меѓународен ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 08:39:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународен ден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меѓународен ден на белиот стап- симболот на слепите лица и лицата со оштетен вид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megunaroden-den-na-beliot-stap-simbolot-na-slepite-litsa-i-litsata-so-oshteten-vid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megunaroden-den-na-beliot-stap-simbolot-na-slepite-litsa-i-litsata-so-oshteten-vid/#respond Sun, 15 Oct 2023 08:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=888970

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на белиот стап, глобална иницијатива што се прославува секоја година на 15-ти октомври. Тоа е ден посветен на признавање на значењето на белиот стап во животот на слепите лица и лицата со оштетен вид. Овој ден служи како симбол на независност, мобилност и охрабрување за слепата заедница, како во Република Македонија, така и во светот. - Белиот стап е помагало која им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да се движат со увереност и независност. Таа не само што ја симболизира слободата, туку и го прикажува успехот и можностите на оваа категорија на граѓани, се посочува во соопштението од Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија. Низ територијата на Република Северна Македонија, секое од 18-те Здруженија на слепи лица, членки на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија ќе организираат во рамки на своите општини различни настани и активности за одбележување на овој посебен ден. - Ова е ден за чест на силата и издржливоста на слепите лица и лицата со оштетен вид, да се промовира инклузивноста и да се нагласи важноста од еднакви можности за сите, се подвлекува во соопштението. Иако Денот на белиот стап има силно историско и културно значење, тој исто така е потсетник на тековната работа потребна за создавање поинклузивно и подостапно општество за слепите и лицата со оштетен вид. Овој ден, нагласуваат од Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија, го охрабрува општеството да ја прифати различноста, да ја промовира свеста и да ги отфрли погрешните сфаќања за слепилото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megunaroden-den-na-beliot-stap-simbolot-na-slepite-litsa-i-litsata-so-oshteten-vid/feed/ 0
Во Берово доделени наградите по повод Меѓународниот ден на Ромите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-berovo-dodeleni-nagradite-po-povod-megunarodniot-den-na-romite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-berovo-dodeleni-nagradite-po-povod-megunarodniot-den-na-romite/#respond Thu, 06 Apr 2023 16:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=821147

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, во Берово беа доделени наградите за најуспешните ученици Роми од основното и средното образование. Парична награда, за најдобар ученик од основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ му припадна на ученикот Али Голиќ, додека од средното училиште „Ацо Русковски“ наградата за најдобар ученик и припадна на ученичката Шефрие Сулимановска. За наградените ученици од општинскиот Буџет на Општина Берово ќе им бидат исплатени по 6.000 денари. Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите беше подготвена пригодна програма, на која настапија ученици од детската градинка и основното училиште во Берово. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој присиствуваше на настанот упати честитки до припадниците на ромската заедница посакувајки им добро здравје, среќа, соживот и толеранција. - Локалните проекти и инвестиции, на кои работи Општина Берово, а преку кои, се подобрува квалитетот на живеење, на граѓаните од ромската заедница. Во таа насока можам да кажам дека Општината ќе продолжи да се вклучува во надминувањето на проблемите и предрасудите, со кои се соочуваат граѓаните од ромската заедница, истакна Пекевски. Најави продолжување на напорите за постигнување инклузивно општество, во кое, секој граѓанин на Берово ќе има безбеден дом, како и мирен и достоинствен живот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-berovo-dodeleni-nagradite-po-povod-megunarodniot-den-na-romite/feed/ 0
Џафери со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-boshnjacite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-boshnjacite/#respond Wed, 28 Sep 2022 07:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=738351

Претседателот на Собранието Талата Џафери од свое и од име на пратениците припадници на бошњачката заедница во Македонија им го честита 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците со желба празничниот ден да го поминат во добро здравје и расположение, во семејна благосостојба и напредок на  најмилите. -Ова е веројатно најтурбулентниот период од последната светска историја и веројатно текот и развојот на настаните ќе остави глобални последици по светскиот мир и демократија, по редот што го знаеме, почитуваме и сакаме. Заканите по здравјето и економијата секако ги почувствувавме, меѓутоа, предизвиците сигурно не завршуваат тука. На повидок е фаза на повторно тестирање на нашата сплотеност, подготвеност и искуство како држава, како институции и како граѓани на Република Северна Македонија во надминување на тешкотиите и изнаоѓање на решенија прифатливи за сите. Затоа, со целосно разбирање и почит на различностите како јазикот, културата, фолклорот и традицијата на секоја етничка заедница која е неделив дел од јадрото на нашата заедничка држава, да бидеме пример за тоа како се гради мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, заеднички дом за сите. Само така ќе ја оствариме нашата заеднички цел да имаме сигурна и безбедна иднина за нашите идни поколенија. Нека е честит 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците, стои во честитката на Џафери.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-boshnjacite/feed/ 0
Меѓународен ден на хередитален ангиоедем, 24 лица во Македонија боледуваат од оваа ретка болест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-hereditalen-angioedem-24-lica-vo-makedonija-boleduvaat-od-ovaa-retka-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-hereditalen-angioedem-24-lica-vo-makedonija-boleduvaat-od-ovaa-retka-bolest/#respond Sun, 16 May 2021 06:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=510873

Дваесет и четири лица во земјава боледуваат од хередитален ангиоедем кој е ретко заболување што настанува поради недостиг на крвниот протеин Ц1 инхибитор и се манифестира со отекување на делови на телото. Почнувајќи од 2012 година на иницијатива на меѓународната организација ХАЕи, се одбележува 16 Мај како Меѓународниот ден на хередитарениот ангиоедем (ХАЕ) со цел да се подигне свеста за ова ретко генетско заболување, да се обезбеди навремена и точна дијагноза и да им се овозможат на овие пациенти подобри услови за живот, образование и работа. По тој повод македонското здружение годинава во соработка со студиото „Еурека“ сними видео материјал во кој на креативен начин се доловува животниот пат на пациентите со хередитарен ангиоедем кои преку текст, музика и танц порачуваат – „Отекувам, но не се повлекувам, тука сум и постојам“. Болеста се карактеризира со спонтани и повторувачки епизоди на појава на отоци на кожата, слузокожата, дишните патишта и внатрешните органи. Посебно е сериозна ситуацијата кога отоците ќе се појават на локација каде го оневозможуваат дишењето и поради тоа оваа состојба се карактеризира со висока стапка на смртност од дури 30 проценти. ХАЕ пациентите, освен што можат да се соочат со потенцијално фатален исход, се соочуваат и со социјална дистанца, но и нефункционалност во периодите на напад, посебно кога нападите се на екстремитети, лице, абдомен, дишни органи. Отоците на грлото, носот или јазикот се опасни и можат да го загрозат животот, бидејќи можат во целост да ги затворат дишните органи. Поради тоа од посебна важност е веднаш штом почнат симптомите, терапијата да се прими во најкус можен рок и во доволна количина. Не постои лек за ХАЕ, но постојат доста терапии кои состојбата можат да ја држат под контрола. Во земјава достапни се три од овие терапии со што квалитетот на живот на овие пациенти значително е подобрен. Од ХАЕ Македонија најавуваат дека нивните напори во иднина ќе бидат насочени кон тоа да се обезбеди превентивна терапија за сите пациенти со сериозна клиничка слика со цел нападите со ХАЕ да се спречат, а не да се третираат последиците од напади. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-hereditalen-angioedem-24-lica-vo-makedonija-boleduvaat-od-ovaa-retka-bolest/feed/ 0
Пешевска со честитка по повод меѓународниот ден на медицинските сестри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-medicinskite-sestri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-medicinskite-sestri/#respond Wed, 12 May 2021 11:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=509410

На сите вработени во здравствениот систем на Република Македонија, како медицински сестри им го честитам денешниот ден, кој во светот е запишан како Меѓународен ден на медицинската сестра. Им оддаваме длабока почит и јавно признание за макотрпната работа во справувањето со панденијата! Сите вработени од здравствениот персонал се нашите нови херои, и тие ја заслужуваат нашата почит и признание!, пишува претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска по повод меѓународниот ден на медицинските сестри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshevska-so-chestitka-po-povod-megjunarodniot-den-na-medicinskite-sestri/feed/ 0
Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/#respond Wed, 27 Jan 2021 06:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=460320

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има воведно обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. -Република Северна Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, веќе повеќе години наназад го одбележува овој ден со цел да оддаде почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи – жртви на овој ужасен чин, меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта во Треблинка, но исто така и на жртвите на сите останати геноциди, се наведува во соопштението од МНР. На комеморативното одбележување, што ќе се одржи во организација на Министерството за надворешни работи, ќе се обратат и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман – Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, Дан Оријан, како и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам „Историја – лекции за сегашноста” од Младински образовен форум – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-sekjavanje-na-holokaustot/feed/ 0
Меѓународен ден на мигрантите – над 272 милиони раселени во светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-migrantite-nad-272-milioni-raseleni-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-migrantite-nad-272-milioni-raseleni-vo-svetot/#respond Fri, 18 Dec 2020 07:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=444976

Тажна реалност е дека во последните години се случија миграциски движења и раселувања во светот предизвикани од настани кои со себе донесоа големи страдања и трауми, како и загуба на човечки животи. Само во 2019 година бројот на меѓународни мигранти се искачи на 272 милиони, што претставува 3,5% од светската популација, а 74% се на работоспособна возраст (20-64 години), наведува Меѓународната организација за миграции при Обединетите Нации, по повод 18 декември – Mеѓународниот ден на мигрантите. – Оваа година бевме сведоци како пандемијата на КОВИД-19 влијаеше на светот, значително ограничувајќи ја меѓународната мобилност. Пандемијата на КОВИД-19 значително влијаеше и на животот на мигрантите. Некои мигранти се вратија во нивните земји на потекло поради глобалните рестрикции и се соочуваат со тешкотии при реинтеграцијата на пазарот на трудот. Многу сезонски мигранти исто така не беа во можност да работат поради ограничувањата за патување. Консеквентната загуба на дознаките од странство, заради КОВИД-19, има катастрофално влијание врз животот и благосостојбата на безброј мигранти и нивните семејства во многу земји во светот. Меѓународните извештаи укажуваат на фактот дека во многу наврати, мигрантите немале пристап до здравствена заштита и информации за превенција од КОВИД-19. Случаи на ксенофобија, дискриминација и стигматизација се пријавени во многу земји, а дискриминацијата преовладувaла кога за мигрантите постела стигмата дека се носители на вирусот. Ова е случај, исто така и со мигрантите кои се вратиле во нивните земји на потекло, кои биле стигматизирани бидејќи се сметало дека го носат вирусот со себе, истакнуваат од Меѓународната организација за миграции – Агенција за миграции на Обединетите Нации. По повод Меѓународниот ден на мигрантите, генералниот директор на Меѓународната организација за миграции,Антонио Виторино, порача дека „човековите права не се ‘заработуваат’ поради тоа што сте херој или жртва, туку тие се право на секој, без оглед на потеклото, возраста, полот и статусот“. – Потребна е поддршка и заштита на мигрантите за да може тие целосно да придонесат кон нивното и нашето закрепнување. Како што вакцините стануваат достапни, на мигрантите, без оглед на нивниот статус, ќе мора да им се обезбеди правичен пристап. Глобалниот одговор кон КОВИД-19 претставува можност повторно да стане реална човечката мобилност, да се спроведе визијата за Глобалниот договор за безбедна, уредна и регуларна миграција и да се создадат просперитетни, здрави и отпорни заедници. Ние, сите заедно, можеме да го оствариме тоа“, вели Виторино. Mеѓународен ден на мигрантите се одбележува на овој ден бидејќи на 18 декември 1990 година, Генерално собрание на Обединетите нации ја усвои Меѓународната конвенција за заштита на правата на работниците-мигранти и членовите на нивните семејства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-migrantite-nad-272-milioni-raseleni-vo-svetot/feed/ 0
Меѓународен ден на лицата со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-licata-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-licata-so-posebni-potrebi/#respond Thu, 03 Dec 2020 06:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=437885

Трети декември се одбележува како Меѓународен ден на лица со посебни потреби. На овој ден најмногу внимание се посветува на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат токму овие лица. Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби. Денот на лицата со посебни потреби не опфаќа само ментален или физички хендикеп, туку многу пошироко, од аутизам, Даунов синдром, мултиплекс склероза.. Според податоците на Светска здравствена организација, над една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на хендикеп. Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби. Во нашата држава се проценува дека 10 отсто или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Здравствената и социјална заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини. Земјите со пониски приходи имаат повисока преваленција на инвалидност за разлика од земјите со повисоки приходи. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица, децата и возрасните кои се сиромашни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-licata-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Меѓународен ден за пристап до информации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-za-pristap-do-informacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-za-pristap-do-informacii/#respond Mon, 28 Sep 2020 05:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=409376

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе го одбележи 28 Септември – Меѓународниот ден за пристап до информации. На одбележувањето во Клубот на пратенциите во Скопје ќе бидат споделени информации за досегашната работа на Агенцијата и за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ќе биде промовиран и спот изработен во соработка со Националниот демократски институт – НДИ и УСАИД. Меѓународниот ден за пристап до информации традиционално се одбележува под мотото „Имам право да знам“, а го симболизира глобалното движење за промоција на правото на пристап до информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-za-pristap-do-informacii/feed/ 0
Онлајн одбележување на Меѓународниот ден на музеите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-muzeite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-muzeite/#respond Thu, 14 May 2020 13:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=345858

Поради коронакризата и неможноста да отвори пригодна изложба, Музејот на Репулика Македонија ќе го одбележи онлајн Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај и на јутјуб-каналот ќе постави повеќе документарни филмови во согласност со темата на годинашното одбележување „Музеите за еднаквоста: Различност и инклузија“. – Пошироката јавност преку овие филмови ќе има можност да се запознае со културата на Македонците и другите етнички заедници коишто кохабитираат во нашата земја. На тој начин, дел од разноличниот мозаик на етнолошко наследство на Република Македонија ќе биде достапен за сите луѓе подеднакво, соопшти Музејот. Поради пандемијата од вирусот, оневозможен е физичкиот пристап до постојаните поставки, тематските изложби и другите содржини во музеите во поголем дел од светот. Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се обединат креативните аспирации и напори и да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност. На овој ден музите во светот традиционално ги отвораат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите, поставуваат изложби, организираат промоции или други настани со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од публиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/onlajn-odbelezuvanje-na-megjunarodniot-den-na-muzeite/feed/ 0