Меѓународен ден на жените – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 07:30:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Меѓународен ден на жените – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дебата „Меѓународен ден на жените и девојките во науката: Сите напред за одржлив и рамноправен развој“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-megunaroden-den-na-zhenite-i-devojkite-vo-naukata-site-napred-za-odrzhliv-i-ramnopraven-razvoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-megunaroden-den-na-zhenite-i-devojkite-vo-naukata-site-napred-za-odrzhliv-i-ramnopraven-razvoj/#respond Wed, 22 Feb 2023 07:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=803451

Улогата и застапеноста на жените во технолошките и во СТЕМ-науките беше дел од темите на дебатата „Меѓународен ден на жените и девојките во науката: Сите напред за одржлив и рамноправен развој“ што се одржа во Europe House Скопје со учество на 20 научнички од различни сфери. Колку се застапени жените во технолошките и во СТЕМ-науките, какво е нивното учество во европските проекти, колку соработуваат меѓу себе и како да ја прошират таа соработка, беа дел од прашањата на дебатата, информираа денеска од Europe House Скопје, од каде потенцираат дека целта е да се отвори терен за заедничко учество на научничките во интердисциплинарни проекти. За состојбите зборуваа Христина Спасевска, професорка на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и национален координатор во Форумот на Европскиот иновациски совет, Јелена Џокиќ, раководителка на „Фаб-Лаб“ и доцент при Машинскиот факултет, Тамара Димитрова, докторанд на ФИНКИ и основач на Едукативниот центар „Скампер“, Емилија Фиданчевски, професорка на Технолошко-металуршкиот факултет, и Мила Велковска, истражувачка и докторанд на Машинскиот факултет. Присутни беа и петнаесетина научнички и истражувачки од различни области од повеќе универзитети, млади европски амбасадорки, жени од бизнисот. Модераторот Катарина Кречева од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ја отвори дебатата со надеж дека ќе биде почеток на формирање заедница која понатаму ќе го поддржи вклучувањето на жените во областа на истражувањата, развојот, иновациите и образованието. -Застапеноста на жените во науката е актуелна тема и на национално и на глобално ниво. Аспектот на истражувања, развој и иновации, особено во новите политики, се фокусира на талентот, на негово идентификување, развој, зачувување во националните економии, но и привлекување нови таленти. Меѓу нас се научнички и од техничките и од општествените науки, а тој холистички и интердисциплинарен пристап на заедничко дејствување е сè поприсутен, особено во областа на иновациите, рече Кречева која претстави повеќе програми за поддршка на иновативни проекти од различни области. Димитровска повеќе од осум години била дел од истражувачкиот центар на Македонската академија на науките и уметностите, каде што работела на различни истражувачки проекти. Дипломирала на ФИНКИ, каде што денес е на докторски студии. Со Едукативниот центар „Скампер“ преку ФИТР развиле програма за децата уште од рана возраст да се запознаат со основата на концептите во техничките науки. - Почнавме да работиме со рана едукација на деца преку различни типови едукативни роботи. Целта е децата да се научат од почеток да размислуваат преку примерните концепти што се користат во технологијата и да бидат активни креатори, а не само пасивни корисници на технологијата - објасни Димитровска. Во соработка со ФИТР на УКИМ се отворени три „Фаб-Лаб“- а. Џокиќ е единствена жена-менаџер на една од лабораториите сместена на Машинскиот факултет, каде што таа работи како доцент. Според неа, тоа се места каде што младите ќе може да работат со нови технологии, ќе се дообучат, но и ќе имаат соработка со стопанството. - Соработката со стопанството досега не беше вообичаена дејност на овие лаборатории, но преку работата на факултетот ја искусивме како доста важна и веќе имаме некои соработки. Имаме отворени повици за бесплатни обуки, а преку скрининг на апликациите ќе видиме на кои луѓе што им треба за да креираме поспецифични активности. На обуките имавме околу 600 пријавени, наведува Џокиќ и потенцира дека лабораторијата нуди многу можности. Во земјава е во процес на изработка Национална стратегија за паметна специјализација, која првпат ги идентификува силните страни во нашата научноистражувачка дејност и индустријата. На регионално ниво само нашата земја ја нема оваа стратегија, но сите европски програми, Хоризонт, Еразмус, Еурека, се базираат и се повикуваат на овие документи, вели Фиданчевски, која е активно вклучена во процесот на претприемничко откривање. -Оваа стратегија ќе биде патоказ за трансформација, за промени. Најголем удел и значење им се даде на индустријата, образованието, на владиниот и невладиниот сектор. Сите ќе учествуваат во стратегијата оти ги интегрира научните предизвици, иновативните, економските и се осврнува на социјалните предизвици на едно општество. Иднината е во мултидисциплинарноста, тие проекти секогаш даваат повеќе - вели Фиданчевски. Спасевска како професор 15 години работи проекти од Европската комисија, на повеќето од нив е лидер на тим. Во последните десетина години со европски пари беше формирана голема лабораторија на ФЕИТ. Таа зборуваше за новостите и можностите што ги нуди Форумот на Европскиот иновациски совет. -Тоа е место каде што се креираат политики на високо ниво, вклучени се владини институции од сите земји на ЕУ, но и ние како земја апликант. Форумот е место каде што се креираат политиките како ќе се движат иновациите и науката. Европа препозна дека поврзувањето на науката со иновациите е клучно за квалитетот, за напредокот на општество и на технологиите. Без квалитетна наука и вложување во науката, не можеме да имаме иновации кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните. Формирани се пет работни групи и првпат иновациите и науката се спојуваат во едно, што е од исклучителна важност, вели Спасевска. Велковска е проектен истражувач во Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење и студентка на докторски студии на Машинскиот факултет, на насоката индустриско инженерство и менаџмент. -Отсекогаш ме интересирала науката, но и какво влијание оставаме на општеството. Затоа е многу важна интердисциплинарноста во студиските програми - вели Велковска. -Според неа, Националниот центар во последните години е насочен кон развој на зелени вештини, одржлив развој, одговорно истражување и иновации. Велковска нагласи дека е неопходно да ги користиме европските програми преку кои се стекнуваат значајни искуства. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debata-megunaroden-den-na-zhenite-i-devojkite-vo-naukata-site-napred-za-odrzhliv-i-ramnopraven-razvoj/feed/ 0
За посебна дама посебен подарок: Карлеуша откри што добила за денот на жената, ова не се споредува со ниту едно друго изненадување (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-posebna-dama-poseben-podarok-karleusha-otkri-shto-dobila-za-denot-na-zenata-ova-ne-se-sporeduva-so-nitu-edno-drugo-iznenaduvanje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-posebna-dama-poseben-podarok-karleusha-otkri-shto-dobila-za-denot-na-zenata-ova-ne-se-sporeduva-so-nitu-edno-drugo-iznenaduvanje-foto/#respond Wed, 09 Mar 2022 10:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=643912

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша добила посебен и оргинален подарок за Меѓународниот ден на жената. Јелена прво ги покажала букетите и разните нијанси на рози во облик на срце, со кои биле украсени слатки работи. Меѓутоа, тоа не било се, па Јелена се пофалила со една посебна роза и тоа златна. Карлеуша добила златна роза во стакло, а судејќи по нејзината реакција, и тоа како и се допаднал подарокот кој го добила за 8-ми март. „Вау, каков подарок“, „Прекрасно изгледаш“, „За посебна дама и посебна роза“, „Воодушевена сум“, „Каков знак на внимание“ – се само некои од коментарите. Јелена не открила од кого добила златна роза, а многумина помислиле дека тоа е од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-posebna-dama-poseben-podarok-karleusha-otkri-shto-dobila-za-denot-na-zenata-ova-ne-se-sporeduva-so-nitu-edno-drugo-iznenaduvanje-foto/feed/ 0
Порака од Пендаровски по повод Меѓународниот ден на жените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-od-pendarovski-po-povod-megjunarodniot-den-na-zenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-od-pendarovski-po-povod-megjunarodniot-den-na-zenite/#respond Tue, 08 Mar 2022 09:01:23 +0000 https://kurir.mk/?p=643129

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жените, претседателот Стево Пендаровски ја упати следнава порака: Денеска кога ја одбележуваме борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, како и достигнувањата во повеќе сфери, да се потсетиме дека борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот. Покрај зголемената свест за правата на жените, донесените законски решенија и програми, на патот кон еднаквоста ни остануваат многу предизвици во однос на доследната имплементација на политиките, како и во поглед на образованието и промената на родовите стереотипи и норми. Жените сѐ уште не се доволно застапени на политичките и економските позиции каде се носат клучните одлуки, а економската нееднаквост е јасно видлива и во бројни сектори каде жените се соочуваат со дискриминација и во поглед на платата и во поглед на пристапот и работните услови. Потребата од системско и доследно законско постапување на релевантните институции е клучно кон спречување и заштита од насилство врз жените. Конфликтите и мировните операции ни покажуваат дека жените можат еднакво да бидат во првите редови, одлучно да се борат за правда, да придонесуваат во разрешувањето на конфликти, а честопати токму жените се жртви на воени злосторства. Не само денеска, секој ден е потребно да оддадеме почит за храброста на жените во воените конфликти и нивната улога во помирувањето. Пандемијата нè соочи со растечка нееднаквост во многу сфери. Соочени со предизвиците, жените повторно го понесоа поголемиот товар, преземајќи на себе многукратни улоги и неплатен труд во одржувањето на домовите, образованието на децата, грижата за повозрасните. Имаме заедничка одговорност да правиме проценка како одлуките што ги носиме и јавните политики што ги креираме влијаат на жените. Сите имаме одговорност, но пред сè релевантните институции и политичките чинители, за промените кои ќе овозможат поголемо учество на жените во политиката, донесувањето на одлуките, креирање на политиките, управување со процесите, економскиот развој, науката и иновациите. Родовата еднаквост е предуслов за слободно, развиено, демократско, праведно и отворено општество. Ги поздравувам заложбите на сите чинители кои работат на унапредување на родовата еднаквост и создавање на општество во кое жените сами ќе ги носат своите животни одлуки, ослободени од родово базирано насилство и сексизам, општество во кое на девојчињата нема да им биде спречен развојот поради предрасуди и стереотипи. Честит 8 Март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-od-pendarovski-po-povod-megjunarodniot-den-na-zenite/feed/ 0