меѓународна истрага – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Dec 2021 13:13:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународна истрага – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косово ќе даде целосна поддршка доколку има меѓународна истрага за „Диво Насеље“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-kje-dade-celosna-poddrshka-dokolku-ima-megjunarodna-istraga-za-divo-naselje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-kje-dade-celosna-poddrshka-dokolku-ima-megjunarodna-istraga-za-divo-naselje/#respond Wed, 15 Dec 2021 13:13:30 +0000 https://kurir.mk/?p=608881

Треба да почекаме да заврши процесот за „Диво Насеље” кој моментно е пред Врховниот суд во Македонија, изјави косовската претседателка Вјоса Османи, на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски во Приштина. Таа посочи дека Косово ќе даде целосна поддршка доколку има меѓународна истрага и вклучување на надворешни експерти, со цел да се откријат сите околности поврзани со случајот. Османи истакна дека „се што ќе каже, би биле политички изјави, што не помагаат за случајот, кој што е во судска постапка”, одговарајќи на новинарско прашање за предметот „Диво Насеље”. Одбраната на обвинетите за случајот „Диво Насеље” во јули годинава, пред Врховниот суд во Скопје, побара укинување на пресудата и случајот да се врати на повторно судење или таа да се преиначи во ослободителна. За настаните во „Диво насеље” во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите обвинети пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња” во кој се водеше постапка против осум лица, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37. Во престрелка во мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и десет членови на вооружената група.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kosovo-kje-dade-celosna-poddrshka-dokolku-ima-megjunarodna-istraga-za-divo-naselje/feed/ 0
ШТО ЗНАЧАТ ОВИЕ ЗБОРОВИ: Кина нема да дозволи меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот, еве како се закани! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-znachat-ovie-zborovi-kina-nema-da-dozvoli-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-eve-kako-se-zakani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-znachat-ovie-zborovi-kina-nema-da-dozvoli-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-eve-kako-se-zakani/#respond Sat, 25 Apr 2020 07:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=337026

Пекинг не прифаќа да се спроведе меѓународна истрага во Кина во врска со потеклото на коронавирусот, изјави за Би-Би-Си кинеската амбасадорка во Велика Британија. Чен Вен за телевизијата вели дека оваа истрага е политички мотивирана и дека истата нема да ја прифати кинеската влада. -Во моментов се бориме против вирусот и сме концентрирани на тоа, зошто да зборуваме за истрага за тоа? Тоа не само што би го одземало вниманието од пандемијата туку штетно ќе му влијае на Пекинг во борбата со коронавирусот, вели Чен. Таа додава дека постојат многу непотврдени информации за настанувањето на вирусот, нешто слично како „политички вирус“, опасен повеќе и од самиот КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-znachat-ovie-zborovi-kina-nema-da-dozvoli-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-eve-kako-se-zakani/feed/ 0
Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ne-prifakja-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ne-prifakja-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot/#respond Sat, 25 Apr 2020 06:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=337017

Пекинг не ги прифаќа повиците во Кина да се спроведе независна меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот, изјави кинеската амбасадорка во Велика Британија Чен Вен. Таа за Би-Би-Си истакна дека повиците да се спроведе таква истрага се политички мотивирани. Чен рече дека таквата истрага ги ги одвратила кинеските власти од борбата против пандемијата на Ковид-19. Таа предупреди дека бројните непотврдени теории и дезинформации за појавата на коронавирусот се нешто слично на „политички вирус“, кој е поопасен од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-ne-prifakja-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot/feed/ 0