медиумски мрак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Apr 2021 07:02:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медиумски мрак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија владее медиумски мрак, Заев и власта се закануваат и шиканираат новинари, потврди и „Репортери без граници“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-makedonija-vladee-mediumski-mrak-zaev-i-vlasta-se-zakanuvaat-i-shikaniraat-novinari-potvrdi-i-reporteri-bez-granici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-makedonija-vladee-mediumski-mrak-zaev-i-vlasta-se-zakanuvaat-i-shikaniraat-novinari-potvrdi-i-reporteri-bez-granici/#respond Wed, 21 Apr 2021 07:02:47 +0000 https://kurir.mk/?p=500156

Во Македонија владее медиумски мрак, Заев и власта се закануваат и шиканираат новинари потврди и „Репортери без граници“, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Не е возможно да се објави вест или истражи скандал, а без потоа новинарот односно медиумот да не биде мета на напад на голем број на партиски ботови на социјалните мрежи, со закани и за неговиот живот и животот на неговото семејство. Постои сомнеж дека истите се платени и со државни пари, односно одат на работа во владата. Власта оди до таму што поткренува и судски случаи против новинари и ги малтретира по судови, такви се случаите со уредниците на Инфомакс и Лидер, кои завршија во ЈО затоа што се охрабриле да истражуваат криминал на власта. Но заканите, притисоците и насилието на власта не останува незабележано од меѓународниот фактор и меѓународните организации. Извештајот на „Репортери без граници“ во кој констатираат пад на медиумската слобода е доказ дека насилието се следи и нема да помине, велат од партијата. Од таму додаваат дека медиумите кои се на мета на оваа власта, треба да продолжат непристрасно и професионално да си ја вршат својата професија, зошто само така овој хибриден режим ќе падне, а слободата повторно ќе биде право, а не привилегија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vo-makedonija-vladee-mediumski-mrak-zaev-i-vlasta-se-zakanuvaat-i-shikaniraat-novinari-potvrdi-i-reporteri-bez-granici/feed/ 0
ИНРЕКОМ: Манчевски наложува операторите да воведат медиумски мрак во ек на пандемија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/#respond Wed, 01 Apr 2020 10:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=325495

Институтот за развој на електронски комуникации најостро реагира на дописот од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, а воедно и целосно го осудува обидот за воведување на медиумски мрак. Недозволиво е во ек на пандемија и препораки од домашните власти и светските организации да се остане дома, Министерот за информатичко општество да бара операторите да ги исклучат каналите што ги нудат бесплатно на своите корисници, нешто што е првенствено направено за добробит на граѓаните кои остануваат дома за време на изолацијата наметната од корона-вирусот. Иронично, иако Министерството на почетокот од дописот ги поздравува добрите намери на операторите со кои им помагаат на граѓаните да останат дома, на крајот упатува индиректна закана до операторите во која се вели дека доколку ситуацијата остане иста односно не се исклучат каналите, Владата ќе донесе уредба (со законска сила н.з.) со цел да се промени праксата или во превод ќе ги примора операторите да ги исклучат каналите. Скандалозните законски измени на Законот за АВМУ, донесени пред самораспуштање на Собранието, ги предизвикаа сите оператори да упатат протест преку најава за исклучување на сите канали освен МРТ, по што следуваа преговори со Владата. За штетните одредби од овој Закон и далекусежните последици од истиот, ИНРЕКОМ предупреди пред самораспуштање на македонското Собрание ги повика народните избраници да не ги донесуваат законските измени со кои се воведоа правила кои не беа применливи во пракса. Повеќе за коментарот, на следниот линк. Од дописот на МИОА, се наметнува прашањето, дали Владата злоупотребувајќи ја вонредната состојба која им дава надлежност за донесување на одлуки со Законска сила, сега покажува мускули кон операторите кои претходно легитимно протестно се заканија со исклучување на сите канали? Дали Владата свесно или несвесно работи на штета на граѓаните како крајни корисници кои треба да останат дома во време кога царува пандемијата на КоВид-19?! Институтот бара Владата и Министерството да покажат рацио и да не преземаат чекори кон донесување на уредби со што операторите би биле приморани да ги исклучат каналите. Ваквата одлука не е ништо повеќе од начин за пресметка со операторите, а индиректно и нивните корисници. Нешто што е невидена пракса во светот во вонредни околности. ИНРЕКОМ упатува препорака до самите оператори, постапките кои ќе ги повлечат да бидат во интерес на нивните корисници, да продолжат со збогатување на промотивните периоди со што корисниците би можеле да уживаат во бесплатните канали кои им се понудени, со цел да останат дома, во духот на кампањата #СедиСиДома. Дополнителен апел од страна на ИНРЕКОМ до самите оператори е да го пролонгираат исклучувањето на услугите во случај на неплатени обврски и побарувања кон претплатниците. За крај, го потсетуваме Министерството за информатичко општество, дека македонските медиуми веќе добија одредени олеснувања и финансиски средства од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а повторното актуализирање на фамата околу наводните нерегулирани авторски и сродни права да биде оставена за некои помирни времиња после прогласената кризна состојба. ИНРЕКОМ уште еднаш потенцира дека законските измени не се применливи во пракса и истите треба повторно да претрпат измени низ дијалог со сите засегнати страни, но пред сè и низ примери во другите европски земји, бидејќи сегашното законско решение го нема во ниту една земја членка на ЕУ, семејство кон кое се стремиме. Финално, разочаруваат приоритетите кои МИОА ги реализира во ек на пандемија, наместо нивниот креативен фокус да биде ставен во насока на подобрување на брзината и достапноста на услугите кои тие ги нудат на граѓаните, но и создавање на подобри услови за работа на сите субјекти чие работење зависи од нивната регулатива. Интегрален текст од објавата на ИНРЕКОМ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inrekom-mioa-nalozuva-operatorite-da-vovedat-mediumski-mrak-vo-ek-na-pandemija/feed/ 0
Во време кога викаат дека блескаме ќе се случи медиумски мрак! Зошто власта удира и по медиумите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite-2/#respond Wed, 26 Feb 2020 10:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=308961

Со одлуката на сите оператори за прекин на реемитување на сите домашни и странски ТВ канали, за првпат постои сериозна закана за медиумски мрак. Во битката меѓу медиумите, кабелските оператори и власта, колатерална штета се само граѓаните.

Од каде почна проблемот?

Ваквата одлука на операторите, за која не е прецизно наведено кога би стартувала, доаѓа по новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) што се донесоа на крајно нетранспарентен начин, без претходна јавна расправа, и тоа пред самото распуштање на Собранието и на Решението за распишување на парламентарните избори. Со овие законски измени на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програми што тие не ги произведуваат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност. За овој закон со години постои несогласување и проблеми помеѓу македонските телевизии и операторите. Самиот закон беше донесен ден пред Нова година, на 31 декември 2018 година. Исто толку подмукло и несоодветно се гласаат и неговите измени, како најбитна точка пред распуштање.

Како власта тактизира пред избори

На овие измени инсистираа од Македонската медиумска асоцијација (ММА) за што добија политичка поддршка од владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ, чии пратеници Костадин Ацевски и Артан Груби беа подносители на измените на Законот за АВМУ. Поддршка добија и од министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, кој правдајќи го законот за „Фокус“ вчера рече дека „мора да ставиме крај на беззаконието со непочитувањето на авторските права, кое е стандард во сите европски земји“. Но, симптоматичното е што затемнувањето на каналите се случува токму во предизборието, баш кога се заостри објавувањето на сите криминалии на власта од страна на опозицијата, дали преку Рашела Мизрахи која го извади валканиот веш на Мила Царовска, па беше отстранета од министерското место, дали преку министерот Наќе Чулев кој секој ден одново ја потврдува некадарноста и неспособноста на Оливер Спасовски, дали преку, можеби најважниот момент, аудиозаписите со кои Антонио Милошоски го разобличи „чесниот Зоран Заев“ кој мисли само на својот „мултиетнички народ“. Примерите се многу, Целта на власта предводена од СДСМ е јасна, а тоа не е правда за националните телевизии и медиумските работници, за кои многупати покажале до кој степен воопшто не им е гајле. Не, целта е целосно замајување на граѓаните преку неинформираност, односно, дотур на информации само пред партиски контролираната МРТВ. Целта е до народот да не стигаат сите афери и криминалии во последните три години кои се откриваат сè повеќе и повеќе. Вчера и директорот на АВМУ Зоран Трајчевски за „Фактор“ изјави дека Агенцијата за медиуми е разочарана од начинот на кој властите набрзина, во „пет до 12“ ги истуркаа измените, што не доликува на земја членка на Европската унија. -Ние како Агенција воопшто не бевме консултирани, и исто како и целата јавност, разбравме од медиумите дека е донесен тој закон. А вакви значајни промени на законите не се носат во ваква процедура и во толку кус тајминг, пред распуштање на Парламентот, бидејќи можат да го загрозат и изборниот процес. И што е многу значајно, ние како АВМУ сега ќе треба да се ангажираме со правење на подзаконските акти, што ќе ни одземе многу време и ресурси, наместо целосно да се концентрираме на следење на изборниот процес, вели Трајчевски. За истото реагираа и од АВМУ. -Сето ова се поклопува со веќе започнатиот изборен процес и мониторинг на медиумите од страна на Агенцијата. Наместо својот фокус и ресурси целосно да ги насочи кон квалитетно извршување на обврските кои произлегуваат од Изборниот законик, регулаторот е принуден дел од своите ресурси да ги пренасочи за изнаоѓање начини за спроведување на овие законски одредби, кои не само што се донесени во последен момент туку можат да го загрозат и самиот изборен процес, реагираат АВМУ. Воедно, од Здружението на информатичко-комуникациски технологии посочуваат дека поднеле барање до Уставниот суд за донесување времена мерка со која ќе се одложи неговата примена, заради неуставност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-vreme-koga-vikaat-deka-bleskame-kje-se-sluchi-mediumski-mrak-zoshto-vlasta-udira-i-po-mediumite-2/feed/ 0