Меѓународен аеродром Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 09:13:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Меѓународен аеродром Скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТАВ: Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во првите девет месеци годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-so-2-4-milioni-patnitsi-vo-prvite-devet-mesetsi-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-so-2-4-milioni-patnitsi-vo-prvite-devet-mesetsi-godinava/#respond Wed, 18 Oct 2023 09:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=890209

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид бележат пораст од 30 отсто на патничкиот сообраќај за периодот јануари – септември 2023 година во однос на 2022 година и пораст од 15 проценти во однос на 2019 година, соопшти ТАВ Македонија. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, бележи зголемен број на патници за периодот јануари – септември 2023 година, кога вкупно 2,4 милиони (2 357 712) патувале преку двата аеродрома, во Скопје и Охрид, што претставува годишен пораст од 30 отсто во однос на 2022 година. Во споредба со 2019-та, која се смета за референтна година во воздухопловството, како најдобрата година во однос на патничкиот сообраќај пред КОВИД-19, двата аеродрома бележат 15 отсто повеќе патници во периодот јануари – септември 2023 година. Во однос на бројот летови за истиот период, годишниот пораст е 19 проценти, односно пет отсто споредено со 2022 и 2019 или на аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани и опслужени вкупно 17 683 летови. -Среќни сме што забележуваме зголемување на бројот на патници за 30 отсто за аеродромите во Скопје и Охрид во споредба со статистиката од 2022 година. Посебно ни е драго што за само девет месеци од 2023 година, со 2,4 милиони патници, речиси го достигнавме бројот на опслужени патници во целата 2022 година. Ова претставува продолжување на позитивниот тренд на закрепнување, а она што нè прави особено горди е што статистиката на воздушниот сообраќај за двата македонски аеродроми не само што ја надминува референтната 2019 година за 15 отсто, туку ги надминува прогнозите на ACI* за обем на патници на глобално ниво во 2023 година, што е 94,2% од нивото од 2019 година. Очекуваме до крајот на оваа година, со новите линии и новите авиокомпании кои влегоа на македонскиот пазар, заедно со извонредноста во нашите услуги што ги даваат нашите посветени и ориентирани кон клиентите колеги, ќе ја заокружиме 2023 година како година на рушење нови рекорди, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Во 2023 година, досега, две нови авиокомпании влегоа на македонскиот авијациски пазар, Lufthansa и Norwegian, со редовни или сезонски летови до Франкфурт, односно Осло. Во меѓувреме, од скопскиот аеродром SunExpress најави дека чартер летовите до Измир и Анталија ќе продолжат да сообраќаат како редовни летови од претстојната зимска сезона, а Wizz Air започна со редовни летови до Љубљана. Дополнително, AEGEAN, од 2 октомври 2023 година започна да лета до Сараево. Охридскиот аеродром имаше одлична летна сезона засилена со сезонските и чартер летови до Белград, на Air Serbia и до Манчестер и Лондон (Гетвик), на TUI. Најчести дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември 2023 година, биле Истанбул (двата аеродрома, IGA и Sabiha Gokcen со 10,8 отсто пазарен удел), Базел Милуз (6,1 отсто), Цирих (5,5), Виена (4,7), Дортмунд (4,5), Франкфурт (4,2), Минхен Меминген (4,1), Анталија (4), Малме (2,6) и Келн (2,6 поценти). Топ 5 земји со директни летови за јануари – септември 2023 година беа Германија (27,3 отсто удел на пазарот), Турција (16,9) Швајцарија (13,4), Шведска (6,7) и Италија (6,5 проценти). Што се однесува до учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај за првите девет месеци од 2023 година на скопскиот аеродром, Wizz Air превезе најголем број патници (60,2 отсто удел на пазарот), потоа Turkish Airlines (7,4), Pegasus Airlines (6,1), Austrian Airlines (4,7), Chair Airlines (3,7). Најчеста дестинација за патување за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, од охридскиот аеродром е Базел (21,5 проценти удел на пазарот), потоа Виена (21), Дортмунд (16,4), Меминген (11,9), Малме (9,4), Цирих (9,3), Амстердам (8,8), а останатите дестинации имаат 0,5 отсто. Во моментов, според распоредот на летови, од Меѓународниот аеродром Скопје летаат 14 авиокомпании до 41 дестинација, додека на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ две авиокомпании летаат до 6 дестинации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-so-2-4-milioni-patnitsi-vo-prvite-devet-mesetsi-godinava/feed/ 0
ФОТО: 5 кг. сребрен накит и бижутерија запленети на Меѓународен Аеродром Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-5-kg-srebren-nakit-i-bizhuterija-zapleneti-na-megunaroden-aerodrom-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-5-kg-srebren-nakit-i-bizhuterija-zapleneti-na-megunaroden-aerodrom-skopje/#respond Tue, 10 Oct 2023 08:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=887316

Околу пет килограми сребрен накит и бижутерија се запленети од страна на царински службеници на Меѓународниот Аеродром Скопје откако странски државјани не го пријавиле накитот со што направиле прекршок на царинските регулативи. -Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит се обидел да ги изнесе од државата, без притоа да ја декларира стоката од комерцијален карактер кај царинските службеници. Накитот е откриен при контрола на рачниот и дополнителниот багаж којшто е побаран од страна на царинските службеници по увид на картата на патникот. Во вториот случај, на влез во државата, запленети се 123 парчиња сребрен накит откриени по контрола на патник, инаку турски државјанин, кој патувал од Истанбул, информираат од Царина. Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната трговија и сузбивање на сивата економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-5-kg-srebren-nakit-i-bizhuterija-zapleneti-na-megunaroden-aerodrom-skopje/feed/ 0
Запленети 90.000 евра на аеродромот во Скопје, странец ги носел во џеб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-90-000-evra-na-aerodromot-vo-skopje-stranets-gi-nosel-vo-dheb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-90-000-evra-na-aerodromot-vo-skopje-stranets-gi-nosel-vo-dheb/#respond Tue, 04 Jul 2023 12:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=852532

Царинските службеници од царинската испостава Аеродром спречија обид за нелегално изнесување на девизи и запленија 90.000 евра по извршена контрола на патникот Х.А. кој патувал на релација Скопје – Цирих. Патникот, инаку странски државјанин, на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавил со само еден сив куфер, по што се упатил на излез од Република Северна Македонија и не пријавил ништо за царинска контрола. При контрола на патникот од страна на царински службеник, во предните и задните џебови се пронајдени 100 илјади евра кои не биле пријавени, со што е сторен прекршок по член 56-в став 2 од Законот за девизно работење. Согласно Законот вратени му се 10 илјади евра, а останатите 90 илјади евра за кои не поседувал документ се привремено задржани. Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок до надлежниот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapleneti-90-000-evra-na-aerodromot-vo-skopje-stranets-gi-nosel-vo-dheb/feed/ 0
Правеле скици или цртежи на воени објекти и борбени средства, апсење на скопски аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pravele-skitsi-ili-tsrtezhi-na-voeni-objekti-i-borbeni-sredstva-apsene-na-skopski-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pravele-skitsi-ili-tsrtezhi-na-voeni-objekti-i-borbeni-sredstva-apsene-na-skopski-aerodrom/#respond Wed, 12 Apr 2023 19:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=823426

На 11.04.2023 околу 15 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници  лишиле од слобода две лица Е.А. ( 32) и Е.Б. (31) поради основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено навлегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства. Лицата биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pravele-skitsi-ili-tsrtezhi-na-voeni-objekti-i-borbeni-sredstva-apsene-na-skopski-aerodrom/feed/ 0
Нема откажани летови од 9 наутро, еве каква ќе биде ситуацијата со летовите на скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otkazani-letovi-od-9-nautro-eve-kakva-kje-bide-situacijata-so-letovite-na-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otkazani-letovi-od-9-nautro-eve-kakva-kje-bide-situacijata-so-letovite-na-skopskiot-aerodrom/#respond Tue, 03 Jan 2023 12:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=783534

Од 20 часот на втори јануари до 9 часот наутро денеска на трети јануари 2023 година, авиокомпаниите откажаа 10 лета, а пренасочија 3 лета, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, информираат од ТАВ Македонија. Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците. Од компанијата за сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваат патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти. Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување: https://www.caa.gov.mk/ Од 9 часот наваму нема откажани летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. -Во моментов не очекуваме нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските неприлики во кои се наоѓа скопската котлина веќе неколку дена. Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: www.skp.airports.com.mk , во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања). Таму, евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи, велат од ТАВ Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otkazani-letovi-od-9-nautro-eve-kakva-kje-bide-situacijata-so-letovite-na-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
Полетуваат авионите од скопскиот аеродром, одложено слетувањето на авионот од Истанбул https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletuvaat-avionite-od-skopskiot-aerodrom-odlozeno-sletuvanjeto-na-avionot-od-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletuvaat-avionite-od-skopskiot-aerodrom-odlozeno-sletuvanjeto-na-avionot-od-istanbul/#respond Tue, 03 Jan 2023 08:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=783371

Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување. На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување. Следното слетување на аеродромот е после 11 часот. Изутринава магла имаше во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Во Скопје претпладнево има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени. Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот завчера до девет часот изутрината вчера беа откажани девет лета, а четири пренасочени.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletuvaat-avionite-od-skopskiot-aerodrom-odlozeno-sletuvanjeto-na-avionot-od-istanbul/feed/ 0
НЕМА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: ТАВ Македонија со најново соопштение по дојавата за бомба на Скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otkazani-letovi-tav-makedonija-so-najnovo-soopshtenie-po-dojavata-za-bomba-na-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otkazani-letovi-tav-makedonija-so-najnovo-soopshtenie-po-dojavata-za-bomba-na-skopskiot-aerodrom/#respond Fri, 16 Dec 2022 15:33:34 +0000 https://kurir.mk/?p=776737

Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово, информираат од ТАВ Македонија. -Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред. За детали во однос на летовите, ги упатуваме нашите патници да ја следат веб-страницата http://skp.airports.com.mk/, каде што информациите за полетувањата и слетувањата, се ажурираат во реално време. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на Шалтерот за информации кој е достапен 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, додаваат од ТАВ Македонија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-otkazani-letovi-tav-makedonija-so-najnovo-soopshtenie-po-dojavata-za-bomba-na-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
Од Скопје и Охрид ќе се лета до 48 дестинации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-skopje-i-ohrid-kje-se-leta-do-48-destinacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-skopje-i-ohrid-kje-se-leta-do-48-destinacii/#respond Sat, 29 Oct 2022 07:36:11 +0000 https://kurir.mk/?p=752238

Со зимскиот распоред на летови што почнува утре (30 октомври) од скопскиот аеродром ќе има вкупно 41 дестинација, до каде ќе летаат 13 авиокомпании, а на охридскиот аеродром седум редовни дестинации со четири авиокомпании. Разликата со летните распореди на летање се само сезонските летови и на скопскиот и на охридскиот аеродром. – Скопскиот аеродром има стабилен сообраќај во текот на целата година, без големо влијание од сезонскиот сообраќај, додека охридскиот аеродром има редовен сообраќај во текот на целата година, со висок пик во летните месеци поради туристичкиот карактер на аеродромот – односно поради фактот што опслужува туристичка дестинација. За нови линии – постојано имаме состаноци и преговори со авиокомпаниите, но додека немаме официјална потврда од нивна страна, не можеме да објавиме нова авиолинија. Штом имаме, ќе ја информираме јавноста, изјави за МИА Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“. Во првите девет месеци од годинава на двата аеродрома има зголемување од 82 проценти на патничкиот сообраќај во однос на истиот период од 2021 година, а намалување од 9,6 проценти кај карго сообраќајот. – Споредено со 2019 година, која ја сметаме за референтна година во воздухопловството, бидејќи беше пред да се појави Ковид-19, нивото на патнички сообраќај е -12 проценти или сме на 88 проценти од патничкиот сообраќај што го имавме во 2019 година. Во однос на карго-сообраќајот, во првите девет месеци од годинава има волумен од 2407 тони, што е намалување од 9,6 проценти во однос на истиот период од 2021 година. И покрај тоа што имаме зголемување на увезените карго пратки, поголемото намалување на извезените карго пратки во исто време придонесува вкупниот волумен да биде помал од лани, информира Батак. Економската и енергетската криза нема негативно влијание врз бројот на патници и има значителен пораст на патничкиот сообраќај на двата македонски аеродрома. Меѓутоа, посочува Батак, кога ќе го погледнеме падот на карго-сообраќајот, главната причина за овој тренд е војната Русија-Украина и затворањето на Кина како економија цели два месеци, поради нивната политика за заштита од Ковид-19. – Овие две глобални состојби придонесоа за намален извоз на карго стоки од скопскиот аеродром на споменатите пазари. Во 2021 година имавме зголемени карго чартер летови поради зголемениот извоз на компаниите од слободните економски зони, но оваа година ситуацијата беше целосно променета и поради тоа резултираше со пад на овој вид на авиосообраќај, објаснува Батак. Од ТАВ Македонија очекуваат во 2023 година позитивниот тренд на пораст на патничкиот сообраќај да продолжи со повисока стапка. – Очекуваме дека целосно ќе закрепнеме од ударот на Ковид-19 и ќе ги постигнеме нивоата на патнички воздушен сообраќај што ги имавме во 2019 година. Разбираме дека потрошувачката моќ на граѓаните може да се намали, но знаеме и дека сите имаат заштедено пари на страна за патувања, особено по последните две години кога луѓето се воздржуваа од трошење. Затоа, мислиме дека луѓето ќе продолжат да претпочитаат авионски превоз наместо копнен превоз, бидејќи тој е побрз, овозможува удобност и погодност за патниците. Особено за туристичките патувања, односно патувањата заради одмор и рекреација. Ако автомобилскиот транспорт значи возење со денови за да стигнете до посакуваната дестинација, качувањето во авион значи дека само 2 до 3 часа ве делат од посакуваната дестинација, изјави Батак. Откако на 1 март годинава истече договорот за субвенционирани летови од државава со „Виз Ер“, Министерството за транспорт и врски на почетокот на минатиот месец до Владата достави нова уредба со која дефинираше нов модел за распределба на финансиска поддршка за авиолинии. – Ќе може да се вклучат што е можно повеќе оператори и да не се врзуваме само за еден. Исто така, го ограничуваме интензитетот на субвенционирање како што налага и бара Европската комисија, се со цел да овозможиме што повеќе дестинации за граѓаните и да го развиеме авиосообраќајот, информираше во интерву за МИА ресорниот министер Благој Бочварски. На двата аеродрома во државава од јануари до крајот на септември годинава се превезени над 1,8 милиони патници (1 811 168) и се реализирани 14.823 летови. Статистиката за патничкиот сообраќај на „ТАВ Македонија“ покажува дека дестинации со најголем сообраќај од скопскиот аеродром, од јануари до септември, биле: Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 13 проценти пазарен удел); Виена (6,3 проценти); Цирих (6,2 проценти); Базел Милуз (6,2 проценти); Анталија (5,4 проценти); Минхен Меминген (4,1 процент); Дортмунд (3,8 проценти); и Келн (3,1 процент). Топ пет држави со директни летови се: Германија (23,7 проценти пазарен удел); Турција (20,1 процент); Швајцарија (14,2 проценти); Шведска (6,8 проценти); и Австрија (6,3 проценти). Најголем број патници во првите девет месеци од годинава превезе Виз Ер (58,2 проценти пазарен удел), по што следат Туркиш Ерлајн (12 проценти); Пегасус ерлајн (6,4 проценти); Аустријан (6,3 проценти) и Чер Ерлајнс со пет проценти. На охридскиот аеродром, пак, најфрекфентна дестинација за патување е Виена со 17,9 проценти пазарен удел, потоа Базел (15,4 проценти), Цирих (13,9 проценти), Малме (10,3 проценти), Меминген (10,2 проценти), Амстердам (9,2 проценти), Фридрихсхафен (8,7 проценти), Дортмунд (7,8 проценти), а останатите дестинации се со пазарен удел од 1,4 проценти. Во првиот квартал годинава со почетокот на војната Русија – Украина, запреа авиолиниите што беа воведени во тек на ковид пандемијата во 2020 и 2021 година, Москва и Санкт Петербург од „Нордвинд“ и Киев со „Виндроуз“. Само два месеца годинава оперативна беше рутата Скопје – Софија на бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“, која почна во март, а запре на крајот на мај. Зимскиот распоред на летање ќе биде во сила до 25 март следната година. Патниците можат да го проверат на: skp.airports.com.mk и ohd.airports.com.mk. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-skopje-i-ohrid-kje-se-leta-do-48-destinacii/feed/ 0
Уапсена 27 данска државјанка на скопскиот аеродром – се пресметала со полицајците и агресивно се однесувала со нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsena-27-danska-drzavjanka-na-skopskiot-aerodrom-se-presmetala-so-policajcite-i-agresivno-se-odnesuvala-so-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsena-27-danska-drzavjanka-na-skopskiot-aerodrom-se-presmetala-so-policajcite-i-agresivno-se-odnesuvala-so-niv/#respond Sat, 09 Jul 2022 14:58:22 +0000 https://kurir.mk/?p=702688

На 08.07.2022 во 04.45 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“ Скопје од полициски службеници е приведена Ф.Љ.(27) од Данска, која агресивно се однесувала и физички нападналa полициски службеници кои вршеле службени дејства. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsena-27-danska-drzavjanka-na-skopskiot-aerodrom-se-presmetala-so-policajcite-i-agresivno-se-odnesuvala-so-niv/feed/ 0
ОД ДЕНЕС ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ – доколку планирате да летате ова мора да го знаете! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-golema-promena-na-skopskiot-aerodrom-dokolku-planirate-da-letate-ova-mora-da-go-znaete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-golema-promena-na-skopskiot-aerodrom-dokolku-planirate-da-letate-ova-mora-da-go-znaete/#respond Sat, 28 May 2022 06:51:28 +0000 https://kurir.mk/?p=682786

„ТАВ Македонија“ денеска ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје и од 17 часот летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на цело деноноќие. Градежните работи на пистата почнаа на 28 март откога и распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата, која е долга 2950 метри и широка 45 метри. Пистата се обновува првпат по 1996 година, кога реконструкцијата траела два и пол месеца, а аеродромот тогаш бил целосно затворен и авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром. -Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид, првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година, ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“. „ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот аеродром Скопје. На веб-страницата на аеродромот, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што „ТАВ Македонија“ ги добива од авиокомпаниите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-golema-promena-na-skopskiot-aerodrom-dokolku-planirate-da-letate-ova-mora-da-go-znaete/feed/ 0