меѓународен ден на трудот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Apr 2022 13:49:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународен ден на трудот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утре е Меѓународен ден на трудот: Зошто го славиме 1 мај? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/utre-e-megjunaroden-den-na-trudot-zoshto-go-slavime-1-maj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/utre-e-megjunaroden-den-na-trudot-zoshto-go-slavime-1-maj/#respond Sat, 30 Apr 2022 13:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=670157

Утре со низа народни собири ширум светот ќе се одбележи Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, како општа манифестација на солидарноста на работниците во борбата против сите форми на неправда и експлоатација и за подобрување на условите за работа. Тој датум е своевиден симбол на визијата и борбата за подобра работна позиција и поправеден свет воопшто, но и манифестација на сеќавање на жртвите во таа борба. Меѓународниот ден на трудот се одбележува на тој ден во спомен на 1 мај 1886 година, кога десетици илјади работници демонстрираа на улиците на Чикаго барајќи поповолни услови за работа, подобра положба на работниците, меѓу другото, доследна примена на осум час работно време. Тоа беа речиси револуционерни барања во тоа време, а следеше остра реакција од работодавачите и од властите. На тој ден во Чикаго, во 1886 година, околу 40.000 работници излегоа на генерален штрајк, барајќи подобри услови за работа, изразени во слоганот „три осумки“ - осум часа работа, одмор и слободно време. Организаторите претходно презентираа реални проблеми и итно упатија барања до работодавците. Протестот на кој одговорија со репресија и брутална реакција на властите и работодавачите, а потоа и низа жртви, беше прифатен како симбол на борбата за работничките права и воопшто на обесправените. Во 1886 година во Чикаго протестите започнале на 1 мај, а најострите судири со полицијата се случиле во следните денови, особено на 4 и 5 мај, кога судирите се прошириле и надвор од Чикаго. Полицијата се обидела да ги разбие протестните собири и да доведе до поделба на демонстрантите, што завршило со сериозни конфликти во кои имало и жртви, но и меѓу припадници на полицијата. Најмалку шест работници загинале, а околу 50 биле ранети во судирите со полицијата, а голем број биле и уапсени. Неколку работнички водачи подоцна беа осудени на смрт, а тројца на затвор. Во спомен на големите манифестации на обесправените и нивната решителна борба, со низа жртви, на Основачкиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, одржан на 100-годишнината од падот на Бастилја, на 14 јули, беше одлучено да се одбележи 1 мај како меѓународен празник на работата со масовни собири, демонстрации и повремени манифестации, во знак на сеќавање и опомена. На Вториот конгрес во 1891 година, 1 мај официјално е прогласен за Меѓународен ден на трудот. Тоа требаше да биде општа манифестација на работничката солидарност во борбата против сите форми на неправда и експлоатација. Постепено, како што се засилуваа синдикалните и работничките движења, во последните години на 19 век и првите децении на 20 век, 1 мај беше сè поприфатен и обележан, многу често со широки протестни манифестации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/utre-e-megjunaroden-den-na-trudot-zoshto-go-slavime-1-maj/feed/ 0
Синдикати и здруженија на граѓани бараат мерки за заштита на работничките права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikati-i-zdruzenija-na-gragjani-baraat-merki-za-zashtita-na-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikati-i-zdruzenija-na-gragjani-baraat-merki-za-zashtita-na-rabotnichkite-prava/#respond Fri, 01 May 2020 08:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=340255

Синдикати и здруженија на граѓани денеска упатија првомајски проглас во кој бараат преземање на мерки кои ќе ги заштитат работниците. Бараат да не се дава финансиска поддршка на фирми кои ќе отпуштаат работници за време на кризата, да се донесе уредба со која платите на работниците нема да може да се намалуваат повеќе од 20 проценти и паричен надоместок да земаат и лица на кои им престанал работниот однос спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината. Во прогласот се бара и заштита на пекарските работници, односно и за нив да биде обезбедена финансиска помош од 14.500 денари, како и да се забрани пресметување на камати во време на криза. Дел од барањата на синдиактите се и воведување на прогресивен данок на добивка, со стапка од 20 прценти на добивката која надминува еден милион евра и прогресивен данок на личен доход со стапка од 20 проценти за доход над 1.500 евра и 30 проценти за доход над 2.500 евра. Бараат да се воведе и данок од 30 процетни на исплатените дивиденди и да се поништи покачувањето на акцизите. индикатите апелираат да престане анимозитетот кон јавниот сектор и квалификувањето на вработените во овој сектор како неработници, а од Владата да му помогне на претседателот на државата најитно да најде начин да продолжи со работа Собранието. Синдикатите и здруженијата на граѓани бараат да бидат консултирани при подготовката на мерките кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност. – Работничките и работниците не молчат ниту во време на пандемија. И со маски, ќе бидеме гласни, се вели во заедничкиот првомајски проглас на дел од синдикатите и здруженијата на граѓани за заштита на работничките права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikati-i-zdruzenija-na-gragjani-baraat-merki-za-zashtita-na-rabotnichkite-prava/feed/ 0
Синдикатите со марш ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-so-marsh-kje-go-odbelezat-megjunarodniot-den-na-trudot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-so-marsh-kje-go-odbelezat-megjunarodniot-den-na-trudot/#respond Tue, 01 May 2018 06:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=48192

Синдикалните организации во Македонија денеска се приклучуваат кон одбележувањето на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот којшто се слави во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права. Најстариот, Сојузот на синдикати на Македонија, по неколку години пауза се враќа на традиционалното одбележување на 1 Мај, односно со првомајски марш по улиците на главниот град. Под мотото „Патиштата се различни, целта е една“ маршот ќе почне пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија и ќе продолжи пред македонското Собрание и Владата на Република Македонија каде ќе бидат испорачани синдикалните барања за подобар закон за работни односи, регрес за годишен одмор за сите работници и подобар општ колективен договор за приватниот и јавниот сектор. Синдикалниците ќе кажат и стоп за мобингот и за зголемувањето на старосната граница за пензионирање. - Се враќаме на традиционалните патишта. Одлуката е донесена едногласно од највисоките органи и тела. Сите претседатели и советници ја донесовме одлуката на 1 Мај да се маршира и да се кажат работничките барања, истакна претседателот на ССМ, Дарко Димовски на минатонеделната прес-конференција на која беше најавен првомајскиот марш. Првомајскиот марш се поклопува и со 110-годишнината од синдикалното движење и организирање во Македонија Неколку години наназад, почнувајќи од 2010 година, ССМ со претходното раководство го одбележуваше 1 Мај со кампањи за одредени области од заштитата на работничките права и како резултат на тоа беа иницирани и донесени неколку законски решенија како што беа Законот за мобинг, измените на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за минимална плата. Првомајски протестен марш за денес најавија и од Конфедерацијата на синдикални организации барајќи целосна измена на Законот за работни односи и нивни претставници да бидат вклучени во преговорите. Нивниот марш ќе почне од пред зградата на Македонската радиотелевизија. Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод празникот на трудот издадоа проглас во кој потенцираат дека економско-социјалната состојба во државата е лоша, оти социјалното партнерство и дијалог не функционира, се кршат одредби од колективни договори и закони, особено законите за работни односи и за пензиско осигурување, како и дека се бележат притисоци за зачленување или прекин на членство во одредени синдикати. Најавија дека денеска нема да одржат протест, а од Владата побараа отпочнување преговори во делот на платите, согласно Законот за работни односи и колективните договори, задолжително учество во најавениот ребаланс на Буџетот во делот на платите, како и социјалното партнерство да почне да функционира и на централно и на локално ниво. Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во Македонија од 2007 година за неработен ден е прогласен само 1 мај, а до 2006 година неработни беа 1 и 2 мај. Денот на трудот се празнува во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго кога демонстрантите барале воведување осумчасовен работен ден. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatite-so-marsh-kje-go-odbelezat-megjunarodniot-den-na-trudot/feed/ 0