меѓународен тениски турнир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jun 2022 11:44:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународен тениски турнир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува М15 меѓународен тениски турнир во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnuva-m15-megjunaroden-teniski-turnir-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnuva-m15-megjunaroden-teniski-turnir-vo-skopje/#respond Mon, 13 Jun 2022 11:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=690145

На терените на тенискиот клуб Југ денес почнува интернационален M15 тениски сингл турнир за мажи со награден фонд од 15.000 долари. Ова е вториот тениски турнир кој во краток период се одржува во Скопје, по M25 турнирот кој се одржа од 6 до 12 јуни. Квалификациите за турнирот започнаа на 12 јуни и во нив земаа учество тенисери од различни земји. Во компетитивниот дел од турнирот, кој започнува утре (14.06), учествуваат 32 натпреварувачи. – На ITF М15 турнирот во Скопје ќе бидат натпреварувачи од Бразил, Тунис, Шведска, Романија, Грузија, САД и многу други земји од светот. Домашната гордост ќе ја бранат добро познати тениски имиња, како Томислав Јотовски и Стефан Мицов кои учествуваат во квалификациониот дел од турнирот. Овој M15 турнир е вториот од трите турнири кои ќе го одбележат „Тениското лето“ во Скопје. И покрај тоа што минатата недела беше врнежлива, M25 турнирот помина одлично, предизвика голем интерес и понуди многу квалитетни натпревари, соопштија од Тениската федерација на Северна Македонија. За месец јули е закажан и женскиот турнир „Billie Jean King Cup“ за регион Европа и Африка, Група 3. На него ќе учествува и најдобрата македонска тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnuva-m15-megjunaroden-teniski-turnir-vo-skopje/feed/ 0