Меѓународен ден на Ромите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 05:15:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Меѓународен ден на Ромите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-go-odbelezhi-megunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-go-odbelezhi-megunarodniot-den-na-romite/#respond Thu, 06 Apr 2023 05:39:25 +0000 https://kurir.mk/?p=820820

Во Собранието денеска Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија (ИППГ) заедно со Комитетот за односи меѓу заедниците ќе го одбележат Меѓународниот ден на Ромите. Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателка на ИППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија Љатифе Шиковска и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците. Видео-обраќања ќе имаат генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации Антонио Гутереш и Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент. Предвидено е и свечено доделување на плакети за даден придонес во процесот на интеграција на Ромите во Република Северна Македонија. Плакета ќе добие Зоран Димов, претседател на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во општеството. Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите ќе има можност за разгледување на изложбени историски артефакти преку фотографии и видео.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ke-go-odbelezhi-megunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Честитка од Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dzaferi-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dzaferi-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/#respond Fri, 08 Apr 2022 09:16:42 +0000 https://kurir.mk/?p=660182

Претседателот на Собранието Талат Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април денеска упати честитка до припадниците на ромската заедница во земјава. -Ми претставува чест и задоволство од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име да Ви го честитам овој важен ден за ромската заедница, полни 31 година од прогласувањето на 8 Април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации, 51-година од првиот Ромски конгрес од 1971 година, и секако, 21 година од впишувањето на Ромите во Уставот на Република Северна Македонија, вели Џафери во во честитката. Џафери во честитката посочува дека ова се значајни датуми за ромската заедница, но, позначајна е нивната интеграција, нивниот придонес во сите промени, како и тоа колку општеството беше отворено за оваа заедница. -Нашето мултикултурно, мултиконфесионално и мултиетничко општество не е целосно и комплетирано доколку Вашата силна и исто толку широка душа не би го збогатувала секојдневието со својата живост и во најтешките времиња. Затоа што едно е сигурно, промените, добрите или лошите влијанија, не ве заобиколуваат туку напротив, оставаат трајни белези и врз Вас како и врз секој друг граѓанин на Република Северна Македонија, напиша Џафери. Претседателот на Собранието порача оваа година да биде година на промени кон подобро за сите граѓани. -Нека оваа година биде година на промени кон подобро за сите граѓани на Република Македонија, нека биде година во која ромската заедница и самата ќе си го отвора патот кон подобрување на квалитетот на живот за себе, за своите деца. Наша обврска како држава и државни институции и народни избраници е да бидеме до Вас во секој чекор напред. Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!, се наведува во честитката од Џафери по повод Меѓународниот ден на Ромите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dzaferi-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Претседателот Пендаровски со честитка по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-so-chestitka-po-povod-8-april-megjunarodniot-den-na-romit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-so-chestitka-po-povod-8-april-megjunarodniot-den-na-romit/#respond Fri, 08 Apr 2022 07:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=660078

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално:
„Најсрдечно ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, еден од најзначајните датуми во ромската историја кога на Првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон, ромските активисти од Европа го потврдиле ромското знаме, химна, јазик, култура и ромскиот идентитет на повеќе од 12 милиони Роми во Европа. Горди сме на вашиот придонес во градењето на мултикултурниот мозаик на нашата заедничка татковина. Пред нас претстои помалку од една деценија за спроведување на новата Стратегија за инклузија на Ромите во која наша заедничка задача е да создадеме инклузивно општество преку остварување на конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, домувањето, здравството, културата, борбата против дискриминацијата и намалувањето на сиромаштијата. Во овие кризни периоди од здравствен и економски аспект потребно е сите засегнати страни соодветно да ги искористиме капацитетите, ресурсите и надлежностите за да ги надминеме диспропорционалните разлики и децениските проблеми, како предуслов за просперитетна и сигурна иднина. Од исклучителна важност е учеството на ромската заедница како и сите останати заедници, во општествениот, политичкиот и културниот живот на државата. Да продолжиме заеднички да градиме соживот во духот на взаемната почит, солидарноста и пријателството. Нека ни е честит 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите! Bahtalo о 8. April sa e Romenge!“
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-so-chestitka-po-povod-8-april-megjunarodniot-den-na-romit/feed/ 0
Петок неработен ден за Ромите, се празнува Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petok-neraboten-den-za-romite-se-praznuva-megjunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petok-neraboten-den-za-romite-se-praznuva-megjunarodniot-den-na-romite/#respond Tue, 05 Apr 2022 06:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=658501

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РСМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2022 година (петок), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија. -Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите, стои во соопштението на МТСП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petok-neraboten-den-za-romite-se-praznuva-megjunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Мицкоски со честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/#respond Thu, 08 Apr 2021 08:08:49 +0000 https://kurir.mk/?p=494121

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честиташе 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите. -Почитувани припадници на ромската етничка заедница, Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април. Сите граѓани на Република Македонија заслужуваат подобар живот и сигурна иднина. Ромите денес ја немаат потребната поддршка од државата, напротив тие како и сите други граѓани го живеат ова тешко секојдневие на сиромаштија, нееднаквост и разградување на институциите. Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет и во иднина за ВМРО-ДПМНЕ. Токму на тој начин ќе овозможиме унапредување на општествениот статус на Ромите во државата кои се нераскинлив дел од нејзиното минато, сегашност и иднина. Oд мое име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства. Нека Ви е честит 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите!, пишува Мицкоски во честитката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Комисија за спречување и заштита од дискриминација со честитка за Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija-so-chestitka-za-megjunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija-so-chestitka-za-megjunarodniot-den-na-romite/#respond Thu, 08 Apr 2021 07:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=494101

Во ситуација кога дури 85,6 проценти од Ромките не го посетиле својот матичен гинеколог, само три отсто од граѓаните вклучени во активните мерки за вработување се Роми и додека припадниците на ромската етничка заедница се уште се најчесто жртви на расизам, дискриминација и сегрегација, не можеме да зборуваме за значаен напредок во превенција и заштита од дискриминација врз Ромите на системско ниво. Дополнително, ваквата ранливост на Ромите е зголемена во време на пандемијата, предизвикана од Ковид-19, бидејќи голем дел од ромската етничка заедница се соочува со екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита, соопшти Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по поводт Меѓународниот ден на Ромите, 8 април. Токму заради ова, посочуваат, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како национално тело за еднаквост, кое за прв пат во својата историја има и член Ром, се обврзува во својот мандат и во рамките на своите проширени законски надлежности да ги приоретизира превенцијата и заштитата од дискриминација врз Ромите во сите општествени сфери. – Комисијата особено посветено ќе работи на елиминирање на сегрегацијата на децата Роми во образованието, отстранување на системската дискриминација во пристап до здравствени услуги и на превенција и заштита од дискриминација во пристапот до добра и услуги на Ромите, наведуваат во соопштението. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги повикува и охрабрува сите граѓани од ромската етничка заедница кои сметаат дека биле дискриминирани да ги пријават случаите на дискриминацијата во Комисијата и да добијат соодветна правна заштита. – Денес се одбележува Меѓународниот ден на Ромите, ден на славење на ромската култура и традиција како нераскинлив дел од нашето мултиетничко, мултикултурно, мултијазично и мултирелигиско општество. Но, во исто време на овој ден се истакнува и одбележува континуираната борба против дискриминацијата, сегрегацијата и маргинализацијата со кои Ромите се соочуваат секојдневно во речиси сите оштествени сфери. Честит 8ми Април, Bahtalo Romano Dive!, посочуваат од Комисијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija-so-chestitka-za-megjunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Силјановска Давкова: На овој ден треба да се обврземе да исполниме и многу други предизвици врзани за ромската заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-na-ovoj-den-treba-da-se-obvrzeme-da-ispolnime-i-mnogu-drugi-predizvici-vrzani-za-romskata-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-na-ovoj-den-treba-da-se-obvrzeme-da-ispolnime-i-mnogu-drugi-predizvici-vrzani-za-romskata-zaednica/#respond Mon, 08 Apr 2019 10:53:58 +0000 https://kurir.mk/?p=183838

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова денес се обрати по повод Меѓународниот ден на Ромите. -Вреди да се одбележуваат важни датуми, како овој денот на Ромите во светот. Меѓутоа уште повеќе вреди секој ден да биде пристоен ромски ден. Се разбира Република Македонија на овој план уставно правно зошто Ромите си го најдоа заслуженото место во Преамбулата, и институционално правно може да се пофалиме дека водевме сметка за своевидно самоуправување или себе управување во рамките на општина во која мнозинството се Ромите како што е Шуто Оризари. Но мислам дека на овој ден треба да се обврземе да исполниме и многу други предизвици врзани за ромската заедница, особено на планот на правичната и соодветна застапеност на сите нивоа на власта, особено на посебна заштита на ромската заедница како најранлива категорија не само во светот и во Република Македонија. Тука мислам на посебните усилби за образованието, за здравството, за социјалната заштита, истакна таа. Силјановска Давкова посочи дека ако стане претседателка едно од нејзините први обраќања ќе се однесува на ромската заедница. -Се надевам дека идната година на овој ден ќе имаме можност да ги истакнеме успесите во она што е предизвик за сите нас во почитувањето и остварувањето на ромските права. Ако станам претседателка на Република Македонија едно од моите први обраќања ќе се однесува на ромската заедница. Се разбира дека ако мојата ќерка ја одгледала Ромка, една прекрасна жена која влегла во нашиот живот и ние во нејзиниот, не знам зошто не би побарала помош од Ромките и Ромите и во вршењето на претседателската функција, посочи таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-na-ovoj-den-treba-da-se-obvrzeme-da-ispolnime-i-mnogu-drugi-predizvici-vrzani-za-romskata-zaednica/feed/ 0
Меѓународен ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-romite/#respond Mon, 08 Apr 2019 05:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=183705

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одбележи со настан насловен „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“ во организација на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“. Како што е најавено, претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе имаат свои воведни обраќања. Предвидено е и обраќање на Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија и на Надир Реџепи, извршен директор на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ). Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април  официјално е прогласен во 1990 година  на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-romite/feed/ 0
Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-den-na-romite-odbelezan-vo-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-den-na-romite-odbelezan-vo-kichevo/#respond Sun, 08 Apr 2018 18:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=37929

Меѓународниот ден на Ромите-8 Април денеска се одбележа во Кичево, во организација на Здружението на млади сили на ромската заедница во овој град. - Под мотото „Да чекориме заедно“ на неколку локации во Кичево, со дружење, забава, игра меѓу Ромите и гостите што учествуваа на оваа манифестација, со добро организирана културно–уметничка програма достоинствено го одбележуваме овој голем ден за нас Ромите, изјави  Удавер Реџепоски, советник во општина Кичево. Додаде дека манифестацијата е отворена за сите граѓани во општина Кичево. Манифестацијата почна денеска во попладневните часови со кревање на ромското знаме на јарболот во населбата Бела кула во Кичево, каде се одржа богата културно-уметничка програма. Се одржа и трибина на тема „Како да го подигнеме активизмот кај младите Роми“ и општа веселба во населбата Бела кула, каде живее претежно ромско население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodniot-den-na-romite-odbelezan-vo-kichevo/feed/ 0
Честитка од претседателот Иванов по повод Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-ivanov-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-ivanov-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/#respond Sun, 08 Apr 2018 12:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=37884

Осми април е меѓународен ден посветен на културата и на историјата на Ромите што во Република Македонија се прославува на највисоко ниво. Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество. Она што го држи нашето општество заедно е уникатниот модел на соживот и почитувањето на различноста, се наведува во честитката од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на  8 Aприл Меѓународниот ден на Ромите. Република Македонија, се додава, е онолку успешна колку што се успешни сите нејзини граѓани и затоа, постојано се работи за да се унапреди социоекономската, политичката, културната и позицијата на Ромите во општеството. - Учеството во локалната самоуправа, законодавната и извршната власт, наставата и емисиите на ромски јазик се само дел од стекнатите права на ромската заедница, кои никој нема право да ги доведува во прашање. Свесни сме дека претстои уште многу работа бидејќи сè уште постојат стереотипи, предрасуди, но и наследени нерамномерни економски односи коишто се пречка за остварување на целосниот потенцијал на ромската заедница. Треба уште многу работа за да ја постигнеме посакуваната цел – еднакви можности и права како предуслов за достоинствен живот за секој припадник на ромската заедница во Република Македонија, се истакнува во честитката. - Честитајќи ви го денешниот празник, уверен сум дека и во иднина заедно ќе работиме за доброто на нашата држава и на нашите сограѓани, почитувајќи го принципот на еднаквост, недискриминација и владеење на правото, стои во честитката од претседателот Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pretsedatelot-ivanov-po-povod-megjunarodniot-den-na-romite/feed/ 0