меѓународен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Mar 2022 10:47:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украинскиот амбасадор во Холандија: Русија не се појави пред судот во Хаг бидејќи сака војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-ambasador-vo-holandija-rusija-ne-se-pojavi-pred-sudot-vo-hag-bidejkji-saka-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-ambasador-vo-holandija-rusija-ne-se-pojavi-pred-sudot-vo-hag-bidejkji-saka-vojna/#respond Mon, 07 Mar 2022 10:47:06 +0000 https://kurir.mk/?p=642544

Амбасадорот на Украина во Холандија, Антон Кориниевич денеска изјави дека Русија не се појавила пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг бидејќи сака да води војна против неговата земја. – Фактот дека местата што требаше да ги заземе Русија се празни, доволно покажува, истакна Кориниевич, член на украинската делегација во судот. – Тие не се тука пред овој суд, тие се на бојното поле, водат агресивна војна против мојата земја. Вака Русија ги решава своите несогласувања, додаде тој. Русија денеска одби да се појави на отворањето на сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата (МСП) за случајот покренат од Украина, која бара од највисокиот суд на ОН да и наложи на Москва да ја запре инвазијата врз Украина. – Судот жали што делегацијата на Руската Федерација не се појави на ова рочиште, истакна Џоан Доногју, судијка претседавач на МСП. Американската судијка изјави дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето се одржа без руската делегација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-ambasador-vo-holandija-rusija-ne-se-pojavi-pred-sudot-vo-hag-bidejkji-saka-vojna/feed/ 0
Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против Ратко Младиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-deneska-kje-ja-izreche-pravosilnata-presuda-protiv-ratko-mladikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-deneska-kje-ja-izreche-pravosilnata-presuda-protiv-ratko-mladikj/#respond Tue, 08 Jun 2021 05:30:58 +0000 https://kurir.mk/?p=520290

Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој првостепено е осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото против несрпско население за време на војната во БиХ. Бранителите и обвинителите на Младиќ исто така се жалеа на првостепената пресуда. Одбраната побара Младиќ да биде ослободен или повторно да му се суди, тврдејќи дека обвинителството не ја докажало неговата вина. Обвинителите побараа да се потврди осудувачкиот дел од првостепената пресуда, но и апелацискиот совет да го прогласи генералот Младиќ за виновен за геноцид врз муслимани и Хрвати во пет општини во БиХ. Младиќ е во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година. Тој беше уапсен од српските власти на 26 мај истата година во Лазарево кај Зрењанин и беше испорачан на Трибуналот. Судењето на генералот Младиќ траеше од 16 мај 2012 година до 15 декември 2016 година. Во текот на 530 работни дена беа сослушани 169 сведоци на обвинителството и 208 сведоци на одбраната. Писмените изјави на уште 214 сведоци беа исто така признати како докази. Прифатени беа 9.914 доказни предмети. Хашкиот трибунал го обвини генералот Младиќ за првпат на 25 јули 1995 година, а обвинението беше изменето неколкупати до 2011 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hag-deneska-kje-ja-izreche-pravosilnata-presuda-protiv-ratko-mladikj/feed/ 0
Започна вториот дел од распитот на Ахмети пред Меѓународниот суд за Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-vtoriot-del-od-raspitot-na-ahmeti-pred-megjunarodniot-sud-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-vtoriot-del-od-raspitot-na-ahmeti-pred-megjunarodniot-sud-za-kosovo/#respond Thu, 03 Sep 2020 09:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=398596

Интервјуирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од страна на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, кое започна вчера претпладне во просториите на меѓународната правна мисија на Европската унија во земјата, ЕУЛЕКС, продолжи денеска нешто по 10.30 часот, јави  дописникот на МИА од Приштина. Првиот распит на Ахмети се одржа вчера и траеше од 9.30 до 18 часот, кога тој го напушти седиштето на ЕУЛЕКС, без да даде изјава за медиумите. Како што наведуваат косовските медиуми, Ахмети е повикан од меѓународниот суд, чие седиште е во Хаг, во својство на сведок, како еден од основачите и поранешен член на главниот штаб на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и активен учесник во косовската војна во 1998-99 година. Поканата за интервју на лидерот на ДУИ му е доставена во јули годинава. Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот, а кој во косовската јавност е познат како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено над 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК. Меѓу последните обвинети се и двајца од основачите и водачи на ОВК, актуелниот претседател на државата, Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово и доскорешен собраниски спикер, Кадри Весели. Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapochna-vtoriot-del-od-raspitot-na-ahmeti-pred-megjunarodniot-sud-za-kosovo/feed/ 0
Меѓународниот кривичен суд нема да го гони Израел за смртоносниот упад на хуманитарни бродови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-nema-da-go-goni-izrael-za-smrtonosniot-upad-na-humanitarni-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-nema-da-go-goni-izrael-za-smrtonosniot-upad-na-humanitarni-brodovi/#respond Tue, 03 Dec 2019 07:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=272487

Обвинителката на Меѓународниот кривичен суд Фату Бенсуда денеска повтори дека нема причина да се води постапка против Израел за смртоносниот упад на хуманитарни бродови кои пловеа кон Појасот Газа во 2010 година. Одлуката на Бенсуда следи три месеци откако судот по вторпат и наложи да испита дали има основа за постапка против Израел. – Сè уште нема разумна основа за отворање истрага, изјави Бенсуда. Таа го повтори ставот дека не располага со „разумна основа“ за заклучок за нивото на „сериозност доволна за да се направи прифатлив на суд“ и повика случајот да биде „затворен“. Обвинителката во 2014 година одлучи да не го гони Израел, а тоа го потврди и во 2017 година, кога судот првпат и нареди да го прегледа случајот. Флота на турската невладина организација ИХХ, блиска до турските власти, пловеше кон тогаш блокираниот појас Газа кога израелските командоси упаднаа на бродовите во меѓународните води. Во израелскиот напад на бродот „Мави Мармара“ беа убиени деветмина Турци, а десетиот подоцна почина од повредите. Во флотата тогаш имаше осум бродови со вкупно 70 членови екипаж од 14 земји. Нивната цел беше да однесат помош во Газа и да го привлечат вниманието на меѓународната заедница за последиците од израелската блокада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodniot-krivichen-sud-nema-da-go-goni-izrael-za-smrtonosniot-upad-na-humanitarni-brodovi/feed/ 0