Медитеран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 06:13:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Медитеран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 55 мигранти се удавија во Медитеранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-55-migranti-se-udavija-vo-mediteranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-55-migranti-se-udavija-vo-mediteranot/#respond Thu, 27 Apr 2023 06:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=828110

Десетици мигранти загинаа откако потона гумен чамец во близина на брегот на Либија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Според ИОМ, се удавиле најмалку 55 луѓе, меѓу кои и жени и деца. Преживеале пет лица – четворица мажи (тројца Пакистанци и еден Египќанец) и едно дете од Сирија. Бродската несреќа се случила завчера. Мигрантите испловиле од либискиот град Гарабули, источно од главниот град Триполи. Најмалку 537 мигранти загинале или се водат како исчезнати по бродоломи кај Либија од почетокот на оваа година, покажуваат бројките на ИОМ. Според податоците од оваа организација на ОН, првиот квартал од 2023 година бил најсмртоносниот во централниот Медитеран од 2017 година, со 441 регистрирани смртни случаи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-55-migranti-se-udavija-vo-mediteranot/feed/ 0
Над илјада бегалци во опасност во Медитеранот, ЕК повикува да им се помогне https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-begalci-vo-opasnost-vo-mediteranot-ek-povikuva-da-im-se-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-begalci-vo-opasnost-vo-mediteranot-ek-povikuva-da-im-se-pomogne/#respond Thu, 03 Nov 2022 14:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=755260

Три брода со над илјада баратели на азил се наоѓаат во Медитеранот и бараат пристаниште кое ќе ги прифати, Европската комисија потсетува дека тоа е легална и морална обврска, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија потврди дека е информирана оти три брода моментално во Медитеранот сигнализирале тревога и упатиле барање за безбедно вкотвување во Европа, овие бродови пренесуваат мигранти и бегалци од целиот свет. Тие побарале од Малта, Италија или Франција да им дадат пристап до своите пристаништа, но за сега без одговор. Портпаролката за внатрешни работи во Европската Комисија, Анита Хопер, на денешниот брифинг за новинари потсети дека медитеранската рута е една од најактивните, како и една од најопасните бидејќи има силно присуство на криминални организации. -Европската комисија како таква не е инволвирана ниту е одговорна за координација на вакви операции во море, ниту дефинира место за излез, меѓутоа потсетуваме дека спасувањето животи во море е морална обврска, но и законска должност за земјите членки согласно меѓународното право и независно од околностите кои ги довеле луѓето во ситуација на опасност во море, изјави Хопер. Италија и Малта добиле повици од бродовите на крајот на октомври. Два од овие брода доаѓаат од Либија. Во Италија, новата премиерка, Џорџиа Мелони, од редовите на екстремната десница сѐ уште не одговорила на повиците на бродовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-iljada-begalci-vo-opasnost-vo-mediteranot-ek-povikuva-da-im-se-pomogne/feed/ 0
Бродот „Оушн Викинг“ спаси 158 мигранти во Медитеранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodot-oushn-viking-spasi-158-migranti-vo-mediteranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodot-oushn-viking-spasi-158-migranti-vo-mediteranot/#respond Thu, 19 May 2022 20:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=679219

Бродот „Оушн Викинг“ на невладината организација „СОС Медитеран“ денеска спаси 158 мигранти кај либискиот брег, кои се наоѓале на два гумени чамци непогодни за пловидба, соопшти невладината организација. Меѓу нив имало шест бремен и жени и повеќе деца, меѓу кои и тримесечно бебе. Еден човек е повреден, соопшти Европската организација за потрага и спасување на море, чие седиште е во Марсеј. Според првите сведоштва, михгрантите минале девет часа на море и многу од нив биле исцрпени и емотивно потресени, велат од организацијата, која работи со помош на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Централниот Медитеран е најопасната мигрантска рута во светот, според Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Агенцијата на ОН проценува дека во 2021 година на таа рута загинале или исчезнале 1.553 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brodot-oushn-viking-spasi-158-migranti-vo-mediteranot/feed/ 0
Роблес: Шпанија испрати воени бродови во Медитеранот и Црното Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-shpanija-isprati-voeni-brodovi-vo-mediteranot-i-crnoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-shpanija-isprati-voeni-brodovi-vo-mediteranot-i-crnoto-more/#respond Fri, 21 Jan 2022 07:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=621532

Шпанија испрати воени бродови да им се придружат на поморските сили на НАТО во Средоземното Море и Црното Море додека тензиите во регионот се зголемуваат поради трупањето војници на Русија на границата со Украина, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес. Таа додаде дека миноносецот веќе е на пат кон регионот и фрегатата ќе исплови за три или четири дена. Исто така, рече дека Владата во Мадрид размислува да испрати борбени авиони во Бугарија. „Русија не може да и каже на ниту една земја што да прави, така што НАТО ќе го заштити суверенитетот на секоја земја што може или сака да се приклучи на НАТО“, истакна Роблес. Сепак, додаде дека „Шпанија се залага за исклучително дипломатски одговор за решавање на конфликтот“. САД и сојузниците на НАТО се загрижени поради распоредувањето на околу 100.000 руски војници на границата со Украина и стравуваат дека Москва планира напад врз земјата. Русија тврди дека тоа се нејзини војници на нејзина територија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен утре ќе отпатува за Женева каде ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавро в за да се обидат да ја разрешат кризата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/robles-shpanija-isprati-voeni-brodovi-vo-mediteranot-i-crnoto-more/feed/ 0
Турција и Грција подготвени да започнат преговори за Медитеранот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-i-grcija-podgotveni-da-zapochnat-pregovori-za-mediteranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-i-grcija-podgotveni-da-zapochnat-pregovori-za-mediteranot/#respond Tue, 22 Sep 2020 15:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=406855

Турција и Грција се подготвени да започнат преговори за несогласувањата околу источниот дел на Медитеранот, објави денеска турското претседателство. На видео конференција меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел посочено е дека „Турција и Грција се подготвени да започнат преговори“ за источниот Медитеран, каде што двете земји се расправаат за потенцијалните зони богати со природен гас. Ердоган на состанокот рече дека „овој замав насочен кон намалување на тензиите и искористување на каналите за дијалог мора да биде поддржан со реципрочни мерки“, се додава во соопштението. Во петокот, турскиот претседател изрази подготвеност да се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ако види знаци на „добри намери“. Последната рунда преговори меѓу двете страни со цел да се решат несогласувањата на Медитеранот се одржа во 2016 година. Таа криза е исто така на агендата на Европскиот самит што ќе се одржи во Брисел на 24 и 25 септември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turcija-i-grcija-podgotveni-da-zapochnat-pregovori-za-mediteranot/feed/ 0
Турција пресретна грчки авиони во источен Медитеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-presretna-grchki-avioni-vo-istochen-mediteran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-presretna-grchki-avioni-vo-istochen-mediteran/#respond Sat, 29 Aug 2020 09:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=396517

Турското Министерство за одбрана соопшти дека со пресретнување се оддалечени шест грчки воени авиони Ф-16 кои се приближувале кон зоната на источен Медитеран, каде Анкара започна да ги истражува ресурсите на јаглеводород. Во соопштението се наведува дека радарските системи на турската авијација регистрирале шест грчки авиони Ф-16 кои летале од островот Крит во јужниот дел на Кипар. Исто така се додава дека турските воздухопловни сили југозападно од Кипар ги пресретнале и ги оддалечиле грчките авиони во областа што Турција претходно вчера ја прогласи за зона за истражување. „Турските поморски и воздушни сили со апсолутна решителност продолжуваат да ги штитат нашите права и интереси и во источниот Медитеран“, се вели во соопштението. Турција претходно издаде Навтекс-порака до морнарите дека ќе одржува воени вежби северозападно од Кипар до 11 септември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-presretna-grchki-avioni-vo-istochen-mediteran/feed/ 0
ЕУ ја повикува Анкара „веднаш“ да прекине со истражувањата во Медитеранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-povikuva-ankara-vednash-da-prekine-so-istrazuvanjata-vo-mediteranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-povikuva-ankara-vednash-da-prekine-so-istrazuvanjata-vo-mediteranot/#respond Sun, 16 Aug 2020 17:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=391415

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, ја повика денеска Анкара „веднаш“ да ги прекине своите истражувања за наоѓалишта на природен гас во Медитеранот, откако Турција објави за проширување на своите активности. Соопштението на Анкара „за жал ги зголемува тензиите и несигурноста“, нагласува Борел во изјавата. „Поради тензиите во источниот Медитеран, објавата ги поткопува напорите за продолжување на дијалогот и преговорите и е спротивна на смирување на ситуацијата, што е единствениот пат до стабилност и трајни решенија“, како што повторија министрите за надворешни работи на ЕУ во петокот на виртуелната средба. Борел ги повикува турските власти веднаш да престанат со активности и со добра волја и целосно да се вклучат во широк дијалог со ЕУ. Турција денеска соопшти дека ќе ги продолжи пребарувањата за наоѓалишта за гас во спорната зона во источниот Медитеран. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-povikuva-ankara-vednash-da-prekine-so-istrazuvanjata-vo-mediteranot/feed/ 0
Во спорот помеѓу Турција и Грција на Медитеранот се вмеша уште една држава – се зголемува воената присутност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sporot-pomegju-turcija-i-grcija-na-mediteranot-se-vmesha-ushte-edna-drzava-se-zgolemuva-voenata-prisutnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sporot-pomegju-turcija-i-grcija-na-mediteranot-se-vmesha-ushte-edna-drzava-se-zgolemuva-voenata-prisutnost/#respond Thu, 13 Aug 2020 09:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=390139

Франција ќе го зголеми своето воено присуство во источниот Медитеран, објави во средата францускиот претседател, Емануел Макрон. Тој ја повика Турција да престане со истражувањето на нафта и бензин во спорните води, што ги зголеми тензиите со Грција. Францускиот претседател во разговор со грчкиот премиер Кријакос Мицотакис изразил загриженост поради 'унилатералното' истражување, соопштила Елисејската палата, додавајќи дека тоа мора да запре за да се овозможи дијалог помеѓу двете членки на НАТО. Франција привремено ќе го зајакне своето воено присуство на источниот Медитеран, се додава во соопштението, со цел да се следи состојбата во регионот и да се покаже одлучност да се почитува меѓународното право. Турција и Грција имаат конфликт околу територијалните води богати со енергенти, а тензиите се зголемија во понеделникот кога Анкара испратила истражувачки брод во спорниот дел на Медитеранот, придружена со воени бродови, еден ден откако Грција потпиша договор со Египет. Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ова прашање на вонредната средба во петок. Грчкиот министер истот ден поради тоа ќе се сретне во Виена со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sporot-pomegju-turcija-i-grcija-na-mediteranot-se-vmesha-ushte-edna-drzava-se-zgolemuva-voenata-prisutnost/feed/ 0
Ердоган не попушта, Мицотакис нареди војската да биде на готовс https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-ne-popushta-micotakis-naredi-vojskata-da-bide-na-gotovs/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-ne-popushta-micotakis-naredi-vojskata-da-bide-na-gotovs/#respond Mon, 10 Aug 2020 12:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=388822

Турската воена морнарица соопшти денес дека бродот „Орук Реис“ во следните две седмици ќе спроведува истражувачко бушење во спорното подрачје на источниот Медитеран, а тоа дефинитивно ќе ги зголеми тензиите со Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис веднаш го свика Советот на национална безбедност, а на состанокот присуствувале и министрите за одбрана и надворешни работи. Министерот во грката влада, Јоргос Герапетритис изјави дека Атина е во целосна „политичка и оперативна подготвеност“. Двете земји членки на НАТО Алијансата полагаат право на природните ресурси во тој дел од Медитеранот. Слична најава на Турција минатиот месец ги зголеми тензиите, а ескалација спречи германската канцеларка Ангела Меркел после чија интервенција Турција ги повлече бродовите. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот изјав дека Турција продолжува со истражувањето на нафта и гас во истониот дел од Медитеранот, затоа што Грција не ги исполнила ветувањата во врска со тие активности во регионот. Ердоган го изјави тоа само еден ден подоцна откако Грција потпиша договор со Египет со кој се поставува поморската граница помеѓу двете земји и се обележува ексклузивна економска зона за право на истражување на нафта и гас. Ердоган тој договор го нарече „ништовен“ и оцени дека претставува одговор на договорот на Турција со меѓународно признатата либијска влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/erdogan-ne-popushta-micotakis-naredi-vojskata-da-bide-na-gotovs/feed/ 0
Земјотрес регистриран во турскиот дел на Медитеранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-registriran-vo-turskiot-del-na-mediteranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-registriran-vo-turskiot-del-na-mediteranot/#respond Sat, 01 Aug 2020 10:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=384701

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на брегот на Средоземно Море во Турција. Епицентарот на земјотресот бил на околу 35 километри длабочина. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-registriran-vo-turskiot-del-na-mediteranot/feed/ 0