Меѓународен суд за Косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Sep 2020 08:23:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Меѓународен суд за Косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тачи: Ќе поднесам оставка ако се покрене обвинение од Меѓународниот суд за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-kje-podnesam-ostavka-ako-se-pokrene-obvinenie-od-megjunarodniot-sud-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-kje-podnesam-ostavka-ako-se-pokrene-obvinenie-od-megjunarodniot-sud-za-kosovo/#respond Fri, 25 Sep 2020 08:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=408299

Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека во моментот кога Специјализираните комори за Косово, односно Меѓународниот суд за воени злосоторства во Косово, ќе го потврдат обвинението против него, веднаш ќе поднесе оставка од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Тачи изјави дека, иако медиумите тврдат дека, како еден од основачите и водачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), е меѓу осомничените за убиството на над 100 цивили Албанци, Срби и други во текот и непосредно по војната во Косово во 1998-99 година, тој од обвинителите на суд во Хаг воопшто не бил прашан за ниту едно убиство. Тој нагласи дека при неговото испитување не била спомната ниту наводната трговија со човечки органи и „жолтата куќа“ во близина на Кукеш во Албанија, за што во извештајот од декември 2010 година пишува специјалниот претставник на Советот на Европа за Косово, Дик Марти, а што беше повод за основањето на Трибуналот во Хаг. – Во ниеден момент не сум прашан за трговија со човечки органи, иако тоа беше основата за формирање на Специјалниот суд. Не сум прашан за никаква жолта куќа, ниту пак за било какво убиство, изјави Тачи. Тој нагласи дека нема намера повторно да се кандидира за претседател на Косово откако во мај идната година ќе му истече актуелниот петгодишен мандат. Тачи не ја коментира најавата на поранешниот премиер, лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај дека ќе се кандидира за претседател на државата и рече дека за него е прифатлив секој кој што ќе биде изгласан од Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-kje-podnesam-ostavka-ako-se-pokrene-obvinenie-od-megjunarodniot-sud-za-kosovo/feed/ 0
Тачи побара од Собранието да не му го одземе мандатот на Меѓународниот суд за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-pobara-od-sobranieto-da-ne-mu-go-odzeme-mandatot-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-pobara-od-sobranieto-da-ne-mu-go-odzeme-mandatot-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/#respond Tue, 25 Aug 2020 06:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=394900

Косовскиот претседател Хашим Тачи побара од пратениците во републичкото Собрание да не гласаат за одземање на мандатот на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, и покрај тоа што пред тој суд се покренати обвиенија против него и против други основачи и водачи на некогашната Ослободителна војска на Косово (ОВК), јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното видео-обраќање на јавноста преку својата страница на Фејсбук, Тачи порача дека „судовите формирани од меѓународната заедница за да ја судат борбата на ОВК се неправедни“, но го повика Собранието да го продолжи мандатот на сегашниот трибунал, чие седиште е во Хаг, „се додека не стаса известување за прекин на мандатот од страна на Советот на Европската унија“. Обраќањето на косовскиот претседател уследи по иницијативата на Здружението на воени ветерани на ОВК за одземање на мандатот на Меѓународниот трибунал, во косовската јавност познат како „Суд за ОВК“. Овој суд, чиј официјален назив е Специјализирани комори за Косово, беше основан пред пет години од страна на косовското Собрание, под притисок од САД и другите сојузници на Косово. Премиер во тоа време беше токму Тачи. – Ги следам иницијативите за укинување на Специјалниот суд, знаеме дека во изминативе години на Косово не му недостигаа судовите, а Специјалните комори се петтиот по ред суд, додека во исто време меѓународниот молк се прифаќа како амнестирање на геноцидот од страна на Србија, изјави Тачи. Тој порача дека „политиката не треба да навлегува во правдата, ниту пак правдата во политиката“ и нагласи дека тоа било негово убедување „во секој чекор на поддршката за формирање на меѓународните судови во последните 20 години“. – Ова останува мое убедување и сега кога од Собранието на Република Косово барам мандатот на Специјализираните комори и на Канцеларијата на специјалниот обвинител да продолжи се додека известувањето за престанок на мандатот не дојде од Советот на ЕУ, во консултација со Владата на Косово. Имаме потреба од јаснотија за начинот на кој се затвораат Специјализираните комори, затоа верувам дека пратениците ќе ја поддржат мојата иницијатива, порача Тачи. Специјалното обвинителство во рамките на Трибуналот во Хаг во јуни годинава објави дека покренало обвиниенија против Тачи и други поранешни раководители на ОВК, меѓу кои и Кадри Весели, актуелен лидер на Демократската партијата на Косово (ПДК), партија основана од самиот Тачи. Тие се сомничат за убиство на над 100 цивили од албанска, српска и други националности за време и непосредно по војната со Србија во 1998-99 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-pobara-od-sobranieto-da-ne-mu-go-odzeme-mandatot-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/feed/ 0