и 7 февруари, при што ќе бидат опфатени повеќе болници. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnitsi-meditsinski-sestri-povtorno-shtrajkuvaat-vo-velika-britanija/feed/ 0
Над 7.000 медицински сестри штрајкуваат во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-7-000-meditsinski-sestri-shtrajkuvaat-vo-nujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-7-000-meditsinski-sestri-shtrajkuvaat-vo-nujork/#respond Tue, 10 Jan 2023 07:03:54 +0000 https://kurir.mk/?p=785322

Илјадници медицински сестри во две њујоршки болници штрајкуваат откако преговорите заглавија поради проблеми со платите и персоналот, што предизвика одложување на процедурите и термините во една од установите. Во штрајкот учествуваа повеќе од 7.000 медицински сестри во медицинскиот центар Монтефиоре во болницата Бронкс и Маунт Синај во Менхетен, соопшти Здружението на медицински сестри од државата Њујорк. Пандемијата со Ковид-19, заедно со бројните случаи на респираторен вирус и овогодинешната сезона на грип, го оптоварија здравствениот сектор во најнаселениот град во државата, создавајќи тензии меѓу медицинските сестри и нивните работодавци. . „Она што го бараме е безбеден кадар и квалитетна грижа за пациентите. Мислиме дека не бараме премногу“, изјави претседателката на Здружението на медицински сестри на државата Њујорк, Ненси Хаган Болниците вчера објавија во посебни изјави дека на медицинските сестри им е понудено зголемување на платите за 19,1 отсто. Медицинскиот центар Монтефиоре, исто така, соопшти дека има намера да отвори повеќе од 170 нови работни места за медицински сестри. Од таа болница додаваат дека штрајкот ја принудил да ги одложи сите операции и интервенции што не се неопходни и да ги одложи термините во амбулантите. Откако започнаа преговорите пред четири месеци, синдикатот успеа да постигне договори или нови договори за медицински сестри во седум други болници во Њујорк.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-7-000-meditsinski-sestri-shtrajkuvaat-vo-nujork/feed/ 0
Велика Британија пред најголемиот штрајк на медицинските сестри во историјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-pred-najgolemiot-shtrajk-na-medicinskite-sestri-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-pred-najgolemiot-shtrajk-na-medicinskite-sestri-vo-istorijata/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=775860

Медицинските сестри од Националната здравствена служба денеска ќе учествуваат во првиот национален штрајк, додека жестокиот спор со владата поради платите го зголемува притисокот врз веќе преоптоварените болници во еден од најпрометните периоди од годината. Се проценува дека 100.000 медицински сестри ќе штрајкуваат денеска во 76 болници и здравствени центри, откажувајќи илјадници операции кои не се итни, и десетици илјади амбулантски прегледи во британската Национална здравствена служба која ја финансира државата. Велика Британија оваа зима се соочува со бран штрајкови, парализирајќи ја железничката мрежа и поштенските услуги, а аеродромите се подготвуваат за прекини во текот на Божиќ. -Жално е што некои членови на синдикатот продолжуваат со штрајкот. Работам на тоа во Владата и со медицинарите надвор од јавниот сектор за да обезбедам сигурно ниво на персонал – но сè уште сум загрижен поради ризикот од штрајкови за пациентите, рече министерот за здравство Стив Баркли. Тој рече дека пациентите треба да продолжат да бараат итна медицинска помош и да доаѓаат на состаноци, освен ако не им е кажано да не го прават тоа. Штрајкот на медицинските сестри на 15 и 20 декември е без преседан во 106-годишната историја на британскиот синдикат на медицински сестри, но Кралскиот колеџ за медицински сестри вели дека нема избор додека вработените едвај врзуваат крај со крај. Медицинските сестри сакаат зголемување на платите за 19 отсто, тврдејќи дека претрпеле реални намалувања за една деценија и дека ниската плата значи недоволно персонал и небезбедна грижа за пациентите. Владата одби да разговара за платите.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-pred-najgolemiot-shtrajk-na-medicinskite-sestri-vo-istorijata/feed/ 0
Скандал во Белгија: Професор давал испитни прашања на студентки по медицина во замена за разголени фотографии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-belgija-profesor-daval-ispitni-prashanja-na-studentki-po-medicina-vo-zamena-za-razgoleni-fotografii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-belgija-profesor-daval-ispitni-prashanja-na-studentki-po-medicina-vo-zamena-za-razgoleni-fotografii/#respond Tue, 29 Nov 2022 12:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=768200

Медиумите во Белгија обелоденија дека професор во виша школа за медицински сестри близу Антверпен им ветувал на студентките испитни прашања во замена за голи слики. Неколку од студентките го пријавиле однесувањето на професорот. Според пријавите тој тоа го правел преку апликацијата Снепчет. Според сведочењата истиот професор имал сексуални односи со некои студентки во подрумот од школото. Студентките алармирале за проблемот уште во септември, тие поднеле и докази за однесувањето на професорот, слики и пораки кои тој ги испраќал. Школото сè уште води истрага, два месеца откако се поднесени првите пријави. Белгиските медиуми пишуваат дека професорот е познат во областа на негата и менталното здравје на здравствените работници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skandal-vo-belgija-profesor-daval-ispitni-prashanja-na-studentki-po-medicina-vo-zamena-za-razgoleni-fotografii/feed/ 0
Одбележана Меѓународната недела на сестринството: Медицинските сестри се вистинските херои на нашето време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezana-megjunarodnata-nedela-na-sestrinstvoto-medicinskite-sestri-se-vistinskite-heroi-na-nasheto-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezana-megjunarodnata-nedela-na-sestrinstvoto-medicinskite-sestri-se-vistinskite-heroi-na-nasheto-vreme/#respond Thu, 12 May 2022 13:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=675724

Медицинските сестри се вистинските херои на нашето време, кои продолжуваат секојдневно да се грижат за здравјето и животите на луѓето, истакна претседателот Стево Пендаровски во видео обраќање на денешното одбележување на Меѓународната недела на медицинските сестри. На настанот, сопругата на претседателот, Елизабета Георгиевска постхумно додели плакети и признанија за медицинските сестри кои ги загубија своите животи работејќи во ковид центрите. – Денеска се сеќаваме на вашите колешки кои ги загубија своите животи во борбата против вирусот, верни на хуманиот повик до крај. Виолета Кацарска, Дијана Макошевиќ Димовска, Елица Андрееска, Ирена Дојчиновска Милошевска, Нашиде Емини и Мерлинда Алими ги положија своите животи за да спасат други животи. Нивната голема и скапа жртва не обврзува со благодарност да се сеќаваме на нив и да се огледаме на нивната солидарност, но и да вложуваме во унапредување на положбата на медицинските сестри во Северна Македонија, бидејќи само така ќе придонесеме кон подобрување на здравствената заштита на сите граѓани и на целото македонско општество, нагласи Пендаровски во обраќањето. Министерот за здравство Беким Сали, ги закити медицинските сестри со епитетот „ангели“ и рече дека тие и во време на пандемија од невидени размери вложиле натчовечки напори и учествувале во што поуспешно справување со пандемијата и спасување на човечки животи. – Свесни сме за предизвиците со кои вие секојдневно се соочувате. Вашите искуства, вештини и знаење ни се потребни за заеднички да креираме политики кои од една страна ќе значат унапредување на статусот на медицинските сестри, а од другата страна ќе значи позадоволни пациенти, нагласи Сали. Министерот наведе дека во изминатите години се реализирани активности со кои значително се подобрени условите за работа на медицинските сестри и на целокупниот здравствен персонал. – Имаше и зголемување на износот на додатокот за ноќна работа и зголемување на платите за медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование. Интенцијата е овој тренд и натаму да продолжи. Во рамки на работните групи, како и во нашите директни средби подготвен сум за здрави дебати, сугестии, забелешки и ваши предлог-решенија за надминување на предизвиците коишто стојат пред сите нас. Еден од долгогодишните предизвици е и спречување и сведување на минимум на одливот на медицински кадар, зашто токму вашата професионалност, знаење и искуство се од непроценливо значење за здравствениот систем. Со ваков пристап сметам дека заеднички придонесуваме за унапредување на статусот на медицинската сестра во општеството, посочи Сали. Тој ја честита Меѓународната недела на сестринството и потенцираше дека преку заемна доверба, почит и работа заеднички можеме значително да го унапредиме статусот на медицинските сестри затоа што тие тоа го заслужуваат. Претседателката на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, Гордана Бешлиоска се обрати на медицинските сестри порачувајќи им дека нивната професија е божествена и оти „божеството е во медицинските сестри“. – Многу е убаво денес да се биде медицинска сестра. Кога ќе добиете пружена рака не знаете, случајно не сте побарале да ви ја пружат, да знаете дека тоа било од медицинската сестра. Јас денес ви го честитав празникот со една посвета на медицинските сестри каде што кажав дека ако една жена е убава сите ќе ја гледаат, ако е паметна сите ќе ја слушаат и ќе ја почитуваат, ако е добра сите ќе ја сакаат, а ако е сите три – таа е медицинска сестра. Е сега драги колешки сите овие епитети да ги носите не е едноставно. Треба да бидете свесни што ние во нашата професија претставуваме и колкава и каква е нашата мисија, нагласи Бешлиоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezana-megjunarodnata-nedela-na-sestrinstvoto-medicinskite-sestri-se-vistinskite-heroi-na-nasheto-vreme/feed/ 0
„Вечерњи лист“: Во Хрватска недостасуваат четири илјади медицински сестри, две илјади лекари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vechernji-list-vo-hrvatska-nedostasuvaat-chetiri-iljadi-medicinski-sestri-dve-iljadi-lekari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vechernji-list-vo-hrvatska-nedostasuvaat-chetiri-iljadi-medicinski-sestri-dve-iljadi-lekari/#respond Mon, 21 Mar 2022 11:18:51 +0000 https://kurir.mk/?p=650609

На Хрватска и недостигаат околу шест илјади здравствени работници – повеќе од четири илјади сестри и две илјади келари, пишува денешен „Вечерњи лист“. Недостигот медицински сестри е се посериозен проблем насекаде, дури и во болниците каде нема толку голем недостиг на лекари. И додека состојбата со лекарите некаде се подобрува, критична е во примарното здравство каде недостигаат повеќе од 400 главно матични лекари, како и седумдесеттина педијатри и гинеколози. „Пред три години недостасуваа околу четири илјади медицински сестри. Во моментов собираме податоци за нова анализа, а според сите извештаи, ситуацијата сега е полоша“, ја пренесува загрепскиот весник изјавата на Марио Газиќ, претседател на Хрватската комора на медицински сестри. Медицински сестри едноставно нема, а работници од таа струка се дефицитарни и во ЕУ. Во Заводот за вработување на Хрватска имало 280 медицински сестри од кои дел биле вработени, дел не оттаму што решиле да се занимаваат со нешто друго или се дошколуваат. „Најпроблематично е во далматинските окрузи каде медицинските сестри со средно образование повеже сакаат да се занимаваат со туризам отколку да работаат за шест илјади куни месечно“, вел Газиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vechernji-list-vo-hrvatska-nedostasuvaat-chetiri-iljadi-medicinski-sestri-dve-iljadi-lekari/feed/ 0