Меѓународен републикански институт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Feb 2020 09:37:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Меѓународен републикански институт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски и Милошоски на средба со Директорот на Меѓународниот републикански институт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-i-miloshoski-na-sredba-so-direktorot-na-megjunarodniot-republikanski-institut/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-i-miloshoski-na-sredba-so-direktorot-na-megjunarodniot-republikanski-institut/#respond Thu, 06 Feb 2020 08:30:15 +0000 https://kurir.mk/?p=299941

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и пратеникот Антонио Милошоски во рамки на посетата на Вашингтон остварија средба со директорот на Меѓународниот републикански институт -ИРИ. Средбата со директорот Пол Мекарти, информираат од партијата, се одржа во срдечна атмосфера во седиштето на оваа фондација во Вашингтон. -Николоски и Милошоски најпрвин се заблагодарија на поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја добива од локалната канцеларија на ИРИ во Скопје, а потоа го запознаа директорот Мекарти со подготовките на предизборната програма за претстојните избори закажани за 12-ти aприл, во чија изработка учествуваат македонски и меѓународни експерти. Николоски и Милошоски го запознаа соговорникот и со последните обиди на бившиот премиер Заев да најде разни изговори за одложување на изборите, што би можело да создаде политичка криза, како и штетно да влијае на и онака заслабнатото стопанство во Македонија. Од страна на ИРИ беше нагласено дека фондацијата со задоволство ќе ја продолжи заедничката соработка со ВМРО-ДПМНЕ и пред изборите, како и после изборите, особено во делот на обука на идните пратеници, истакнуваат од партијата. Во рамките на својата посета на Вашингтон, Николоски и Милошоски остварија средба и со Обединетата Македонска Дијаспора претставувана од Мето Колоски, како и со претставници на македонската заедница и дијаспора во Вашингтон. На средбата се изрази загриженост дека во Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне, како и тоа дека Заев ги распродава македонските национални интереси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-i-miloshoski-na-sredba-so-direktorot-na-megjunarodniot-republikanski-institut/feed/ 0