медикаментозен абортус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jul 2021 08:35:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медикаментозен абортус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од почеток на годинава извршени 154 медикаментозни абортуси, вкупно 244 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetok-na-godinava-izvrsheni-154-medikamentozni-abortusi-vkupno-244/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetok-na-godinava-izvrsheni-154-medikamentozni-abortusi-vkupno-244/#respond Tue, 06 Jul 2021 08:35:04 +0000 https://kurir.mk/?p=532595

Од почеток на годинава во земјава се извршени 154 медикаментозни абортуси и 90 абортуси во стандардна оперативна процедура. Ова се податоците кои денеска ги посочија министерот за здравство Венко Филипче и директорката на скопската Клиника за гинекологија. -Со измените во Законот волјата на жената ја ставивме на прво место. Кај 150 жени е избегната стандардната процедура и давањето на анастезијата што е една значајна придобивка бидејќи се избегнуваат сите ризици , истакна Филипче. Државниот завод за статистика минатата недела објави дека во Македонија лани е евидентиран негативен природниот прираст од 6724 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pochetok-na-godinava-izvrsheni-154-medikamentozni-abortusi-vkupno-244/feed/ 0
ГАК: Годинава направени 93 медикаментозни абортуси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-godinava-napraveni-93-medikamentozni-abortusi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-godinava-napraveni-93-medikamentozni-abortusi/#respond Thu, 22 Apr 2021 07:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=500695

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство соопшти дека годинава направени се 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста, а во 2020 година се направени 34 медикаментозни абортуси во прв триместар на бременост и осум медикаментозни абортуси од 12 до 22 гестациска недела. Медикаментозен абортус може да се направи до 22 гестациска недела од бременоста и на Клиниката почнал да се применува од октомври 2020 година. Од Клиниката нагласуваат дека според досегашните искуства во изминатиот период, имаат голема успешност со примена на методата. После 22 гестациска недела, прекин на бременост преку медикаментозен абортус (со лекови) може да се направи само со одобрение на комисија при Клиниката. Медикаментите за прекин на бременост, таблетките „мифепристон“ и „мизопростол“ се обезбедени од Министерството за здравство. Овој вид на абортус го симплифицира целиот процес затоа што не се изведува со хируршки инструменти, туку со таблети кои жената ги прима по препорака на гинеколог. Според СЗО, медикаментозниот абортус е препорачан како безбеден со мал процент на полесни компликации, информираат од Клиниката. Од Клиниката истакнуваат дека по завршениот абортус, пациентките добиваат совет за контрацепција и доколку се согласат, им се дава бесплатна контрацепција обезбедена од превентивната програма за здравјето на мајките, за која Министерството за здравство обезбеди буџет за набавка на лековите за медикаментозен абортус. Во рамките на проектот, со донација од Меѓународната федерација за планирано родителство и ХЕРА, се реновира и опреми просторија на Клиниката која ќе се користи за информирање и советување на жените за медикаментозен абортус, стои во соопштението од Клиниката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-godinava-napraveni-93-medikamentozni-abortusi/feed/ 0