меѓаши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Feb 2023 06:53:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓаши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меѓаши ќе ги презентира наодите од работата на Ало Бушавко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megashi-ke-gi-prezentira-naodite-od-rabotata-na-alo-bushavko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megashi-ke-gi-prezentira-naodite-od-rabotata-na-alo-bushavko/#respond Fri, 17 Feb 2023 06:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=801554

Тимот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска на прес-конференција ќе ги презентира наодите од работата на Ало Бушавко - телефонот за деца и млади 070 390 632 при ПДАС Меѓаши за 2022 година. Како што е најавено, ќе биде даден осврт за извештајот и преглед на главните причини за јавувања на АлоБушавко - телефонот за деца и млади во 2022 година, како и најчесто застапените пријавени проблеми. Во рамки на конференцијата ќе се наведат и студии на случај, како и приказ на резултатите од Кампањата за промоција на детски права. Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши информираа дека годинашната конференција е под наслов „Менталното здравје на децата и младите“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megashi-ke-gi-prezentira-naodite-od-rabotata-na-alo-bushavko/feed/ 0
Донаторска аукција по повод 30 години од формирањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donatorska-aukcija-po-povod-30-godini-od-formiranjeto-na-prvata-detska-ambasada-vo-svetot-megjashi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donatorska-aukcija-po-povod-30-godini-od-formiranjeto-na-prvata-detska-ambasada-vo-svetot-megjashi/#respond Thu, 28 Apr 2022 06:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=668917

По повод 30 години од формирањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, вечер ќе се одржи гала донаторска аукција, насловена „Да ги вратиме детските насмевки во мода“. Аукцијата ќе се одржи во ресторанот Рагуза 360. Пред почетокот на аукцијата ќе биде прикажан краток филм за Детската амбасада Меѓаши низ годините, потоа ќе се обрати Драги Змијанац основач и претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Предвидена е и презентација на Монографијата детската амбасада од 1992-2022 година. – Сите собрани средства ќе бидат насочени за поддршка на работата на Ало Бушавко, линијата преку која веќе 29 години децата и нивните блиски можат да побараат совет, помош или поддршка од секој вид. Оваа линија е единствена СОС линија од таков вид во државата и е специјализирана да овозможи 24 часовна поддршка на која само минатата година се регистрирани 329 јавувања, 30 проценти повеќе од 2020 година, информираат од Меѓаши. Оттаму посочуваат дека овие бројки ја одразуваат реалноста на проблемите што ги предизвика пандемијата на коронавирусот и ја изразуваат зголемената потреба на корисниците, што за да опстои потребно е да има дополнителен професионален и обучен тим. – Наша желба е преку обезбедените донации да овозможиме непречена работа на Ало Бушавко во текот на целата година. Токму затоа, во рамки на нашиот проект, наша мисија да обезбедиме што повеќе донации со што би им помогнале на што повеќе деца и семејства, додаваат од Меѓаши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donatorska-aukcija-po-povod-30-godini-od-formiranjeto-na-prvata-detska-ambasada-vo-svetot-megjashi/feed/ 0
Черепналкова Трајковска до Царовска: Жално е што и денес имаме 40.000 деца кои се надвор од образовниот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cherepnalkova-trajkovska-do-carovska-zalno-e-shto-i-denes-imame-40-000-deca-koi-se-nadvor-od-obrazovniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cherepnalkova-trajkovska-do-carovska-zalno-e-shto-i-denes-imame-40-000-deca-koi-se-nadvor-od-obrazovniot-sistem/#respond Tue, 27 Apr 2021 16:45:39 +0000 https://kurir.mk/?p=502886

Нашата голема загриженост е дека веќе се надвор од образовниот систем голем број на деца. И едно дете да е надвор од образовниот систем за нас е грижа. Бројката на деца надвор од образовниот систем беше околу 40.000, ако не се лажам. Тоа се 40.000 деца кои немаа пристап или технички уреди за слушање на настава, посочи Јорданка Черепналкова Трајковска од „Меѓаши“ во „24 анализа“. Черепналкова Трајковска посочи дека нема ниту во сите училишта социјални работници кои би им помогнале на децата кои што се загрозени. -Јас навистина ниту сакам да навлегувам, ниту зазема некоја политичка страна, ниту мислам дека е вкусно министерката да посочува аргументи дека организациите се под палка на опозицијата, појасни Черепналкова Трајковска. Черепналкова Трајковска укажа на министерката Мила Царовска дека „Меѓаши“ не се води под бројки кои што ги изнесува опозицијата, туку тие ги бараат реалните бројки од општините со цел да им помогнат на засегнатите деца со цел да следат онлајн настава, да не се изоставени од образовниот процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cherepnalkova-trajkovska-do-carovska-zalno-e-shto-i-denes-imame-40-000-deca-koi-se-nadvor-od-obrazovniot-sistem/feed/ 0
Меѓаши по случајот со детето кое изгоре врзано: Родителската нeгрижа и зaнeмарување на децата е појава што зaгpижува и опoмeнува! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-po-sluchajot-so-deteto-koe-izgore-vrzano-roditelskata-negriza-i-zanemaruvanje-na-decata-e-pojava-shto-zagpizuva-i-opomenuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-po-sluchajot-so-deteto-koe-izgore-vrzano-roditelskata-negriza-i-zanemaruvanje-na-decata-e-pojava-shto-zagpizuva-i-opomenuva/#respond Thu, 18 Mar 2021 14:41:39 +0000 https://kurir.mk/?p=484307

Родителската нeгрижа и зaнeмарување на децата е појава што зaгpижува и опoмeнува. Згpoзени сме од настанот што се случи во Гостивар кога  мaлолетно дете, изгоре, врзано со ланци на нозете.  Случаеви каде децата се врзуваат со ланци од страна на родителите, како ,,воспитна мерка“ не се непознати во светот, меѓутоа очигледно  Македонија не е веќе исклучок.

Граѓанските организации при своите анализи на аномалиите на системот, освен теренските истражувања  ги користат и информациите добиени од медиумите. Во дадениот случај, при анализа на информации пласирани во медиумите како класичните така и интернет медиумите,  можеме да заклучиме дека едни медиуми  информираа дека семејството е семејство фантом, кое не е регистрирано во системот. Други медиуми известуваат дека Центарот за социјални грижи имал информации за семејството. Нашите информации од терен говорат дека  само детето кое настрада во пожарот немало извод од матична книга на родените, односно не било регистрирано. Совесни граѓани реагирале до Центарот за социјални грижи во Ресен и истиот бил информиран за состојбата во семејството но не преземале никакви мерки.

Ова е дел од реакцијата испратена до медиумите од Меѓаши, но потпишана и од други органицазии. Нивниот допис го пренесуваме во продолжение:

Воедно, имајќи предвид дека некои медиуми го истакнаа местото каде се сместени децата, што претставува исто така кршење на нивните права, ги потсетуваме и замолуваме при нивните известувања во случаи кога се работи за деца да ги имаат предвид Кодексот за новинари при известување што вклучува дете жртва/сторител (во прилог) и Основните упатства и принципи на Меѓународната федерација на новинарите за известување за прашања во кои се инволвирани децата: внимателно да ги земат предвид последиците од публикувањето на секаков материјал во врска со децата и на тој начин да ја намалат штетата врз децата; да внимаваат да не користат визуелно или друго идентификување на децата доколку тоа не е очигледно во јавен интерес; да осигураат независна в е р и ф и к а ц и ј а н а информациите што ги дале децата и да водат посебна грижа верификацијата да не ги стави во опасност децата информатори; да употребуваат чесни, отворени и недвосмислени методи за обезбедување слики и, таму каде што е можно, да ги добијат со знаење и согласност на децата или на одговорното возрасно лице, старател или лицето што се грижи за нив. Медиумите не треба да ги зем а а т п р е д ви д и да известуваат за положбата на децата само како настан, туку треба постојано да известуваат за процесот кој може да доведе или води кон појавата на тој настан. А во најдобар интерес на децата е да внимаваме на вакви подробности кои може да имаат негативен ефект токму над децата за кои се залагаме да ги заштитиме.

Со оглед на тоа дека Република Македонија во 1993 година ја има усвоено Конвенцијата за детски права на ООН  обврзана е согласно истата да ги исполни долунаведените обврски:

-Детето се пријавува веднаш по раѓањето и од раѓањето има право на име, право на грижа, државјанство и, ако тоа е можно, право да знае кои му се родители и право тие да се грижат за него.

-Државите членки ги обезбедуваат остварувањето на овие права во согласност со националните закони и со соодветните меѓународни инструменти од оваа област, особено во оние случаи кога детето, инаку би било апатрид.

-Обезбедување на содветна заштита на мајката пред и по раѓањето на детето.

-Овозможување на сите сегменти на општеството, посебно на родителите и на децата, да бидат информирани и да им се пружи поддршка при користењето на основните знаења за здравјето, исхраната на детето, предимствата на доењето, хигиената и хигиенските услови на животната средина, како и за спречувањето на несреќите.

- Државите членки се обврзуваат: Ниедно дете да не биде изложено на мачење или на други свирепи, нечовечки или понижувачки постапки или казни.

Потсетувајќи дека Обединетите нации во Општата декларација за правата на човекот прокламираат дека на детството му припаѓаат посебна грижа и помош,

Уверени дека на семејството како основна единица на општеството и природна средина за развој и благосостојба на сите нејзини членови, особено на децата, треба да му биде пружена неопходна заштита и помош за да може во целина да ја преземе одговорноста во заедницата,

Свесни за фактот дека детето, за да оствари хармоничен развој на личноста, треба да расте во семејна средина, во атмосфера на среќа, љубов и разбирање,

Сметајќи дека детето треба да биде во целина подготвено да живее самостојно во општеството и да биде воспитувано во духот на идеалите, прокламирани во Повелбата на Обединетите нации, а особено во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправноста и солидарноста,

Сакаме да прашаме:

  1. Дали ова  дете  е регистрирано или не  во системот?  Дали детето, кое било на 7 годишна возраст било вклучено во системот на образование?
  2. Доколку не е регистрирано, до каде е процесот на регистрација на децата фантоми на територија на државата?
  3. Ако процесот на попишување на децата фантоми е започнат, зошто тој процес се одвива многу споро?
  4. Прашуваме каква заштита добила мајката по раѓањето на децата од страна на институциите? Дали биле корисници на социјална помош и детски додаток?
  5. Информациите од терен говорат дека граѓани на Ресен го пријавувале случајот во Центарот за социјална работа. Прашуваме, што преземале државните институции  да ја спречат несреќата? Каде затаила меѓу институционалната комуникација Центар за социјална работа и МВР?
  6. Што преземале надлежните институции за да го спречат чинот на врзување на нозете на детето со ланци?
  7. Со оглед на тоа дека многу информации во медиумите се контрадикторни, прашуваме што Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги  презема за спречување на ширење на информации без доволно информации и дезинформации на вакви теми на различни медиуми, како традиционални, така и интернет?

Интернет Хотлајн Провајдер Македонија,

Здружението Сплотени срца Штип,

Ресурсен центар на родители на лица со посебни потреби и

Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-po-sluchajot-so-deteto-koe-izgore-vrzano-roditelskata-negriza-i-zanemaruvanje-na-decata-e-pojava-shto-zagpizuva-i-opomenuva/feed/ 0
Меѓаши бара да се затворат градинките и онлајн настава за сите ученици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-da-se-zatvorat-gradinkite-i-onlajn-nastava-za-site-uchenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-da-se-zatvorat-gradinkite-i-onlajn-nastava-za-site-uchenici/#respond Fri, 06 Nov 2020 09:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=425753

Првата детска амбасада во светот Меѓаши соопшти дека е загрижена од новите мерки на Владата и Министерството за здравство во врска со спречување на ширењето на коронавирусот. Од таму бараат затворање на градинките и целосна онлајн настава во училиштата. -Упатуваме апел до властите да дадат поголема поддршка и соодветни услови за работа на здравствените работници вклучително доволно човечки ресурси и доволно заштитна опрема за да не се доведуваат до ситуација самите да ја набавуваат истата, да препознаат дека сега е соодветно време за префрлање и на децата до трето одделение на онлајн настава и затворање на градинките, а родителите на децата до десет годишна возраст да се ослободат од работа, се наведува во соопштението. Од Меѓаши, исто така, велат дека загрижува тоа што во детските оддели од болниците во иста просторија се прегледуваат деца за кои постои сомнеж дека се заразени со ковид-19 и деца дојдени од други причини. Од таму велат дека до нив постојано пристигаат барања за помош и донации од медицинскиот персонал, при што досега најчесто биле барања за донација на заштитна опрема, маски и скафандери, но пристигнало и барање за волонтерска помош. Од детската амбасада велат дека недостасуваат информации за бројот на позитивни случаи на деца заразени со ковид-19, ниту вкупен, ниту на дневна основа. -Недостасуваат информации за сместувачките капацитети за хоспитализација на децата што се позитивни и дали има доволен стручен тим посветен само за децата или одговорностите на здравствените работници се и за возрасни и за деца во исто време, прашуваат од Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија. Според нив, потребно е итно делување на сите во општеството, тргнувајќи пред се од Владата во насока на мобилизирање на сите ресурси и поставување на здравството како приоритет, вклучително и заострување на мерките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-bara-da-se-zatvorat-gradinkite-i-onlajn-nastava-za-site-uchenici/feed/ 0
Меѓаши со апел до Владата: Преиспитајте ја одлуката за ослободување на едниот родител од работни обврски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-so-apel-do-vladata-preispitajte-ja-odlukata-za-osloboduvanje-na-edniot-roditel-od-rabotni-obvrski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-so-apel-do-vladata-preispitajte-ja-odlukata-za-osloboduvanje-na-edniot-roditel-od-rabotni-obvrski/#respond Thu, 08 Oct 2020 12:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=413950

АПЕЛ до Министерството за образование и наука и Владата  за остварување на најдобриот интерес на децата,  преиспитување на одлуката за укинување на мерката за ослободување на едниот родител од работни обврски и поддршка на децата од семејствата во социјален ризик, испратија од детската амбасада Меѓаши. Нивното барање испратено до Владата ви го пренесуваме во продолжение:  Со целосна свесност за сериозноста на предизвикот пред којшто сме исправени сите како поединци и како општество, со целосно разбирање на нашата одговорност како Детска амбасада што работи во насока на остварување на најдобриот интерес на детето, би сакале да укажеме и да апелираме до надлежните за проблемите со кои се соочуваат децата од раноучилишна возраст и нивните семејства. Имено, новиот начин на реализирање на наставата, самиот по себе е предизвик за сите вклучени страни, но подразбира и потреба од поголема присутност на родителите и нивно поголемо учество во воспитно образовниот процес. Активното присуство на родителите/старателите во новата реалност е неопходно и особено важно во првите три години од основното образование кога се случува основното описменување и градење на односот кон соучениците, наставниците, учењето и други вредности. Во период од своето образование кога ги немаат целосно стекнато и/или усовршено способностите за пишување, читање и разбирање, препознавање на броевите и други основни математички познавања, работењето дома под надзор на родителот е неопходно, без разлика на начинот на којшто детето ја следи наставата. Оттаму, сметаме дека мерката за ослободување на едниот од двајцата вработени родители за деца до 10 години треба да е се уште на сила, уште повеќе сега, кога родителите се неопходен дел од образовниот процес на своите деца. Дополнително сакаме да потсетиме и да не ги заборавиме децата од семејствата во социјален ризик, во кои едниот или двајцата родители не се вработени и неретко се приморани да се почесто надвор од домот барајќи работа на пазарот на труд, вклучително и во сферата на сивата економија. Тоа значи дека овие деца кои веќе се социјално исклучени трпат дополнителна дискриминација во нивното право на образование, немајќи возрасен кој може да им помогне, насочи и поттикне. Веруваме дека Министерството за образование и наука, како и Владата  се залагаат за остварување на најдобриот интерес на децата и апелираме да ја преиспитаат одлуката за укинување на мерката за ослободување на едниот родител од работни обврски, но во исто време да изнајдат начин за поддршка на оние деца чиишто родители ниту се вработени, ниту имаат вештини да им помогнат. Сите деца имаат право на квалитетно образование. Образованието е клучно во развојот на децата и значаен столб во развојот на целокупното општество. Познато е дека секоја денешна инвестиција во образованието на децата е инвестиција во развојот на целото општество но и превенција од несакани социјални и економски кризи, бидејќи општеството е меѓусебно испреплетен систем, а образованието е основен столб за негов раст и развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-so-apel-do-vladata-preispitajte-ja-odlukata-za-osloboduvanje-na-edniot-roditel-od-rabotni-obvrski/feed/ 0
„Меѓаши“ одбележува 28 години постоење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-odbelezuva-28-godini-postoenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-odbelezuva-28-godini-postoenje/#respond Wed, 29 Apr 2020 05:24:08 +0000 https://kurir.mk/?p=339075

Првата Детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска одбележува 28 години работа посветена на заштита на права на децата, поттикнување одговорно родителство и почит на детската личност. -Во ова чудно време-невреме би сакале да ја споделиме со вас радоста за нашата 28-годишнина на многу години исполнети со работа и активности во секакви околности, години посветени на помош на деца кои страдаат, години со тага, но и исполнетост што можеме да бидеме поддршка. Зад нас се години и години работа. Поголеми или помали, кризите се составен дел од нашата историја, а за оној кој страда или има потреба од помош, не постои помала или поголема криза, се наведува во соопштението на детската амбасада. Оттаму дополнуваат дека го промовираат и мировното образование, развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство и ги негуваат различностите и еднаквите можности за сите. -„Меѓаши“ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Оваа криза денес особено тешко нѐ погодува бидејќи не можеме да работиме надвор, директно со децата, наведуваат во соопштение. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ е меѓународна граѓанска организација за заштита на правата на детето формирана на 29 април 1992 година во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-odbelezuva-28-godini-postoenje/feed/ 0
Меѓаши: Не смее да има забрана за невакцинирани деца во градинките и училиштата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-ne-smee-da-ima-zabrana-za-nevakcinirani-deca-vo-gradinkite-i-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-ne-smee-da-ima-zabrana-za-nevakcinirani-deca-vo-gradinkite-i-uchilishtata/#respond Thu, 02 May 2019 16:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=193398

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се јави со реакција на забраната деца кои не се вакцинрани, да не бидат примани во градинка или во училиштата. Ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус. Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки со цел да го заштити населението и истото го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца, се вели во соопштението на „Меѓаши“. Според „Меѓаши“, родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата, но и за сите позитивни и негативни ефекти од истата, како и информации за квалитетот и безбедноста на вакцините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-ne-smee-da-ima-zabrana-za-nevakcinirani-deca-vo-gradinkite-i-uchilishtata/feed/ 0
Меѓаши ќе го промовира прирачникот „Позитивно родителство“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-kje-go-promovira-prirachnikot-pozitivno-roditelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-kje-go-promovira-prirachnikot-pozitivno-roditelstvo/#respond Wed, 27 Mar 2019 07:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=179266

Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе го промовира прирачникот „Позитивно родителство“ чија цел е да се зголеми свесноста за важноста на одговорното родителство во насока на најдобриот интерес на децата. Прирачникот е достапен на македонски, албански и ромски јазик. Овој прирачник е краток, концизен и содржи практични примери кои ќе им бидат од помош и поддршка на родителите. Напишан e од Ана Фрицханд и Софија Георгиевска професорки при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје. Во прирачникот се даваат одговори на прашањето што значи позитивното родителство. Притоа се  посочува дека тоа значи оти треба да се поминува квалитетно време со детето, заедно со него да се постават правила и граници, да се создаде рутина во однесувањето на детето, за полесно стекнување навики. -Имајте на ум дека она што го правите е поважно од она што го кажувате – бидете добар пример за вашето дете. Затоа, вашиот пристап за родителство ќе биде модел за тоа како вашето дете треба да постапува со другите, сега и во иднина, вклучувајќи Ве и вас, се посочува во Прирачникот. Издавач и уредник на истиот е Првата детска амбасада во светот Меѓаши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjashi-kje-go-promovira-prirachnikot-pozitivno-roditelstvo/feed/ 0
Регистрирани 107 дојави за прекршување на детските права на СОС телефонот во „Меѓаши“ во 2018-та https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-107-dojavi-za-prekrshuvanje-na-detskite-prava-na-sos-telefonot-vo-megjashi-vo-2018-ta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-107-dojavi-za-prekrshuvanje-na-detskite-prava-na-sos-telefonot-vo-megjashi-vo-2018-ta/#respond Wed, 13 Feb 2019 10:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=163379

Вкупно 107 дојави за прекршување на детските права се регистрирани на СОС телефонот за деца и млади во текот на 2018 година. Најкарактеристични податоци што биле регистрирани во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се 30 дојави за сиромаштија, 13 за семејно, физичко и психолошко насилство и негрижа врз дете, девет деца биле потенцијални жртви на прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки и пет кои биле жртви на меѓуврсничко насилство. Ова беше истакнато на денешната презентација за годишниот извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Претседателот и основач на „Меѓаши“, за проблемот на сиромаштијатa, посочи дека овие деца од рана возраст треба да се вклучат во градинка, да добијат бенефиции од страна на државата, да стекнат други животни навики, да не бидат дискриминирани по социјалниот статус, да им се обезбедат топли обувки, облека, храна и на тој начин, како што вели, ќе имаме помалку едно дете на улица. Координатор на СОС телефонот за деца и млади и психолог, Јана Зенговска рече дека заедничкото пренесување на информации и знаењето на надлежност на институциитe доведуваат до заштита на децата на кои им треба помош во даден момент. СОС телефонот за деца и млади функционира 26 години и досега се регистрирани вкупно 20.742 повици. Овој телефонот претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-107-dojavi-za-prekrshuvanje-na-detskite-prava-na-sos-telefonot-vo-megjashi-vo-2018-ta/feed/ 0