меѓународен канал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Dec 2021 14:22:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународен канал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија во вкупна вредност од околу 300.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/presechen-megjunaroden-kanal-za-transport-na-droga-od-albanija-vo-vkupna-vrednost-od-okolu-300-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/presechen-megjunaroden-kanal-za-transport-na-droga-od-albanija-vo-vkupna-vrednost-od-okolu-300-000-evra/#respond Tue, 14 Dec 2021 14:22:41 +0000 https://kurir.mk/?p=608405

Денеска (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Р.Албанија во нашата земја во вкупна вредност од околу 300.000 евра. Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско, со намера да изврши неовластено пренесување на дрога и во близина на место викано „Ушине“ од албански државјани преземал пет големи платнени торби во кои имало марихуана во различни пакувања, во вкупна количина од околу 100 килограми. По ова З.С. се упатил по регионалниот пат Св.Наум кон Охрид, со намера дрогата неовластено да ја пренесе од Охрид за Скопје и поради финансиски долг да ја предаде на купувачи. Во 04.30 часот од страна на полициски службеници возилото било сопрено и при извршен преглед дрогата била пронајдена и одземена, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска. Во координација со Јавен обвинител, СВР Охрид поднесе кривична пријава до ОЈО Охрид против З.С. од Охрид, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/presechen-megjunaroden-kanal-za-transport-na-droga-od-albanija-vo-vkupna-vrednost-od-okolu-300-000-evra/feed/ 0
ФОТО: Пресечен меѓународен канал за трговија со хашиш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-presechen-megjunaroden-kanal-za-trgovija-so-hashish/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-presechen-megjunaroden-kanal-za-trgovija-so-hashish/#respond Mon, 08 Mar 2021 09:08:54 +0000 https://kurir.mk/?p=478800

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога вчера во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Република Албанија преку Република Северна Македонија, Бугарија, а крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. -По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од РСМ) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60) при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава.МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Завчера беа запленети над половина тон марихуана,а акциите продолжуваат и во наредениот период, рече Ангеловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-presechen-megjunaroden-kanal-za-trgovija-so-hashish/feed/ 0