меѓународна заедница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Nov 2022 14:21:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународна заедница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меѓународната заедница ги осуди спорните измени на законот за претседател на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/megjunarodnata-zaednica-gi-osudi-spornite-izmeni-na-zakonot-za-pretsedatel-na-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/megjunarodnata-zaednica-gi-osudi-spornite-izmeni-na-zakonot-za-pretsedatel-na-crna-gora/#respond Thu, 03 Nov 2022 14:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=755265

Подгорица, 3 ноември 2022 (МИА) – Европската унија и САД изразија загриженост поради усвојувањето на законот за претседател на Црна Гора, со кој парламентарното мнозинство има намера да ги ограничи уставните овластувања на претседателот на државата Мило Ѓукановиќ и да ги пренесе на црногорското собрание, објавија денеска подгоричките медиуми. ЕУ ги покани политичките актери на дијалог за излез од „актуелниот политички ќорсокак“, со цел да се реализира желбата на граѓаните на Црна Гора за членство во ЕУ. „Сите закони треба да бидат во согласност со Уставот. Ова прашање е особено чувствително поради отсуството на ефикасен Уставен суд“, соопшти за Радио Слободна Европа Делегацијата на ЕУ во Црна Гора. Во истиот контекст реагираа и амбасадите на Германија, Велика Британија и Чешка, која во моментов претседава со ЕУ. Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица соопшти дека САД „се загрижени поради ескалацијата на запаливата реторика и неодговорната конфронтација на црногорските лидери“ и ги повика сите страни заедно да најдат излез од политичката криза, што би било во согласност со црногорскиот уУстав. По тој повод, неколку стотици граѓани синоќа протестираа во Подгорица, тврдејќи дека се работи за уставен пуч. Иако во Уставот експлицитно е наведено дека претседателот го предлага мандатарот, 41 од 81 пратеник во црногорскиот Парламент гласаа за овој предлог-закон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/megjunarodnata-zaednica-gi-osudi-spornite-izmeni-na-zakonot-za-pretsedatel-na-crna-gora/feed/ 0
Украинските војници бараат меѓународната заедница да ги извлече од Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vojnici-baraat-megjunarodnata-zaednica-da-gi-izvleche-od-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vojnici-baraat-megjunarodnata-zaednica-da-gi-izvleche-od-mariupol/#respond Wed, 20 Apr 2022 05:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=665674

Припадник на украинските сили во Мариупол на Фејсбук објави дека војниците „можеби ги живеат своите последни денови“ и ја повика меѓународната заедница да ги извлечат од опколениот град. – Непријателот е десетпати поброен од нас, изјави Серхиј Волина од 36 морнаричка бригада лоцирана во челичарницата Азовстал во Марииупол. Претходно, руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал. – Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници денеска да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време и да го предадат оружјето, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана, при што се додава дека ниту еден украински војник вчера не ја прифати истата понуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskite-vojnici-baraat-megjunarodnata-zaednica-da-gi-izvleche-od-mariupol/feed/ 0
Во Македонија се случува вистински предизборен масакр: Меѓународната заедница и домашните институции не смеат да останат имуни на ова што се случува во земјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-se-sluchuva-vistinski-predizboren-maksakr-megjunarodnata-zaednica-i-domashnite-institucii-ne-smeat-da-ostanat-imuni-na-ova-shto-se-sluchuva-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-se-sluchuva-vistinski-predizboren-maksakr-megjunarodnata-zaednica-i-domashnite-institucii-ne-smeat-da-ostanat-imuni-na-ova-shto-se-sluchuva-vo-zemjata/#respond Sat, 30 Oct 2021 20:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=588303

Македонската јавност вечерва е шокирана од она што вечерва се случува со предизборниот поткуп ширум Македонија, каде што членови и активисти на една политичка партија на секој можен начин, иако знаат дека го кршат изборниот законик се обидуваат да дојдат го глас повеќе. На ова не треба да останат имуни меѓународната заедница и сите набљудувачки мисии во Македонија, како и целата македонска јавност. Вечерва и изминатиов период сите сме сведоци на невидени притисоци, закани и поткупи ширум целата Република. На овие нерегуларности никој не смее да остане имун, особено меѓународните набљудувачки мисии во Македонија како и сите граѓани. Она што сигурност може да се каже е дека во 30 години независност на Република Македонија ваков масовен предизборен поткуп и вакви предизборни нерегуларности не се случиле. Во наредниот период МВР и Обвинителството ќе имаат полни раце работа, се со цел расветлување на овие нерегуларности, а и за во иднина да не се случуваат вакви дејанија, се разбира доколку сакаме напред по евроатланскиот пат. Во прилог мал дел од она што се случуваше за време на изборниот молк: https://kurir.mk/republika/opstini/molkot-se-krshi-predizboren-masakr-niz-makedonija-lice-blisko-do-gradonachalnikot-vrshi-potkyp-vo-demir-kapija/ https://kurir.mk/republika/opstini/potkup-i-vo-resen-na-romi-im-se-delat-pari-i-zemaat-lichnite-karti-policijata-asistira/ https://kurir.mk/makedonija/vesti/video-predizboren-potkup-i-vo-gevgelija-so-asistencija-na-nachalnikot-od-mvr-strumica/ https://kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-dve-lica-vo-skopskata-naselba-dame-gruev-vrshele-predizboren-potkup-za-politichka-partija-foto/ https://kurir.mk/makedonija/vesti/izboren-potkup-vo-gege-policijata-uapsi-dve-lica-foto/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-se-sluchuva-vistinski-predizboren-maksakr-megjunarodnata-zaednica-i-domashnite-institucii-ne-smeat-da-ostanat-imuni-na-ova-shto-se-sluchuva-vo-zemjata/feed/ 0
Талибанците бараат помош од меѓународната заедница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-baraat-pomosh-od-megjunarodnata-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-baraat-pomosh-od-megjunarodnata-zaednica/#respond Sun, 19 Sep 2021 11:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=565439

Портпаролот на Талибанците во северниот авганистански град Кундуз ја повика меѓународната заедница да ја засили помошта за земјата, нагласувајќи дека исламистичките милитанти не се терористи. Портпаролот на провинцијата Матиула Рухани кажа дека помошта може да има форма на инвестиции, проекти за реконструкција „или каква било хуманитарна поддршка на владата или на граѓаните на Авганистан“. Тој за ДПА од Кундуз појасни дека барањето е до „целата меѓународна заедница, вклучувајќи ја и Германија“. -Талибанците многу ја поздравуваат помошта, рече тој. Милитантите го зазедоа Кундуз на 8 август, во еден од серијата брзи упади, што потоа го натера ова исламистичко движење забрзано да ја преземе контролата врз целата земја. Последните американски војници го напуштија Авганистан на крајот на август, означувајќи го крајот на воената мисија што траеше речиси две децении. Рухани ја критикуваше меѓународната заедница за поддршката на, како што рече, „корумпирана влада во Авганистан во изминатите 20 години“, а која ја прекина својата помош кога талибанците дојдоа на власт. -Талибанците донесоа мир во Авганистан, рече тој, додавајќи дека тие не се терористи. Владите ширум светот во моментов проценуваат како најдобро да се справат со талибанците, имајќи ги предвид извештаите за нивните секојднецни прекршувања на човековите права, а, исто така, се фокусираат на ублажување на растечката хуманитарна катастрофа во земјата. За време на нивнот владеење со Авганистан меѓу 1996 и 2001 година, ова милитантно движење воведе строг шеријатски начин на живот и целосно им забрани на жените да работат и да се образуваат надвор од домот. Рухани одби да ја коментира контроверзната политика на талибанците кон жените, повикувајќи ги новинарите одговорите да ги побараат од преодната влада во Кабул. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-baraat-pomosh-od-megjunarodnata-zaednica/feed/ 0
Меѓународната заедница ги повика Талибанците да дозволат Авганистанците да ја напуштат земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodnata-zaednica-gi-povika-talibancite-da-dozvolat-avganistancite-da-ja-napushtat-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodnata-zaednica-gi-povika-talibancite-da-dozvolat-avganistancite-da-ja-napushtat-zemjata/#respond Mon, 16 Aug 2021 06:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=551008

САД, заедно со повеќе од 65 земји ги повикаа Талибанците да им дозволат на Авганистанците кои сакаат да ја напуштат земјата да го сторат тоа, предупредувајќи на нивната одговорност за какви било злоупотреби. „САД се приклучуваат кон меѓународната заедница во инсистирањето дека Авганистанците и странците кои сакаат да ја напуштат земјата мора да добијат дозвола и можност да го сторат тоа“, напиша американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Твитер додека Стејт департментот објави соопштение од своите блиски сојузници. „Оние кои се на власт во Авганистан имаат одговорност да го заштитат човечкиот живот“, се вели во заедничкото соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodnata-zaednica-gi-povika-talibancite-da-dozvolat-avganistancite-da-ja-napushtat-zemjata/feed/ 0
Меѓународната заедница бара расчистување на случајот „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnata-zaednica-bara-raschistuvanje-na-sluchajot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnata-zaednica-bara-raschistuvanje-na-sluchajot-reket/#respond Wed, 14 Aug 2019 06:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=229459

Меѓународната заедница деновиве е едногласна во барањето до властите во државава во врска со расчистување на случајот „Рекет“. Амбасадорките на САД и на Велика Британија Кејт Бернс и Рејчел Галовеј споделувајќи ја објавата на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата, на своите официјални Твитер профили порачаа земјата да покаже заложба за придржување кон владеење на правото. -Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото, напиша Бернс на Твитер. За Галовеј зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење за Северна Македонија. -Зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење на Северна Македонија и можност за независните институции да покажат посветенсот на правдата за сите граѓани, објави на Твитер британската амбасадорка. По објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“, викендот на Твитер се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика Хан, кој порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи. -Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања, наведува Хан во објавата. Тој натаму посочува и дека никој не е над законот и не може да има неказнивост. -Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, порачува еврокомесарот Хан во објавата на Твитер. Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопикинс“, во коментар за истрагата околу случајот „Рекет“ и можната поврзаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, изјави дека ваквите случаи треба да имаат судска разрешница, укажувајќи при тоа дека тоа може да биде процес кој нема да заврши брзо. -Сметам дека главно во момнетов е Владата да стави до знаење дека е посветена на обемна и фер судска истрага, и ако треба, судење на оние кои го извршиле криминалот, изјави тој за МИА. На прашање дали случајот би можел да се одрази врз пристапните преговори со ЕУ, Сервер изјави дека тоа зависи од самата Унија. -До Брисел е да одлучи дали треба некакво одложување. Но, убеден сум дека искрена и јасна посветеност на Владата ќе го отвори патот за отварање на преговорите, изјави Сервер. Со сличен коментар се огласи и Пол Мекарти, директор за Европа во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, кој укажа дека треба да се дозволи истрагата да продолжи понатаму за да се види што всушност е точно, а што не е. -Во овој момент ние ги имаме само овие снимки и тоа сигурно е загрижувачки. САД, особено Меѓународниот републикански институт, водат голема грижа за институционална транспарентност и силно судство. Истрагата треба да биде завршена, изјави Мекарти за Гласот на Америка. Тој вели дека опозицијата треба да почека да се реши случајот, пред да излегува со какви било заклучоци. Важно е да биде конструктивна, а американските пријатели се тука за да ја потсетат на тоа, рече тој. Со свој став се јави и претседателот на државата Стево Пендаровски, кој на прес-конференција во Вилата „Водно“ побара брзо расчистување на аферата „Рекет“ од аспект на интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО. -Мораме брзо да ја расчистиме аферата „Рекет“ од аспект на евроатлантските интеграции. Можеби не во однос на НАТО, бидејќи таму сме во завршните фази од процедурата, но во однос на ЕУ не смееме да оставиме ниту најмал сомнеж, ниту кај една единствена земја членка на ЕУ дека ние не сме подготвени да расчистиме и вакви случаи, порача Пендаровски. За тоа колку аферата „Рекет“ ќе влијае на добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ, претседателот Пендаровски е дециден дека во овој момент од информациите што ги има од ЕУ и Европската комисија, нема промена во ниту една земја членка во насока за ревидирање на нивниот став. Потсети дека одложувањето во јуни беше од технички причини заради германскиот Бундестаг, кој на 27 и 28 септември треба да ја одржи сесијата на која ќе даде зелено светло. -Нема промена, но ние мораме да дуваме и на јогурт. Не смееме да се опуштиме. И помали афери од оваа се повод некои од земјите членки, бидејќи не го сакаат проектот на проширување, да кажат не ни требаат овие од Западен Балкан, кој било. Имаме обврска да не им дадеме аргумент плус на таквите нивни политички настојувања, оцени Пендаровски кој додаде дека разговарал и добил уверување од некои негови пријатели во Брисел, дека досега нема битна промена на расположението во главните градови кои решаваат за интеграциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnata-zaednica-bara-raschistuvanje-na-sluchajot-reket/feed/ 0