медијатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 18:30:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медијатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синдикатот на УЈП утре ќе достави предлог за нов медијатор, Јовевски побарал изземање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ujp-utre-ke-dostavi-predlog-za-nov-medijator-jovevski-pobaral-izzemane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ujp-utre-ke-dostavi-predlog-za-nov-medijator-jovevski-pobaral-izzemane/#respond Mon, 26 Jun 2023 18:30:58 +0000 https://kurir.mk/?p=849842

Синдикатот „Солидарност“ - УЈП утре најверојатно ќе испрати предлог за нов медијатор до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) откако денеска назначениот помирувач Лазар Јовевски побарал изземање. Како што изјави за МИА претседателот на синдикатот Васе Недановски, Јовевски бил во странство и не можел да се врати во рокот од три дена, кога треба да постапи. -Помирувачот се иззема. Бил во странство, а рокот за да постапи му е три дена. Во тој период не можел да се врати. Утре ние треба да предложиме некого, да пуштиме писмо до Министерството за труд и социјална политика, рече Недановски за МИА. Вицепремиерот за економски пршања Фатмир Битиќи смета дека вработените во УЈП сепак нема да стапат во генерален штрајк. Тој е оптимист и се надева, истакна денеска, дека ќе се најде решение. -Генерален штрајк не би требало да се случи зашто вработените во УЈП, како и сите други вработени во јавниот сектор, заслужуваат достоинствени плати, изјави Битиќи. Синдикатот „Солидарност“ - УЈП засега не отстапува од одлуката за генерален штрајк доколку нема зголемување на платите за 30 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ujp-utre-ke-dostavi-predlog-za-nov-medijator-jovevski-pobaral-izzemane/feed/ 0
„Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomiruvachot-pomegju-sonk-i-vladata-e-desna-raka-na-trenchevska-ova-e-izmama-vlasta-gi-ponizuva-nastavnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomiruvachot-pomegju-sonk-i-vladata-e-desna-raka-na-trenchevska-ova-e-izmama-vlasta-gi-ponizuva-nastavnicite/#respond Sat, 30 Apr 2022 07:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=670012

Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците. Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата вела дека СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени. - Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите. Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, се друго е притискање на наставниците да ги прифатат условите на владата, за на истата да и останат повеќе пари за матни тендери, се додава во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomiruvachot-pomegju-sonk-i-vladata-e-desna-raka-na-trenchevska-ova-e-izmama-vlasta-gi-ponizuva-nastavnicite/feed/ 0
Во присуство на медијатор продолжија разговорите меѓу СОНК и МОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prisustvo-na-medijator-prodolzija-razgovorite-megju-sonk-i-mon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prisustvo-na-medijator-prodolzija-razgovorite-megju-sonk-i-mon/#respond Fri, 29 Apr 2022 16:07:00 +0000 https://kurir.mk/?p=669875

Започна помирувањето помеѓу СОНК и Министерството за образование. Работни групи од двете страни попладнево го одржаа првиот состанок и ги прецизираа чекорите по кои ќе се водат кон конечно решение. По дописот со понуда за медијација, правниците од образовниот синдикат денеска ги објаснуваа клучните одредби за да ги побијат заблудите кај незадоволните членови кои не сакаа наставата да продолжи. Објаснија дека штрајкот не е целосно прекинат и дека постои временска рамка за решавање на сите точки. Како коментар за вчерашниот собир на револтираните наставници Неделков посочи дека нивното однесување не им доликува на едни просветари. Училишните дворови по безмалку три недели повторно беа раздвижени. Малку настава, малку смеа и опуштени разговори – учениците и наставниците повторно се сретнаа, но на кратко бидејќи ги чека нов продолжен викенд. Во меѓувреме Бирото за развој на образование крои програма со која учениците треба да го надополнат изгубеното од штрајкот, односно 12 работни дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prisustvo-na-medijator-prodolzija-razgovorite-megju-sonk-i-mon/feed/ 0
Борут Пахор новиот медијатор на ЕУ меѓу Белград и Приштина? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borut-pahor-noviot-medijator-na-eu-megju-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borut-pahor-noviot-medijator-na-eu-megju-belgrad-i-prishtina/#respond Wed, 20 Apr 2022 16:42:55 +0000 https://kurir.mk/?p=666140

Словенечкиот претседател Борут Пахор, чиј втор последователен мандат истекува годинава, наводно е заинтересиран за функцијата да биде специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина во иднина, пишуваат регионалните медиуми повијкувајќи се на словенечкиот весник Дело. Запрашан од тамошните новински агенции дали се вистинити шпекулациите дека Пахор е заинтересиран за актуелната позиција на словачкиот политичар Мирослав Лајчак, од кабинетот на Пахор во соопштението за медиумите било речено дека Пахор „во моментов не размислува“ за ова прашање. Понатаму од кабинетот на претседателот Пагор се наведува дека по истекот на актуелниот мандат на крајот на оваа година, тој има намера да ги искористи привилегиите од законот за поранешни претседатели, кои му овозможуваат една година да користи бенефиции, за „поранешен претседател“ со одреден персонал и портпарол. Имајќи го во предвид дека вториот претседателски мандат на Пахор завршува на крајот на годината, по што тој повеќе не може да се кандидира за функцијата, медиумите пишуваат дека тој многу веројатно ќе ги искористи блиските релации со српските и приштинските политичари кои се интензивираа периодов да изнајде решение во односите меѓу Белград и Приштина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borut-pahor-noviot-medijator-na-eu-megju-belgrad-i-prishtina/feed/ 0