медитација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Jan 2023 08:19:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медитација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Редовната медитација делотворна за бактериите во цревата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazhuvane-redovnata-meditatsija-delotvorna-za-bakteriite-vo-tsrevata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazhuvane-redovnata-meditatsija-delotvorna-za-bakteriite-vo-tsrevata/#respond Tue, 17 Jan 2023 08:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=788206

Практикувањето медитација може да помогне во подобрувањето на состојбата со цревните бактерии, но е делотворно и за нивното психо-физичкото здравје, според ново истражување на научници од Кина и Пакистан. Трудот е објавен и во списанието „Генерална психијатрија“ (General Psychiatry). Збогатувањето на цревната микрофлора на тој начин може да помогне во намалување на опасностите од лошото физичко и ментално здравје, вклучувајќи анксиозност, депресија и срцеви заболувања. Тоа може да влијае на мозокот, расположението и на однесувањето преку оската микрофлора – црева – мозок, велат истражувачите. Тие испитувале примероци од крв и столица од 37 тибетски будистички монаси од три храма и 19 нивните соседни жители. Монасите практикувале длабока форма на медитација најмалку два часа дневно меѓу три и 30 години. Заклучоците говорат дека микроорганизмите во цревата – вклучувајќи бактерии, габи и вируси, значително се разликуваат меѓу двете групи. „Колективно, повеќето бактерии стекнати кај луѓето кои медитираат се поврзани со ублажување на менталните болести, што посочува дека медитацијата може да влијае на одредени бактерии коишто можат да имаат улога во менталното здравје… Долготрајната медитација ја зајакнува имунолошката функција на телото и ја намалува опасноста од кардиоваскуларни болести“, се вели во написот. Сепак, тие нагласија дека испитувањата се недоволно обемни и дека сите вклучени монаси и Тибетанци живеат на голема надморска височина, што го отежнува генерализирањето во наодите. „Генерално, овие резултати говорат дека медитацијата игра позитивна улога во психосоматските состојби и благосостојба“, се додава. Друг научен труд, претходно објавен во списанието „Професионална и општа медицина“ (Occupational & Environmental Medicine), којшто опфатил 6.000 случајно избрани жители на Хелсинки, Еспо и Ванта во Финска, покажа дека честите посети на паркови и други зелени површини се поврзани со помала употреба на одредени лекови кај луѓето кои живеат во градовите. „Почестите посети на зелени површини се поврзани со помала и поретка употреба на психотропни, антихипертензивни и лекови за астма. Предусловите не зависат од социо-економскиот статус“, вели заклучокот на истражувачите од финскиот Институт за здравје и благосостојба. Тие, имено, откриле дека луѓето кои посетуваат зелени површини три до четирипати неделно имаат 33 отсто помала веројатност да користат лекови за ментално здравје, 36 насто намален ризик од лекови за крвен притисок и 26 отсто помали шанси за користење лекови за астма, во споредба со луѓето кои посетувале зелени површини само еднаш неделно.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/istrazhuvane-redovnata-meditatsija-delotvorna-za-bakteriite-vo-tsrevata/feed/ 0
Не пијте антидепресиви – медитирајте! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-pijte-antidepresivi-meditirajte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-pijte-antidepresivi-meditirajte/#respond Sun, 07 Nov 2021 20:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=592126

Постои едноставен и ефикасен начин со чија помош ќе го намалите нивото на стрес, депресија, но и болки. Откако ги проучиле резултатите на претходните 47 истражувања, професорот Џонс Хопкинс и неговиот стручен тим дошле до заклучок дека медитацијата ја намалува анксиозноста, депресијата и стресот, и тоа подеднакво ефикасно како и антидепресивите. Нивните анализи се објавени во списанието „Journal of the American Medical Association Internal Medicine“. Постојат разни видови медитација, но нивната заедничка цел е постигнување хармонија и рамнотежа на умот и телото. Најефикасна се покажала медитацијата на вниманието, за време на која фокусот се става на сегашниот момент. Медитацијата треба да се практикува 30 до 40 минути дневно, за што побрзо да се покажат резултатите, односно позитивните чувства и опуштање на умот и телото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ne-pijte-antidepresivi-meditirajte/feed/ 0
Монах отишол во пештера да медитира, но поради обилните врнежи од дожд тој останал заглавен во неа четири дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monah-otishol-vo-peshtera-da-meditira-no-poradi-obilnite-vrnezi-od-dozd-toj-ostanal-zaglaven-vo-nea-chetiri-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monah-otishol-vo-peshtera-da-meditira-no-poradi-obilnite-vrnezi-od-dozd-toj-ostanal-zaglaven-vo-nea-chetiri-dena/#respond Wed, 07 Apr 2021 14:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=493785

Тајландските спасувачи успеаја да спасат будистички монах од поплавената пештера, четири дена откако тој влегол внатре да медитира. Еден монах, кој бил на аџилак, влегол во пештера во тајландската провинција Фитсанулок во саботата, велат спасувачите. Но, дождливо невреме ја погоди областа во неделата, предизвикувајќи зголемување на водостојот и поплавување на пештерата. Тим од 17 нуркачи од локалната единица за спасување помогнаа монахот да се врати на безбедно во средата. Четириесет и шестгодишен монах, Пра Ајарн Манас, оди на аџилак во пештерата Фра Саи Нгам секоја година да медитира. Но, кога тој не се вратил од пештерата по обилните дождови, кои ја погодија областа, жителите ги алармираа властите. Спасувачките екипи влегоа во пештерата во вторникот за да го пронајдат, но мораа да престанат со потрагата, бидејќи не била безбедна поради зголемениот водостој во неа. Спасувачката единица соопшти дека немале контакт со монахот, бидејќи во пештерата немало телефонски сигнал, а само нуркачите можеле да пристапат до областа. Тие биле загрижени дека монахот можел да биде истоштен или онесвестен, бидејќи немал храна со себе. Тим од 17 нуркачи успеал да стигне до монасот во средата наутро откако дождот престанал да паѓа. - Во 11.30 часот, успешно го спасивме Манас од пештерата - објави единицата за спасување на својата Фејсбук страница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monah-otishol-vo-peshtera-da-meditira-no-poradi-obilnite-vrnezi-od-dozd-toj-ostanal-zaglaven-vo-nea-chetiri-dena/feed/ 0