меџити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Jun 2023 13:40:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меџити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиерски часови по безрбетност https://arhiva.kurir.mk/kolumni/premierski-chasovi-po-bezrbetnost/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/premierski-chasovi-po-bezrbetnost/#respond Wed, 07 Jun 2023 10:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=843165

Нов ден, нов резил за Таче. Нова епизода од катадневната сапуница за трагикомичниот, северен „лидер“. Случајот со доктор Јовев е само уште едно продолжение на срамот на најнекадарниот премиер во историјата на Македонија. Можеби е и подобро што владејачката банда не ја ословува државата со вистинското, исконско име, туку со она имагинарното на „С“, колку да направиме дистинкција меѓу нас. Од друга страна, во историјата на Македонија, сакале или не, ова ќе бидат најсрамните години. За сите нас... И така, Таче ја сви кичмата пред Таравари. За промена, затоа што досега таа мисиркина посластица беше резервирана само за Артан и Алија. Пуста, лоша навика на безрбетните чеда за кои сервилноста е утапканиот и единствен пат кон успехот. Она кога си трајно неспособен (некој и со тапија за тоа) па кмичиш, коленичиш, ползиш и угодуваш на сите страни. Еве и пример за тоа кој го јаде стапот кога Ќуран си го мери со некого од коалиционерите. Во таков случај, по правило губи оној зад кој застанала мисирката или тој застанал зад неа. Резултатот е јасен, супер порака за северџганистанската банда. Урнек – што ќе ви се случи ако сте против кого било од оние што го држат „лидерот“ на СДССССС на власт. Колку и да сте во право, бадијала. Во прашање е власт, а Таче е ставен таму да одработи, така што нема заебанција, уште помалку лабаво... Оти, да не се лажеме, на страна стручноста, ама Јовев го одбра Таче наспрема Меџити кој е дете на Тарвари. Ќе беше исто и да беше кој било и од посиноците на Алија, таму гарант и шамари ќе летаа, Арбен е сепак поурбан и посаглам лик од Командантот. И Јовев го изеде стапот, поради понизноста и „нула“ перформансот на престолонаследникот на Заев. Така било и ќе биде со вакви насадени комуњарски перјаници... Ова безвластие и насилие се случува во исто време кога Артан јавно кажува дека сите, вклучително и Антикорупциска можат да му се фатат за Бехтел и Енка, ама да не одат далеку. Период кога Маричиќ меѓу два мрсни ручека не’ плаши со ступиден воз што заминувал и не’ убедува дека Бугарите, освен во Софија, ќе влезат и во уставот, морничави времиња кога Шеќеринска сфаќа дека има нешто македонско во неа и период кога за 14 живи изгорени луѓе добивате потврда дека виновен е лошиот кабел. А, да, таксират време кога 5-та анкета во низа две третини од народот вели дека Македонија оди во тотално погрешна насока. Присуствуваме на уште еден беден обид на Тачевци да докажат дека крајот неделото го краси, оти перфидната банда наголемо ни спрема пост-владејачко бегство со тотално заглавување со Бехтеловци и македонско умртвување со инстант-бугаризација. „Лошото време го прават лошите луѓе“, вели мудрецот Ночески во „Пиреј“. Во нашата „нова нормалност“ пак, не постои нешто доволно лошо што политичарите од СДСС не можат да го направат уште полошо. Од друга страна, грдо е што лошите политичари ги избираат добри луѓе кои седат дома на избори. Со Заевци и Тачевци видовме на дело, лошиот систем ги унишува добрите луѓе. И како народ и како држава не’ очекува тешка работа, но за разлика од северџганистанците водени од џебот и глупоста, ние имаме прекрасна, стамена, исконска и вечна ѕвезда водилка. МАКЕДОНИЈА!   П.С. Да ни е вечна, но не е на одмет малку и ние да направиме нешто околу тоа, за да остане таква...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/premierski-chasovi-po-bezrbetnost/feed/ 0
Меџити бара вицепремиерско место, во спротивно не се гласа Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medziti-bara-vicepremiersko-mesto-vo-sprotivno-ne-se-glasa-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medziti-bara-vicepremiersko-mesto-vo-sprotivno-ne-se-glasa-vlada/#respond Thu, 20 Aug 2020 13:56:34 +0000 https://kurir.mk/?p=393133

Пратеникот и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ, Изет Меџити како што дознава Курир од партиски извори незадоволен е од изборот на кадри и бара вице премиерско место во новиот владин состав. Според нашите информации зад Меџити стојат уште двајца пратеници, односно Зибери и Ајдари од Куманово и двајцата од редовите на ДУИ. Коко што велат нашите извори доколку не се најде што побрзо некое решение, тешко е дека ќе помине утрешното гласање, дури и некој министер можно e и да не помине со доволно гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medziti-bara-vicepremiersko-mesto-vo-sprotivno-ne-se-glasa-vlada/feed/ 0