медиумски работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 11:21:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png медиумски работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предлог во Албанија: Затворска казна до 5 години за напад или закана против медиумски работници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predlog-vo-albanija-zatvorska-kazna-do-5-godini-za-napad-ili-zakana-protiv-mediumski-rabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predlog-vo-albanija-zatvorska-kazna-do-5-godini-za-napad-ili-zakana-protiv-mediumski-rabotnitsi/#respond Tue, 21 Feb 2023 11:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=803127

Албанските опозициски демократи доставија до парламентот предлог-измени и дополнувања на кривичниот законик, со кои се бараат казни од 1 до 5 години затвор за лицата кои физички нападнале новинари, сниматели или фоторепортери за време на извршувањето на нивната должност. Текстот на предлогот во законодавниот дом го достави пратеничката Ина Жупа, која изјави дека со поднесената иницијатива се бара „зголемување на казните за оние кои се закануваат, физички напаѓаат, омаловажуваат, уценуваат новинари и други медиумски работници“. Во изјава за медиумите Жупа нагласи дека казните се класифицирани како „напад на лице при вршење службена должност и се со иста строгост како и казните против вработени во државната полиција или против лекар“. Неопходноста од донесување на измените го поткрепува, меѓу другото и со последните неколку случаи каде што биле нападнати новинари од ТВ „Репорт“, потоа од емисијата „Фикс Фаре“ на Топ чанел, и други новинари кои добивале заканувачки пораки или им се заканувале додека ја вршеле својата работна задача. -Да не заборавиме дека медиумските работници, од репортери, сниматели, новинари, сите често ги ставаат на ризик своите животи за да пренесат одредена вест. А нивните извештаи, особено кога станува збор за истражувачки емисии, се во служба на расветлување на вистината, во служба на јавниот интерес. Се надевам амандманите што ги поднесовме, ќе бидат ставени на дневен ред со што граѓаните ќе може да слушнат а пратениците да ги кажат своите мислења за и против, рече Жупа. Албанија добива низа негативни извештаи за слободата на медиумите а не изостануваат и случаи на политичко влијание.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predlog-vo-albanija-zatvorska-kazna-do-5-godini-za-napad-ili-zakana-protiv-mediumski-rabotnitsi/feed/ 0
Комитет за заштита на новинарите: Во 2022 година убиени 67 медиумски работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-za-zashtita-na-novinarite-vo-2022-godina-ubieni-67-mediumski-rabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-za-zashtita-na-novinarite-vo-2022-godina-ubieni-67-mediumski-rabotnitsi/#respond Wed, 25 Jan 2023 08:18:15 +0000 https://kurir.mk/?p=791514

Бројот на убиени новинари минатата година е за 50 отсто поголем во споредба со 2021 година, а најголем број жртви се регистрирани во Хаити, Украина и Мексико, се наведува во најновиот извештај на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ). Во 2022 година убиени се 67 медиумски работници, што е најсмртоносна за новинарите од 2018 година. Најмалку 41 од нив биле убиени додека поради нивната работа, додека се уште се истражуваат мотивите за другите 26. Во Украина убиени се 15 медиумски работници, во Мексико 13, а на Хаити седум. На Хаити, некои загинаа од улични банди, а најмалку двајца новинари беа застрелани од полицијата. – Известувањето на Хаити во денешно време е исклучително тешко за новинарите, особено во главниот град. Корупцијата е насекаде, нема никој на кој можете да сметате, изјави новинарот на Радио Караибес, Мекенсон Реми. ЦПЈ наведува дека новинарите во Украина се соочуваат со огромен ризик. Медиумските работници често се повредени од гранатирање додека известуваат за конфликтот, а некои биле мета на руските сили. Убиствата во Мексико се карактеризираат и водени од неказнивост, како убиството на фоторепортерот од Тихуана, Маргарито Мартинез, на 17 јануари 2022 година, а само пет дена подоцна следеше убиството на Лурд Малдонадо Лопез. – Тие кои ги нарачаа убиствата никогаш не беа уапсени, испраќајќи ја пораката дека секој може да дојде наоколу и да ве убие за 1.000 долари, се наведува во извештајот на ЦПЈ. Во документот се наведува и убиството на истражувачкиот новинар од Лас Вегас, Џеф Герман, кој беше избоден до смрт пред својот дом на 2 септември, наводно од локалниот политичар кој го истражуваше Герман. ЦПЈ ја нотири и смртта на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех на Ал Џезира, која беше застрелана од израелски војник додека известуваше за напад на израелската војска во Џенин, Западниот Брег.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-za-zashtita-na-novinarite-vo-2022-godina-ubieni-67-mediumski-rabotnitsi/feed/ 0
Репортери без граници: Во Мексико во 2022 убиени најмногу медиумски работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-vo-meksiko-vo-2022-ubieni-najmnogu-mediumski-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-vo-meksiko-vo-2022-ubieni-najmnogu-mediumski-rabotnici/#respond Thu, 15 Dec 2022 06:47:25 +0000 https://kurir.mk/?p=775764

Мексико е земјата во која се убиени најмногу новинари во 2022 година, се вели во најновиот извештај на Репортери без граници (РСФ). Во извештајот на РСФ се документирани алармантни докази за киднапирања, напади и апсења на медиумски работници, а во периодот од почетокот на јануари до 1 декември 2022 година се регистрирани 11 убиства на медиумски работници од земјите од Латинска Америка, односно приближно 20 отсто од вкупниот број на убиени новинари во светот. – Притисоците на граѓанското општество и меѓународните организации и механизмите за заштита што ги применуваат локалните власти не беа доволни, се наведува во извештајот на РСФ. Во светот, во РСФ биле пријавени 57 убиства на новинари, или 18,8 отсто повеќе отколку во 2021 година, но се смета дека ова зголемување се должи на вооружениот конфликт во Украина. Сепак, речиси половина од убиствата на новинари се случиле во земјите од Северна и Јужна Америка. Земјите зафатени од насилство, како што се на пример Хаити, Никарагва и Бразил се сметаат за најризични за спроведување истраги за проблеми поврзани со организираниот криминал, бандите и корупцијата, стои во извештајот. Во документот конкретно се наведуваат убиствата на тројца новинари во Бразил, кои известувале за нелегална сеча и уништување на шумите во Амазон. Организацијата РСФ во својот извештај наведува дека 49 медиумски работници исчезнале ширум светот, а 65 од нив се киднапирани.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-vo-meksiko-vo-2022-ubieni-najmnogu-mediumski-rabotnici/feed/ 0
Во пораст бројот на настрадани медиумски работници на работна задача, од нив 67 убиени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-porast-brojot-na-nastradani-mediumski-rabotnici-na-rabotna-zadacha-od-niv-67-ubieni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-porast-brojot-na-nastradani-mediumski-rabotnici-na-rabotna-zadacha-od-niv-67-ubieni/#respond Fri, 09 Dec 2022 12:42:04 +0000 https://kurir.mk/?p=773147

Ширум светот во текот на годинава се убиени 67 новинари и медиумски работници, што е за 30 отсто повеќе во однос на 2021 година, се наведува во новиот извештај на Меѓународната федерација на новинари. Минатата година се убиени 47 новинари и медиумски работници. Според Меѓународната федерација на новинари, за порастот на бројот на убиени новинари и медиумски работници, најмногу придонесе војната во Украина, нередите во Хаити и растечкото насилство на криминалните банди во Мексико. Поради известување, ширум светот моментално се притворени 375 новинари, најмногу во Кина, Мијанмар и Турција. Минатата година во затвор биле 365 новинари. Со оглед дека бројот на убиени медиумски работници е во пораст, Меѓународната федерација на новинари ги повика владите да преземат конкретни чекори за заштита на новинарите и слободното новинарство. – Неуспешното реагирање само ќе ги охрабри тие кои настојуваат да го сузбијат слободниот проток на информации и да ја поткопаат способноста на луѓето да ги повикуваат своите лидери на одговорност, истакна генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари, Ентони Белангер. Најмногу медиумски работници, 12 се убиени во текот на известувањето за војната во Украина. Повеќето од нив биле Украинци. Меѓународната федерација на новинари со седиште во Брисел претставува 600.000 медиумски работници од нивните синдидати и здруженија од повеќе од 140 земји. Извештајот на Меѓународната федерација на новинари е објавен во пресрет на Денот на човековите права на ОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-porast-brojot-na-nastradani-mediumski-rabotnici-na-rabotna-zadacha-od-niv-67-ubieni/feed/ 0
Велјановски: Ако власта сака Законот за заштита на медиумските работници може да биде донесен по итна постапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-ako-vlasta-saka-zakonot-za-zashtita-na-mediumskite-rabotnici-moze-da-bide-donesen-po-itna-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-ako-vlasta-saka-zakonot-za-zashtita-na-mediumskite-rabotnici-moze-da-bide-donesen-po-itna-postapka/#respond Thu, 03 Nov 2022 17:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=755370

Сакам да разјаснам неколку дилеми дека опозицијата нема ништо против донесување на закон со одредби кој што ќе ги подобри правата на новинарите и медиумските работници. Факт е дека имаме засилен тренд на напади на новинари, како и на екипи кои што работат со новинарите. Факт е дека барањето на новинарите за носење на закон со одредби со кој што се подобрат правата на медиумските работници е оправдан. Повеќе од една година односно година и половина овој закон е во процедура, само за информација за јавноста на 18.08.2021 година е доставен до Собранието, поминат е и изгласан на прво читање на 28.09.2022 година, истакна Александар Велјановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24. Велјановски додаде дека за жал во Македонија дека има засилен тренд на напади на новинари, како и на екипи кои што работат со новинарите. „Она што е интересно е што се работи за предлог за еден комплексен закон со кој што се уредуваат за повеќе работи од областа на Кривичниот законик. Некако делот на новинарите останува како пропратен елемент на овој закон што не би требало да биде таков. Ако имаме ние алармантна ситуација во општеството каде што е очигледна потребата да се заштитат новинарите, тогаш сметам дека и Владата како подносител на законот и претседателот на Собранието имаат начини да изнајдат модуси и решенија како да дојде на Дневен ред, односно да се разговара стриктно за овие одредби кои што се во насока во заштита на новинарите“, појасни пратеникот. Тој посочи дека законот за заштита на медиумските работници може да биде донесен по итна постапка како што беа доделени 30 милиони евра на Макпетрол преку ноќ за 24 часа. „Морам да кажам дека за жал Собранието функционира само како гласачка машинерија на власта. Односно кога има потреба извршната власт“, нагласи Велјановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanovski-ako-vlasta-saka-zakonot-za-zashtita-na-mediumskite-rabotnici-moze-da-bide-donesen-po-itna-postapka/feed/ 0
Талибанците уапсиле медиумски работници бидејќи не им се допаднал прилог на авганистанската телевизија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-uapsile-mediumski-rabotnici-bidejkji-ne-im-se-dopadnal-prilog-na-avganistanskata-televizija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-uapsile-mediumski-rabotnici-bidejkji-ne-im-se-dopadnal-prilog-na-avganistanskata-televizija/#respond Fri, 18 Mar 2022 12:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=649556

Талибанската разузнавачка служба ноќеска уапсила тројца вработени во телевизијата „ТОЛО“, една од најголемите авганистански телевизиски куќи. Наводно, причина за апсењето било тоа што на властите не им се допаднал прилогот на телелвизијата за забраната на емитување странски серии, изјави директорот на телевизијата, Кпалвак Сапај, еден од упасените. Сапај и правниот советник на медиумот, Нафај Калик, после неколку часа биле ослободени, додека телевизискиот презентер, Бахрам Аман, се уште е во притвор. Обединетите нации и Комитетот за заштита на новинарите ги повикаа властите во Авганистан да престанат да вршат притисоци врз новинарите и преку апсења, закани и застрашувања да ја задушуваат слободата на медиумите во земјата. Талибанската разузнавачка служба ги демантира информациите за апсењето на новинарите. Според Репортери без граници, од август минатата година кога Талибанците се вратија на власт до декември во земјата се затворени 231 од 543 медиуми, а повеќе од 6.400 новинари останале без работа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-uapsile-mediumski-rabotnici-bidejkji-ne-im-se-dopadnal-prilog-na-avganistanskata-televizija/feed/ 0
РСФ: Во 2021 година затворени се 488 медиумски работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rsf-vo-2021-godina-zatvoreni-se-488-mediumski-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rsf-vo-2021-godina-zatvoreni-se-488-mediumski-rabotnici/#respond Thu, 16 Dec 2021 07:09:06 +0000 https://kurir.mk/?p=609112

Во годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ) се наведува дека 488 медиумски работници ширум светот се во затвор. – Бројот на новинари приведени поради нивната работа никогаш не бил толку голем откако РСФ почна да го објавува својот годишен извештај во 1995 година, се наведува во соопштението на невладината организација, која се бори за слободата на печатот. Додека во 2021 година регистриран е најмал број на убиени медиумски работници во изминатите 20 години односно 46. Бројот е зголемен за околу 20 отсто пред се на репресиите врз медиумите во Мјанмар, во Белорусија и во Хонг Конг. РСФ соопшти дека, исто така, никогаш не видела приведени толку многу новинарки, при што вкупниот број од 60 претставува третина повеќе од 2020 година. Кина предводи за затворените новинари – 127, во голем дел благодарение на законот за национална безбедност што го наметна на Хонг Конг, поткопувајќи многу од неговите долгогодишни демократски слободи. Мјанмар беше втор со 53, следен од Виетнам (43), Белорусија (32) и Саудиска Арабија (31). Намалениот број на смртни случаи од 2016 година ја одразува променливата динамика во Сирија, во Ирак и во Јемен, каде што намалувањето на конфликтот значи дека помалку новинари се привлечени во регионот. – Повеќето од 46 убиства биле атентати односно 65 отсто биле намерно насочени и елиминирани, се посочува во извештајот на РСФ. Најопасни земји повторно беа Мексико и Авганистан, со седум, односно шест загинати новинари, а потоа следат Јемен и Индија со по четири. РСФ, исто така, изброи 65 медиумски работници држени како заложници низ целиот свет. Сите се на Блискиот Исток – Сирија (44), Ирак (11) и Јемен (девет), освен францускиот новинар Оливие Дубоа, кој е задржан во Мали од април. Минатиот месец во Хаг беше отворен „Народен трибунал“ за да се постигне правда за убиените медиумски работници за да ги брани медиумските слободи во време на зголемен авторитаризам и популизам. Формиран од коалиција на организации за слобода на печатот, сослушувањата кои ќе траат шест месеци ќе се фокусираат на нерешените случаи на тројца новинари убиени во Мексико, во Шри Ланка и во Сирија. Иако нема законски овластувања да осудува некого, Трибуналот има за цел да ја подигне свеста, да врши притисок врз владите и да собира докази преку, како што го нарекува, својот облик на „главна правда“. Трибуналот беше организиран од „Фри прес анлимитед“ (Free Press Unlimited), Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) и Репортери без граници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rsf-vo-2021-godina-zatvoreni-se-488-mediumski-rabotnici/feed/ 0
Дел од новинарите и медиумските работници ќе се вакцинираат утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-novinarite-i-mediumskite-rabotnici-kje-se-vakciniraat-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-novinarite-i-mediumskite-rabotnici-kje-se-vakciniraat-utre/#respond Sun, 11 Apr 2021 11:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=495573

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација ќе се спроведе во понеделник (12.04) наутро од 08:20 до 10:30 часот во А1 Арена (Сала Борис Трајковски) во Скопје. Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест, информира ЗНМ.з Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро. Истото важи и за сите оние кои се пријавија после истекот на рокот за пријавување во оваа фаза од вакцинацијата. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) им препорачуваат на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-novinarite-i-mediumskite-rabotnici-kje-se-vakciniraat-utre/feed/ 0
ИФЈ: Во 2020 година убиени 42 новинари и медиумски работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ifj-vo-2020-godina-ubieni-42-novinari-i-mediumski-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ifj-vo-2020-godina-ubieni-42-novinari-i-mediumski-rabotnici/#respond Thu, 10 Dec 2020 07:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=441233

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) по повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, објави документ насловен „Бела книга за новинарството во светот“ во која се предупредува дека годинава 42 новинари и медиумски работници биле убиени на задача. Во истиот документ се наведува дека најмалку 235 новинари и медиумски работници во моментов се во затвор и оти против нив се водат постапки во врска со работата што ја работат. Генералниот секретар на ИФЈ, Антони Беланже изјави дека намалувањето на бројот на убиства на новинари не може да ја прикрие „смртоносната опасност и заканите со кои се соочуваат новинарите поради нивната работа“. Според податоците објавени на веб-страницата на ИФЈ, во последните три децении убиени се 2.658 новинари ширум светот. Најмногу новинари годинава се убиени во Мексико – 13, со што земјата четврти пат е на врвот на списокот на ИФЈ во последните пет години. На второ место е Пакистан, со пет убиства, додека во Авганистан, Индија, Ирак и Нигерија годинава се убиени по тројца новинари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ifj-vo-2020-godina-ubieni-42-novinari-i-mediumski-rabotnici/feed/ 0
Заев: Секоја чест за медиумските работници кои посветено и професионално ги следат теренските случувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sekoja-chest-za-mediumskite-rabotnici-koi-posveteno-i-profesionalno-gi-sledat-terenskite-sluchuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sekoja-chest-za-mediumskite-rabotnici-koi-posveteno-i-profesionalno-gi-sledat-terenskite-sluchuvanja/#respond Fri, 16 Oct 2020 16:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=417327

Улогата на медиумите во услови на Ковид-19 пандемијата е особено важна за навремено и точно информирање на населението, потенцира премиерот Зоран Заев на својот профил на Инстаграм. -Секоја чест за медиумските работници кои посветено и професионално ги следат теренските случувања и за тоа ја известуваат јавноста. Вашата улога во услови на Ковид-19 пандемија е особено важна за навремено и точно информирање на населението. Ви честитаме на ангажманот, продолжете посветено, почитувајте ги мерките, напиша Заев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-sekoja-chest-za-mediumskite-rabotnici-koi-posveteno-i-profesionalno-gi-sledat-terenskite-sluchuvanja/feed/ 0